Monday, October 16, 2017

Најбитниот момент во еден живот на човекот е социјалниот момент. Секако под социјален момент се подразбира низа активности кои ги превземат политичарите на власт се со цел подобрување на животното и општественото живеење на човекот. Под социјален момент влегуваат покрај вработувањето, животниот стандард, образованието, културата, забавата и сето она што ја создава благосостојбата на една држава.
Социјалниот момент е поврзан со политиката, а преку неа и со политичките партии како извршители на одредени политики. Поради тоа покрај надворешна и внатрешна политика постои и социјална политика.
Социјалната политика треба да зема значајно место во изборните политички програми, бидејќи социјалниот момент е на прво и значајно место на граѓанинот во една држава, а од тој граѓанин како што знаеме зависи и изборот на една политичка партија.
Во однос на социјалната политика на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, може да се каже дека навистина покажа во голема мера во изминатиов период во поглед на грижата на граѓаните и социјалниот момент кој е битен за граѓаните. Тоа го покажаа преку мерките за самовработуање, отварање на нови работни места, инвестиците, проектот купи куќа, купи стан, зголемување на пензиите и социјалната парична помош, зголемување на студентскиот стандард преку стипендии и кредити, обнова на студентските домови, отварање на спортски сали, паркови и шеталишта за млади и сл. Доста од овие проекти се најавени и во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори, како и во посебната програма за младите. Може да се каже дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во сите досегашни избори во нивните програми активно беше ставена младата и пензионерската популација. Како голем минус во нивната програма е тоа што не беше застапена средната генерација, оние луѓе што се во средните години, оние луѓе што се во работен однос, а таа генерација во голема мера е мошне значајна.
Покрај тоа што таа генерација (бар голем дел од неа) е активно вработена, тоа е генрација која има оформено свое семејство и активно се грижи за животот, воспитувањето и подигнувањето на идните поколенија. Поради тоа сметам дека средната генерација исто така заслужува внимание и застапеност во политичките програми и проекти се со цел за поголема благосостојба во државата и општеството.
Што се однесува до политичката партија СДСМ, кај нив е премногу тешко да се дојде до нивната политичка програма, а камоли да се видат проектите од социјалната сфера, особено за категорите на кои би се однесувале тие проекти. Она што го видовме од презентацијата на програмата во средбата со граѓаните е ветувањето за минималната плата од 500 евра, проект кој што во Македонија е невозможен, бидејќи ако беше возможен ќе беше релизиран уште кога тие беа на власт. Тоа е исто како и ветувањето на Бранко Црвенковски на 15 септември 2002 година, кога тој ни вети по еден вработен од секое семејство. Ветување кое никогаш не го исполни.
За крај можеме да кажеме дека застапеноста на социјалните проекти во изборните погорами на политичките партии на Македонија со реални и изводиливи проекти може во голема мера да влијае врз изборот за гласање на одредена политичка опција, односно програма, но исто так и реалноста за реализација на проектот во практиката на одредена програма која може да донесе благосостојба во државата.
Затоа веќе кога сме пред избори да се запрашаме за што гласаме за политичка партија или за политичка програма?
Мишко Ливрински
Пред извесно време бевме сведоци на историската средба на Папата Франциско и рускиот Патријах Kирил. На средбата, покрај другото, е донесена и заедничка декларација во која има и нешто мошне интересно! А тоа е „ воспоставување и обновување на христијанското единство“ и за кое и двајцата поглавари мошне сериозно се огласија.
Да потсетиме, папата Франциско првпат во САД беше во текот на минатата есен на разговор со претседателот Барак Обама. Интересно е што малкумина можеби знаат на што се должеше официјалната посета на папата на Вашингтон. Посетата беше иницирана после средбата на папата со рускиот претседател Владимир Путин во Ватикан. Во разговорите Путин му даде до знаење „ дека светoт како што го замислува Америка веќе е невозможен, затоа треба да се воспостави нов светски поредок.“ Папата се согласил со ваквиот став на Путин, всушност и во тоа се состоеше посетата на Папата на Белата куќа во која тој имаше задача да му ја пренесе пораката на Обама.
Последнава средба на папата и патријархот Kирил, можеби е една од рундите за разговор под мотото „создавање на нов светски поредок“. А, како што знаеме, кога влегуваме во нов светски поредок радикално поразличен од оној во кој ние денес живееме, се се менува, па и религијата мора да биде сменета за да започне новиот свет. Некои зборуваат дека кон ова нова религиска унија, освен православните и католиците кон нив ќе се придружат и муслиманите, будистите како и дел од протестантите, како и сите останати се со една цел создавање на една светска религија, под водство на Христовиот викар, а добивката од создавањето на една таква религија би била оделување на религијата од политиката.
За сега папата христијанството единство и братство им го понуди на православните браќа. Се уште не се знае дали христијанството единство се однесува и на протестантите во Америка. Можеме да претпоставиме дека истото им е понудено и на нив, бидејќи и тие како и православните учествува до сега во верскиот екуменизам.
За крај за да резимираме: дали овој повик на папата за создавање на Христијанска унија која би довела до создавање на Религиска унија, е воден навистина од духовни причини или мотивот е повторно политички. Дали создавањето на таквата унија ќе има навистина за цел оделување на религијата од политиката или тоа повторно ќе биде маска за внесување на религијата во политиката. Имајќи го увид претходното историско искуство на човештвото, можеме да кажеме дека религијата како систем уште од најстарите времиња била користена во политички сврхи и за манипулација и заведување на народот. Тоа се случувало уште со паганската религија во античките времиња (Рим, Египет, Вавилон и сл.), христијанството во средниот век, па и во денешно време како што е исламот.
Можеме да кажеме дека и овој повик на папата за обединувањето на христијанството во една црква, не е ништо друго , туку обид на папата и Ватикан на власт над целата Христијанска црква (се мисли покрај Kатоличката, на Православната и Протестантските цркви), но и негово пуштање во политиката и јавноста како светски верски водечки лидер. Мислиме дека историјата тоа до сега го покажа. Ватикан како и Папата во минатото, односно во средниот век ја имаше таа иста улога како политички лидер од кој зависеа царевите, кралевите, императорите и владетелите на кралствата и државите во Европа. Гледајќи од таа перспектива и денес тој истиот Ватикан ја игра таа иста улога. Сетете се само колку државници и претседатели заминале кај Папата на баци рука, тоа покажува кој е власт и кој послушник. Така од таа перспектива и овој обид на папата за обединување на Христијанските цркви не е ништо ново, туку обид за негова власт, слична на она кој тој ја имаше во средниот век.
Мишко Ливрински
Кога за првпат пред петнаесет години слушнав за некоја Американска групација под името Билдерберг која секоја година се собирала во некој хотел во Америка и дебатирала за општите теми за човештвото, си помислив дека новинарите и писателите немат некоја друга работа освен само нешто да измислуват, а што има лошо луѓето да зборуват за проблемите кои го мачат човештвото, можеби сакат само да помогнат си помислив тогаш.
Како течеа годините така се повеќе информации добивав за ова групација, дури и дојдов до информации кои се бил член на ова здружение. Навистина тие постоеле како тинк-тенк организација, нивната намера била да владеат со светот, тоа да ти било влада во сенка.
