Monday, October 16, 2017

Во последните години се гледа дека играта на големите сили се префрла кон Средоземно морскиот басен. Просторот во текот на историјата имал големо значење, но исто така има геополитичко и геостратегиско значење во играта на големите сили.
Средоземјето е место каде што се судират плочите на трите континенти Европа, Азија и Африка, што значи дека местово има големо стратегиска важност за големите сили, поради контрола на Европските и трговските патишта помеѓу трите континенти. Средоземјето има важно место во Американската политика која тежнее за да го направи свој приватен посед.
Во текот на историјата речиси сите големи империи имле свои аспирации да завладеат со „Средоземјето – средината на планетата земја“ тоа било аспирација на Австро-Унгарија, Велика Британија, Царска Русија, Наполеонова Франција, Хитлерова Германија и денес Америка.
Северна Африка исто така влегува во Американската политика и не за џабе во изминатиов период беа дестабилизирани и со војна суредени Египет, Либија, Тунис. Либија во која со војна беше симнат диктаторот Гадафи, ја чека истата судбина како и Сирија и Босна (внатрешна поделба на ентитети) некои прогнозираат уште една војна допрва во Либија. Либија е наследник на античката Картагина и е мошне значајна во геостратегијата, бидејќи се наоѓа во северните делови на африканскиот континент. Таквата положба ја прави мошне поврзлива со целиот континент, и не за џабе во историјата најголемите војни римската империја ги водела со Картагина (пунските војни). И тогаш се знаело за значењето на самото место.
За Сирија е веќе потврдено дека внатрешно земјата ќе се подели во неколку дела кои меѓусебе ќе се федерализират, односно конфедерализират, значи создавање на повеќе државички. Во Сирија ќе се прават напори да се примени Босанскиот модел. Не знам колку ваквиот модел на Сирија ќе и донесе успех, на Босанците дваесет години не им донесе ништо добро.
Во контекст на тоа, кон Средоземјето географски во негов дел влегува и балканскиот полуостров кое е значајно место како раскрсница, односно мост помеѓу Европа и Азија, па и Африка, раскрсница помеѓу истокот и западот. Место на кое се наоѓа точката на судир на плочите помеѓу Азија и Европа. Тоа е неговата стратешка и геополитичка точка. Србија, Македонија, БиХ и Црна Гора, во моментов останаа нешто како Европско преградие или Европски штит кој мошне добро се покажа за време на бегласката криза. Тоа се должи на фактот што ЕУ одби овие земји да ги интергрира во рамките на својата унија.
Србија која се наоѓа на раскрсница помеѓу исток и запад, како потполно жариште во оваа земја може да бидат мултиетничка Војводина и Санџак. Во последно време се слуша силно барање за независност и одвојување на Војводина од рамките на Србија. Ваквиот чин може да биде серизона закана за стабилноста и мирот на Балканот, бидејќи немирите во Војводина би ги вклучило Романија, Унгарија и Хрватска со своите малцинства со што би се пуштил фитилот во југоисточна и средна Европа.
БиХ како држава е во тешка внатрешна ситуација и со големи последици од војната. Државата внатре остана поделена на два ентитета. БиХ има исто така значајна геостратешка позиција за контрола на подунавјето и јадранското приморје. Интересно е да се види точката на дистриктото брчко кој всушност е точка на контрола на подунавјето. Брчко како точка ги поврзува западна и средна Европа со јужна Европа.
Македонија како земја е пивот земја, земја раскрсница помеѓу исток и запад, земја во чија близина се судират плочите на трите континенти (Европа, Азија, Африка). Нејзиниот средишен дел на балканот ја прави геостратешки и геополитички мошне поволно јасна нејзината позиција во геополитичката игра на големите сили. Бидејќи сите патишта од Европа, Азија и Африка, средна и западна Европа проаѓат низ Македонија и тој факт ја прави нејзината геостратегиска положба мошне значајна. Според политичкиот аналитичар Андреја Корјубко Македонија е на линијата на хибридна војна. Секако во прашање е нејзината геостратешка положба во плановите на големите сили.
Туриција исто така како и Македонија e пивот земја. Со значајна геополитичка и геостратегиска положба и таа е раскрсница помеѓу трите континенти. Ова му е добро познато на турскиот преседател Ердоган кој мошне видливо ја игра играта исток-запад и поради тоа му беше организиран неуспешен пуч од страна на Американците преку весникот Занам кое беше обид да се повтори Романското сценарио, сценариот со А1 кај нас, и Венецуелското сценарио од 2007 со RCTV.
За крај да резимираме многу сме навини во погледот на мислењето на многу интелектуалци и експерти дека ние не сме вклучени во играта на големите сили, напротив ние сме една од точките во геостратегијата на големите сили. Не знам зошто Македонија нема геостратегија во поглед на надворешната политика, ние немаме ни институт за геополитички истражувања, наместо тоа ни се нуди универзитет за национална безбедност, трет по ред од кој два веќе ги имаме.
Значи Балканот до 2018 година го чекаат возбудливи моменти, да до 2018 година кога се навршуват 100 години од париската мировна конференција (1918) и на која се воспоставени денешните граници на државите на Европа, во таа карта Македонија како држава не постоеше, денешната игра е истата да се продолжи традицијата од 1918 година.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...