КРАЈ НА ЧОВЕШТВОТО, ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА
Во последниве две години е актуелна темата за договорите за слободна трговија на човештвото. Таа беше актуелна минатата година во месец јуни, ова година во месец април кога ЕУ одби да ги ратификува овие договори по сериозните протести во Велика Британија и Германија. Станува збор за договорите ТТИП,ТЕЦ и ТИСА.
ТТИП заедно со СВТ (светската трговска организација) и НАФТА (северно американскиот договор за слободна трговија) е најстариот безобразен корпоративен договор во Американската историја.
На 12 јули ова година Американскиот конгрес даде подршка за ТЕЦ и ТТИП што значи дека во периодот од 9 ноември до 3 јануари ќе биде време кога американскиот преседател Барак Обама ќе го потпише овој закон пред да замине.
ТТИП и ТЕЦ преставуват еден вид на нуклеарно оружје против националните влади на една суверена држава. Оружје кое е во сопственост и владење на корпоративниот систем кои тајно управува со човештвото.
Идните историчари најверојатно како најважен настан за време на преседателствувањето на Обама ќе го сметаат 23 јуни 2015 година кога Американскиот сенат гласаше со едвај 60 гласови за промена на овие закони и сега се работи на повторно обновување на мандатите на овие 60 сенатори за да се протуркат овие закони.
Што е толку лошо со овие договори? Тоа што ТТИП и ТЕЦ договорите за слободна трговија го забрзуват уништувањето на животната средина, уништување на работните места, потикнување на ропство, елиминирање на стандардите за безбедноста на храната, цензура и ограничување на интернетот и се е во функција да се направи оние 20 луѓе кои ја поседуват половина од планетата земја уште повеќе да се збогатат на наш трошок. Сето тоа им се овозможува со збришување на три гранки на државната власт и наметнување на промени во санкците со тајни трибунали.
ТТИП е во договор со ТИСА. ТИСА пак се залага за приватизација на сите тајни служби кое е смртна закана за опстанокот на човештвото, поштенските услуги, јавното образование и други државни и комунални услуги кои сочинуват околу 80 проценти од економијата на една држава.
Во Америка овие договори се подржани од страна на Барак Обама и Хилари Клинтон, значи од демократската партија, како противници се изјаснија Доналд Трамп и Берни Сандрес, односно во голем број од републиканците. Во Европа пак ова пролет пропаднаа обидите за воведување на овие закони со голем број на протести во Германија и Велика Британија и двете држави остапија од потпишување на овие договори пред толпата народ која беше собрана во Берлин и Лондон да протестира против воведувањето на ваквите договори. Многумина од аналитичарите велат дека успехот на Брегзитот во Британија се должи на фактот што голем број од Британиците се плашат од воведувањето на овие договори во нивната земја.
Овие три договори (ТТИП, ТИСА, ТЕЦ) се таен корпоративен државен удар врз националниот суверенитет на државите. Граѓаните ќе бидат принудени да се откажат од контролата на својата судбина и ќе бидат лишени од можноста да се заштитата од корпоративните предатори. Овој систем слободно можеме да го опишеме со два збора: корпорациско ропство со кое треба да му се стави крај на човештвото, демократијата и слободата.
Сега знаеме зошто треба да паднат лидери како што се Ердоган, Виктор Орбан, Виктор Понти, Никола Груевски, Борисов, Вучиќ, Ципрас, Цириза и националните влади во оние држави кои се косат со целите на корпорацискиот систем кои сака да загосподари со светот.
Во новиот светски поредок се планира со човештвото да господари корпорацискиот и банкарскиот систем. Човекот е поставен како роб кои треба да служи на интересите на корпорациите кои имат за цел остварување на профит, без оглед дали остварувањето на профитот ќе ги кошта човечки животи. Како што гледате американската политика и војните кои се водат во светот се со една цел остварување на профит без оглед на човечките жртви кои во тие војни паѓаат, тоа нив не ги интересира! Помалку луѓе не е ништо страшно – не има многу на планетава земја нели! Значи во новиот светски поредок човечкиот живот ќе има вредност на стока аморфна маса која треба да служи без да праша и да биде прашана.
Добре дојдовте во новиот свет!
No comments:
Post a Comment