Целта на групацијата била создавање на наднационални влади, наднационални законодавства и наднационални економии и системи. И така на лесен начин ќе стигнат до приграбување на економијата и природните ресурси на националните ресурси и се тоа го прават преку инфилтрација на свои луѓе и политичари.
Во агендата на последните состаноци се разговарало за следниве неколку точки: сајбербезбедноста; конкретни економски истражувања; европската стратегија; глобализација; кризата во Грција; за Иран и блискиот исток; нато; Русија; тероризамот; Велика Британија и бегалската криза.
Светската депресија која стана неуспешна исто така била планирана од нивна страна со која народот ќе беше должен да плаќа на банките, а на тој начин банките ќе ја зголемеа својата заработка. И самитот за климатски промени да ти бил лажиран, бидејќи климатските промени требало да се искористат како повод за воведување на данок за заштита на планетата земја, а кои би завршил во рацете на банкарско-корпоративниот систем кој е во рацете на црната венецијанска аристократија како што многумина ја нарекуват групата Билдербег.
Како членови се појавуват Холанската кралица Беатрикс, Белгиската кралица, Белгискиот принц Филип, Хенри Кисинџер, Хавиер Солана, била и Хилари Клинтон, Медлин Олбрајт, Барак Обама, Пол Вокер, Филип Гордон, Карл Билт, Лоренс Самерс, Бил и Мелинда Гејтс, Пауло Рагел, Шпанската кралица Софија, Пол Расмусен, Јаап Де Хоп Шефер, Едмундо Леопалд Де Ротшилд, Тони Блер, Маргарет Тачер, Дејвид Рокфалер, Хамут Шмит, Коста Караманлис, Дејвид Камерон, членови се директорите и раководните лица на корпораците како што се IBM, Нокија.
Што се однесува за Македонскиот случај може да се види засилена кампања за да го смениме името е присутна кога во Америка на власт стигна Бил Клинтон, Медлин Олбрајт, Ричард Холбурк, Хавиер Солана, Карл Билт, да ти сите овие биле членови на Билдерберг. Македонија да ти била вклучена во експеремент ција цел било создавање на проект за наднационлна држава, без свое национално законодавство и систем, без своја национална влада, економија и сл.
Она што е интересно во последниве две години се новите трансатлански договори, трансатланските договори ТТИП, ТПП и ТИСА во кои се разработени збир на правила со кои се регулира меѓусебната трговија, стандардите и критериумите на законите со кои се врши приватизацијата на јавниот сектор.
Потпишувањето и вклучувањето на ваквите договори помеѓу Америка и ЕУ требаше да се случи уште минатото лето, но серијата на настани и случувања го попречија тоа, така американците сега го вклучија договорот со трансатланската и транспацифичката корпорација, цел на договорот е да им се даде имунитет на корпорациите од законите во чија земја тие имат сопствен бизнис.
Принципот на механизамот на овој систем е давање на право на корпораците да ги тужат владите кои имат закони или прописи кои влијат врз корпоративните профити. На пример со ГМО-храната, во оние земји каде таа е забранета како Франција и Германија, сега ќе мора да ги избришат тие нови закони и да ја дозволат ГМО-храната, сакале или нејќеле.
Како последен договор дојде договорот за приватизација на јавниот сектрор. Овој договор предвидува приватизација на ветерот, сончевата енергија, водата, воздухот, националните паркови, природните ресурси, јавното здравство и образование, социјалната заштита, синдикалните и работничките права, полицијата и безбедноста, атмосферата и слични работи.
Од ова може да се види дека во светот се поставува нов вредносен систем. Овој нов вредносен систем ги укинува основните слободи и човекови права и целосно се поставува во интересите на корпорациите, банките и политичките елити.
Според овој нов вредносен систем се треба да биде во полза на корпораците. Корпораците треба да бидат надвор од судските системи на државите и суверените влади. Владините преставници кои имат интергритет и морал, патриотизам не би ги одобриле овие договори, а камоли некое законодавно тело.
Деновиве во Велика Британија се присутни огромен број на протести насочени против потпишување на ваквите договори, а ние овдека во Македонија се уште ли ќе навиваме за влез во ЕУ и НАТО за да живееме во ваков ли вредносен систем; не знам за вас јас не би сакал да живеам во ваков вредносен систем.
Мишко Ливрински
Како што многумина во последно време зборуваaт дека светот влегува во хаос и насилство, испадна дека се во право. Обидите за намерно создавање на непријателство помеѓу различните етно-културни и религиозни групи на блискиот исток биле планирани од една поширока агенда чија цел била креирање на нови гранци на земјите од блискот исток. За таа цел постои и содветен проект познат под називот “нов блиски исток“. Овој поим за првпат е употребен пред јавноста во 2006 година во Тел Авив од страна на Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
Проектот “нов блиски исток“ започна со Американско-Британската опсада на Либан подпомогната од Израел. Самиот проект опфаќа креирање на хаос и насилство. А тој хаос е потребно да се протега од Либан, Палестина,Сирија, Ирак, Персискиот залив, па се до Авганистан. Всушност денес можеме да видиме дека хаосот и насилствата се опфатени во тие простори.
Во овој проект е зацртано Либан да биде точка на разместување на целиот блиски исток, а со тоа би се ослободиле силите за создавање на “хаосот“ кој би требало да генерира услови за насилства и војни. А силите како САД, Британија и Израел ќе го искористат за да се прецрта картата на блискиот исток во согласност со своите геостратешки цели и потреби.
Интересот на Американците спрема земјите од блискиот исток е мошне стар. Уште во осумдесетите и деведесетите години, поранешниот советник за национална безбедност Збигњев Бежински во своите политички анализи го преставуваше блискиот исток како точка за контрола на Евроазиското копно. Тој дури и блискиот исток го нарече Евроазиски Балкан. Евроазискот Балкан се состои од Кавказ (Грузија, Азербејџан и Ерменија); Централна Азија (Казахистан, Узбеџистан, Киригистан, Таџикистан, Туркменистан, Авганистан) кон ова група се приклучуват и Иран и Турција.
Пред извесно време и Американскиот државен секретар Џон Кери го обелодени Американскиот план за менување на границите на блискиот исток. Планот е познат под називот како “план Б“ кои се состои во растурање на Сирија и Ирак како држави. Во проектот е предвидено измена на националните гранци од Босфор па се до реката Инд. Прецртувањето и поделбата на блискиот исток би требало според планот да започне од источниот Медитеран, Сирија, Либан, Андолија, Саудиска Арабија, Перисискиот Залив, Иран. Овој план кореспондира со економските, стратешките и воените цели на САД, Британија и Израел. Овој концепт во јавноста е преставен како “хуманитарен“ и “праведен“ чија цел би била корисна за луѓето од блискиот исток и регинот. Секако барем ние денес кои живееме можеме да ги видиме сите последици од тој целосен проект. Интересно е што во овој проект може да се согледат плановите за Сирија и Ирак, како и улогата на Израел и Јордан во сите случувања на блискиот исток.
