Friday, August 4, 2017

miskokubrajt

ВО ШТО Е РАБОТАТА?




Со години наназад се прашувам што е тоа што нас не влече во место? Што е тоа што не ни дадва да идеме напред? Зошто сите идат напред, а ние талкаме во место? Зошто од систем од кои што произлеговме од исти систем од кои произлегоа и Словенија и Хрватска, тие идат напред, а ние заедно со БиХ сме како темен вилает, зошто само во Македонија и Босна не успева ни една реформа, тоа се прашањата кои заслужуват одговор.
Работата е видлива последниве десет години фактички во кои настанаа реформите и почнаа политичките промени од кога започнаа реформите во образованието, судството, социјалната заштита, полицијата и останатите сектори, се виде една иста групација како и секогаш е крената на нозе против сите реформи, ова групација е подржана од опозицијата СДСМ, ова групација ни една реформа речиси не подржа, што всушност тоа покажува? Тоа покажува една работа – дека СДСМ и групите собрани околу нив сакаат својот свет да го задржат, односно светот да остане ист како во 62-та година, тие да ти сакале демократија и промени само на лист хартија, декларативно али не и во праксата.
Ми се вратија сеќавањата на еден настан од 2008-та година, кога владата превзеде мерки за обука и едукација за информатика и компјутери. Тогаш истиве луѓе од СДСМ се кренаа во парламентот против ова мерка, тие предложија еднократна парична помош за невработени, што не е ништо? Не за џабе рекле старите кинези научи го човекот сам да ја фаќа рибата, од колку да му ја дадеш да ја изеде. Опозицијава се спротистави на страва кинеска мудрост. Таа не ги подржа ни мерките за самовработување, за доквалификација и обука. Ниту пак економските зони кои владата почна да ги организира. Ми се врати и сеќавањето на едно од интервјута на Бранко Црвенковски кај Роберт Поповски на Канал 5  во кое ни кажа дека нема да дозволи редистрибуција на капиталот.
Тоа сликовито во изминативе години можеме да го видиме со следниве примери. Кога изминатата власт одлучи да го преуреди градот преку Скопје 2014, преку менување на улици, преку доделување и именување на награди и признанија.  Замислете партија која владеела шесет години, без никаква опозиција, која самостојно градела градови, улици, именувала улици, награди и признанија, не може да поднесе и друга партија во пурализам да го прави истото тоа. Значи совршено си го прикажуват своето лице дека СДСМ не признава политички пурализам, не признава друга партија на власт, тоа е видливо со тоа што од 2006 година секоја втора година идеме на избори, бидејќи опозицијата не може да поднесе да биде опозиција.
А што би била демократијата и политичкиот пурализам ако една партија не дозволи и друга партија да ги реализира своите идеи и програми, политички цели и слчно, тогаш немаме политички пурализам, сукоб на идеи, натпревар, ништо немаме, туку статус кво.
Статусот кво се виде и во студентските демонстрации по повод новите реформи за високото образование, каде професорите ги кренаа своите студенти за да го бранат своето на професорите во кои тие досега убаво си живееа, без да поднесат никаква општествена одговорност, да одговарат пред општеството за нивната работа, а која во последно време излезе мошне убаво на виделина со корупцијата, а се виде дека не подржа ни отварање на нов универзитет Дамјан Грујев, се разбира тие од УКИМ би сакале да бидат единствени, бидејќи кога си само ти, може да правиш што сакаш. Своевремено Билјана Ванковска ни кажа дека не ги признава приватните универзитети. Обвиненијата дека владата организира свој универзитет, а јас се прашувам чиј универзитет е УКИМ кој го создал и основал? Сојузот на комунисти во 1946 година а? Што се прават бе навини дечкиве, како лицето само си го покажуват не се ни свесни.
Јас не знам зошто СДСМ (која се уште внатре се чуствува како СКМ) не го легализират својот став дека таа сака еднопартиски систем во која таа ќе биде единствена партија. Господо од СДСМ тоа е легитимен став, официјализирајте го во вашата програма па можеби ќе ви тргне и ќе гласат за вас. Нели вашите пратеници во парламентот како и вашите експерти (Геровски, Фрчковски) ни говореа јавно дека СДСМ има природно право да владе. Се разбира дека би имала природно право да владее во некој еднопртиски систем. За тоа и нивниот прикриен став кој не сакаат да го легализират е дека тајно посакуват еднопартиски систем. Да биде се исто како во времето на нивните татковци и дедовци, да им биде светот ист како што тие им го оставиле, бидејќи во таков систем можат и да опстанат, да можеа во поинаков и повеќепартиски систем до сега ќе се вратеа пет пати на власт, и не за џабе едно време бараа поддршка  од надвор за да им се законски забрани на ВМРО да постои како партија. Значи се на се самите си го покажуват нивното лице или нивниот светоглед за интимното нивно посакување за еднопартиски систем и природно право на владењее.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...