Friday, December 9, 2022

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ



АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  среде град и среде бел ден. Но видете имало и среде таа лудница и забава.За забава мислам на говорот кој ни го приреди американската амбасадорка Агелер. Која во тексашки стил како некој каубец од Тексас јавно ни соопшти дека Американците ќе се бореле против корумпираните политичари во Македонија.

 Image
И навистина веќе со денови се прашувам како Американците ќе се бораат против корумораните политичари во Македонија и Балканот кога таа самата ги креираше во изминативе триесет години и ги одржуваше на политичката сцена. Сиите политичари по целиот Балкан од Загреб па до Атина беа поставувани и гласани со нивни амин!. Навистина не знам како шерифот од Тексас, односно Амбасадорката Агелер и нејзиниот тим за борба против корумпираните политичари на Балканот и во Македонија ќе се борат против нив кога, истите тие политичари се креирани од страна на ЦИА и донесени на избори од со благослов на Вашингтон.                                                                                                                                                                                                                          За потесетување Балканот после распадот на СФРЈ се најде во буре барут, благодарение токму на американците и нивните интервенции. Првата интервенција што ја направија беше во екот на војната во Босна и Херцеговина од една нормална и суредена држава каква што беше во рамктие на СФРЈ од БиХ, денес направија курдисана држава, калакулница, односно земја која не се знае дали е одржлива, која таква дејтонска каква што денес е уредена не се знае дали може самостојно да биде одржлива. Фактички БиХ не е држава, туку збир на територија, со други зборови Палестина на Балканот и во Европа. Држава без сопствен народ, туку со племенско уредување( три народи Бошњаци, Срби, Хрвати).                                                                                          Втората интервенција на Балканот Беше Србија заедно со Косово. Од провницијата Косово со интервенција на НАТО е создадена фиктивната држава Косово. Фиктивна, бидејќи изиминативе години Косово реално не покажа дека може да биде држава. Интервенцијата на НАТО врз тогашната СРЈ беше фактички воен пораз врз Србија. Со Рамбуевско-Кумановскиот договор од провинцијата Косово беше создадена држава. Причината за создавање на државата Косово лежеше во намерата за истребување на природните и рудните богаства на Косово за тоа на американците им беше потребно корумпирани политичари како што до денешен ден ги има во Косово.                                                                                                                                                         
Третата интервенција на Балканот е Македонија во 2001 година со фингираната војна од страна на НАТО со помош на УЧК од Косово. И  сето тоа со помош на Македонските корумпирани политичари и интелектуалци. Државотворецот Бранко Црвенковски под закана дека ќе му го прекинат криминалот со цигари беше приморан да го потпише рамковниот договор. Затоа за време на потпишување на рамковниот договор во Охрид му беа донесени Мило Ѓукановиќ ( за кои италјанското јавно обвинителство имаше спремен документ од 7 илјади страни за шверц со цигари и оружје) и Леонид Кучма од Украина. 
Секако, за Госпоѓа Агелер, Рамковниот договор не криминален документ во кои малцинството добива да владе над мнозинството, што никогаш не се случил во историјата на ниедна држава, не криминален документ и извор за корупција и криминал. 
Прашањето мие како Американците и кого ќе бркат за корупција и криминал? кога тие политичките елити на Балканот сами си ги произведоа. Евентуално работата може да биде во тоа што ЦИА веќе се откажала од своите Балкански и Македонски политичари кои во изминатиов период добро и служеа како корумпирани за нејзините интереси. Ваквите примери се познати низ историјата како Пиноче во Чиле, Сукарто во Индонезија, Црвените кмери во Комбоџа, Бил Ладен во Авганистан, Хусеин во Ирак, Хамнеи во Иран. И.Т.Н.
 Значи Американците во првата фаза не направија Курдистан од нас Македонците направија Курди без сопствена држава, историја, идентитет и име, и тоа со помош на нашите корумпирани политичари кои Американците ни ги местеа на избори, сега во вторава фаза ќе не суределе како држава борејќи се против корупцијата од корумпираните политичари кои тие триесет години ни ги одржува на власт.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...