Wednesday, August 16, 2017


УБИСТВО СПОРЕД НАПИШАНО СЦЕНАРИО


Евидентно е дека во последниве две години Македонија е доведена во политичка криза од надворешниот фактор со посредство на внатрешните фактори (опозиција, НВО – секторот и други разни интересовни групи и групации). Oна што може да се забележи дека ситуацијата денес во Македонија во голема мера заликува на онаа во 2001 година, а и многу точки кога ќе се спојат може да се види дека се е исто.
Прво се започна со аферата Пуч, односно бомбите на Заев, тоа е истото како и во 2001 година, кога се започна со аферата Големото Уво. играчите тогаш беа истите, Бранко Црвенковски и Зоран Верушевски, и денес се истите играчи, опозицијата предводена од Зоран заев и Зоран Верушевски го направија истиот обид како и во 2001 година. Аферата Големото Уво никогаш не доби разрешница, ни до денешен ден не дознавме кој вршел прислушкување и кој е прислушкуван. Истото е и со аферата Пуч, затоа и служи Катица Јанева која има за цел да го направи пуч како несериозна афера, како обичен трач. Се со цел да не се дојде до вистинските траги на прислушувањето, а тоа е Кипар каде е првено од страна на британската тајна служба.
Второ, после аферата Големо Уво следеше Танушевци, после аферата Пуч следеше Диво Насеље. Уште кога првпат слушнав дека аферата Пуч е прислушкување одма ми светна на 2001 година, се сетив на аферата Големо Уво и Танушевци и знаев дека така и ќе заврши новата афера Пуч и тоа се случи Диво Насеље во мај минатата година.
Трето, во 2001 година со посредство на надворешниот фактор тогаш направивме влада на национален спас односно широка коалиција и минатата година според пржинскиот договор направивме техничка влада, однсоно коалициона влада во која влегоа сите големи четири партии.
Мене колку што ми е познато во историјата од антиката па се до денешен ден никогаш не постоела техничка влада во некоја држава, власт, премиер, цар, крал или слично. Дури ни во римското време не постоел технички сенат или технички сенат, не знам дали некогаш сте прочитале некаде дека постоел технички крал, цар, владител, кнез и сл. Мене колку што ми е познато никогаш не постоела таква власт. Значи унтаназијата на нашата експертска јавност која во сите случувања се обиде тоа да го прикаже како одлчна основа за излез од фингиранава криза, за тоа ви е доказ настапот на мојата почитувана професорка д-р Гордана Силјановска – Давкова на Топ Тема која таа истово се обиде мошне добро да го елаборира и одбрани без да се запраша за волјата на оној кој што гласал на изборите, би требало Гордана Силјановска како професор да знае подобро од мене дека Влада избира народ, а не странски служби и странски центри на моќ.
Четврто, во 2001 година се направи рамковен договор со што се промени Уставот без прашање на суеверениот народ и одлука на Уставниот Суд. денес се направи пржинскиот договор како надополна на рамковниот договор. Ни тогаш во 2001 година, ниту во 2015 година, ниту еден од експертската јавност не регираше против тие договори. Ниту пак Гордана Силјановска – Давкова како професор по уставно право не реагираше на тоа што со овие договори се рушеше уставниот поредок на Македонија. На пример никогаш и никаде во светот немало во политичкиот и правниот систем малцинството да владее над мнозинството.
Не знам за Гордана Силјановска – Давкова како не и е јасно дека никогаш во историјата не постоела техничка влада, технички министри со која правно се крши изборната волја на народот на Македонија. Па тоа е и целата работа на пржинскиот договор и на целава унтаназија која се спроведува последниве две години, како да се заобиколи изборната волја на народот, бидејќи изборната волја на народот на последниве избори беше Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Значи прво се направи поништување на изборната волја на народот со правење на техничка влада која сега гледаме дека била со цел да се симне националниот лидер Никола Груевски од власта, остана уште да се сруши преседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за да државата Македонија да остане обезглаена. Трите столба на државата фактички се уништени – народот, избраната влада и преседателот.
Сето ова води кон постигнување на крајната цел, а тоа е промена на името и идентитетот на Македонскиот народ. Значи на Македонија и се спрема убиство според напишано сценарио. Ова сценарио е однапред напишано, играчите и режисерите се едните истите, истите кој го направија сценариото во 2001 година.
Мишко Ливрински

Sunday, August 13, 2017


ЛЕВИЦАТА ЈА ПРОДАДЕ ДУШАТА НА ЃАВОЛОТ


После падот на реалсоцијализамот и варшавскиот пакт (1989), светот претрпе промени односно влезе во новиот светски поредок, тој тренд на промени ја зафати и левицата како во целиот источен блок на земјата, така и кај нас на Балканот.
Левицата кај нас се трансформира во модерна лева социјалдемократска партија. Но дали тоа остана на ниво само на чиста фраза или навистина таа претрпе внатрешни промени? Денес може да се види дека левицата како во светот, така и кај нас, всушност станала левица само во своите декларативни заложби. Но зошто е тоа така?.
Тоа е така, бидејќи левицата во својата трансформација направи неколку крупни исчекори, како прво истапи од својата филозофско – теоретска подлога која ја имаше поставено основачот и филозофот Карл Маркс, од кажувањето од филозофската подлога на Маркс ја доведе левицата во партија која е повеќе непозната на сцената, односно средната (работничка) класа остана настрана од неа. Второ следењето на политичката филозофија на Жак Дерида за создавање на левица од неолибералистичка проивиненција, замислете левица и капитализм се нешто што се неспоивливи, бидејќи левицата е таа која традиционално се борела против капитализамот и капиталистот, а во полза на работништвото и угнетената класа кој во таа ситуација се нашле токму поради капиталистите. Трето поврзување на левицата со корпоративните компании на кои финален удар им даде Тони Блер и Бил Клинтон од кога станаа членови на клубот Билдерберг со што левицата фактички стана послушник на корпоративниот бел свет.
Може да се види дека левицата во целиот европски политички свет тотално крахира и губи на секаде. Рикна шведската, француската, хрватската левица. Да не зборуваме за источноевропските левици кои од многу одмана крахираа. Сега на подвиг е да рикне и грчката левица се заедно со Ципрас. И нашата левица СДСМ веќе десет години крахира и пропаѓа и ако самата не сака да си го признае тоа. До некаде се уште се држи мошне добро германската левица, но германската левица како играч го има поранешниот канцелар Грехард Шредер кој се има покажано во политиката како мошне добар играч.
Е така е тоа кога ќе си ја продадеш душата на ѓавалот и ќе се избега од она што е основа на делувањето на левицата. Имено левицата од своите заложби за работништвото и работничките права, социјалните права и подобрување на животниот стандард и сл. прејде на сосема друга страна од нејзините залагања, прејде во учество на приватизација, во учество на шиканирање на работничките и социјалните права, трансформација на јавниот (државниот) во приватен сектор сето ова доведе до губење на позицијата која некогаш ја имаше левицата помеѓу народот.
За сметка на тоа во Европа се појавија народните партии кои буквално го завземаа просторот на левицата, го прочитаа капитал и пари од Карл Маркс и почна да ги обработуват постулатите за кои се залагаше традиционалната левица, а тоа се социјалнистичката регулација, национализација на странскиот капитал, борба за работничките и социјалните права. Тоа до некаде кај нас многу добро го изработи десницата со зголемување на пензите, со мерките за самовработување, зголемување на студентскиот стандард, бесплатен превоз, реформи во образованиот и здравствениот систем и сл. што мене како традиционален левичар со годинин наназдад од првиот момент ме привлекоа.
И нашата левица како и Европската левица го следи истиот тренд. Симпатично беше што Американската левица, односно демократската партија на Америка (клубот Билдерберг) оваа пролет се обиде да го изтурка законот за слободна трговија, ТТИП, ТЕЦ. Имено со овие закони треба да се приватизира целиот општ (јавен) сектор и добра (планини, реки, води, воздух и сл) и ова замислете го предлага и промовира левицата.
Кај нас левицата предводена од СДСМ ниту збор, ниту гласот го крена против овие договори. Секако другарката Радмила Шеќеринска и нејзините сопартиски другари не се изјанснија против овие договори, бидејќи си го сменија својот центар на моќ. Нашите левичри од еден центар на моќта Белград и Москва се премостија во друг центар на моќта Вашингтон и Брисел, пак се е исто!
Авторов на текстот по природа е левичар, има таква филозофија изградена во текот на животот како и блискост со неговата професија (Социјален работник и социјален политичар), но за разлика од нашите левичари јас не сум партиски послушник на ниту една партија ниту на СДСМ од која сум бил бркан, ниту од ВМРО-ДПМНЕ од која пред извесно време добив опомена поради текстовите кои сум ги пишувал и поради произнесеното во нив. Се е тоа поради мојата партиска непослушност, ако сум партиски непослушен, тогаш сум непослушен и на центрите на моќта (Брисел, Вашингтон и Москва), тоа е разликата помеѓу мене и нив.
Деновиве ми стана нешто симптоматично, левицата како и водачите на шарената револуција поднесоа цвеќе на денот на младоста во Кумровец кај другарот Тито, зарем за СДСМ другарот Тито не е диктатор и фашиста, зарем Тито кој го имаше Голи Оток со илјадници робијаши не ли е диктатор кој на секои четри, пет години ако некој од партијата му засмета по негов диктат беше бркан од партијата и жигосан, зарем за Другарите од СДСМ тоа не е диктатура и фашизам, само диктатурата и фашизамот на ВМРО и Никола Груевски кои немат никаков Голи Оток ниту илјадници жигосани. Значи во прашање се различни аршини спрема нашите симпатии и несимпатии. Единствено нешто што СДСМ не го спроведе по диктат на Брисел е осудувањето на претходниот режим (социјализам и комунизам) како фашистички режим. Па како тој СДСМ да го осуди претходниот режим кој би значел осуда на нивните татковици и дедовци кои благодарение на нив се тоа што се и се што го имат им го должат на нив.

