Friday, August 4, 2017

Хантингтонова фатва


Пред 25 години во 1996 година, на сцена излезе книгатa на Американскиот теоретичар и креатор на Американската политика Семуел Хантингтон насловена како “Судир на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок“. Хантингтон во својата книга, светските цивилизации ги поделил на следниве начини: западна (атланска); исламска (зелена); синичка (кинеско-конфучијнска); хиндуистичка; јапонска; латиноамериканска; православна и будистичка цивилизација. Следствено гледано од денешна преспектива може да се види дека во светот нема повеќе една светска сила, туку има повеќе регионални сили кои израснаа од различните цивилизации кои погоре ги спомнавме. Значи светот повеќе не е биполарен, туку мултиполарност е воспоставена.
Интересно е како оваа теза на Семуел наеднаш во праксата доби своја елаборација и токму преку судирите на блискиот исток. Да речеме преку Арапската пролет.
Во 1997 година, американската фамилија Буш, а особено Џорџ Буш постариот доби задача да биде промотер на програмата за судир на цивилизаците во кој главен акцент се стави судир помеѓу христијанството и исламот. Повикот беше да се направи една голема коалција со една цел за подготовка на терен за симулација на најразлични конфликти кои денес ги гледаме во блиско-источните земји.
Во програмата или доктрината за судир на цивилизаците е вклучен и Балканот како кризно жариште за судир на исламот и христијанството. Имено според програмата се зацртани неколкуте линии на судир. Верски судир по основа на христијанство и ислам, потоа православно-словенски судир (судир на православије со Русија, словенска трансферзала), зелена трансферзала (зетра, судир на ислам со ислам) и христијански судир (католицизам со православије).
Која е скриента цел на програмата за судир на цивилизаците? Која е целта на хантигтоновата фатва? Тоа ни е образложено во неколку точки во самата книга на авторот. 1. Во судирот помеѓу исламот и западот, Европа се наоѓа на фронтална линија; 2. САД и Русија да склопат рамномерен пакт преку кои ќе ги застапуват интересите на двете сили; 3. Русија ќе треба да го прифати ширењето на НАТО и ЕУ кон источна европа; 4. САД и западна европа ќе треба да ја прифатата руската патронажа над православните земји.
Следствено на ова испаѓа дека целта на програмата да се прошири Американското влијание во Европа, Европа да стане американска база, и да не се дозволи креирање на проектот евроазиска унија, и секако целта на блискиот исток е добивање на ресурси, нафта, завладување со просторот и ефтина работна сила.
Се започна во минатиот век со Иранската револуција. Откако Иранскиот шах го преставил својот план за осовременување на Иран, на сцена речиси веднаш истапил ајаталохот Хамнеи како водач на религиозна опција (шеити). Се до неговиот прогон Хамнеи како водач на религиозна опција добивал плата од Британците и бил во врска со нив. Откога бил прогонет заминал за Ирак каде бил уапсен од тамошната власт, францускиот преседател издејствувал добивање на азил, со што тој заминал за Франција.
Престојот на Хамнеи во Франција бил финансиран од Франсоа Жено. Бил сместен во дворецот Нафле, меѓу посетителите најбројни биле од ББС, ЦИА, британската разузнавачка служба, МИ6. ББС била најголемиот негов промотер во светски рамки, преку кои пораките на Хамнеи стигнувале до Иранците.
Набрзо голем дел од Иранците станале противници на шаховскиот режим. Така се вратила идејата за враќање на чистиот шеитски ислам на чело со ајатолахот Хамнеи. Така Американците и Британците започнале со остварување на својот план за симнување на Иранскиот шах Реза Пахлави и качување на неговото место ајатолахот Хамнеи.
На тој начин радикализацијата на исламот е започната. Шеитите се искористени за создавање на групации како што се Хезбола, Хамас, Муслимански браќа, Ал Каеда, денес ИСИС, ИСИЛ и ДАЕШ.
За разлика од шеитите, сунитите биле оставени настрана. Сунитите во главном биле сконцентрирани околу Садам Хусеин во Ирак, а ги има голем број во Турција, Либија, Босна.
Сунитите во своите држави организирале диктатури, но кои немале врска со верата, во нив верата била целосно тргната настрана, односно маргинализирана. Кога започнал процесот на рушење на диктаторските режими се започнало со верско радикализирање на Сунитите. За радикали биле прогласени сунитската секта позната како вахабисти која кореспондира со она што во средниот век биле катарените и богомилите во христијанството. Маргинализирана секта прогласена за радикали не од сунитите, туку од шеитите.
Денес салафите во Сирија, најмалото радикално сунитско племе, кое важи само за неколку местенца во Сирија успеа да ја разруши целата држава.
Ако се додаде фактот дека влечна сила од каде произлегува радикалниот ислам е Саудиска Арабија која е стратешки партнер на САД и е контролирана од страна на пентагон и примерот кој го наведовме со создавање на шеитите се знае дека САД стојат зад сите овие работи. Значи хантигтоновата фатва се состои во судирање на еден народ проитив друг, шеити против сунити, муслимани против муслимани, украинци против руси, полјаци против руси и сл.
Спомнавме дека мултиполарноста во светот е веќе воспоставена. Се создават регионални организации како што е БРИКС, ќе се создадат во иднина и нови. Се тоа потврдува дека процесот на глобализација е мртвороденче. Зошто тоа се случува? Бидејќи со процесот на глобализација сакаше светот да се претвори во едно глобално село, во кое ќе владее еден господар (САД), за таа цел да се успее требаше да се поништи националниот идентитет на народите и државите. Кога се тргна кон остварување на таа цел народите, наците и државите како контра тежа за да се заштитат себе си се организираа во различни регионални организации (БРИКС, Африканската унија, Латиноамериканска унија и сл).
Регионализацијата на просторот се појави како контратежа на глобализцијата која значеше уништување на националниот идентитет на народите и државите.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...