ЛЕВИЦАТА ЈА ПРОДАДЕ ДУШАТА НА ЃАВОЛОТ
После падот на реалсоцијализамот и варшавскиот пакт (1989), светот претрпе промени односно влезе во новиот светски поредок, тој тренд на промени ја зафати и левицата како во целиот источен блок на земјата, така и кај нас на Балканот.
Левицата кај нас се трансформира во модерна лева социјалдемократска партија. Но дали тоа остана на ниво само на чиста фраза или навистина таа претрпе внатрешни промени? Денес може да се види дека левицата како во светот, така и кај нас, всушност станала левица само во своите декларативни заложби. Но зошто е тоа така?.
Тоа е така, бидејќи левицата во својата трансформација направи неколку крупни исчекори, како прво истапи од својата филозофско – теоретска подлога која ја имаше поставено основачот и филозофот Карл Маркс, од кажувањето од филозофската подлога на Маркс ја доведе левицата во партија која е повеќе непозната на сцената, односно средната (работничка) класа остана настрана од неа. Второ следењето на политичката филозофија на Жак Дерида за создавање на левица од неолибералистичка проивиненција, замислете левица и капитализм се нешто што се неспоивливи, бидејќи левицата е таа која традиционално се борела против капитализамот и капиталистот, а во полза на работништвото и угнетената класа кој во таа ситуација се нашле токму поради капиталистите. Трето поврзување на левицата со корпоративните компании на кои финален удар им даде Тони Блер и Бил Клинтон од кога станаа членови на клубот Билдерберг со што левицата фактички стана послушник на корпоративниот бел свет.
Може да се види дека левицата во целиот европски политички свет тотално крахира и губи на секаде. Рикна шведската, француската, хрватската левица. Да не зборуваме за источноевропските левици кои од многу одмана крахираа. Сега на подвиг е да рикне и грчката левица се заедно со Ципрас. И нашата левица СДСМ веќе десет години крахира и пропаѓа и ако самата не сака да си го признае тоа. До некаде се уште се држи мошне добро германската левица, но германската левица како играч го има поранешниот канцелар Грехард Шредер кој се има покажано во политиката како мошне добар играч.
Е така е тоа кога ќе си ја продадеш душата на ѓавалот и ќе се избега од она што е основа на делувањето на левицата. Имено левицата од своите заложби за работништвото и работничките права, социјалните права и подобрување на животниот стандард и сл. прејде на сосема друга страна од нејзините залагања, прејде во учество на приватизација, во учество на шиканирање на работничките и социјалните права, трансформација на јавниот (државниот) во приватен сектор сето ова доведе до губење на позицијата која некогаш ја имаше левицата помеѓу народот.
За сметка на тоа во Европа се појавија народните партии кои буквално го завземаа просторот на левицата, го прочитаа капитал и пари од Карл Маркс и почна да ги обработуват постулатите за кои се залагаше традиционалната левица, а тоа се социјалнистичката регулација, национализација на странскиот капитал, борба за работничките и социјалните права. Тоа до некаде кај нас многу добро го изработи десницата со зголемување на пензите, со мерките за самовработување, зголемување на студентскиот стандард, бесплатен превоз, реформи во образованиот и здравствениот систем и сл. што мене како традиционален левичар со годинин наназдад од првиот момент ме привлекоа.
И нашата левица како и Европската левица го следи истиот тренд. Симпатично беше што Американската левица, односно демократската партија на Америка (клубот Билдерберг) оваа пролет се обиде да го изтурка законот за слободна трговија, ТТИП, ТЕЦ. Имено со овие закони треба да се приватизира целиот општ (јавен) сектор и добра (планини, реки, води, воздух и сл) и ова замислете го предлага и промовира левицата.
Кај нас левицата предводена од СДСМ ниту збор, ниту гласот го крена против овие договори. Секако другарката Радмила Шеќеринска и нејзините сопартиски другари не се изјанснија против овие договори, бидејќи си го сменија својот центар на моќ. Нашите левичри од еден центар на моќта Белград и Москва се премостија во друг центар на моќта Вашингтон и Брисел, пак се е исто!
Авторов на текстот по природа е левичар, има таква филозофија изградена во текот на животот како и блискост со неговата професија (Социјален работник и социјален политичар), но за разлика од нашите левичари јас не сум партиски послушник на ниту една партија ниту на СДСМ од која сум бил бркан, ниту од ВМРО-ДПМНЕ од која пред извесно време добив опомена поради текстовите кои сум ги пишувал и поради произнесеното во нив. Се е тоа поради мојата партиска непослушност, ако сум партиски непослушен, тогаш сум непослушен и на центрите на моќта (Брисел, Вашингтон и Москва), тоа е разликата помеѓу мене и нив.
Деновиве ми стана нешто симптоматично, левицата како и водачите на шарената револуција поднесоа цвеќе на денот на младоста во Кумровец кај другарот Тито, зарем за СДСМ другарот Тито не е диктатор и фашиста, зарем Тито кој го имаше Голи Оток со илјадници робијаши не ли е диктатор кој на секои четри, пет години ако некој од партијата му засмета по негов диктат беше бркан од партијата и жигосан, зарем за Другарите од СДСМ тоа не е диктатура и фашизам, само диктатурата и фашизамот на ВМРО и Никола Груевски кои немат никаков Голи Оток ниту илјадници жигосани. Значи во прашање се различни аршини спрема нашите симпатии и несимпатии. Единствено нешто што СДСМ не го спроведе по диктат на Брисел е осудувањето на претходниот режим (социјализам и комунизам) како фашистички режим. Па како тој СДСМ да го осуди претходниот режим кој би значел осуда на нивните татковици и дедовци кои благодарение на нив се тоа што се и се што го имат им го должат на нив.
No comments:
Post a Comment