Wednesday, August 9, 2017



Јас како припадник на левата идеологија на која и припаѓам од мои најразлични лични увидувања, али не припаѓам на лева политичка партија, бидејќи партијата и идеологијата не се едно исто. Секогаш во мојот живот сум се водушевувал на личности како Исус Христос, Никола Коперник, Галилео Галилеј, Мартин Лутер, Јан Хус, Блез Паскал, Сер Исак Њутон, Карло Маркс, Ернесто Че Гевара и др. Да не ги заборавиме и личностите од нашите простори како Венко Марковски, Методија Андонов Ченто, Милован Ѓилас, Мика Трипало, Савка Дапчевиќ-Кучар, Марко Никезиќ, Латинка Перовиќ, Крсте Црвенковски, Димитар Мирчев, Славко Милосавлевски. Токму овие личности биле жигосани поради нивните идеали, најверојатно и јас веќе се најдов во нивното друштво. Тоа е разликата помеѓу мене и новата левица СДСМ, особено помеѓу мене и Александар Кирацовски.
Имено дотичнава особа Кирацовски објави текст во дневник на 4.06. каде се обиде да постави едно прашање, односно ултиматум или Груевски или Македонија. Јас бар така го разбрав ова негово тврдење како ултиматум. Размислувајќи се запрашав на кого му го поставува Кирацовски ултиматумот или Груевски или Македонија, на народот или на некој друг субјект. Секако на народот. Е вака кога некој политичар или претендент за да утре биде политичар или пратеник (значи преставник на народот) ќе излезе со ваков став или ултиматум, покажува само една работа – дека народот од страна на особава Кирацовски се смета за стока, раја, свиња, значи народот е свињарник. Бидејќи Кирацовски не е особа сама за себе, туку е преставник на СДСМ, тоа значи дека господарот СДСМ е исто така сложна со произнесениот став на господинов.
Господарот СДСМ и господинов Кирацовски му праќат ултиматум на свињарнков (народот на Македонија) или бирај Груевски или Македонија. Значи ако избереш Груевски, тогаш нема да ја имаш Македонија, ако ја избереш Македонија, наместо Груевски тогаш добиваш држава, абе човече ова ултиматумот да ти бил уцена, закана. И така значи легитимнава, демократска левица, слободарска, праведна, хумана СДСМ, без влкна во носот да ти сакала со уцена фрлена врз народот да се врати на власт.
Абе Кирацовски, абе каде ти е писменоста, каде ти е интелектуалната моќ, каде ти е мозокот, како не вие срам ултиматум однсоно уцена на сопствениот народот да му праќате, да го уцените или Груевски или Македонија. Зар ние народот сме свињарник или стока, будали, па зар некој господар како тебе да не уценува. Зар овдека живее некоја раја како во турско време или се уште живееме во комунизам, па сме уценувани од една партија која смета дека власта само на неа и припаѓа.
Да бираме помеѓу Груевски и Македонија. Дечкиве од СДСМ, преку Кирацовски ни кажа на нас народот на Македонија, дека ако го избереме Груевски, односно ВМРО, ќе ја изгубиме Македонија (државата), дечкиве за на власт се спремни да си ја жртвуват сопствената држава, тоа е крунски доказ за нивната политика, како и за тоа колку им значи државата. Како тоа ќе ја жртвуат државата, како тоа Кирацовски и неговите сопартиски членови ќе ја жртвуваат Македонија, зар тоа е нивна имовина наследена од нивните дедовци и татковци, зар е само нивна! Што е со народот? Каква е неговата изборна волја? Кирацовски ако толку ти значеше Македонија како паметен човек требаше да ја почитуваш волјата на сопствениот народ кој е суеверен во една држава и од кого бараш да гласат за тебе, значи од свињарникот. Ако изборната волја на народот е Груевски и ВМРО, тогаш треба таа изборна волја да се почитува.
Во изминативе десет години СДСМ ја кршеше изборната волја на народот на секои две години, со тоа што одевме на секои две години на предвремени избори, со тоа беше кршена изборната волја на самиот народ. Па ај тоа пројде молкум со пржинскиот договор се согласија, како и ВМРО ги уништија институците на државата владата, парламентот, преседателот, Кирацовски тоа се институции на државата, а не на партијата ВМРО, со тоа може да се види она што Кирацовски во својот текст го пишува, а тоа е кај опозицијата збор е збор, навистина зборот е збор, значи си стојат на својот збор дека ќе ја жртвуват Македонија, ако народот го избере Груевски. Чим веќе почнале свесни се дека и денес да има избори народот ќе го избере Груевски.
Конкретно мојата теза е дека СДСМ лажно се преставува, дека всушност тоа не е социјалдемократска партија, туку сојуз на комунисти. За ова мое тврдење постојат повеќе докази. Како прво СДСМ не сака избори, туку коалициона или техничка влада, тоа ја покажува нејзината неспособност за излез на фер и демократски избори, нема никакво решение за излез од политичката криза во која се наоѓаме (кој тие самите ја искреира со помош на надворешниот фактор), второ доста од интелектуалците блиски до СДСМ како Фрчковски, Геровски, Ружин во нивните текстови и колумни ја елаборираа тезата за природното право на СДСМ на власт, а мора да се каже дека пратениците на СДСМ во парламент уште во 2008/2009 година ја елаборитаа истата теза за природнто право на владење на СДСМ со Македонија. Ние сме единствените кои имаме право да владеме со Македонија, нас народот не не препознава, тоа беа зборовите на нивните пратениции во парламентот. Методите кој ги користи СДСМ се истите што ги користеше и СКЈ, СКМ во минатото, со интриги, лаги, афери, закани, уцени и слично сакаат да се доберат до власт, без избори, политичка програма, проект или план кој ништо од ова немат веќе со години.
Не знам зошто веќе СДСМ еднаш не признае и не ја каже вистината, дека нејзината цел е да биде единствена партија која ќе владе со Македонија. СДСМ веќе со години покажува знаци дека не признава пурализам, таа смета дека е единствена партија која треба да биде на власт, затоа и се призна за државотворна партија (единствена), а сите останати кои не се согласуват со неа, вклучувјќи ме и мене ги прогласија за терористи. А бе дечки од СДСМ, абе господине Кирацовски, зошто веќе еднаш не ни признаете дека вие сакате да ни бидете господари, а ние народот свињи, токму со ултиматумот, уцената или Груевски или Македонија, токму и тоа го покажувате, кој е господарот а кој е свињарникот. Уцена на сопствениот народ е навистина е безобразно и неморално, особено кога е упатена од внатрешна групација која претендира да биде демократ. Навистина јас како припадник на левата идеологија се срамам од македонската левица.
Мишко Ливрински