Во 1996 година во Израелскиот институт за стратешки и политички студии е објавен документ кој е насловен како “нова стратегија за обезбедување на царството.“ Во овој документ се предвидува враќање на ционизамот, остранување на Садам Хусеин, инсталирање на Хешемитската власт во Багдад која ќе биде под дирекна контрола на Јордан, зголемено влијание на Јордан преку Шеитите во Либан и Сирија. Интересно е што творците на овој документ како што се Ричард Перл, Далас Феид, денес се едни од главните креатори на Американската воена политика во Пентагон.
Untitled
Карта на Американскиот генерал  Ралф Питерст објавна во весникот воружени сили во месец јуни 2006 година.
Интересна е уште една работа, а тоа е што токму точка на сите планови и воени дејствија се Ирак и Сирија. Тоа го предвиде и поранешниот Египетски преседател Хосани Мубарак кој уште во 2003 година за весникот Гардијан ја даде изјавата „Ако Ирак е напданата стравуваме за состојбата на неред и хаос која може да преовлада во регионов.“ Британско-Американската окупација на Ирак има три намери. Поделба на Ирак на три дела и тоа Ирачки Курдистан, Сунитски Ирак и Арабски Ирак и потоа ќе следи негова пацифизација. Истото сценарио е предвидено и за Сирија. САД и Израел веќе долго време се залагаат за балканизација на Сирија во помали региони врз основа на етничката припадност и религијата.
Ирак за западот, а во прв ред за Американците е мошне значајна точка од многу причини. Географската положба на која лежи Ирак е мошне поволна и значајна, што Ирак го прави лесно поврзлив со останатиот дел на светот. На север преку Кавказ се поврзува со Русија, на исток преку Иран се поврзува со земјите од далечниот исток (Индија и Кина), преку Турција се поврзува со Балканот и Европа, преку Суецкиот канал се поврзува со Египет и Африка. Значи е привлечна мошне поволната географска положба на Ирак. Друга работа е природните богаства и нафтата кој тој ја има. Ирак уште од античкото време е позната како Месопотамија или Сенарската долина, како област со мошне големи природни богаства. Таа е мајка на неколку цвилизации како Сумерскта, Вавилонската, Акадската, Асирската, Медијанската и др.
Сосема трета работа пак е исфрлањето на Русија од централна Азија и влијанието кое таа би го имала во тој дел на Азија. Во многу случаеви централна Азија е именувана како јужна група на Русија. Ирак треба да се подели на три дела, истото правило важи и за Сирија. За релаизација на овој план за поделба на Ирак во три дела е предвидено во деловите да влезат и територии на Сирија, Либан и Турција. Поради тоа е вовлечена и Сирија во целата ова работа. Но истото ова и му одговара на ционистички Израел чиј пак интерес е доминација во регионот, ширење на неговата територија како и победа над Арапските племиња со кои Израел војува цел 20-ти век. Интересот пак на Јордан кој преставува заштитен чадор на западот и Америка се состои во проширување на неговата територија во западните делови на Саудиска Арабија и негова доминација во тој дел на просторот.
Како и да е војната во Сирија продолжува, продолжува и понатаму да тече со својот тек на случувања. За решение и излез на војната се уште се бара. Но преку Американските креатори на државната политика како Кристофер Хил може да се насети како би била позиционирана политиката на Америка спрема Сирија. Тој отворено го заговара Босанскиот модел за решавање на војната во Сирија. Значи внатрешна поделба на неколку дела, исто како и Босна на која таквото решение до сега не и донесе ништо добро.
За крај можеме многу убаво да ја согледаме Американската политика која се заосновува на старото Римско правило “раздели па владеј!“ тоа е кредото на Американската политика за новиот век. Преку револуции, местенки, раскарување на народите и племињата, ширење на религиската и верската омраза, Америка сака да го задржи и одбрани своето царство, а со тоа и власта во своите раце и со тоа да се спаси од она неизбежното можноста од нејзин пад и пропаѓање.
Мишко Ливрински
На 13 април ова година се случијa изборите во Сирија. Како што беше очекувано на овие парламентарни избори победи партијата на Сирискиот лидер Башар ел Асад со вкупно 88,7 посто од гласовите.
Така падна срамот на Американците кои на секаков начин се обидува да го бутнат Асад и неговата партија. Имено Вашингтон имаше организирано и финансирано голем број од НВО секторот за да излезат на протести по Сириските улици се со една цел за да докажат дека Асад ги фалсификувал изборите. Американскиот Стејт департмент изјави дека „Изборите во очите на Вашингтон не се легитимни и тие не ја преставуват волјата на Сирискиот народ.“ Ова пропаганда е јасен доказ дека Вашингтон не се за мировен договор, туку за воспоставување на Марионетска влада која ќе се постави во целост на Вашингтон. Борбата на Асад за зачувување на својата власт од страна на непријателите допрва му престои.
Како и да е политичкото сценарио е едно исто како во Сирија, така во Украина, тука и во Македонија се е исто по еден урнек и тек. Во Украина се започна во 2013 година кога прседателот Јанукович под притисок на зпадот наместо договор со Русија или Еу, почека одлуката да се даде на референдум и народот преку референдум да одлучи. Така започнаа мајдан протестите, кои прераснаа во граѓнска војна со илјадници жртви. Западот за брзо време инсталираше марионетска влада.
Во Сирискиот случај се започна оној момент кога таткото на Башар Ел Асад кој беше марионета на САД во еден момент одлучи дека државните нафтени компани нема да ги приватизира и продава на компани од западот и Америка. Тогаш започна сириската голгота. Прво беа објавени незаконски корумпирани документи кои предизвикаа масовни протести, кога тоа не им успеа ја запалија амбасадта на САД и обвинија друга тајна служба за предизвикување на сирискиот хаос. Така започна хаосот и нередите во Сирискиот случај, САД застана на страна на опозицијата (ИСИЛ, ИСИС, ДАЕШ).
Македонија слично како и Сирија започна со бомбите на Заев, продолжи со Диво Насеље. Нешто слично како и во 2001 годнина кога се започна со аферата на Бранко Црвенковски насловена како големото уво, а продолжи со Танушевци. После Диво Насеље следеше прижинскиот договор со кој Македонија стана протекторат. Има своја техничка влада, технички министри и технички премиер. Во историјата од Египет и Вавилон па се до денешен ден ни една суверена држава нема техничка власт или технички крал, тоа било случај само во освоените територи или провинци. Ние имаме свој намесник Џес Бејли исто како Понтије Пилат во Израел. Намесников Понтије Пилат ни кажува што треба да правиме, што треба да мислиме, за кого треба да гласаме, значи протекторат сме си ние.
Последниот настан е со Аболицијата од страна на преседателот Ѓорѓе Иванов која се однесуваше кон помилување на сите учесници во аферата пуч. Не е проблемот амнестијата на учесниците, бидејќи правно не би требало никој да биде амнестиран од ваква афера, туку секој треба да одговара за своите заслуги. Проблемот е во тоа што со ова аболиција се амнестират странците, странските тајни служби, амбасадорите, империјата на злото Америка, заедно со нејзината мајка Велика Британија кои беа дирекни учесници во сценариото пуч, кое патем го вршеше британската тајна служба од Кипар. Прислушувањето е вршено на Кипар од страна на Британиците.
