Имаме право на избор
Се чини дека последните настани
кои ја обележа политиката на Европската унија, отварат низа прашања во
врска со нејзиното функционирање како и нејзинот иден опстанок и рзвој.
Старата дама, блудницата вавилон како
што многумина ја нарекуват последниве години падна во тотална голема
економска и политичка криза, a врз тоа битно влиаеjа претходните како и
сегашните настани и случувања. Сето тоа не наведува да помислиме за
неизвесноста на опстанокот на ЕУ како и за нејзината натамошна
преспектива.
За сега во Европската политика се
присутни два модели по прашањето на уредувањето на европската унија и
нејзиното идно опстојување.
Првиот модел е оној кој го заговара
Германија, поточно Ангела Меркел. Моделот се состои во тоа што
предвидува силно централизирана унија по моделот на Соединетите
Американски Држави, па затоа и овој модел заслужува да го наречеме
Соединети Европски Држави. Овој систем предвидува силно централизирана
монетарна унија која би била под доминација на Германија, економски
најсилната земја членка на Европската Унија. Целосна слабост на овој
модел е усогласувањето на политичкиот, правниот и економскиот систем на
земјите членки на унијата. Да речеме дел од Европските земји се со
републиканско уредување, а дел со кралско уредување, така да во системот
на Соединети Европски Држави тешко би одело функционирањето како едно
тело.
Потоа следи правниот систем, економскиот
систем, историјата и други слични работи. Сето ова покажува дека овој
систем тешко би функционирал во праксата.
Вториот модел е таканаречениот либерален
или децентрализациски модел кои предвидува лабава конфедерација на
унијата. Заговарач на овој модел е Велика Британија која традиционално
се залага за поголема децентрализација на унијата.
Се чини дека битката за опстанокот на
унијата се води помеѓу Германија и Велика Британија и точно по прашањето
за и околу моделот на уредувањето на унијата. Не знам зошто но мене ова
ситуација ме потсетува на она во Југославија од крајот на 80-тите
години, кога битката за опстанокот на СФРЈ се водеше помеѓу Србија и
Словенија, а прашањето беше истото – дали СФРЈ да биде централизрана или
децентрализирана Федерација (конфедрација).
Кој модел би успеал децентрализациски
или централизациски? Се чини дека моделот на Велика Британија има
поголеми шанси од оној на Германија. Британија има јак сојузник во
Америка која исто така е согласна со нејзиниот модел, поради сето тоа во
последниве години е уфрлена во играта и Полска заедно со Вишеградската
групација. Полска би требало да биде центарот на новата Европска унија.
Ова пак имплицира на нешто ново, поделба на европската унија на два
дела, на стари и нови членки на унијата кое со години веќе е видливо и
кое како политичко решение во последниве години беше на разгледување на
сериозни политички анализи и дебати, а е застапено и во извештајот на
Обединетите нации за предвидувањето на иднината на светот за 21 век.
Познатитот економист и претседател на
институтот Des libertas Чарлс Даде, изјави дека проектот Европска унија
може да се соочи со истата судбина како и оној на Советскиот сојуз. Се
чини дека не е далеку од вистината. Во моментов унијата навистина се
сочува со големи политички и економски проблеми.
Прво непостоењето на зедничка Европска
политика во однос на прашањето на бегалската криза, не постои заеднички
консензус во однос на европските земји по ова прашање. Преседателот на
ЕУ Доналд Туск даде една шокантна изјава “бегалците да се задржат надвор
од Европската унија, тие не се добродојдени.“ Притоа ЕУ и Америка
заборавија дека токму тие се најголемите виновници за појавата на
бегалската криза.
Второ постоењето на големиот јаз помеѓу
Исток и Запад кое е предизвикан од различното политичко уредување
(републиканско и кралско) и од верската припадност Север –
Протестанизам, Запад – Католицизам, и Југ-Исток – Православије.
Трето фискалната блокада од страна на
Германија. Наместо солидарност спрема другите членки на унијата во
поглед на бегалската криза, унијата од страна на Германија се сочува со
чиста фискална блокада и помош спрема земјите како Македонија и Грција
кои се сочуват со проблемот на бегласката криза.
Четврто – падот на демократијата,
појавата на антиевропските движења и политички партии во повеќето
Европски земји. Во последно време ваквите движења и политички партии се
појавуват и во самата Германија.
Петто – референдумот на Велика Британија
за излез од ЕУ кој би можел да биде инцијална капсула и за организирање
на такви референдуми и во останатите земји членки на Европската унија.
Шесто – намалување на популацијата и
економската стагнација. Во 1900 година Европа сочинува само 24 проценти
од светската популација. Денес таа соочинува само 4 проценти од
светската популација.
Седмо – појавата на национализам,
ксенофобија и фашизам за кои самата ЕУ си е крива. Да, ЕУ самата
допринесе појава на фашизам, национализам и ксенофобија на нејзината
почва. За тоа сведочи нашиот пример, на нашата земја Македонија. Имено
ЕУ на почетокот на 90 – тите години и дозволи на Грција да не блокира и
да ни се спротистави на нашето постоење. На тој начин таа дозволи појава
на национализам, ксенофобија и на крај фашизам. И денес околу
Македонија се вртат истите соседни мечки како и од времето пред и за
време на балканските војни. ЕУ само молчи и се солидаризира со нашите
соседи, секако и на неа тоа и одговара, бидејќи нејзината политика
спрема Македонија е да ја нема.
Се чини дека економската стагнација,
рецесија и криза, како и падот на популацијата во ЕУ, а во последно
време и бегалската криза ја донесоа ЕУ пред свршен чин. Особено падот на
популацијата и економската стагнација кој се битни елементи за одржлива
политика за понатамошен развој на унијата во геостратегијата и
геополитиката. Со денешнава консталација на светските играчи и сили на
светската политичката сцена, ЕУ тешко може да се одржи како јак глобален
играч.
Во овие и вакви мигови кога не се знае
дали ќе се одржи старата дама, ние во Македонија се уште ли ќе сонуваме
да станеме дел од нејзиното друштво, зарем немаме друг избор? Оние кои
не разбираат зошто во библијата творецот на Адам и Ева, автоматски не им
забранил да јадат од дрвото на познавањето на доброто и злото, затоа
што им дал избор, право на избор.
Епа тој истиот творец и денес и на нас
ни го дал тој ист избор. Ако условот за влез во унијата е да не нема
како Македонци, тогаш ние немаме само еден избор – ЕУ и НАТО, светот кои
го изградил творецот е поголем од ЕУ и НАТО, значи имаме избор.
No comments:
Post a Comment