Monday, August 7, 2017

БИЗОН СО ДВА РОГА



Последните дваесет и пет години Американската политика се претвори во политика на светска бизнис корпорација на една неуспешна и трагикомична корпорација. многумина мислители, теолози, теоретичари ја споредуват Америка со бизонот од книгата откровение од апостол Јован ( последната книга од откровение).
Бизонот е преставен со два рога кој ги преставув граѓанските и верските слободи и права. според пророштвото дват рога на бизонот се кршат, тоа се толкува како укинување на човековите слободи и права што не е далеку од вистинската реалност во која се наоѓа Америка па и светото.
Америка која себе си се декларира како перјаница на слободата и демократијата очигледно се повеќе станува предаторска држава кој избега од она што беше основа вградена во нејзината идеологија, слободата и демократијата. тоа го видовме на заседанието на ООН во 2014 година кога Обама хушачки го укина меѓународното право и кој ја прогласи Америка за посебна земја.
Земја која е над останатите земји. според Обама Америка може воено да мава кога сака, каде сака, колку сака и кого сака и нема никого да прашува и нема пред никого да одговара.
Американската политика се состои во тоа што таа сака да остане единствена веле сила, единствен господар кој ќе управува и владее со светот. во тоа се состои големата игра, односно големата војна помеѓу неа и земјите на Брикс. колку што гледаме светото во кој ние денес живееме се менува, нема повеќе еден господар, туку моќта од еден центар ( Вашингтон) се преместува на повеќе центри ( Москва, Пекниг, Бразилија, Анкара, Техеран) на моќ.
Токму ова преместување на моќта е тоа што Америка сака да го спречи, всушност тоа е и целта на последните војни кои се водат денес во светот.Интересот на Америка во геополитика и геостратегијата го има поделено на неколку дела и тоа Европски, источна Азија, блискиот исток и латинска Америка.
Нас најмногу не интересира Американската политика спрема Европа која е во центарот на нејзиниот интерес. Европската унија денес за Америка преставув една база, всушност корисни идиоти кои и користат на Американската политика за нејзините интереси и цели. тоа за неа преставуват западноевропските држави во прв ред Велика Британија и Германија. во прв ред Германија кој има 90 бази со Американска војска и се контролира и дисиплинира само со една причина, бидејќи Германија е носител на проектото кој се нарекува Евроазиска Унија, овој проект го кошташе Германскиот канцелар Грехад Шредер со негова политичка капитулација.
Америка и живо и мртво е заинтересирана проектот Евроазиска Унија никако да заживее, бидејќи кога би постоела Евроазија, во тој случај Америка би останал само една регионална сила, ја губи Европа, приматот кој што го имам како светски господар повеќе нема да и припаѓа на неа. поради тоа нејзиниот план е да се исцртата границите помеѓу Европа и Азија за да се разграничат. на исток границата би се протегала спрема кај балтичките земји, Полска, Словачка, Украина, Романија.
Украина не е за џабе во војна, таа е во игра бидејќи е граница помеѓу Европа, Русија и Азија. на југ границата треба да се протега на Балканот и да ги вклучува следниве земји Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Бугарија ( линијата Загреб, Сараево, Белград, Скопје, Софија).
Тоа се границите на рзграничување помеѓу Европа и Азија со што Балканот би бил како еден вид на зоничка, тампон зона помеѓу Европа и Азија, еден вид на заштитен штит на Европа од Азија. сега станува јасно зошто целиот Балкан на еднаш кризира, зошто сите влади и национлни лидери се рушат.
И пучот во Турција не е така случаен, бидејќи Турција е геостратешки важна точка која се наоѓа како и Македонија на раскрсница помеѓу исток и запад. таа положба Турција ја прави значајна точка за Америка и за нејзиниот продор спрема исток. самата точка пк на турција и дава можност да колабира помеѓу исток и запад ( Америка и Русија).
Оној што ги прател политичките настани пред пучот во Турција, знае дека Ердоган имаше средба со Владимир Путин, во Турција има чудна работа секогаш кога Турција ќе се сврти спрема Русија доаѓа пучот и секогаш организиран од турската војска која има Американска проорентација. спрема ова испаѓа дека ништо не е случајно, пучот е да се дисциплинира ердоган за да не забега со Русија во конспирација.
За крај САД со својата политика со преврти и донесување на власт квинслишки влади ( послушни кучиња) до сега има направено преврт во 70 земји и тоа: Албанија, Авганистан, Аргентина, Анголија, Босна и Херцеговина, Боливија, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Германија, Грција, Гренда, Гвама, Гватемала, Гамбија,Доминиканската република, Еѓипет, Ел Салвадор, Индонезија, Иран, Ирак, Јужна Докота, Јемен, Југославија, Кореја, Кувајт, Комбоџа, Кина, Колумбија, Калардо, Конго, Куба, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Македонија, Мексико, Никарагва, Оман, Пакистан, Панама, Порторико, Русија, Самоа, Саудиска Арабија, Самолија, Судан, Сирија, СССР, Турција, Уругвај, Украина, Филипини, Хаити, Хаваи, Хондурас, Хрватска, Црна Гора, Чиле.
Мишко Ливрински

Се спрема нова Јалта и Версај за Балканот

 


На балканот во последно време нема ништо ново, освен тоа што кризирaат сите држави наеднаш, кризира Хрватска, БиХ. Србија, Црна гора, Македонија, Бугарија и Грција само што не започнале, а се најуваува и политичка криза и во Албанија.
Суштината на целата работа е да се симнат нацоналните влади (избрани од народот на регуларни избори), а со цел да се стави крај на националните држави на балканот, овој план е скроен од дамна од страна на Американската црна аристократија билдерберг.
Крајот на студента војна, падот на комунизамот, доведе до нови промени на балканот, дојде до распад на државата Југославија, земја која опстојуваше помеѓу два блока. Почнаа војните на балканот, од самите војни произлегоа најразлични меѓународни договори, и тоа Дејтонски (за Босна), Кумановски (за Косово) и Рамковен (за Македонија).
Фактички со овие договори добивме нефункционални и лошо вградени држави. Но тоа што е полошо со овие договори беа замрзнати, и нерешени воените конфликти. Конкретно како пример тоа се Босна и Македонија. Босна каде нема никој победник ниту пак порзен во војната, таму конфликтот се замрзна на таков начин што секој доби свое парче земја на која има своја власт. Македонија пак и до денешен ден не се знае од кого беше нападната, кој ја нападна, од кого се бранеше државата. И овој конфликт се реши со разградување на политичкиот и правниот систем, создавајќи таков систем што е невиден досега во историјата на човештвото (рамковен) и сето тоа го направи Американската администрација со нејзините Европски партнери преку нивните дипломати Ричард Холбурк и Карл Билт.
После потпишувањето на овие договор доаѓа следнава фаза кога овие замрзнати конфликти ќе мора да се одмрзнат и трајно да се решат. И уште сево ова поинтересно да биде сето ова се случува за време кога се навршуват сто години од версајскиот мировен договор со кои се вопоставени границите на земјите на денешна Европа.
Денес состојбата на Балканот е следнава: Босна и Херцеговина ќе се подели на два дела со што Република Српска најверојатно ќе биде колачот кој ќе ја компензира Србија за загубата на Kосово. Распадот на БиХ не знам дали би можело да се одвива на мирен начин, бидејќи во историјата не е познато кога умира една држава нејзината смрт да се случува на мирен начин. А и во однос на распоредот на светските сили доколку би дошло до воена разврска, таму би имало војна која би била покрвава од она во деведесетите години.
Косово како протекторат или провизорум од држава се гледа дека тешко функионира, тоа се должи на слабиот капацитет на Албанските политички елити, на несериозноста на Eвропската политика, како и на запоседноста на тој простор од страна на западниот корумпиран свет, западната мафија го завзеде просторот на Косово и тоа може да се види во трката на рудните богаства и минерали каде се присутни во трка бизнс компаните на Медлин Олбрајт и Весли Кларк.
Косово тешко може да функционира како држава без оглед дали би било во целост со северниот дел или без него. Изгледа дека тоа уште долго време ќе остане под владение на западот, затоа и е потребно ширење на неговите гранции, поради тоа погледот на Косово и Косоварите е свртено спрема Македонија. Косово е тешко решлив проблем за западот кој сам си го искреира од свои мафијашки и бизнис интереси.
За Македонија како држава најпрво се планира јазично да се федерализира и врз основа на тоа да се изврши територијална федерализација, а со тоа да се постигне посакуваната цел промена на името и идентитетот. Со федерализација на државата, односно разграничување на Албански и Македонски дел, би се постигнал саканиот ефект, државата не би била повеќе едно национална држава, туку држава на две етнички заедници, не би ја одразувала новата суштина и тогаш ќе се тргне во потрага по нејзиниот одраз во името, на пример ИлироМакедонија, ИлироСлавјанска држава, централно балканска република и сл.
Конкретно мојата теза за Рамковниот и Дејтонскиот мировен догово е дека се направени со една цел на мирен начин и внатрешно државите да се распаданат, односно да се самоукинат. Тие да преживеат одреден временски период, да станат нефункционални држави и потоа шумарот пред цел свет ќе излезе со поделба на овие земји помеѓу соседите како најдобро решение.
Денеска сме 2016 година, за две години доаѓа 2018 година, пред сто години се случуваше версајскиот мировен договор со што беше воспоставена политичката карта на Европа и Балканот. Бившата Австриска министерка за надворешни работи Урсула Пласник уште во 2006 година ги кажа датите кога ќе се решава балканскиот јазол 2013 и 2018 година.
Во екот на распадот на СФРЈ, западот сметаше дека од распадот на Југославија како независни држави ќе произлезат само Словенија и Хрватска, а останатите републики ќе останат во заедница со Србија. Тоа многу добро го покажува книгата на Збигњев Бежижински “шаховската табла“ каде во картите за балканот Македонија беше како дел на Србија, а БиХ или дел на Хрватска или дел на Србија или пола пола, важно никогаш не беше предвидена како и Македонија да биде држава.
Бадентеровата комисија во 1991 година после прегледот на уставите на југословенските републики кои конкурира за независност, одлучи дека Македонија и Словенија се единствените држави кои ги исполнуват условите за независни држави, Македонија до денешен ден не е признаена како држава. Во јануари 1992 година ЕЗ ја донесе Лисабонската декларација во која на Македонија и беше даден ултиматумот да го промени своето име и да одбере име кое нема да го содржи името Македонија, а на БиХ и беше поставен услов да најде внатрешно територијално решение (преуредување на државата) за да биде признаена како независна држава.
Во септември 1992 година се одржа лондонската мировна конференција на која ЕУ беше спремна да ја проголта поделбата на БиХ, односно да ги верфикува Српските и Хрвтските освојувачки походи. Во една анализа на карингевата комисија за балканот се произнесе ставот дека БиХ и Македонија се невозможни држави и за траен мир на балканот најдобро е да се поделат помеѓу соседните држави.
Во 1998 година, Македонија во трговскиот регистар на Еу беше спуштена од држава во збир на територија како Палестина. Во 2005 година со територијалната поделба, Македонија фактички се најде пред свечен чин за нејзино територијално разграничување.
Сите овие настани и случувања во минатото како и оние што денеска се случуват, овие кризирања и револуции на балаканот, покажуват едно нешто, а тоа е одржување на нова јалта и версај и токму во пресрет на стогодишнината од првиот версај. Дури и бившиот заменик на ЦИА Стивен Мајер излезе со ставот дека кризите на балканот се со една цел да се променат границите на Косово, БиХ и Македонија.
Со преуредувањето на Балакнот сака да се постигне една цел, а тоа е просторов да добие свој господар, односно тој да стане колонија на современиот западен свет чиј интерес е да се дојде до природните ресурси кој се присутни на овие простори, јаглен, никел, минерали, но и водата која е главна цел на Американската политика, а балканот избувнува со големи количества на подеземна вода, која Американската политика ги има проценето како големо богаство.
Мишко Ливрински