Се ова ми личи дека Преседателот Ѓорѓе Иванов одлуката за аболиција ја донесе под дирекна уцена и закана на Западот и Америка, бидејќи ако се продолжеше со истрагата, токму ќе се стигнеше до изворот односно до британските и американсите тајни служби на Кипар. Така на живо змиите Америка и Британија ќе беа фатени и разголени пред цела светска јавност, ќе се видеше како се разрушени Украина, Сирија, Либија, Ирска и други држави.
Македонија како што кажа преседателот Обама уште пред две години на есенското заседание на обединетите нации дека „Македонија е на линија на огинот помеѓу односите на Вашингтон и Москва.“ Таа линија на огинот всушност е патот на свилата од Кина до Европа. Патот на гасоводот и нафтоводната цевка од Сирија, преку Кипар и Грција до Македонија и понатаму во западна и централна Европа. Оној што ќе го владе патот на свилата ќе ја владе Европа, Азија и Африка, економијата и трговијата, очигледно дека САД не сака да дозволи Русија и Кина да ја владеат таа патека.
Што се однесува до домашната политичка сцена, личностите како што се Зоран Заев, Катица Јанева, Владимир Милчин и останатата компанија не би сакал да се занмавам со нив, бидејќи тие одамна се демаскирани како внатрешни играчи на западот и Америка, кој му служат за нивни сопствени цели, а сите знаеме кои се запданите цели – промена на името и идентитетот на Македонија, со тоа да се заврши приказната започната од берлинскиот конгрес и балканските војни.
Да се вратиме на политичкото сценарио, идентичноста како и содржината на сценариото можеме да ја согледаме низ неколку точки:
1. Прогласување на власта за диктаторска или не лигитимна (власта кој не им исполнува некоја нивна задача или наредба);
2. Наоѓање на повод за симнување на власта (во Украина тоа е непотпишување на договорот со ЕУ; во Сирија нема продоажба на нафтените деривати на западот и Америка; во Македонија нема промена на името и идентитетот);
3. Организирање на протести и демонстрации организирани од страна на НВО секторите, УСАИД, Сорос, Канвас и слични групации;
4. Политичка поделба на државата (општеството) која може да доведе до граѓанска војна и нејзина поделба;
5. Воспоставување на марионтеска власт која ќе им служи на странците.
За крај што се однесува на изборите од 5 јуни за сега западот врши притисок да не се одржат, бидејќи знаат кој е исходот од нив, ако се одржат без учество на СДСМ, тогаш САД ќе го стори истото што го стори и во Сирија „нема да ги признае за легитимни.“ Значи сценариото е исто, да видиме дали овој пат на Вашигтон ќе му успее како режисер една ваква иста игра.
Мишко Ливрински
Се чини дека последните настани кои ја обележа политиката на Европската унија, отварат низа прашања во врска со нејзиното функционирање како и нејзинот иден опстанок и рзвој.
Старата дама, блудницата вавилон како што многумина ја нарекуват последниве години падна во тотална голема економска и политичка криза, a врз тоа битно влиаеjа претходните како и сегашните настани и случувања. Сето тоа не наведува да помислиме за неизвесноста на опстанокот на ЕУ како и за нејзината натамошна преспектива.
За сега во Европската политика се присутни два модели по прашањето на уредувањето на европската унија и нејзиното идно опстојување.
Првиот модел е оној кој го заговара Германија, поточно Ангела Меркел. Моделот се состои во тоа што предвидува силно централизирана унија по моделот на Соединетите Американски Држави, па затоа и овој модел заслужува да го наречеме Соединети Европски Држави. Овој систем предвидува силно централизирана монетарна унија која би била под доминација на Германија, економски најсилната земја членка на Европската Унија. Целосна слабост на овој модел е усогласувањето на политичкиот, правниот и економскиот систем на земјите членки на унијата. Да речеме дел од Европските земји се со републиканско уредување, а дел со кралско уредување, така да во системот на Соединети Европски Држави тешко би одело функционирањето како едно тело.
Потоа следи правниот систем, економскиот систем, историјата и други слични работи. Сето ова покажува дека овој систем тешко би функционирал во праксата.
Вториот модел е таканаречениот либерален или децентрализациски модел кои предвидува лабава конфедерација на унијата. Заговарач на овој модел е Велика Британија која традиционално се залага за поголема децентрализација на унијата.
Се чини дека битката за опстанокот на унијата се води помеѓу Германија и Велика Британија и точно по прашањето за и околу моделот на уредувањето на унијата. Не знам зошто но мене ова ситуација ме потсетува на она во Југославија од крајот на 80-тите години, кога битката за опстанокот на СФРЈ се водеше помеѓу Србија и Словенија, а прашањето беше истото – дали СФРЈ да биде централизрана или децентрализирана Федерација (конфедрација).
Кој модел би успеал децентрализациски или централизациски? Се чини дека моделот на Велика Британија има поголеми шанси од оној на Германија. Британија има јак сојузник во Америка која исто така е согласна со нејзиниот модел, поради сето тоа во последниве години е уфрлена во играта и Полска заедно со Вишеградската групација. Полска би требало да биде центарот на новата Европска унија. Ова пак имплицира на нешто ново, поделба на европската унија на два дела, на стари и нови членки на унијата кое со години веќе е видливо и кое како политичко решение во последниве години беше на разгледување на сериозни политички анализи и дебати, а е застапено и во извештајот на Обединетите нации за предвидувањето на иднината на светот за 21 век.
Познатитот економист и претседател на институтот Des libertas Чарлс Даде, изјави дека проектот Европска унија може да се соочи со истата судбина како и оној на Советскиот сојуз. Се чини дека не е далеку од вистината. Во моментов унијата навистина се сочува со големи политички и економски проблеми.
Прво непостоењето на зедничка Европска политика во однос на прашањето на бегалската криза, не постои заеднички консензус во однос на европските земји по ова прашање. Преседателот на ЕУ Доналд Туск даде една шокантна изјава “бегалците да се задржат надвор од Европската унија, тие не се добродојдени.“ Притоа ЕУ и Америка заборавија дека токму тие се најголемите виновници за појавата на бегалската криза.
german_anti_immigration_protest
Второ постоењето на големиот јаз помеѓу Исток и Запад кое е предизвикан од различното политичко уредување (републиканско и кралско) и од верската припадност Север – Протестанизам, Запад – Католицизам, и Југ-Исток – Православије.
Трето фискалната блокада од страна на Германија. Наместо солидарност спрема другите членки на унијата во поглед на бегалската криза, унијата од страна на Германија се сочува со чиста фискална блокада и помош спрема земјите како Македонија и Грција кои се сочуват со проблемот на бегласката криза.
Четврто – падот на демократијата, појавата на антиевропските движења и политички партии во повеќето Европски земји. Во последно време ваквите движења и политички партии се појавуват и во самата Германија.
Петто – референдумот на Велика Британија за излез од ЕУ кој би можел да биде инцијална капсула и за организирање на такви референдуми и во останатите земји членки на Европската унија.
