Wednesday, August 9, 2017



Јас како припадник на левата идеологија на која и припаѓам од мои најразлични лични увидувања, али не припаѓам на лева политичка партија, бидејќи партијата и идеологијата не се едно исто. Секогаш во мојот живот сум се водушевувал на личности како Исус Христос, Никола Коперник, Галилео Галилеј, Мартин Лутер, Јан Хус, Блез Паскал, Сер Исак Њутон, Карло Маркс, Ернесто Че Гевара и др. Да не ги заборавиме и личностите од нашите простори како Венко Марковски, Методија Андонов Ченто, Милован Ѓилас, Мика Трипало, Савка Дапчевиќ-Кучар, Марко Никезиќ, Латинка Перовиќ, Крсте Црвенковски, Димитар Мирчев, Славко Милосавлевски. Токму овие личности биле жигосани поради нивните идеали, најверојатно и јас веќе се најдов во нивното друштво. Тоа е разликата помеѓу мене и новата левица СДСМ, особено помеѓу мене и Александар Кирацовски.
Имено дотичнава особа Кирацовски објави текст во дневник на 4.06. каде се обиде да постави едно прашање, односно ултиматум или Груевски или Македонија. Јас бар така го разбрав ова негово тврдење како ултиматум. Размислувајќи се запрашав на кого му го поставува Кирацовски ултиматумот или Груевски или Македонија, на народот или на некој друг субјект. Секако на народот. Е вака кога некој политичар или претендент за да утре биде политичар или пратеник (значи преставник на народот) ќе излезе со ваков став или ултиматум, покажува само една работа – дека народот од страна на особава Кирацовски се смета за стока, раја, свиња, значи народот е свињарник. Бидејќи Кирацовски не е особа сама за себе, туку е преставник на СДСМ, тоа значи дека господарот СДСМ е исто така сложна со произнесениот став на господинов.
Господарот СДСМ и господинов Кирацовски му праќат ултиматум на свињарнков (народот на Македонија) или бирај Груевски или Македонија. Значи ако избереш Груевски, тогаш нема да ја имаш Македонија, ако ја избереш Македонија, наместо Груевски тогаш добиваш држава, абе човече ова ултиматумот да ти бил уцена, закана. И така значи легитимнава, демократска левица, слободарска, праведна, хумана СДСМ, без влкна во носот да ти сакала со уцена фрлена врз народот да се врати на власт.
Абе Кирацовски, абе каде ти е писменоста, каде ти е интелектуалната моќ, каде ти е мозокот, како не вие срам ултиматум однсоно уцена на сопствениот народот да му праќате, да го уцените или Груевски или Македонија. Зар ние народот сме свињарник или стока, будали, па зар некој господар како тебе да не уценува. Зар овдека живее некоја раја како во турско време или се уште живееме во комунизам, па сме уценувани од една партија која смета дека власта само на неа и припаѓа.
Да бираме помеѓу Груевски и Македонија. Дечкиве од СДСМ, преку Кирацовски ни кажа на нас народот на Македонија, дека ако го избереме Груевски, односно ВМРО, ќе ја изгубиме Македонија (државата), дечкиве за на власт се спремни да си ја жртвуват сопствената држава, тоа е крунски доказ за нивната политика, како и за тоа колку им значи државата. Како тоа ќе ја жртвуат државата, како тоа Кирацовски и неговите сопартиски членови ќе ја жртвуваат Македонија, зар тоа е нивна имовина наследена од нивните дедовци и татковци, зар е само нивна! Што е со народот? Каква е неговата изборна волја? Кирацовски ако толку ти значеше Македонија како паметен човек требаше да ја почитуваш волјата на сопствениот народ кој е суеверен во една држава и од кого бараш да гласат за тебе, значи од свињарникот. Ако изборната волја на народот е Груевски и ВМРО, тогаш треба таа изборна волја да се почитува.
Во изминативе десет години СДСМ ја кршеше изборната волја на народот на секои две години, со тоа што одевме на секои две години на предвремени избори, со тоа беше кршена изборната волја на самиот народ. Па ај тоа пројде молкум со пржинскиот договор се согласија, како и ВМРО ги уништија институците на државата владата, парламентот, преседателот, Кирацовски тоа се институции на државата, а не на партијата ВМРО, со тоа може да се види она што Кирацовски во својот текст го пишува, а тоа е кај опозицијата збор е збор, навистина зборот е збор, значи си стојат на својот збор дека ќе ја жртвуват Македонија, ако народот го избере Груевски. Чим веќе почнале свесни се дека и денес да има избори народот ќе го избере Груевски.
Конкретно мојата теза е дека СДСМ лажно се преставува, дека всушност тоа не е социјалдемократска партија, туку сојуз на комунисти. За ова мое тврдење постојат повеќе докази. Како прво СДСМ не сака избори, туку коалициона или техничка влада, тоа ја покажува нејзината неспособност за излез на фер и демократски избори, нема никакво решение за излез од политичката криза во која се наоѓаме (кој тие самите ја искреира со помош на надворешниот фактор), второ доста од интелектуалците блиски до СДСМ како Фрчковски, Геровски, Ружин во нивните текстови и колумни ја елаборираа тезата за природното право на СДСМ на власт, а мора да се каже дека пратениците на СДСМ во парламент уште во 2008/2009 година ја елаборитаа истата теза за природнто право на владење на СДСМ со Македонија. Ние сме единствените кои имаме право да владеме со Македонија, нас народот не не препознава, тоа беа зборовите на нивните пратениции во парламентот. Методите кој ги користи СДСМ се истите што ги користеше и СКЈ, СКМ во минатото, со интриги, лаги, афери, закани, уцени и слично сакаат да се доберат до власт, без избори, политичка програма, проект или план кој ништо од ова немат веќе со години.
Не знам зошто веќе СДСМ еднаш не признае и не ја каже вистината, дека нејзината цел е да биде единствена партија која ќе владе со Македонија. СДСМ веќе со години покажува знаци дека не признава пурализам, таа смета дека е единствена партија која треба да биде на власт, затоа и се призна за државотворна партија (единствена), а сите останати кои не се согласуват со неа, вклучувјќи ме и мене ги прогласија за терористи. А бе дечки од СДСМ, абе господине Кирацовски, зошто веќе еднаш не ни признаете дека вие сакате да ни бидете господари, а ние народот свињи, токму со ултиматумот, уцената или Груевски или Македонија, токму и тоа го покажувате, кој е господарот а кој е свињарникот. Уцена на сопствениот народ е навистина е безобразно и неморално, особено кога е упатена од внатрешна групација која претендира да биде демократ. Навистина јас како припадник на левата идеологија се срамам од македонската левица.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...