И Хитлер да ти бил жртва на корпорацискиот систем


Животот што денес почнуваме да го живееме е ера на корпорациско владење со светот. Големиот корпорациски систем како и банкарско-лихварскиот систем сакат да владеат со светот со неговите матрејални и природни ресурси и токму поради тоа се водат денешните војни во светот, многу држави се уништени, многу луѓе испострадаа во војните, востанијата и крвавите револуции кои имат една цел – како да се стигне на лесен начин до природните ресурси без кои либералниот капитализам не може да функционира.
Тоа правило владеело од памти век, па се до денешен ден. Тоа било и за време на втората светска војна. Се започна после првата светска војна, кога Германија се најде на поразителна и губитничка стран. Како резултат на загубите на првата светска војна Германија имаше долг од 132 милјарди тогашни германски марки кој мораше да го исплати, со версајскиот договор на Германија и беа одземени одредени територии како Прусија. Германија за брзо време се најде во тешка економска и политичка криза, тоа се засили во 1929 и 1930 година со големата економска депресија. На тој начин Германија наместо да се економски стабилизира и пацифицира, таа отиде кон друг правец, таа изроди невиден национализам и фашизам во историјата на човештвото. Имено Германија се бореше за истиот примат, истото место што тогаш го имаа империјалните сили на западна европа, Велика Британија, Франција, Шпанија, Португалија, Данска и др., со еден збор да биде империја светска како што тоа беше Велика Британија, Германија се обиде тоа да го направи во два наврати, со две војни.
Во Германија се започна со Алфред Розенберг, еден од идеолозите на Хитлер, бегајќи од Москва, каде што во цут беше социјалистичката револуција, тој од себе почна да ја шири омразата спрема Евреите, тврдејќи дека Евреите се творици на Социјализамот како светски заговор за владење со светото и дека токму тој е наменет против Германија. Тоа во Германија зафати широко на плодната почва. Тоа на западот во голема мера му се допадна, за пресметка помеѓу него и големата ѕверка СССР и нејзиното влијание како и за ограбувањето на богаството на тогашните Евреи и на крај за прераспределба на светското богаство, на моќта помеѓу големите сили.
Значи Германија да ти била жртвено јагне и таа да била искористена во прљавите игри на тогашниот запад и банкарите. Имено појавата на Хитлер и национализамот во прв ред насочен спрема СССР и Истокот ги водушеви западњаците. Па тие силно му ја дадоа финансиски својата подршка, со што може да се објасни како Германија од толкава криза, успеа да излезе и да произведе огромна воена машинерија.
Финансирањето на Германија, нејзиното воружување и кршењето на версајскиот мировен договор се покажало како многу профитабилно за светските моќници.
Западните индустриски и банкарски кругови кои го подржуваа и финансираа Хитлер се следниве: Круп, Сименс, Тисен и Бош кои потпишаа петиција за да се именува Хитлер како канцелар. Џон Фостер и Ален Далас од Њујоршката правна фирма Салвен и Крошвел, Тијаркс директор на банката во Лондон. Шредер шеф на банкарската куќа во Келин, Ј.Х. Штајн и компанијата кои се надева дека нацистите ќе го запрат ширењето на комунизамот. Производителот на автомобилите Хенри Форд го подржуваше Хитлер. Хитлер во неговата книга Мајн Камф го спомнува Форд како “еден голем човек“. Потоа Монтагел Нокман гувернер на Англиската Банка. Макс и Пауло Барбург од системот на сојузните резерви на САД, И.Г. Фарбен директор на Германската хемиска индустрија, Рокфалер со својата банка Стандард Оил од Њу Џерси, Американската компанија Кемикал Корпорејшан, Џозеф. П. Кенеди таткото на преседателот Кенеди, финансиски ја подржувал Германија, Сер Хенри Детридинг шеф на кралскиот Холандски Шел Оил, потоа Американецот Џ.П. Морган и на крај се разбира дека најголеми финансиери на Хитлер биле Еврејската фамилија Ротшилд со хазарско потекло, моќници кои владеат со целиот светски банкарски систем, денес и со ММФ и Светска Банка.
Финансирањето на Хитлер било во целост се до 1939 година се додека Хитлер беше свртен против црвената Ѕверка СССР, се додека Хитлер ги напаѓаше Полска, Чехословачка и источноевропските земји, во моментот кога Хитлерова Германија се сврти против западот и почна нападите и окупацијата на Холандија, Белгија, Франција, тогаш западните финансиери сватија какво франкештајново чудовиште создале и дека тој им избегал од рамката која тие му ја дале, а тоа е борбата против ширењето на комунизамот и ограбувањето на Евреите. Кога тој се заврти против банкарската машинерија на западот, тогаш западот одлучи да го менува играчот кој самите го донесоа и финансира, тогаш започна војна, започна втората светска војна.
За крај да резимираме која е разликата помеѓу Хитлер, Садам Хусеин, Осама бин Ладен, Башар ел Асад, Ал Каеда, Хезболах и денес ИСИЛ, нема никаква разлика, сите овие играчи се донесени на власт од западниот корпоративен систем за нивни потреби и цели, кога играчите ќе им избегат од рамката која што тие им ја поставиле, тогаш ги прогласуват за диктатори, фашисти, терористи и сл. па доаѓа нивното рушење и смена, без обзир што тие самите претходно ги донеле на власт. Значи според сето ова доаѓа дека и Хитлер бил жртва кој е донесен на власт од страна на западниот корпоративен систем.