Шесто – намалување на популацијата и економската стагнација. Во 1900 година Европа сочинува само 24 проценти од светската популација. Денес таа соочинува само 4 проценти од светската популација.
Седмо – појавата на национализам, ксенофобија и фашизам за кои самата ЕУ си е крива. Да, ЕУ самата допринесе појава на фашизам, национализам и ксенофобија на нејзината почва. За тоа сведочи нашиот пример, на нашата земја Македонија. Имено ЕУ на почетокот на 90 – тите години и дозволи на Грција да не блокира и да ни се спротистави на нашето постоење. На тој начин таа дозволи појава на национализам, ксенофобија и на крај фашизам. И денес околу Македонија се вртат истите соседни мечки како и од времето пред и за време на балканските војни. ЕУ само молчи и се солидаризира со нашите соседи, секако и на неа тоа и одговара, бидејќи нејзината политика спрема Македонија е да ја нема.
Се чини дека економската стагнација, рецесија и криза, како и падот на популацијата во ЕУ, а во последно време и бегалската криза ја донесоа ЕУ пред свршен чин. Особено падот на популацијата и економската стагнација кој се битни елементи за одржлива политика за понатамошен развој на унијата во геостратегијата и геополитиката. Со денешнава консталација на светските играчи и сили на светската политичката сцена, ЕУ тешко може да се одржи како јак глобален играч.
Во овие и вакви мигови кога не се знае дали ќе се одржи старата дама, ние во Македонија се уште ли ќе сонуваме да станеме дел од нејзиното друштво, зарем немаме друг избор? Оние кои не разбираат зошто во библијата творецот на Адам и Ева, автоматски не им забранил да јадат од дрвото на познавањето на доброто и злото, затоа што им дал избор, право на избор.
Епа тој истиот творец и денес и на нас ни го дал тој ист избор. Ако условот за влез во унијата е да не нема како Македонци, тогаш ние немаме само еден избор – ЕУ и НАТО, светот кои го изградил творецот е поголем од ЕУ и НАТО, значи имаме избор.
Мишко Ливрински
Сведоци сме на најразлични терористички напади (барем така официјално ги преставуват во јавноста) во Европа последниот беше во Брисел. Пред тоа имаше во Париз и Куманово кај нас, а постоеше и обид ист таков напад да се случи и во Сараево кој беше спречен од Босанската полиција.
Во што е суштината на сево ова? Кој стои зад сите овие напади? Во јавноста се кажува дека стои ИСИЛ и Исламската држава (ИД). Но малку во јавноста се зборува за тоа од каде потекнува ова групација и кој всушност стои зад истата. ИСИС е дел од политичките алатки на САД и Европските сојузници исто како што претходно тоа беше Ал Каеда. Од блискоисточните земји приклучени кон ова игра се Турција и Саудиска Арабија која преставува извор за радикалнот ислам и создавање на мухаџедински организации. Улогата на САД и Саудиска Арабија може да се види уште од создвањето на Ал Каеда и Мухаџедините уште за време на војната на Аваганистан и Советскот сојуз на крајот од седумдесетите и почетокот на осумдесеттие години.
Организаците како што се Ал Каеда, Мухаџедините и муслиманските браќа како и личностите Садам Хусеин, Осама бин Ладен беа создадени од Американските тајни служби се со цел за да се спречи влијанието на Советскиот сојуз на блискиот исток во тоа време. Кога тие успешно ја завршија таа задача некој од нив како Садам Хусеин и Осама бин Ладен стана жртвено јагне на господарот на кого повеќе не му служеа за ништо.
Ал Каеда е предвесник односно создавач на војската на ИСИЛ. Агенцијата за разузнавање на Американската одбрана (ДИА) уште во 2012 година во еден приказ даде признание дека Ал Каеда е создадена за да се почне војната во Авганистан, а “Селафиското“ (исламското) “кнежевство“ било создадено со намера во источна Сирија да се започне војна против Дамаск. Селафиското кнежевство во источниот дел на Сирија (Хасак и Дер зор) е токму тоа што со подршка на опозицијата сака да се изолира Сирискиот режим кој го сметат за стратешка длабочина на ширењето на Шеитското вилијание од Ирак.
За сега е видливо дека западот, земјите од заливот и Турција ја подржуват опозцијата како што пред извесно време Путин тоа мошне добро го покажа на самиот на Г-20. Додека Русија, Кина и Иран ја подржуват легалната Сириска власт. Токму поддршката на опозицијата од страна на САД и нивните сојузници покажуват дека тие стојат зад ИСИЛ. Како што сите знаеме ИСИЛ е опозиција на Сириската официјална власт. Значи ИСИЛ служи на западните сили за нивните цели на блискиот исток и северна африка и за водење на војните против оние држави за кои САД сметат дека нивниот “политички режим“ треба да се менува.
Јасно е дека нападите во Белгија (Брисел) и пред тоа во Франција (Париз) служат за предизвикување на закана од “глобален тероризам“ како и проширување на војните. Целта е да се пробуди Европа, да се кренат емоците на Европското население, да се стимулира војна помеѓу Исламските Џихдисти и Христијанските крстоносци. Затоа е пуштена и бегалската рута кон Европа и таа има иста цел. Да го стимулира Европското население за кревање на војна против Исламскиот џихад.
Во последните децении бевме сведоци на засилена медиумска кампања од страна на светските глобални медиуми кои се под контролата и власта на моќниците од САД и Европа. Целта на ова медиумска кампања е исто така да се предизвика војна помеѓу исламските џихадисти и христијанските крстоносци. Некои од познатите политички имиња како Џон Балтон, Пем Гелер и Роберт Спенсер како и институциите пегида и “англиската лига на одбраната“ се носители токму на ваквите медиумски пропаганди и исламофобијата.
Исламофобијата во медиумите се промовираше со страв, хистерија и омраза, искористување на насилството на терористичките групи. Во јавноста се шири пропаганда за опасноста од исламот, за исламофобичност, за исламот како најголемото нужно зло, некој дури и исламот го преставуват како антихристот од библијата (и не ни може да биде); па дури и Холивуд почна да снима филмови со пропагандна содржина како што беше тоа филмот „Невиноста на Муслиманите“ од Накула Баселеј.
Ова пропаганда која денес се води мене многу ме потсетува на Германската пропаганда против Евреите од пред Втора Светска војна, каде со слична пропаганда врвот на нацистичка Германија го креваше сопствениот народ да застане против Евреите. Уништиувањето на Евреите од страна на Германија во Втора Светска војна беше со една цел, да се опљачка богаството на Евреите кое беше мошне големо во тоа време. Истата цел е и денес со муслиманите, светската и економската моќ денес се поместуват од Европа кон Азија. Блискоисточните земји се богати со природни ресурси, нафта и евтина работна сила, поради тоа тие треба да се дисциплинират и да се воведат во ред.
И придадовме значење на медиумската кампања бидејќи во голем дел од неа зависи дали ќе има војна или не. Таа ќе го дигне стравот, паниката и емоциите кај Европските народи. Народите ќе тргнат во војна, а војната ќе донесе геноцид. Геноцид во кои како жртвено јагне ќе се најдат огромен број на Муслимани од целиот свет.
