Monday, October 16, 2017

Пред извесно време бевме сведоци на историската средба на Папата Франциско и рускиот Патријах Kирил. На средбата, покрај другото, е донесена и заедничка декларација во која има и нешто мошне интересно! А тоа е „ воспоставување и обновување на христијанското единство“ и за кое и двајцата поглавари мошне сериозно се огласија.
Да потсетиме, папата Франциско првпат во САД беше во текот на минатата есен на разговор со претседателот Барак Обама. Интересно е што малкумина можеби знаат на што се должеше официјалната посета на папата на Вашингтон. Посетата беше иницирана после средбата на папата со рускиот претседател Владимир Путин во Ватикан. Во разговорите Путин му даде до знаење „ дека светoт како што го замислува Америка веќе е невозможен, затоа треба да се воспостави нов светски поредок.“ Папата се согласил со ваквиот став на Путин, всушност и во тоа се состоеше посетата на Папата на Белата куќа во која тој имаше задача да му ја пренесе пораката на Обама.
Последнава средба на папата и патријархот Kирил, можеби е една од рундите за разговор под мотото „создавање на нов светски поредок“. А, како што знаеме, кога влегуваме во нов светски поредок радикално поразличен од оној во кој ние денес живееме, се се менува, па и религијата мора да биде сменета за да започне новиот свет. Некои зборуваат дека кон ова нова религиска унија, освен православните и католиците кон нив ќе се придружат и муслиманите, будистите како и дел од протестантите, како и сите останати се со една цел создавање на една светска религија, под водство на Христовиот викар, а добивката од создавањето на една таква религија би била оделување на религијата од политиката.
За сега папата христијанството единство и братство им го понуди на православните браќа. Се уште не се знае дали христијанството единство се однесува и на протестантите во Америка. Можеме да претпоставиме дека истото им е понудено и на нив, бидејќи и тие како и православните учествува до сега во верскиот екуменизам.
За крај за да резимираме: дали овој повик на папата за создавање на Христијанска унија која би довела до создавање на Религиска унија, е воден навистина од духовни причини или мотивот е повторно политички. Дали создавањето на таквата унија ќе има навистина за цел оделување на религијата од политиката или тоа повторно ќе биде маска за внесување на религијата во политиката. Имајќи го увид претходното историско искуство на човештвото, можеме да кажеме дека религијата како систем уште од најстарите времиња била користена во политички сврхи и за манипулација и заведување на народот. Тоа се случувало уште со паганската религија во античките времиња (Рим, Египет, Вавилон и сл.), христијанството во средниот век, па и во денешно време како што е исламот.
Можеме да кажеме дека и овој повик на папата за обединувањето на христијанството во една црква, не е ништо друго , туку обид на папата и Ватикан на власт над целата Христијанска црква (се мисли покрај Kатоличката, на Православната и Протестантските цркви), но и негово пуштање во политиката и јавноста како светски верски водечки лидер. Мислиме дека историјата тоа до сега го покажа. Ватикан како и Папата во минатото, односно во средниот век ја имаше таа иста улога како политички лидер од кој зависеа царевите, кралевите, императорите и владетелите на кралствата и државите во Европа. Гледајќи од таа перспектива и денес тој истиот Ватикан ја игра таа иста улога. Сетете се само колку државници и претседатели заминале кај Папата на баци рука, тоа покажува кој е власт и кој послушник. Така од таа перспектива и овој обид на папата за обединување на Христијанските цркви не е ништо ново, туку обид за негова власт, слична на она кој тој ја имаше во средниот век.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...