Sunday, August 6, 2017


ИСТОРИСКА ПРЕСВРТНИЦА




Минатата недела бевме сведоци на историската пресвртница во Велика Британија, цел свет беше сведок на брегзитот, односно на референдумот за излез на Бртанија од ЕУ, секако референдумот беше историска пресвртница како за Британија така и за ЕУ. Најискрајно да ви кажам јас во четвртокот навивав за Британија да изгласа излез од унијата и бев убеден дека Британците ќе гласат за излез од унијата.
Што всушност донесе Британскиот референдум? Британскиот референдум донесе историска пресвртница, од петокот наваму светот повеќе не ист. Брегзитот во Британија донесе неколку работи кои ќе се одразат во идната Европска политика. Како прво враќање на власта во рацете на народот, народот е тој што треба да одлучи за сопствената иднина, а не бирократите во Брисел. Второ алтернатива за земјите членки во унијата, како и за европските држави кои не се членки на унијата, дека не е само ЕУ на светов како единствен избор. И трето брегзитот ќе значи промена во европската политика како и уредувањето на самата унија.
Резултатите од референдумот во Британија стравотно влиаеа врз разбирањето на бирократите во ЕУ, кој никако да разберат дека за време на економска криза целиот организам на една држава се стега за да преживее и тоа всушност се случи со Британија. Друга работа е што Британија не го прифаќа Европскиот модел на Германија со асистенција на Франција за создавање на Соеднети Европски Држави (СЕД) со кои земјите членки би постанале федеративни држави. Британија од секогаш била предводник на конфедеративниот модел на изградба на унијата каде што ЕУ би била унија на независни и суверени држави, а не федерални единици како тоа што го сакаат Франција и Германија.
Уште во 1988 година тогшната железна дама Маргарет Тачер даде изјава во која кажа дека Британија не за влез во некоја политичка унија. Зошто? Тогаш самата го даде одговорот, бидејќи во таква унија Британија би ги изгубила своите државни постулати и би постанала само еден обичен федеративен член која би била подредена на некој друг. Со други зборови да се каже би ја изгубила својата самостојност, независност и сувереност. Друга работа која треба да се знае дека британиците влегоа во тогашаната европска економска заедница (ЕЕЗ) од економски причини, но не од политички причини.
И покрај сите заплашувања на медиумите и одредени политички кругови во Британија и надвор од неа дека со излезот на Британија од ЕУ, таа ќе стане губитник во економска и политичка смисла, зар тие не разбират дека Британија не е Грција или Бугарија. Британија е стара држава која владела со сите четри страни од светот во последните 4 века, па се до 1945 година. како може Британија да нема алтернатива, ако таа владела со целиот свет и опстојувала толку векови, зошто тогаш сега наеднаш да пропадне и тоа баш со излезот од ЕУ. Секако дека Британците имат алтернатива, исто како што и ние Македонците имаме. Се разбира светот не е само ЕУ, тој е поголем од ЕУ.
Интересно е што деновиве излезе полскиот пример со барање за ново преуредување на Европската унија во сојуз на суверени држави. Оние што знаат, што читаат и се добро информирани знаат дека едно од предвидувањата за иднината на ЕУ беше поделба на два дела, стара Европа под доминација на Германија и Франција и нова Европа предводена од Британија чиј центар на таа нова Европа, односно сојуз на држави би била Полска, значи изјавата на полскиот премиер не е случајна, дали ќе се спрема вакво сценарио се уште не се знае, тоа останува допрва да го гледаме.
Британскиот брегзит, референдум како што кажавме има големо историско значење за европската политика, како и за нас кај што живееме во денешниот свет. Тоа предизвика низа реакции во останатите земји членки на унијта за одржување на исти референдуми за излез од унијата, Франција, Германија, Холандија, Шведска, Италија, Чешка, Словенија. Затоа и после британскиот брегзит некој од европските пратеници и комесарите излегоа со барање референдумите законски да се забранат во унијата. Што си мислат овие бре? Како ќе му збранат на народот основното човеково право на слобода и избор. Нели ЕУ се темели на правото на слобода и избор. Ова ни е добар пример дека ЕУ прераснува во болшевичка творевина слична како и она што на времето беше црвената Ѕверка СССР. Референдумот како историска пресвртница нема да влијае само за организирање на исти референдуми во други држави, туку и референдум за секоја одлука која ќе ја донесе европскиот парламент и комесарите.
Да речеме да се организира референдум за договорите за слободна трговија, за ТТИП и ТЕЦ и слични работи. За нас Македонците значен е референдумот кој покажува дека народот на една држава е тој што треба да одлучи за промена на името, за влез во ЕУ и НАТО. Но исто така е добар показател дека сепак како држава имаме алтернатива, односно избор. Ако Британија која од сите страни е опкружена со вода, која била и светска империја има алтернатива, тогаш зошто Македонија која од сите страни е опкружена со копно и е раскрсница, не би имала алтернатива? Нека се освестат нашите политичари и експерти кои не учат само гледај на Запад, и ние сме само за ЕУ и НАТО, дека од петокот светот повќе не ист! Британскиот референдум е пресвртница која го менува светот.
Мишко Ливрински

Friday, August 4, 2017


Референдум за уставотворно собрание




Овој месец се вршат 18 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Рамковниот договор беше потпишан на 13 август 2001 година, од тогаш поминаа 15 години.
Што ни донесе Охридскиот рамковен договор? Ништо добро! Ја смири фингираната војна, донесе нефункционална држава и власт, поделено општество, поделена држава на две етнички зедници, бришење на АСНОМСКТА преамбула, Македонија не е повеќе држава на Македонскиот народ и народностите кои живеат во неа, туку држава на Македонции, Албанции и други етнички заедници, значи племиња, добивме племенско уредување.
Суштината на рамковниот договор да се подели општеството, односно државата на етничка линија со што тоа би преставувало вовед во ново политичко и уставно уредување како што е федерализација на Македонија, тоа е втората фаза од овој проект, тоа се случи со територијалната поделба во 2004 година со што се поставија услови за нејзина етничка поделба.
Македонија се сака да се доведе во ситуација како што е Босна и Херцеговина внатре да се подели на ентитети и кантони по етничка линија, да се стане како БиХ земја територија, збир од територии (Република Српска, Република Херцег-Босна, Република Босна). И Македонија од 1998 година е регистрирана во трговскиот регистар на ЕУ како збир од територија.
Втора работа е ставање на крај на постоењето на Македонската нација. Да направиме корелација, во БиХ имаме Срби, Хрвати и Бошњаци, а никаде ги нема Босанците и Херцеговците, го нема стопанот на државата. Во последниот попис на БиХ од 2013 година, ако некој сакал да се изјасни како Босанец и Херцеговец се ствал на пописот во графата за други националности, графи за попишување на Босанци и Херцеговци не биле предвидени, значи во сопствената држава БиХ не смее народот да се изјасни како Босанци. Пред некој месец имаше случај во БиХ каде на татко и син не им беше дозволено да се изјаснат како Босанци, случајот заврши на меѓународниот суд на правдата. Истото и нас не чека, се да има во нашата држава, сите националности да ги има само Македонци да нема. Да не постои дериватот Македонски, Македонски јазик, Македонска писменост, Македонска култура, историја и сл. Исто е и во БиХ, не постои Босанска писменост, Босанска книжевност (која се смета за дел на Српската), Босанска култура, Босански јазик и сл. Значи да се немат постулатите, односно столбовите врз кои се гради една држава, да се уништи идентитетот, со тоа што на тој начин ќе биде полесно да им се стави крај на овие две држави.
Најверојатно сега следи третата фаза, односно федерализација на Македонија, најпрво се планира да се започне федерализација на државата преку јазикот, со примена на Албанскот јазик на целата територија.
Крајот на оваа унтаназија како ставање на крајот на рамковнот договор може да се направи со одржување на референдум. Референдум со едно прашање за одржување на уствотворно собрание.
Уставотворното собрание ќе го сочинуват делегати од сите слоеви на Македонското општество, од редот на сите националности кои живеат во Македонија кои се лојални и си ја сакат Македонија како нивна земја, потоа делагати од трите дела на Македонија во седните земји како и од дијаспората. Уставотворно собрание е исто како што некогаш во историјата беше АСНОМ.
Преку уставотворното собрание ќе си ја вратиме старата АСНОМСКА преамбула, ќе му ставиме крај на рамковниот договор, ќе се стави крај на старите политички партии, крај на досегашните неуспешни политичари.
Свикување на уставотворно собрание не е никаква страшна работа, тоа Франција го има правено пет пати (ова и е петта република по ред) ако Франција може, тогаш можеме и ние. Бидејќи вака веќе не може, во оваа држава се се дели по етничка линија, вработување по бадентер, уписи на факултетите со попусти според бадентер, и уште илјада работи според бадентер со што се крши уставното начело за еднаквост на сите пред уставот и законите на државата. Со ова се докажува дека како во Македонија така и во БиХ конфликитите се замрзнати но не се решени еднаш засекогаш. Затоа за решавање на сите овие проблеми мој предлог е да свикаме референдум за уставотворно собрание.
Мишко Ливрински, Скопје, Македонија.