Мене ми мириса на војна, ми мириса на геноцид! Затоа со овој текст сакам да го кренам мојот глас дека сум против војна и против геноцид. Јас не сакам да учествувам во ваква фингерајка. Некогаш беа Евреите, денес Муслиманите, утре можеби жените, задутре децата, други ден христијаните, па будистите, еден ден можеби и јас ќе дојдам на ред, поради тоа силно го кревам мојот глас портив војната и геноцид.
Мишко Ливрински
Во последните години се гледа дека играта на големите сили се префрла кон Средоземно морскиот басен. Просторот во текот на историјата имал големо значење, но исто така има геополитичко и геостратегиско значење во играта на големите сили.
Средоземјето е место каде што се судират плочите на трите континенти Европа, Азија и Африка, што значи дека местово има големо стратегиска важност за големите сили, поради контрола на Европските и трговските патишта помеѓу трите континенти. Средоземјето има важно место во Американската политика која тежнее за да го направи свој приватен посед.
Во текот на историјата речиси сите големи империи имле свои аспирации да завладеат со „Средоземјето – средината на планетата земја“ тоа било аспирација на Австро-Унгарија, Велика Британија, Царска Русија, Наполеонова Франција, Хитлерова Германија и денес Америка.
Северна Африка исто така влегува во Американската политика и не за џабе во изминатиов период беа дестабилизирани и со војна суредени Египет, Либија, Тунис. Либија во која со војна беше симнат диктаторот Гадафи, ја чека истата судбина како и Сирија и Босна (внатрешна поделба на ентитети) некои прогнозираат уште една војна допрва во Либија. Либија е наследник на античката Картагина и е мошне значајна во геостратегијата, бидејќи се наоѓа во северните делови на африканскиот континент. Таквата положба ја прави мошне поврзлива со целиот континент, и не за џабе во историјата најголемите војни римската империја ги водела со Картагина (пунските војни). И тогаш се знаело за значењето на самото место.
За Сирија е веќе потврдено дека внатрешно земјата ќе се подели во неколку дела кои меѓусебе ќе се федерализират, односно конфедерализират, значи создавање на повеќе државички. Во Сирија ќе се прават напори да се примени Босанскиот модел. Не знам колку ваквиот модел на Сирија ќе и донесе успех, на Босанците дваесет години не им донесе ништо добро.
Во контекст на тоа, кон Средоземјето географски во негов дел влегува и балканскиот полуостров кое е значајно место како раскрсница, односно мост помеѓу Европа и Азија, па и Африка, раскрсница помеѓу истокот и западот. Место на кое се наоѓа точката на судир на плочите помеѓу Азија и Европа. Тоа е неговата стратешка и геополитичка точка. Србија, Македонија, БиХ и Црна Гора, во моментов останаа нешто како Европско преградие или Европски штит кој мошне добро се покажа за време на бегласката криза. Тоа се должи на фактот што ЕУ одби овие земји да ги интергрира во рамките на својата унија.
Србија која се наоѓа на раскрсница помеѓу исток и запад, како потполно жариште во оваа земја може да бидат мултиетничка Војводина и Санџак. Во последно време се слуша силно барање за независност и одвојување на Војводина од рамките на Србија. Ваквиот чин може да биде серизона закана за стабилноста и мирот на Балканот, бидејќи немирите во Војводина би ги вклучило Романија, Унгарија и Хрватска со своите малцинства со што би се пуштил фитилот во југоисточна и средна Европа.
БиХ како држава е во тешка внатрешна ситуација и со големи последици од војната. Државата внатре остана поделена на два ентитета. БиХ има исто така значајна геостратешка позиција за контрола на подунавјето и јадранското приморје. Интересно е да се види точката на дистриктото брчко кој всушност е точка на контрола на подунавјето. Брчко како точка ги поврзува западна и средна Европа со јужна Европа.
Македонија како земја е пивот земја, земја раскрсница помеѓу исток и запад, земја во чија близина се судират плочите на трите континенти (Европа, Азија, Африка). Нејзиниот средишен дел на балканот ја прави геостратешки и геополитички мошне поволно јасна нејзината позиција во геополитичката игра на големите сили. Бидејќи сите патишта од Европа, Азија и Африка, средна и западна Европа проаѓат низ Македонија и тој факт ја прави нејзината геостратегиска положба мошне значајна. Според политичкиот аналитичар Андреја Корјубко Македонија е на линијата на хибридна војна. Секако во прашање е нејзината геостратешка положба во плановите на големите сили.
Туриција исто така како и Македонија e пивот земја. Со значајна геополитичка и геостратегиска положба и таа е раскрсница помеѓу трите континенти. Ова му е добро познато на турскиот преседател Ердоган кој мошне видливо ја игра играта исток-запад и поради тоа му беше организиран неуспешен пуч од страна на Американците преку весникот Занам кое беше обид да се повтори Романското сценарио, сценариот со А1 кај нас, и Венецуелското сценарио од 2007 со RCTV.
За крај да резимираме многу сме навини во погледот на мислењето на многу интелектуалци и експерти дека ние не сме вклучени во играта на големите сили, напротив ние сме една од точките во геостратегијата на големите сили. Не знам зошто Македонија нема геостратегија во поглед на надворешната политика, ние немаме ни институт за геополитички истражувања, наместо тоа ни се нуди универзитет за национална безбедност, трет по ред од кој два веќе ги имаме.
Значи Балканот до 2018 година го чекаат возбудливи моменти, да до 2018 година кога се навршуват 100 години од париската мировна конференција (1918) и на која се воспоставени денешните граници на државите на Европа, во таа карта Македонија како држава не постоеше, денешната игра е истата да се продолжи традицијата од 1918 година.
Мишко Ливрински
(Првиот дел тука)
Најмногу коцките во Македонската политичка сцена можат да се видат во периодот 2007/2008 година, пред одржувањето на самиот на НАТО во април 2008 година. Имено кога во 2008 година ни стигна понудата од Метју Нимиц, кога ни понуди да прифатиме име како ултиматум за влез во НАТО. Во тој период можеа да се видат коцките како се вклопуват на мозаикот. Имено пред Букурешт, коалицијата на ВМРО во кои беа и партите на Стојан Андов и Тито Петковски, ја напуштија коалицијта. Причини за нивното напуштање од власта и свртување против Никола Груевски се работи за името и идентитетот. Стојан Андов тогаш излезе со две спротиставени тези: 1. Груевски е тврдоглав и несака да го промени името; 2. Груевски сака да го промени името. Секако истиов овој став на Стојан Андов беше ист во деведесетите години името Славомакедонија како одличен избор за решавање на нашиот проблем со Грција.
