Sunday, August 6, 2017


ИСТОРИСКА ПРЕСВРТНИЦА




Минатата недела бевме сведоци на историската пресвртница во Велика Британија, цел свет беше сведок на брегзитот, односно на референдумот за излез на Бртанија од ЕУ, секако референдумот беше историска пресвртница како за Британија така и за ЕУ. Најискрајно да ви кажам јас во четвртокот навивав за Британија да изгласа излез од унијата и бев убеден дека Британците ќе гласат за излез од унијата.
Што всушност донесе Британскиот референдум? Британскиот референдум донесе историска пресвртница, од петокот наваму светот повеќе не ист. Брегзитот во Британија донесе неколку работи кои ќе се одразат во идната Европска политика. Како прво враќање на власта во рацете на народот, народот е тој што треба да одлучи за сопствената иднина, а не бирократите во Брисел. Второ алтернатива за земјите членки во унијата, како и за европските држави кои не се членки на унијата, дека не е само ЕУ на светов како единствен избор. И трето брегзитот ќе значи промена во европската политика како и уредувањето на самата унија.
Резултатите од референдумот во Британија стравотно влиаеа врз разбирањето на бирократите во ЕУ, кој никако да разберат дека за време на економска криза целиот организам на една држава се стега за да преживее и тоа всушност се случи со Британија. Друга работа е што Британија не го прифаќа Европскиот модел на Германија со асистенција на Франција за создавање на Соеднети Европски Држави (СЕД) со кои земјите членки би постанале федеративни држави. Британија од секогаш била предводник на конфедеративниот модел на изградба на унијата каде што ЕУ би била унија на независни и суверени држави, а не федерални единици како тоа што го сакаат Франција и Германија.
Уште во 1988 година тогшната железна дама Маргарет Тачер даде изјава во која кажа дека Британија не за влез во некоја политичка унија. Зошто? Тогаш самата го даде одговорот, бидејќи во таква унија Британија би ги изгубила своите државни постулати и би постанала само еден обичен федеративен член која би била подредена на некој друг. Со други зборови да се каже би ја изгубила својата самостојност, независност и сувереност. Друга работа која треба да се знае дека британиците влегоа во тогашаната европска економска заедница (ЕЕЗ) од економски причини, но не од политички причини.
И покрај сите заплашувања на медиумите и одредени политички кругови во Британија и надвор од неа дека со излезот на Британија од ЕУ, таа ќе стане губитник во економска и политичка смисла, зар тие не разбират дека Британија не е Грција или Бугарија. Британија е стара држава која владела со сите четри страни од светот во последните 4 века, па се до 1945 година. како може Британија да нема алтернатива, ако таа владела со целиот свет и опстојувала толку векови, зошто тогаш сега наеднаш да пропадне и тоа баш со излезот од ЕУ. Секако дека Британците имат алтернатива, исто како што и ние Македонците имаме. Се разбира светот не е само ЕУ, тој е поголем од ЕУ.
Интересно е што деновиве излезе полскиот пример со барање за ново преуредување на Европската унија во сојуз на суверени држави. Оние што знаат, што читаат и се добро информирани знаат дека едно од предвидувањата за иднината на ЕУ беше поделба на два дела, стара Европа под доминација на Германија и Франција и нова Европа предводена од Британија чиј центар на таа нова Европа, односно сојуз на држави би била Полска, значи изјавата на полскиот премиер не е случајна, дали ќе се спрема вакво сценарио се уште не се знае, тоа останува допрва да го гледаме.
Британскиот брегзит, референдум како што кажавме има големо историско значење за европската политика, како и за нас кај што живееме во денешниот свет. Тоа предизвика низа реакции во останатите земји членки на унијта за одржување на исти референдуми за излез од унијата, Франција, Германија, Холандија, Шведска, Италија, Чешка, Словенија. Затоа и после британскиот брегзит некој од европските пратеници и комесарите излегоа со барање референдумите законски да се забранат во унијата. Што си мислат овие бре? Како ќе му збранат на народот основното човеково право на слобода и избор. Нели ЕУ се темели на правото на слобода и избор. Ова ни е добар пример дека ЕУ прераснува во болшевичка творевина слична како и она што на времето беше црвената Ѕверка СССР. Референдумот како историска пресвртница нема да влијае само за организирање на исти референдуми во други држави, туку и референдум за секоја одлука која ќе ја донесе европскиот парламент и комесарите.
Да речеме да се организира референдум за договорите за слободна трговија, за ТТИП и ТЕЦ и слични работи. За нас Македонците значен е референдумот кој покажува дека народот на една држава е тој што треба да одлучи за промена на името, за влез во ЕУ и НАТО. Но исто така е добар показател дека сепак како држава имаме алтернатива, односно избор. Ако Британија која од сите страни е опкружена со вода, која била и светска империја има алтернатива, тогаш зошто Македонија која од сите страни е опкружена со копно и е раскрсница, не би имала алтернатива? Нека се освестат нашите политичари и експерти кои не учат само гледај на Запад, и ние сме само за ЕУ и НАТО, дека од петокот светот повќе не ист! Британскиот референдум е пресвртница која го менува светот.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...