Tuesday, September 25, 2018

ГЕНЕРАЛКА ВО КУЌАТА МАКЕДОНИЈА



Како и многу пати до сега сме кажале дека во вакви тешки моменти во кои се наоѓа нацијата и државата Македонија, потребен е лидер. За жал до сега се докажа дека Македонија нема лидер од онаков калибар како што на неа и доликува, како Симон Боливар, Че Гевара, Мартин Лутер.

За сега почитуваниот преседател на Македонија Ѓорѓи Иванов  е единствениот кои имаше храброст и доблест да излезе и да каже  јавно дека ќе бојкотира. И покрај сите мани, доблести и падови кои ги имаше во изминатитет години, во вистински момент како што е овој денеска  се покажа дека е вистински маж и татко на Македонската нација, Неговиот исказ дека ќе го бојкотира престојниот референдум на триести септември е повик истото да го направи и Македонскиот народ.Сите ја разбравме пораката. Мислам дека преседателот Иванов и покрај сите негови падови и грешки со кои се има соочено во текот на неговиот мандат, со последниот негов настап и неговото држење дека нема да го потпише Преспанскиот договор. претходно и законот за двојазичност, со сите овие негови држења на вистинската Македонска линија тој си го зацрта своето светло место во идната Македонска историја.
Од друга страна, пак она што мене ме загрижува е што никаде не можам да го видам Никола Груевски, не можам да го чујам неговиот став во однос на престојниот референдум, дали ќе бојкотира или не, ќе гласа против или за? ниту пак министрите од неговото време неможеш да ги чуеш и видиш. Страмота е да не го знаеме политичкиот став  на човекот кој овој народ десетина години му даваше доверба и  гласаше за него! Груевски кои имаше место за национален лидер во Македонската историја. Во што е работата се уште не знаеме, дали се работи за уцена или за нешто друго се уште не е јасно!
Е сега стигнавме до главната работа на моето писание, а тоа е дека на куќата Македонија и е потребна генералка, односно чистка. Мислам дека во теков на изминативе дваесетина години имавме можност да видиме кој што е! кој за што навива!  можевме да видиме какви људаци, платеници, Соросоидни будали ни се шетат низ државата, за што и како агитират, видовме кои се предавниц, а кои патриоти во целава ова работа, а како најголем патриот и родолуб се покажа Македонскиот народ кој по се што се случуваше во државава Македонија, тој истиктивно си ја сака својата држава, по што е паметен народ си знае дека резервна татковина нема, ние Македонците немаме вили и викендици во Косово и Албанија, нашите вили и викендици се во ова Македонија.
Генералката во куќата Македонија ќе ја направиме после успехот на бојкотирањето на референдумот и падот на квислиншката власт. Првата работа што би требало да ја направиме е да собереме сили за собирање на потписи  за референдум за уставотворно собрание, односно да создадеме нов АСНОМ. Со тоа ќе си ја вратиме Македонија како во периодот пред 2001 година, ќе си ја вратиме старата Асномска преамбула  со која Македонија е земја на Македонскиот народ и националностите кои живеат во неа. Македонскиот народ ќе биде тој што ќе биде стопан или суверен на ова држава, а не партија или некои државотворен лидер. Од уставотворното собрание ќе се бара раскинување на претходните потпишани меѓународни договори по уцена, закани и со присила. Рамковниот, Пржинскиот договор, Територијалната поделба сето тоа повеќе нема да важи.
Од народното собрание ќе се бара судење за сите учесници кои досега учествувале во велепредавството на Македонскиот народ и во распродажба на куќата Македонија. Судење за сите учесници кои учествува во шарените револуции, платени со странски парии од Амбасади, УСАИД, Сорос и други. Одземање на граѓанските и државните права на сите учесници во процесот на обезглавување на Македонија, односно на сите оние кои учествува во овој процес на менување на името и идентитетот на Македонскиот народ, одземање на нивниот стекнат имот и пари на нелегален начин. Паралерно со сето ова отварање на процесот на Лустрација која ќе го опфати периодот од 1990 година, значи од почетокот на транзицијата па се до денешен ден. Отварање на истрага за криминализираната приватизација.
Од уставотворното собрание ќе се бара  забрана на политичари кои до денешен ден водеа политички функции, а ништо не направија добро за Македонија и учествува во процесот на обезглавување на Македонија и Македонскиот народ. Одење во неславна историја на политичките лидери и политички партии.  Во Македонија ќе мора да се направи ново преуредување на политичката сцена, Сите партии кои во иднина ќе се создават ќе мора да подлежат на Македонски национални основи. Од политичарите ќе се бара голем отчет и одговорност за сторените дела, исто така ќе се бара политичарите пред избори да доставата решение дека се психички и ментално здрави, не све и свашта да бираме на избори како да се мачки во вреќа.
Во поглед на Меѓународната политика, Македонија да прогласи воена неутралност во поглед на исток и запад, само тесна соработка со сите страни на светото и со исток и со запад, поради нејзината геостратешка и геополитичка позиција на која се наоѓа. Во поглед на измислениот  проблем со името можеме да ја искористиме Британско- Ирската формула, нека Грција најде содветно име кое нема да биде навредливо за нас со кое ќе ни се обраќа, а за остатокот од светот да останеме Република Македонија како и што треба да бидеме. Од спор помеѓу две земја испаднавме дека сме меѓународен проблем, тоа пак потврдува дека не проблемот само во Грција, туку и со Европа, бидејќи тие го создадоа овој проблем уште од крајот на деветнаесетиот век. 
И на крај стигнавме до дијагнозата, СДС, СДС ке мора да го направи она што порано не го направи, СДС како партија е најдобро да се самоукине, односно да се самораспушти, да се создаде нова партија на нејзино место, со радикално нова политика, со нови кадри, луѓе со самосвест, со национално чуство, со самоодговорност. Тие од СДС што учествува во ова свињарија за обезглавување на Македонија и Македонскиот народ, односно промена на името и идентитетот ќе си одговарат,  ќе си го добијат тоа што им следува по закон. Најдобро е да се самораспуштат и да започнат од поново ако има време и простор за тоа. Ако се случи тоа кога ќе се вратат како нова партија, треба да бидат така различни од претходните што народот нема да биде во состојба да ги препознае и поврзе со претходниот СДС, значи да прогласат дисконтинуитет со претходните политики.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

2 comments:

  1. На сите притисоци, апсења,закани, бркање од работ, макесонскиот народ се самоорганизираше и протестираше. Протестите беа секогаш со огромен број полиција и репресивни мерки. Мораме после 30 со радикален чекор да го тргнеме ова зло кое се граничи со нормален ум. Слободна држава со чистка на се гнило кое не доведе до ова дереџе. Браво за текстот напишан искрено како нај голема желба на македонскиот народ.

    ReplyDelete
    Replies
    1. kako del od protestite ova godina bese i avtorot na ovoj tekst i na site tekstovi na ovoj blog, pozdrav

      Delete

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...