Интересно е што после доаѓањето на Никола Груевски уште од самиот почеток на пола година од владењето, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски ја дадоа изјавата за Груевски: „што има тој да се занимава со државна политика, туку само со економија.“ Оваа изјава ни дава за право да се запрашаме чив беше изборт на Никола Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Дали тој беше избор на двата стари волци Георгиевски и Црвенковски. Кон ова е значајно да се потсетиме на една значајна изјава дадена од Владо Бучковски на 17.10.2007 година, во која Бучковски вели дека СДСМ е творец на војната во 2001 година; СДСМ е творец на големото уво; СДСМ е творец на обвиненијата за Љубе Бошковски; СДСМ во 2003 тата година, во екот кога ВМРО избирал свој лидер се одлучиле да го изберат Никола Груевски, наместо Марјан Ѓорчев. Тоа го кажа Владо Бучковски, се гледа дека оваа изјава која воопшто не беше коментирана во јавноста, личеше како опомена на Бранко Црвенковски до Груевски за да тој се врати на својот пат, односно Груевски да води само економска политика, а не и државна политика. Затоа што Груевски од перидот 2006-2016 година им го руши надворешниот проект на ЦИА за внатрешно самоуништување на македонската држава.
Пред изборите во 2006 години, во екот на новата година (31.12.2005) Црвенковски ја даде следнава интересна изјава: „сакам да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека сме го изгубиле името.“ и оваа изјава не е случајна. Сигурно дека во 2006 година беа пуштени ВМРО да ги победат СДСМ. Прашањето е зошто беше потребно ВМРО да го замени СДСМ во 2006 година? Оној што го знае проектот на ЦИА за Македонија, а кој подразбира промена на името и идентитетот. А тоа било потребно да го напрви некој кој што не е од СДСМ, односно бил избран Никола Груевски и ВМРО, али човекот кој си го избрале во сите негови десет години не им иде по нивна игра.
Груевски не им одеше по нивни кеив, бидејќи се вмеша во надворешната политика, ја даде на суд Грција за непочитување на времената спогодба; прашањето на беглаците од Егејска Македонија; не прифаќање на компромис за промена на името и идентитетот. Сите овие работи покажуват дека Груевски етапно го руши американскиот проект.
Периодот од 2008 година пред самиот на нато во букурешт, можеше да видиме што беше тоа што ги разделуваше Македонските политичари, а што ги зближуваше. Централно прашање беше промена на името и идентитетот на Македонскиот народ. Тогаш можеше да се види како Стојан Андов и Тито Петковски излегоа од владејачката коалиција и се обединија со опозиција против која претходно беа. Потоа медиумските куќи А1 и Фокус некогаш беа против СДСМ и наеднаш се соединенија со нивната коалиција и полза.
Политичките сили во Македонија се исполаризира уште во 2008 година пред Букурешкиот самит. Од тогаш може да се види кој е за промена на името, а кој за зачувување на името Македонија. Не спроведување на Американскиот проект или следната фаза од тоа сценарио е причина за кризирање на Македонија на секои две години перманентно кризира, зошто господата од опозицијата од 2008 година постојана барат техничка влада и не ги прифаќат изборните резултати, како и денес во 2015/2016 година може да се види дека пржинскиот договор фактички е втора фаза од Американското сценарио за рушење на државата. Изборите кои следат на 5 јуни 2016, ќе бидат избори на кои нема да учествува опозцијата, целта е да се продолжи со техничка влада која ќе направи напори за компромис, однсно за промена на името и идентитетот.
Мишко Ливрински
Нашата приказна започна во 1991 година, кога прогласивме независност на нашата држава. Но нашата независност како што веќе имам кажано за надворешниот фактор беше изненадување, а се по изгледа и за голем број од внатрешните политичари.
На почетокот политичките програми на нашите партии беа дезорентирани и без реални понуди за разлика од политиката на Словенија и Хрватска. СКМ-ПДП излезе со тезата дека за идниот статус на Македонија дека се за федерација во рамките на Југославија, ако не може федерација тогаш се за конфедерација, ако на крај не може федерација, ниту конфедерација, тогаш се за независност. Tри програми нудени како една програма, тотална дезорентација. Втората партија ВМРО-ДПМНЕ и ако млако ја пласираше тезата за независност на Македонија, сепак на крајот Љупчо Георгиевски се согласи за конфедерација, бидејќи народот ни бил србомански и ќе се определел за Југославија.
Се чини дека тогашните Македонски политичари беа изненадени од одлуката на Македонците да имат своја држава. Почетокот на деведесеттите години е многу збунувачки и конфузен период, особено така се однесуваше македонска политичка елита.
Уште на почетокот кога прогласивме независност, можше да се види политичката консталација, дента кога прогласивме независност, вечерта кога се славеше победата на плоштадот, единствен политичар од бившиот СКМ-ПДП (сега СДСМ), Киро Глигоров беше единствен кој присуствуваше, таму не беше ниту Бранко Црвенковски (државотворец кој не сакаше да стане на Македонската химна), ниту пак Стојан Андов или Перо Гошев, значи стариот комунист беше оставен сам да слави со младите вмровци.
istorisko-da-za-nezavisnost-ja-nosi-makedonija-napred-168935
Уште од самиот почеток на првите Македонски плуралистички избори (кои беа и први национални избори), покрај нашите национални партии учествувше и партијата реформски сили на Југославија ( во Македонија ја застапуваше Стојан Андов), ова партија никаде во југославија не учествуваше на избори, освен во Македонија и Босна и Херцеговина, ова покажува како и Босна, така и Македонија не беа спремни за независност,бидејќи овие две држави во изминативе сто години беа третирани како темен вилает.
СКМ-ПДП (денешен СДСМ) уште од самиот почеток на плуралистичките избори можеше да се види нивната игра. Уште од почетокот им упадна во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, па се направи концентрациона (експертска влада), па со фингирани избори (со илјадници фабрики од лажни пасоши) издвоија победа во 1994 година.
Истите политичари кои во деведесетитие години кои се залагаа за промена на името и до ден денес истото го мислат. Стојан Андов некогашен реформиран комунист, денес либерален демократ го пласираше името Славомакедонија, како одлична опција за решавање на нашиот спор со Грција. Васил Тупурковски преседателот на демократската алтернатива го пласираше името централна балканска република. Љубчо Георгиевски поранешен премиер и преседател на ВМРО-ДПМНЕ, уште во 1991 година, после неговата посета на Македонската дијаспора во Америка и Канада, ја извади тезата дека постојат Македонци-Срби, Македонци- Бугари, Македонци-Грци, Македонци-Албанци, Македонци нема. Треба да се напомене дека истава теза ја застапуваше Љубомир Данилов Фрчковски кои во неговите предлози Македонците беа означени како Славомакедонци, односно Македонци-словени.
Првиот шеф на независната Македонска држава Киро Глигоров, уште во 1993 година на Грците им ветил дека ние сме словени дојдени во шестиот век од нашава ера и немаме ништо заедно со античките македоници. Киро Глигоров и ако дал ваква изјава за време на неговата посета во Атина, сепак имаме за право да веруваме дека ништо не потпишал, бидејќи до сега грчката политика ќе објавеше некаков потпишан договор. Кон тоа сведочи кампањата во 1994 година, кога е веќе формиран сојузот за Македонија и на оваа кампања главниот слоган на Глигоров беше името останува. Мислиме дека со оваа реченица Глигоров си ја запечати својата судбина со атентатот. Можеме да заклучиме дека атентатот се совпадна со надворешните интереси, но и со внатрешните интереси на една група млади политичари како што беа Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски. По интересно е што во истото време кога се случуваше атентатот врз Глгоров се случи и потпишувањето на Временската спогодба помеѓу Македонија и Грција. Овој Факт не тера да се посомневаме дека атентатот беше инспириран и испланиран од надвор, а извршен од внатре. Тоа не води да помислиме на Грција, за која Глигоров не го исполнил она што го ветил.
