Балканизација на Блискиот Исток
Како што многумина во последно
време зборуваaт дека светот влегува во хаос и насилство, испадна дека се
во право. Обидите за намерно создавање на непријателство помеѓу
различните етно-културни и религиозни групи на блискиот исток биле
планирани од една поширока агенда чија цел била креирање на нови гранци
на земјите од блискот исток. За таа цел постои и содветен проект познат
под називот “нов блиски исток“. Овој поим за првпат е употребен пред
јавноста во 2006 година во Тел Авив од страна на Американскиот државен
секретар Кондолиза Рајс.
Проектот “нов блиски исток“ започна со
Американско-Британската опсада на Либан подпомогната од Израел. Самиот
проект опфаќа креирање на хаос и насилство. А тој хаос е потребно да се
протега од Либан, Палестина,Сирија, Ирак, Персискиот залив, па се до
Авганистан. Всушност денес можеме да видиме дека хаосот и насилствата се
опфатени во тие простори.
Во овој проект е зацртано Либан да биде
точка на разместување на целиот блиски исток, а со тоа би се ослободиле
силите за создавање на “хаосот“ кој би требало да генерира услови за
насилства и војни. А силите како САД, Британија и Израел ќе го
искористат за да се прецрта картата на блискиот исток во согласност со
своите геостратешки цели и потреби.
Интересот на Американците спрема земјите
од блискиот исток е мошне стар. Уште во осумдесетите и деведесетите
години, поранешниот советник за национална безбедност Збигњев Бежински
во своите политички анализи го преставуваше блискиот исток како точка за
контрола на Евроазиското копно. Тој дури и блискиот исток го нарече
Евроазиски Балкан. Евроазискот Балкан се состои од Кавказ (Грузија,
Азербејџан и Ерменија); Централна Азија (Казахистан, Узбеџистан,
Киригистан, Таџикистан, Туркменистан, Авганистан) кон ова група се
приклучуват и Иран и Турција.
Пред извесно време и Американскиот
државен секретар Џон Кери го обелодени Американскиот план за менување на
границите на блискиот исток. Планот е познат под називот како “план Б“
кои се состои во растурање на Сирија и Ирак како држави. Во проектот е
предвидено измена на националните гранци од Босфор па се до реката Инд.
Прецртувањето и поделбата на блискиот исток би требало според планот да
започне од источниот Медитеран, Сирија, Либан, Андолија, Саудиска
Арабија, Перисискиот Залив, Иран. Овој план кореспондира со економските,
стратешките и воените цели на САД, Британија и Израел. Овој концепт во
јавноста е преставен како “хуманитарен“ и “праведен“ чија цел би била
корисна за луѓето од блискиот исток и регинот. Секако барем ние денес
кои живееме можеме да ги видиме сите последици од тој целосен проект.
Интересно е што во овој проект може да се согледат плановите за Сирија и
Ирак, како и улогата на Израел и Јордан во сите случувања на блискиот
исток.
Во 1996 година во Израелскиот институт
за стратешки и политички студии е објавен документ кој е насловен како
“нова стратегија за обезбедување на царството.“ Во овој документ се
предвидува враќање на ционизамот, остранување на Садам Хусеин,
инсталирање на Хешемитската власт во Багдад која ќе биде под дирекна
контрола на Јордан, зголемено влијание на Јордан преку Шеитите во Либан и
Сирија. Интересно е што творците на овој документ како што се Ричард
Перл, Далас Феид, денес се едни од главните креатори на Американската
воена политика во Пентагон.
Карта на Американскиот генерал Ралф Питерст објавна во весникот воружени сили во месец јуни 2006 година.
Интересна е уште една работа, а тоа е
што токму точка на сите планови и воени дејствија се Ирак и Сирија. Тоа
го предвиде и поранешниот Египетски преседател Хосани Мубарак кој уште
во 2003 година за весникот Гардијан ја даде изјавата „Ако Ирак е
напданата стравуваме за состојбата на неред и хаос која може да
преовлада во регионов.“ Британско-Американската окупација на Ирак има
три намери. Поделба на Ирак на три дела и тоа Ирачки Курдистан, Сунитски
Ирак и Арабски Ирак и потоа ќе следи негова пацифизација. Истото
сценарио е предвидено и за Сирија. САД и Израел веќе долго време се
залагаат за балканизација на Сирија во помали региони врз основа на
етничката припадност и религијата.
Ирак за западот, а во прв ред за
Американците е мошне значајна точка од многу причини. Географската
положба на која лежи Ирак е мошне поволна и значајна, што Ирак го прави
лесно поврзлив со останатиот дел на светот. На север преку Кавказ се
поврзува со Русија, на исток преку Иран се поврзува со земјите од
далечниот исток (Индија и Кина), преку Турција се поврзува со Балканот и
Европа, преку Суецкиот канал се поврзува со Египет и Африка. Значи е
привлечна мошне поволната географска положба на Ирак. Друга работа е
природните богаства и нафтата кој тој ја има. Ирак уште од античкото
време е позната како Месопотамија или Сенарската долина, како област со
мошне големи природни богаства. Таа е мајка на неколку цвилизации како
Сумерскта, Вавилонската, Акадската, Асирската, Медијанската и др.
Сосема трета работа пак е исфрлањето на
Русија од централна Азија и влијанието кое таа би го имала во тој дел на
Азија. Во многу случаеви централна Азија е именувана како јужна група
на Русија. Ирак треба да се подели на три дела, истото правило важи и за
Сирија. За релаизација на овој план за поделба на Ирак во три дела е
предвидено во деловите да влезат и територии на Сирија, Либан и Турција.
Поради тоа е вовлечена и Сирија во целата ова работа. Но истото ова и
му одговара на ционистички Израел чиј пак интерес е доминација во
регионот, ширење на неговата територија како и победа над Арапските
племиња со кои Израел војува цел 20-ти век. Интересот пак на Јордан кој
преставува заштитен чадор на западот и Америка се состои во проширување
на неговата територија во западните делови на Саудиска Арабија и негова
доминација во тој дел на просторот.
Како и да е војната во Сирија
продолжува, продолжува и понатаму да тече со својот тек на случувања. За
решение и излез на војната се уште се бара. Но преку Американските
креатори на државната политика како Кристофер Хил може да се насети како
би била позиционирана политиката на Америка спрема Сирија. Тој отворено
го заговара Босанскиот модел за решавање на војната во Сирија. Значи
внатрешна поделба на неколку дела, исто како и Босна на која таквото
решение до сега не и донесе ништо добро.
За крај можеме многу убаво да ја
согледаме Американската политика која се заосновува на старото Римско
правило “раздели па владеј!“ тоа е кредото на Американската политика за
новиот век. Преку револуции, местенки, раскарување на народите и
племињата, ширење на религиската и верската омраза, Америка сака да го
задржи и одбрани своето царство, а со тоа и власта во своите раце и со
тоа да се спаси од она неизбежното можноста од нејзин пад и пропаѓање.
No comments:
Post a Comment