УБИСТВО СПОРЕД НАПИШАНО СЦЕНАРИО
Евидентно е дека во последниве две години Македонија е доведена во политичка криза од надворешниот фактор со посредство на внатрешните фактори (опозиција, НВО – секторот и други разни интересовни групи и групации). Oна што може да се забележи дека ситуацијата денес во Македонија во голема мера заликува на онаа во 2001 година, а и многу точки кога ќе се спојат може да се види дека се е исто.
Прво се започна со аферата Пуч, односно бомбите на Заев, тоа е истото како и во 2001 година, кога се започна со аферата Големото Уво. играчите тогаш беа истите, Бранко Црвенковски и Зоран Верушевски, и денес се истите играчи, опозицијата предводена од Зоран заев и Зоран Верушевски го направија истиот обид како и во 2001 година. Аферата Големото Уво никогаш не доби разрешница, ни до денешен ден не дознавме кој вршел прислушкување и кој е прислушкуван. Истото е и со аферата Пуч, затоа и служи Катица Јанева која има за цел да го направи пуч како несериозна афера, како обичен трач. Се со цел да не се дојде до вистинските траги на прислушувањето, а тоа е Кипар каде е првено од страна на британската тајна служба.
Второ, после аферата Големо Уво следеше Танушевци, после аферата Пуч следеше Диво Насеље. Уште кога првпат слушнав дека аферата Пуч е прислушкување одма ми светна на 2001 година, се сетив на аферата Големо Уво и Танушевци и знаев дека така и ќе заврши новата афера Пуч и тоа се случи Диво Насеље во мај минатата година.
Трето, во 2001 година со посредство на надворешниот фактор тогаш направивме влада на национален спас односно широка коалиција и минатата година според пржинскиот договор направивме техничка влада, однсоно коалициона влада во која влегоа сите големи четири партии.
Мене колку што ми е познато во историјата од антиката па се до денешен ден никогаш не постоела техничка влада во некоја држава, власт, премиер, цар, крал или слично. Дури ни во римското време не постоел технички сенат или технички сенат, не знам дали некогаш сте прочитале некаде дека постоел технички крал, цар, владител, кнез и сл. Мене колку што ми е познато никогаш не постоела таква власт. Значи унтаназијата на нашата експертска јавност која во сите случувања се обиде тоа да го прикаже како одлчна основа за излез од фингиранава криза, за тоа ви е доказ настапот на мојата почитувана професорка д-р Гордана Силјановска – Давкова на Топ Тема која таа истово се обиде мошне добро да го елаборира и одбрани без да се запраша за волјата на оној кој што гласал на изборите, би требало Гордана Силјановска како професор да знае подобро од мене дека Влада избира народ, а не странски служби и странски центри на моќ.
Четврто, во 2001 година се направи рамковен договор со што се промени Уставот без прашање на суеверениот народ и одлука на Уставниот Суд. денес се направи пржинскиот договор како надополна на рамковниот договор. Ни тогаш во 2001 година, ниту во 2015 година, ниту еден од експертската јавност не регираше против тие договори. Ниту пак Гордана Силјановска – Давкова како професор по уставно право не реагираше на тоа што со овие договори се рушеше уставниот поредок на Македонија. На пример никогаш и никаде во светот немало во политичкиот и правниот систем малцинството да владее над мнозинството.
Не знам за Гордана Силјановска – Давкова како не и е јасно дека никогаш во историјата не постоела техничка влада, технички министри со која правно се крши изборната волја на народот на Македонија. Па тоа е и целата работа на пржинскиот договор и на целава унтаназија која се спроведува последниве две години, како да се заобиколи изборната волја на народот, бидејќи изборната волја на народот на последниве избори беше Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Значи прво се направи поништување на изборната волја на народот со правење на техничка влада која сега гледаме дека била со цел да се симне националниот лидер Никола Груевски од власта, остана уште да се сруши преседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за да државата Македонија да остане обезглаена. Трите столба на државата фактички се уништени – народот, избраната влада и преседателот.
Сето ова води кон постигнување на крајната цел, а тоа е промена на името и идентитетот на Македонскиот народ. Значи на Македонија и се спрема убиство според напишано сценарио. Ова сценарио е однапред напишано, играчите и режисерите се едните истите, истите кој го направија сценариото во 2001 година.
No comments:
Post a Comment