Друг фактор кој потврдува дека во тогашната СДСМ дека постоела внатрешна поделба по однос на надворешната политика тоа се Џорџ Сорос, Стојан Андов и грчкиот печат кои тврдеа во тоа време (1994 година) дека Бранко Црвенковски и Киро Глигоров се на различни страни и имат различни гледишата во однос на надворешната политика (односно по пршањето за името).
Проектот Македонија во Американската политика и ЦИА е со една цел како на мирен начин внатрешно Македонија самата од себе да се уништи, да ја снема ама цел тој проект да биде на нас од внатре. Од 1998 година започна втората фаза од нивната игра, се започна со изборот на новиот бран на политичари од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и Борис Трајковски, после нивната победа во декември 1998 година, Македонија во ООН во трговскиот регистар беше спуштена од држава во територија како Палестина. Ваквото решение отвори услови за војна и странска интервенција, односно фингирана војна во 2001 година. Целта беше промена на уставот, бришење на Асномската преамбула, симнување на Македонскиот народ во една од етничките заедници (која кај грците имплицираше факт зошто државата да ни се вика Македонија кога тоа е само една етничка заедница, а зошто да не по некоја друга етничка заедница) и секако триумфалното враќање на СДСМ.
Проектот за внатрешна поделба на ЦИА, но со внатрешни учесници, како што тоа беше Доста Димовска, која се залагаше за кантонизација и поделба на Македонија на ентитети, жената која се залагаше за Македонија од Групчин до Групчин, особа која беше идеолог на ВМРО и Љубчо Георгиевски, а и добра пријателка на СДСМ, жената која во теоријата како професор предаваше марксизам (лева идеологија), а во праксата беше политичар на ВМРО (десничар), за кого во последно време Љубчо Георгиевски зборуваше како за жена која ги заштитила Српските удбаши. Овој преокт за поделба и кантонизација е озаконет со законот за територијална поделба од 2004 година.
продолжува
Деновиве што изминаa Европа е пред капитулација од американската политика. Тоа се должи на обидот за потпишување на меѓународните договори за “слободна трговија“, трговијата и инвестициското партнерство со трансантлантските (ТТИП) корпорации, дефинтивно ќе го укине суверенитетот на слободна Европа и од неа ќе направи колонизација на Америка.
Меѓународните договори на слободна трговија како што се ТТИП и ТЕЦ, најголемо влијание токму овие договори ќе имаат врз националниот суверенитет на било која земја која ќе ги потпише овие договори. Главната цел на ТТИП е да се остранат регулаторните бариери со која се ограничува потенцијалниот профит од страна на трансатлантските копорации. Овие пречки вклучуват право на работен однос, правило за безбедноста на храната, рестрикција за животната средина, здравјето на луѓето, прописите за дигиталната приватност и новите банкарски граници.
Највлијателните работи на ТТИП е во сферата на економските и социјалните прописи и ги вклучува следново: прво, приватизација на јавните услуги како што се водовод и канализација, здравствена заштита и образование; второ, загрозување на земјоделството од поголем обем, кои ќе бидат наклонети кон големите агро-корпораци над земјоделските семејства; трето, право на странските корпорации да ги тужат земјите за надоместоци за нивниот профит доколку одредена влада во одредена земја донесе закон со кои би можел да се намали профитот; трето, отварање на начин за зголемување на интернет следење и надзор; четврто, ограничување на слободниот пристап до културата, образованието и науката.
Според Џон Химлари професор по политика и меѓународни односи ТТИП е подлога за дерегулација на напад на работните места и ставање на крај на демократијата. Интересно е што документот и преговорите за овој договор се чуват надвор од специјалниот комитет на ЕУ, парламентарците на ЕУ и земјите членки немаат детали од договорот. Откако договорот ќе биде потпишан од страна на Брисел и Вашингтон, договорот ќе се спроведе во сите земји членки на ЕУ, а може да се менува или укинува само со договор на сите 28-земји членки на ЕУ и САД. Значи во тој случај единствен излез или спас од овие договори ќе биде излегување од Европската унија или нејзин дефинитивен распад.
ТТИП е јасен удар за Русија и ќе значи дефинитивно намалување на економските односи помеѓу Европа и Русија, Европа и Азија. ТТИП е една од основните цели во агендата на Обама. Ратификувањето на договорите ТТИП и ТТП ќе значи превземање на светот од корпоративната империја во Европа и Азија. Затоа и му се брза на Обама и неговата администрација. Овие договори слободно можеме да ги наречеме како Американски Данајски подарок во Европска Троја. Американскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон исто така силно го подржува склучувањето на овие договори, затоа станува јасно кој се стои зад овој корпоративно – банкарски систем. Групацијата Билдерберг, банкарската фамилја Ротшилдови (империјата на злото), фамилјата Сакс-Кобург која управува со Европските кралства и повеќето држави во Европа и Светот.
Озогласената Европска тројка ММФ, Европската централна банка (ЕЦВ), Европската комисија (ЕК) веќе се спремни да ги прифатат и ратификуват овие договори. Но прашање е дали тоа ќе го прифатат политичарите од земјите членки на ЕУ. Пред неколку недели имаше силни демонстрации во Велика Британија, поводот беше потпишувањето и договарањето за спроведување на овие договори помеѓу Америка и Европа. Изминтиов викенд Обама ја посети Германија вршејќи притисок врз Ангела Меркел за прифаќање на договорот за “слободна трговија“ во пресрет на таа посета десетици илјади луѓе излегоа на демонстрации во Берлин за да го искажат решително своето противење за договорите за трансатлантската трговија. Во петокот обама се сретна со Дејвд Камерон каде вршеше притисок за прифаќање на овие договори.
За да на читателите им биде јасно што всушност преставуват овие договори, тоа ќе го објасниме на следнов начин. Замислете дека утре се будите во вашиот стан, и дознавате дека зградата каде што сте го купиле вашиот стан е веќе во приватна сопственост на некоја фирма на која треба да и плаќате за станот кој претходно сте го купиле, потоа скалите во зградата исто така треба да ги плаќате, потоа кога ќе излезете на “Партизанска“ ќе треба да и платите на некоја прифатна фирма за да можете да се движите по неа, па за семафорите на улицата.Замислете и полицијата да ни се приватизира, па за секоја истрага, убиство, кражба и нејзина услуга ќе треба дебело да наплаќаме на некој приватен газда. Потоа за да шетате низ паркот ќе му се плаќа на приватен газда како и на плоштадот за да пројдете, погледот на фонтаната на Александар Македонски како и сликањето на неа и другите споменици има дебело да се наплатува и сл.
Ова е приватизација на Јавниот сектор за општествените добра, социјалниот и културниот сектор, тоа значи крај на слободата и демократијата, а вечна добивка за банкарско-корпорацискиот систем, значи почнува царството на злото.
Мишко Ливрински

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...