Хантингтонова фатва


Пред 25 години во 1996 година, на сцена излезе книгатa на Американскиот теоретичар и креатор на Американската политика Семуел Хантингтон насловена како “Судир на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок“. Хантингтон во својата книга, светските цивилизации ги поделил на следниве начини: западна (атланска); исламска (зелена); синичка (кинеско-конфучијнска); хиндуистичка; јапонска; латиноамериканска; православна и будистичка цивилизација. Следствено гледано од денешна преспектива може да се види дека во светот нема повеќе една светска сила, туку има повеќе регионални сили кои израснаа од различните цивилизации кои погоре ги спомнавме. Значи светот повеќе не е биполарен, туку мултиполарност е воспоставена.
Интересно е како оваа теза на Семуел наеднаш во праксата доби своја елаборација и токму преку судирите на блискиот исток. Да речеме преку Арапската пролет.
Во 1997 година, американската фамилија Буш, а особено Џорџ Буш постариот доби задача да биде промотер на програмата за судир на цивилизаците во кој главен акцент се стави судир помеѓу христијанството и исламот. Повикот беше да се направи една голема коалција со една цел за подготовка на терен за симулација на најразлични конфликти кои денес ги гледаме во блиско-источните земји.
Во програмата или доктрината за судир на цивилизаците е вклучен и Балканот како кризно жариште за судир на исламот и христијанството. Имено според програмата се зацртани неколкуте линии на судир. Верски судир по основа на христијанство и ислам, потоа православно-словенски судир (судир на православије со Русија, словенска трансферзала), зелена трансферзала (зетра, судир на ислам со ислам) и христијански судир (католицизам со православије).
Која е скриента цел на програмата за судир на цивилизаците? Која е целта на хантигтоновата фатва? Тоа ни е образложено во неколку точки во самата книга на авторот. 1. Во судирот помеѓу исламот и западот, Европа се наоѓа на фронтална линија; 2. САД и Русија да склопат рамномерен пакт преку кои ќе ги застапуват интересите на двете сили; 3. Русија ќе треба да го прифати ширењето на НАТО и ЕУ кон источна европа; 4. САД и западна европа ќе треба да ја прифатата руската патронажа над православните земји.
Следствено на ова испаѓа дека целта на програмата да се прошири Американското влијание во Европа, Европа да стане американска база, и да не се дозволи креирање на проектот евроазиска унија, и секако целта на блискиот исток е добивање на ресурси, нафта, завладување со просторот и ефтина работна сила.
Се започна во минатиот век со Иранската револуција. Откако Иранскиот шах го преставил својот план за осовременување на Иран, на сцена речиси веднаш истапил ајаталохот Хамнеи како водач на религиозна опција (шеити). Се до неговиот прогон Хамнеи како водач на религиозна опција добивал плата од Британците и бил во врска со нив. Откога бил прогонет заминал за Ирак каде бил уапсен од тамошната власт, францускиот преседател издејствувал добивање на азил, со што тој заминал за Франција.
Престојот на Хамнеи во Франција бил финансиран од Франсоа Жено. Бил сместен во дворецот Нафле, меѓу посетителите најбројни биле од ББС, ЦИА, британската разузнавачка служба, МИ6. ББС била најголемиот негов промотер во светски рамки, преку кои пораките на Хамнеи стигнувале до Иранците.
Набрзо голем дел од Иранците станале противници на шаховскиот режим. Така се вратила идејата за враќање на чистиот шеитски ислам на чело со ајатолахот Хамнеи. Така Американците и Британците започнале со остварување на својот план за симнување на Иранскиот шах Реза Пахлави и качување на неговото место ајатолахот Хамнеи.
На тој начин радикализацијата на исламот е започната. Шеитите се искористени за создавање на групации како што се Хезбола, Хамас, Муслимански браќа, Ал Каеда, денес ИСИС, ИСИЛ и ДАЕШ.
За разлика од шеитите, сунитите биле оставени настрана. Сунитите во главном биле сконцентрирани околу Садам Хусеин во Ирак, а ги има голем број во Турција, Либија, Босна.
Сунитите во своите држави организирале диктатури, но кои немале врска со верата, во нив верата била целосно тргната настрана, односно маргинализирана. Кога започнал процесот на рушење на диктаторските режими се започнало со верско радикализирање на Сунитите. За радикали биле прогласени сунитската секта позната како вахабисти која кореспондира со она што во средниот век биле катарените и богомилите во христијанството. Маргинализирана секта прогласена за радикали не од сунитите, туку од шеитите.
Денес салафите во Сирија, најмалото радикално сунитско племе, кое важи само за неколку местенца во Сирија успеа да ја разруши целата држава.
Ако се додаде фактот дека влечна сила од каде произлегува радикалниот ислам е Саудиска Арабија која е стратешки партнер на САД и е контролирана од страна на пентагон и примерот кој го наведовме со создавање на шеитите се знае дека САД стојат зад сите овие работи. Значи хантигтоновата фатва се состои во судирање на еден народ проитив друг, шеити против сунити, муслимани против муслимани, украинци против руси, полјаци против руси и сл.
Спомнавме дека мултиполарноста во светот е веќе воспоставена. Се создават регионални организации како што е БРИКС, ќе се создадат во иднина и нови. Се тоа потврдува дека процесот на глобализација е мртвороденче. Зошто тоа се случува? Бидејќи со процесот на глобализација сакаше светот да се претвори во едно глобално село, во кое ќе владее еден господар (САД), за таа цел да се успее требаше да се поништи националниот идентитет на народите и државите. Кога се тргна кон остварување на таа цел народите, наците и државите како контра тежа за да се заштитат себе си се организираа во различни регионални организации (БРИКС, Африканската унија, Латиноамериканска унија и сл).
Регионализацијата на просторот се појави како контратежа на глобализцијата која значеше уништување на националниот идентитет на народите и државите.
Мишко Ливрински

Шок докторина (2) – Нашето глобално соседство

 

Тајниот план насловен како нашето глобално соседство на комисијата за глобално управување се однесува на идната улога на обединетите нации како глобална супервлада.Светскиот систем почиваше на суверинитетот и на територијалниот интергритетот на националните држави. за државите тие принципи преставуваат основа за заштита на нивната независност и суверенитетот. особено ова беше најзанчајно за малите и слабите држави кои им овозможуа заштите од големите и посилните држави.Според извештајот овие традиционални принципи мора да се присобат кон нови околности. наците мора да прифатат дека на определени полиња суверенитетот мора да биде манифестиран колективно особено во однос на глоблната заедница. тоа значи дека кога ќе бидеме дел од глобалната супердржава одговорна само пред една сила – обединетите нации. националните влади ќе имат онакви надлежности кои ќе им ги даде ОН. кога ќе влеземе во идната глобална супердржава , а кога ќе сакаме да излеземе од неа, таа нема да го прифати тоа остапување и обединетите нации ќе ја превземата контролата врз државата. тоа означува колективен применуван суверенитет! што потесеќа на орвеловиот пирамидален поредко. тоа е она што се нарекува идното глобално соседство.
Во извештајот на нашето глобално соседство ги наоѓаме следниве препораки: обезбедувањето на иднината на глобалното соседство да биде со воведување на закони кои мора сите да ги почитуват; основање на меѓународен кривичен суд; зајакнување на силите на меѓународниот правен систем; спроведување на ефикасен мониторинг; примена на меѓународното право во домашните судови, создавање на нова етика која ќе биде поткрепена со закон.Значи во новиот светски поредок, сите кои сакат да бидат членови на обединетите нации мора да ја прифатат задолжителната надлежност на светскиот суд. и доколку сме дисиденти или бунтовници – може да бегаме, но нема каде да се скријеме, бидејќи ќе постои мониторинг и наметнување на согласноста со секое прашање на аспектите на човековото живење.
Во извештајот на нашето глобално соседство добивае и информаци за тоа кој ќе ја плати, односни сноси цената за овие промени. се разбират тоа сме ние луѓето и тоа преку глобалното оданочување, кое вклучува такси за користење на глобалните ресурси како авиноските писти, морските патишта и риболовните зони, глобални надоместоци. Идејата за приватната сопственост во извештајот на глобалното соседство е неприменлива во новиот светски поредок. имотот и богаството треба да се делат со остатокот на планетата. се разбира имото на ротшилдови, рокфлерови и останатите богаташи нема да се дели, туку моето и вашето ќе се дели со другите и ќе стане сечие!Извештајот нашето глобално соседство стана магна карта на новиот светскиот поредок. меѓу назначајните проекти е документот под наслов меѓународни катастрофи на авторот стивен грин. Грин се повикува на формирање на централната глобална агенција во рамките на обединетите нации која ќе има мандат да интервенира во случај на катастрофи и покрај противењето на официјалните влади.
Водата и Воздухот се глобални ресурси, како и животот во вселената. за сега ни се достапни бесплатно. но ако глобалната влада загосподари со нашата планета ќе плаќаме закуп преку најразлични глобални давачки само затоа што живееме на земјата. тоа е договорено преку договорите за меѓународната слободна трговија ТТИП,ТЕЦ и ТИСА каде целиот јавен сектор или секторот за општо добро иде на целосна приватизација.Веќе од 2015 година е време кога се планира да се создаде светска војска на обединетите нации која ќе господари со целиот свет. советот за надворешни односи уште во 1922 година констатирал дека нема да има мир во светот , ниту пак напредок на човештвото се додека тоа е поделено во педесет или шесет држави, единствено вистинско прашање е прашање за глобалната влада.Во извештајот нашето глобално соседство е предвидено создавање на една светска религија. практично тоа се сведува на идеите на руската оклутистика и сатанистика мадам хелена петранова блавацки, преку институтот луцифер траст и тависток чиј основач е алиса бејли да се промовират идеите на оклутизам и егзотеријата започнати од блавацки.Но најзначајно нешто во проектот за светската религија е движењето познато како движење за заштита на животната средина кое е промоција за враќање на кредото на „ древните тајни“ како облик на обожавање на мајката природа која ја преставува паганската божица на природата Геа.
Што всушност се крие зад ова тајна? предизвикувајќи самити за глобално затоплување и зголемувајќија паниката од идни катастрофи на планетата земја. се сака да се спречи една работа, а тоа е да се спречи индустрализацијата и технолошкиот развој на земјите од третиот свет( земјите во развој) на тој начин западот ќе остане единствен технолошки и политички, економски развиен дел од светот, со што останатиот дел вклучувајќи ги и земјите во развој ќе му бидат како една суровинска база, како еден вид слуга за неговите цели и потреби, тие технолошки и воено ќе бидат зависен од својот госпаодар западот.Создвањето на една светска религија било предвидено во почетокот на ерата водолија, главен пропагатор на овие идеи е Алиса Бејли која е наследник на сатанските учењеа на мадам хелена блавачка. целта ќе се оствари на тој начин со што сите религи ( христијанство, ислам, будизам, хиндуизам и останати) ќе се претворат во една светска религија водена од страна на оклутизамот и егзотеријата.Интересно е да се знае дека Алиса Бејли и нејзините институции биле финансирани од следниве моќници: џон рокфелер, норман казанс, томс батсон, роберт мекнамар, хенри кисинџер бил најблизок пријател на алиса бејли.Од институците го финансирале и подпомогнале проектот следниве организации:тркалезната маса, советот за надворешни односи, билдерберг, трилатералнта комсија, институците на ротшилдови. сите овие институции и моќници стојат зад проектот нашето глобално соседство и глобално поробување.
Мишко Ливрински

