Monday, October 16, 2017

Најбитниот момент во еден живот на човекот е социјалниот момент. Секако под социјален момент се подразбира низа активности кои ги превземат политичарите на власт се со цел подобрување на животното и општественото живеење на човекот. Под социјален момент влегуваат покрај вработувањето, животниот стандард, образованието, културата, забавата и сето она што ја создава благосостојбата на една држава.
Социјалниот момент е поврзан со политиката, а преку неа и со политичките партии како извршители на одредени политики. Поради тоа покрај надворешна и внатрешна политика постои и социјална политика.
Социјалната политика треба да зема значајно место во изборните политички програми, бидејќи социјалниот момент е на прво и значајно место на граѓанинот во една држава, а од тој граѓанин како што знаеме зависи и изборот на една политичка партија.
Во однос на социјалната политика на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, може да се каже дека навистина покажа во голема мера во изминатиов период во поглед на грижата на граѓаните и социјалниот момент кој е битен за граѓаните. Тоа го покажаа преку мерките за самовработуање, отварање на нови работни места, инвестиците, проектот купи куќа, купи стан, зголемување на пензиите и социјалната парична помош, зголемување на студентскиот стандард преку стипендии и кредити, обнова на студентските домови, отварање на спортски сали, паркови и шеталишта за млади и сл. Доста од овие проекти се најавени и во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори, како и во посебната програма за младите. Може да се каже дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во сите досегашни избори во нивните програми активно беше ставена младата и пензионерската популација. Како голем минус во нивната програма е тоа што не беше застапена средната генерација, оние луѓе што се во средните години, оние луѓе што се во работен однос, а таа генерација во голема мера е мошне значајна.
Покрај тоа што таа генерација (бар голем дел од неа) е активно вработена, тоа е генрација која има оформено свое семејство и активно се грижи за животот, воспитувањето и подигнувањето на идните поколенија. Поради тоа сметам дека средната генерација исто така заслужува внимание и застапеност во политичките програми и проекти се со цел за поголема благосостојба во државата и општеството.
Што се однесува до политичката партија СДСМ, кај нив е премногу тешко да се дојде до нивната политичка програма, а камоли да се видат проектите од социјалната сфера, особено за категорите на кои би се однесувале тие проекти. Она што го видовме од презентацијата на програмата во средбата со граѓаните е ветувањето за минималната плата од 500 евра, проект кој што во Македонија е невозможен, бидејќи ако беше возможен ќе беше релизиран уште кога тие беа на власт. Тоа е исто како и ветувањето на Бранко Црвенковски на 15 септември 2002 година, кога тој ни вети по еден вработен од секое семејство. Ветување кое никогаш не го исполни.
За крај можеме да кажеме дека застапеноста на социјалните проекти во изборните погорами на политичките партии на Македонија со реални и изводиливи проекти може во голема мера да влијае врз изборот за гласање на одредена политичка опција, односно програма, но исто так и реалноста за реализација на проектот во практиката на одредена програма која може да донесе благосостојба во државата.
Затоа веќе кога сме пред избори да се запрашаме за што гласаме за политичка партија или за политичка програма?
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...