БИЗОН СО ДВА РОГА
Последните дваесет и пет години Американската политика се претвори во политика на светска бизнис корпорација на една неуспешна и трагикомична корпорација. многумина мислители, теолози, теоретичари ја споредуват Америка со бизонот од книгата откровение од апостол Јован ( последната книга од откровение).
Бизонот е преставен со два рога кој ги преставув граѓанските и верските слободи и права. според пророштвото дват рога на бизонот се кршат, тоа се толкува како укинување на човековите слободи и права што не е далеку од вистинската реалност во која се наоѓа Америка па и светото.
Америка која себе си се декларира како перјаница на слободата и демократијата очигледно се повеќе станува предаторска држава кој избега од она што беше основа вградена во нејзината идеологија, слободата и демократијата. тоа го видовме на заседанието на ООН во 2014 година кога Обама хушачки го укина меѓународното право и кој ја прогласи Америка за посебна земја.
Земја која е над останатите земји. според Обама Америка може воено да мава кога сака, каде сака, колку сака и кого сака и нема никого да прашува и нема пред никого да одговара.
Американската политика се состои во тоа што таа сака да остане единствена веле сила, единствен господар кој ќе управува и владее со светот. во тоа се состои големата игра, односно големата војна помеѓу неа и земјите на Брикс. колку што гледаме светото во кој ние денес живееме се менува, нема повеќе еден господар, туку моќта од еден центар ( Вашингтон) се преместува на повеќе центри ( Москва, Пекниг, Бразилија, Анкара, Техеран) на моќ.
Токму ова преместување на моќта е тоа што Америка сака да го спречи, всушност тоа е и целта на последните војни кои се водат денес во светот.Интересот на Америка во геополитика и геостратегијата го има поделено на неколку дела и тоа Европски, источна Азија, блискиот исток и латинска Америка.
Нас најмногу не интересира Американската политика спрема Европа која е во центарот на нејзиниот интерес. Европската унија денес за Америка преставув една база, всушност корисни идиоти кои и користат на Американската политика за нејзините интереси и цели. тоа за неа преставуват западноевропските држави во прв ред Велика Британија и Германија. во прв ред Германија кој има 90 бази со Американска војска и се контролира и дисиплинира само со една причина, бидејќи Германија е носител на проектото кој се нарекува Евроазиска Унија, овој проект го кошташе Германскиот канцелар Грехад Шредер со негова политичка капитулација.
Америка и живо и мртво е заинтересирана проектот Евроазиска Унија никако да заживее, бидејќи кога би постоела Евроазија, во тој случај Америка би останал само една регионална сила, ја губи Европа, приматот кој што го имам како светски господар повеќе нема да и припаѓа на неа. поради тоа нејзиниот план е да се исцртата границите помеѓу Европа и Азија за да се разграничат. на исток границата би се протегала спрема кај балтичките земји, Полска, Словачка, Украина, Романија.
Украина не е за џабе во војна, таа е во игра бидејќи е граница помеѓу Европа, Русија и Азија. на југ границата треба да се протега на Балканот и да ги вклучува следниве земји Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Бугарија ( линијата Загреб, Сараево, Белград, Скопје, Софија).
Тоа се границите на рзграничување помеѓу Европа и Азија со што Балканот би бил како еден вид на зоничка, тампон зона помеѓу Европа и Азија, еден вид на заштитен штит на Европа од Азија. сега станува јасно зошто целиот Балкан на еднаш кризира, зошто сите влади и национлни лидери се рушат.
И пучот во Турција не е така случаен, бидејќи Турција е геостратешки важна точка која се наоѓа како и Македонија на раскрсница помеѓу исток и запад. таа положба Турција ја прави значајна точка за Америка и за нејзиниот продор спрема исток. самата точка пк на турција и дава можност да колабира помеѓу исток и запад ( Америка и Русија).
Оној што ги прател политичките настани пред пучот во Турција, знае дека Ердоган имаше средба со Владимир Путин, во Турција има чудна работа секогаш кога Турција ќе се сврти спрема Русија доаѓа пучот и секогаш организиран од турската војска која има Американска проорентација. спрема ова испаѓа дека ништо не е случајно, пучот е да се дисциплинира ердоган за да не забега со Русија во конспирација.
За крај САД со својата политика со преврти и донесување на власт квинслишки влади ( послушни кучиња) до сега има направено преврт во 70 земји и тоа: Албанија, Авганистан, Аргентина, Анголија, Босна и Херцеговина, Боливија, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Германија, Грција, Гренда, Гвама, Гватемала, Гамбија,Доминиканската република, Еѓипет, Ел Салвадор, Индонезија, Иран, Ирак, Јужна Докота, Јемен, Југославија, Кореја, Кувајт, Комбоџа, Кина, Колумбија, Калардо, Конго, Куба, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Македонија, Мексико, Никарагва, Оман, Пакистан, Панама, Порторико, Русија, Самоа, Саудиска Арабија, Самолија, Судан, Сирија, СССР, Турција, Уругвај, Украина, Филипини, Хаити, Хаваи, Хондурас, Хрватска, Црна Гора, Чиле.
No comments:
Post a Comment