miskokubrajt

ВО ШТО Е РАБОТАТА?




Со години наназад се прашувам што е тоа што нас не влече во место? Што е тоа што не ни дадва да идеме напред? Зошто сите идат напред, а ние талкаме во место? Зошто од систем од кои што произлеговме од исти систем од кои произлегоа и Словенија и Хрватска, тие идат напред, а ние заедно со БиХ сме како темен вилает, зошто само во Македонија и Босна не успева ни една реформа, тоа се прашањата кои заслужуват одговор.
Работата е видлива последниве десет години фактички во кои настанаа реформите и почнаа политичките промени од кога започнаа реформите во образованието, судството, социјалната заштита, полицијата и останатите сектори, се виде една иста групација како и секогаш е крената на нозе против сите реформи, ова групација е подржана од опозицијата СДСМ, ова групација ни една реформа речиси не подржа, што всушност тоа покажува? Тоа покажува една работа – дека СДСМ и групите собрани околу нив сакаат својот свет да го задржат, односно светот да остане ист како во 62-та година, тие да ти сакале демократија и промени само на лист хартија, декларативно али не и во праксата.
Ми се вратија сеќавањата на еден настан од 2008-та година, кога владата превзеде мерки за обука и едукација за информатика и компјутери. Тогаш истиве луѓе од СДСМ се кренаа во парламентот против ова мерка, тие предложија еднократна парична помош за невработени, што не е ништо? Не за џабе рекле старите кинези научи го човекот сам да ја фаќа рибата, од колку да му ја дадеш да ја изеде. Опозицијава се спротистави на страва кинеска мудрост. Таа не ги подржа ни мерките за самовработување, за доквалификација и обука. Ниту пак економските зони кои владата почна да ги организира. Ми се врати и сеќавањето на едно од интервјута на Бранко Црвенковски кај Роберт Поповски на Канал 5  во кое ни кажа дека нема да дозволи редистрибуција на капиталот.
Тоа сликовито во изминативе години можеме да го видиме со следниве примери. Кога изминатата власт одлучи да го преуреди градот преку Скопје 2014, преку менување на улици, преку доделување и именување на награди и признанија.  Замислете партија која владеела шесет години, без никаква опозиција, која самостојно градела градови, улици, именувала улици, награди и признанија, не може да поднесе и друга партија во пурализам да го прави истото тоа. Значи совршено си го прикажуват своето лице дека СДСМ не признава политички пурализам, не признава друга партија на власт, тоа е видливо со тоа што од 2006 година секоја втора година идеме на избори, бидејќи опозицијата не може да поднесе да биде опозиција.
А што би била демократијата и политичкиот пурализам ако една партија не дозволи и друга партија да ги реализира своите идеи и програми, политички цели и слчно, тогаш немаме политички пурализам, сукоб на идеи, натпревар, ништо немаме, туку статус кво.
Статусот кво се виде и во студентските демонстрации по повод новите реформи за високото образование, каде професорите ги кренаа своите студенти за да го бранат своето на професорите во кои тие досега убаво си живееа, без да поднесат никаква општествена одговорност, да одговарат пред општеството за нивната работа, а која во последно време излезе мошне убаво на виделина со корупцијата, а се виде дека не подржа ни отварање на нов универзитет Дамјан Грујев, се разбира тие од УКИМ би сакале да бидат единствени, бидејќи кога си само ти, може да правиш што сакаш. Своевремено Билјана Ванковска ни кажа дека не ги признава приватните универзитети. Обвиненијата дека владата организира свој универзитет, а јас се прашувам чиј универзитет е УКИМ кој го создал и основал? Сојузот на комунисти во 1946 година а? Што се прават бе навини дечкиве, како лицето само си го покажуват не се ни свесни.
Јас не знам зошто СДСМ (која се уште внатре се чуствува како СКМ) не го легализират својот став дека таа сака еднопартиски систем во која таа ќе биде единствена партија. Господо од СДСМ тоа е легитимен став, официјализирајте го во вашата програма па можеби ќе ви тргне и ќе гласат за вас. Нели вашите пратеници во парламентот како и вашите експерти (Геровски, Фрчковски) ни говореа јавно дека СДСМ има природно право да владе. Се разбира дека би имала природно право да владее во некој еднопртиски систем. За тоа и нивниот прикриен став кој не сакаат да го легализират е дека тајно посакуват еднопартиски систем. Да биде се исто како во времето на нивните татковци и дедовци, да им биде светот ист како што тие им го оставиле, бидејќи во таков систем можат и да опстанат, да можеа во поинаков и повеќепартиски систем до сега ќе се вратеа пет пати на власт, и не за џабе едно време бараа поддршка  од надвор за да им се законски забрани на ВМРО да постои како партија. Значи се на се самите си го покажуват нивното лице или нивниот светоглед за интимното нивно посакување за еднопартиски систем и природно право на владењее.
Мишко Ливрински

