Клучот на сите случувања и работи од кои ние денес сносиме последици се
наоѓат токму во деведесетите години, односно по прецизно речено на почетокот на
нашата самостојност и независност. имено тогаш се случија неколку крупни работи
проблемот на Македонија со Грција во поглед на името и идентитетот,
приватизацијата која предизвика економска криза, политички единствена партија,
нефункционалност на политичкиот пурализам и демократијата.
Социјалдемократскиот сојуз или бившиот Сојуз на комунистите на Македонија во текот на деведесетите години
се прогласи за единствена државотворна партија, да ! али ова партија остана без
својата државотворна политика.
Уште од самиот почеток на нашата независност и самостојност на првите
пуралистички избори победи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и одма уште на
старт мандатот беше оспорен од тогашниот СКМ-ПДП тоа навести следување на
страшни турболенции како и за политичкиот прфил и карактер на СКМ-ПДП ( денес
СДСМ), па се направи колаициона влада.
на тој начин преку контрола на власта и државните институции СДСМ си
обезбеди своја сигурна победа на
изборите во 1994 година и тоа не само со една фабрика на пасоши ами со три
фабрики на пасоши.
Во поглед на надворешната политика за прашањето што го имаме отворено со
Грција кое е наметнто однадвор, СДСМ најверојатно се определиле за негова
промена, али сето тоа да се случи лека полека кон тоа ни укажуват неколку
факти.
Првиот преседател на на независна Македонија Киро Глигоров уште во 1993
година, за време на неговата прва посета на Атина дал изјава во која се
согласува дека Македонците се словени, дојденци кои немат никаква врска со
Александар Македонски . глигоров дал усмена согласност, али писмено не потпишал,
да имаше писмен доказ до сега истиот ќе беше обелоденет.
Овој факт како и фактот за време на изборната кампања од 1994 година,
Глигоров кажа една значајна реченица името останува. со ова реченица Глигоров
фактички си ја зацрта својата судбина. токму атентатот на Глигоров беше како
казна. голем број од фактите укажуват дека атентатот на Глигоров беше
испланиран од надвор, а плански беше спроведен од внатре
Да не заборавиме дека за време на владењето на СДСМ се откажавме од знамето
со симболот од Вергна, исто така прифативме референца бивша југословенска република Македонија за
прием во ООН, потпишувње на привремената спогодба. на тој начин пртивме сигнал
дека сме спремни да се откажеме од споственото име и идентитет и на тој начин да
се избришиме како народ.
Бранко Црвенковски уште како преседател во 2005 година ја погласи двојната
формула како одлична основа за решение на проблемот со името, на тој начин
процесот на преговои се помести, односно претходно референцијата БЈРМ важеше
само за Грција за цел свет сме Република Македонија, со тоа им се даде можност
на целиот свет да му се укаже да не условуват со БЈРМ, односно кој како сака.
од овие произнесени ставови може да се види дека СДСМ фактички според наше
мислење дека се согласила на прмена на името и идентитетот, но во тајност и да
тој цел процес се одвива пополека дел по дел.
Последната работа која ја слушнавме пред извесно време и тоа лично од Зоран
Заев дека тој е спремен да ја воведе двојазичноста на целата наша територија,
се разбира доколку победи на следните избори. ќе го воведе Албанскиот јазик
како службен јазик, со тоа што Македонија би станала двојазична држава. со што
ќе се отвори прашањето за нејзина федерализација на два ентитета Македонски и Албански ( како и во БиХ).
Заев во интервјуто рече дека конечно дошло времето за тоа како да ја
дефинираме државата, фактички тоа дефинирање на државата( во Федерална,
Унитарна , конфедеална, кантонална), тоа е крунски доказ дека со
двојазичноста во Македонија фактички се
отвра прашањето за нејзино редефинирање
што пред наше мислење е вовед во федерализација.
Можеме да констатираме дека СДСМ е партија без идеја, без своја концепција
и програма, без квалитетен кадар, без влада во сенка и сл. изгледа дека уште
долго време ова партија државотворна партија која се огласи за единствена
партија, а сите останати кои не се согласувват со нив ги прогласуват за
терористи, диктатори и сл. државотворанта партија остана без својата
државотворна политика.
Мишко Ливрински Кубрајт, Скопје
(
објавена во дневник 2017 година)
No comments:
Post a Comment