Шок доктрина (1) – Глобално управување


Работите, нештата и настаните кои се случуват во светот не се случајни, се си има своја последица, а за секоја последица постои причина. Тоа го осликува њутновиот закон за акција и реакција. Се што денес се случува во светот е одраз или последица на нешто што се случувало претходно.
Се започна во антиката, кога најголемото достигување и врвот во антиката го имаше римската империја која почиваше на двата столба – Атинската филозофија и Римското право. Тоа се двата столба врз кои се изградуваше старата змија позната како Рим. После нејзиното вековно постоење кое почна да се ниша со ширење на христијанството како ново верско и социјално движење во првиот век од нашата ера и резултираше со појава на нов поредок (феудализам). Распадот на Рим траеше 14 века се до паѓањето на Византија под турска власт во средината на 14 век.
Се што ние денес живееме целиот наш систем и начин на живеење е последица на римската империја. Тоа ни покажува дека старата змија Рим е сеуште жива и до деншен ден. Денес имаме римски ситем на броеви, латиницата која е римска азбука е во широка употреба во светски рамки, денешната филозофија се заоснова на филозофијата на Рим и Атина, правниот систем во голема мера е наследен од римскиот систем, науката е продолжеток на римската наука, па дури и црквата (во главно католичката и православната) се уредени по римски урнек бидејќи тие се создадени во главно за време на постоењето на Рим.
Значи ние си имаме, огромно наследство од Рим и не за џабе некој филозофи, теоретичари и мислители радикално се залагат дека ако сакаме да направиме подобар свет од овој денес што го живееме едноставно треба да прогласиме дисконтинуитет со Рим.
После пропаста на Рим како официјално нејзини наследнички од пепелта се кренаа две империи: Светото Римско царство (од кои произлезе австро-унгарија) и Британската империја. Вторава е значајна бидејќи долго траеше, а и нејзината експанзија, односно освојувње на целиот свет доведе до ширење на оставштината на римската империја.
Британската империја владеше со сите четири страни од светот, со сите мориња и океани, го користеше старото римско кредо “раскарај па завладеј“, со ова прравило оваа империја го задржа својот примат за владење со светот. Таа беше империја се до 1945 година, кога и ја препушти својата владејачка палка на нејзината ќерка Америка (САД). Од тогаш САД стана токму ѕвездата водилка за целиот западен свет. Токму во овој текст како и во наредните текстови ќе објавиме токму што оваа ѕвезда деница заедно со нејзините западни стратешки партнери испланирале за нашата иднина.
Според извештајот на обединетите нации сите настани и случувања во светот од 1945 година па се до денешен ден, технолошкиот напредок, информатичка револуција, еколошката катастрофа и сите настани и случувања, создаваат клима во која народите на светот ќе ги препознаат потребите и предностите на глобалното управување.
Глобалното управување е насочено кон утврдуваните цели и се состои од монштво методи, од кои ниту еден не им дава можности на оние за чија што иднина се донесуват одлуки за решавање на конечните резултати. Организацијата за глобално управување верува дека светот сега е подготвен да ја прифати глобалната граѓанската етика, која се базира врз голем број на вредности кои можат да ги обединат луѓето со различно културно, политичко, религиозно и филозофско наследство.
Истиот извештај зборува и за оние кои нема да ги делат вредностите на глобалното управување кои се означуваат како нетолерантни, а за кои според извештајот нема да има место во глобалното управување.
Комисијата за глобално управување уште во осумдесетите години направи проект кој во 1973 година го започна комисијата за надворешни односи. Во овој проект учествуваа Џими Картер, Збигњев Бжежински и Семујел Хантингтон. Американското министерство за образование објави документ под наслов “Образование за промените“, каде во овој прирачник се разработува стратегијата која се нарекува „делфи техника“ која уште се нарекува и глобална цивилна етика, со која ќе се овозможи на луѓето да станат вистински планетарни граѓани низ глобалниот пристап на образованието.
Во еден од документите на обединетите нации насловен како “Јадрото на светската наставна програма“ кој во 1986 година ја напиша Роберт Малер, кој е поврзан со егзотерското и оклутистичкото движење познато како “Луцифер Траст“ кој е основан од Алис Бејли која е истакната следбеничка на руската сатанистика мадам Хелена Блавацки.
Целта на ова програма е да ги задуши когнитивните моќи на разумот, за да се спроведе оглупување на целата популација во светот. Малер во 1998 година на светската конференција за глобалното управување го престави својот прв принцип на наставниот план, според кој групната корист, групното разбирање, групните релации и групната волја ќе ги заменат сите ограничени, себични цели, со тоа создавајќи групна свест. Овој принцип потсеќа на романот на Џорџ Орвел – “Животинска Фарма“. Како пирамидална структура на врвот е „големиот брат“, веднаш зад него е внатрешната партија, чија цел е да го уништи секој облик на независно мислење. Значи во идното глобално соседство нема да има место за поединци кои не се раководени според групните цели. Истребување на оние што мислат поинаку, кои имат сопствено мислење, ќе се создава раса на робови, а не на слободни луѓе!
Пред некое време ОН во американските училишта ја воведе програмата исход – за основното образование. Оваа програма го исфрла изучувањето на општествените европски класични хуманисти чии учења се предуслов за зачувување на инвидувалните слободи. Зошто? За да мнозинството од популацијата да се одржува во состојба на незнаења и празноверие, за да се наметне и да се одржи олигархијата.
Други цели кои комисијата сака да ги оствари се следниве: глобално оданочувње, формирање на професинална војска на обединетите нации; создавање на економски совет за безбедност; власт на ОН над глобалната популација; укинување на правото на вето на постојаните членки на советот за безбедност; основање на ново парламентарно тело од преставници на граѓанско општество (НВО); нов суд за кривично право за да решава помеѓу нациите кои се во спор; меѓународен кривичен суд во Хаг; задолжен карактер на пресудите на меѓународниот кривичен суд; проширување на надлежноста на генералниот секретар на ОН.
Мишко Ливрински

miskokubrajt


КРАЈ НА ЧОВЕШТВОТО, ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА



Во последниве две години е актуелна темата за договорите за слободна трговија на човештвото. Таа беше актуелна минатата година во месец јуни, ова година во месец април кога ЕУ одби да ги ратификува  овие договори по сериозните протести во Велика Британија и Германија.  Станува збор за договорите ТТИП,ТЕЦ и ТИСА.
ТТИП заедно со СВТ (светската трговска организација) и НАФТА (северно американскиот договор за слободна трговија) е најстариот безобразен корпоративен договор во Американската историја.
На 12 јули ова година Американскиот конгрес даде подршка  за ТЕЦ и ТТИП што значи дека во периодот од 9 ноември до 3 јануари ќе биде време кога американскиот преседател Барак Обама ќе го потпише овој закон пред да замине.
ТТИП и ТЕЦ преставуват еден вид на нуклеарно оружје против националните влади на една суверена држава. Оружје кое е во сопственост и владење на корпоративниот систем кои тајно управува со човештвото.
Идните историчари најверојатно како најважен настан за време на преседателствувањето на Обама ќе го сметаат 23 јуни 2015 година кога Американскиот сенат гласаше со едвај 60 гласови за промена на овие закони и сега се работи на повторно обновување на мандатите на овие 60 сенатори за да се протуркат овие закони.
Што е толку лошо со овие договори? Тоа што ТТИП и ТЕЦ договорите за слободна трговија го забрзуват уништувањето на животната средина, уништување на работните места, потикнување на ропство, елиминирање на стандардите за безбедноста на храната, цензура и ограничување на интернетот и се е во функција да се направи оние 20 луѓе кои ја поседуват половина од планетата земја уште повеќе да се збогатат на наш трошок. Сето тоа им се овозможува со збришување на три гранки на државната власт и наметнување на промени во санкците со тајни трибунали.
ТТИП е во договор со ТИСА. ТИСА пак се залага за приватизација на сите тајни служби кое е смртна закана за опстанокот на човештвото, поштенските услуги, јавното образование и други државни и комунални услуги кои сочинуват околу 80 проценти од економијата на една држава.
Во Америка овие договори се подржани од страна на Барак Обама и Хилари Клинтон, значи од демократската партија, како противници се изјаснија Доналд Трамп и Берни Сандрес, односно во голем број од републиканците. Во Европа пак ова пролет пропаднаа обидите за воведување на овие закони со голем број на протести во Германија и Велика Британија и двете држави остапија од потпишување на овие договори пред толпата народ која беше собрана во Берлин и Лондон да протестира против воведувањето на ваквите договори. Многумина од аналитичарите велат дека успехот на Брегзитот во Британија се должи на фактот што голем број од Британиците се плашат од воведувањето на овие договори во нивната земја.
Овие три договори (ТТИП, ТИСА, ТЕЦ) се таен корпоративен државен удар врз националниот суверенитет на државите. Граѓаните ќе бидат принудени да се откажат од контролата на својата судбина и ќе бидат лишени од можноста да се заштитата  од корпоративните предатори. Овој систем слободно можеме да го опишеме со два збора: корпорациско ропство со кое треба да му се стави крај на човештвото, демократијата и слободата.
Сега знаеме зошто треба да паднат лидери како што се Ердоган, Виктор Орбан, Виктор Понти, Никола Груевски, Борисов, Вучиќ, Ципрас, Цириза и националните влади во оние држави кои се косат со целите на корпорацискиот систем кои сака да загосподари со светот.
Во новиот светски поредок се планира со човештвото да господари корпорацискиот и банкарскиот систем. Човекот е поставен како роб кои треба да служи на интересите на корпорациите кои имат за цел остварување на профит, без оглед дали остварувањето на профитот ќе ги кошта човечки животи. Како што гледате американската политика и војните кои се водат во светот се со една цел остварување на профит без оглед на човечките жртви кои во тие војни паѓаат, тоа нив не ги интересира! Помалку луѓе не е ништо страшно – не има многу на планетава земја нели! Значи во новиот светски поредок човечкиот живот ќе има вредност на стока аморфна маса која треба да служи без да праша и да биде прашана.
Добре дојдовте во новиот свет!
Мишко Ливрински

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...