Ми мириса на војна, ми мириса на геноцид
Сведоци сме на најразлични
терористички напади (барем така официјално ги преставуват во јавноста)
во Европа последниот беше во Брисел. Пред тоа имаше во Париз и Куманово
кај нас, а постоеше и обид ист таков напад да се случи и во Сараево кој
беше спречен од Босанската полиција.
Во што е суштината на сево ова? Кој стои
зад сите овие напади? Во јавноста се кажува дека стои ИСИЛ и Исламската
држава (ИД). Но малку во јавноста се зборува за тоа од каде потекнува
ова групација и кој всушност стои зад истата. ИСИС е дел од политичките
алатки на САД и Европските сојузници исто како што претходно тоа беше Ал
Каеда. Од блискоисточните земји приклучени кон ова игра се Турција и
Саудиска Арабија која преставува извор за радикалнот ислам и создавање
на мухаџедински организации. Улогата на САД и Саудиска Арабија може да
се види уште од создвањето на Ал Каеда и Мухаџедините уште за време на
војната на Аваганистан и Советскот сојуз на крајот од седумдесетите и
почетокот на осумдесеттие години.
Организаците како што се Ал Каеда,
Мухаџедините и муслиманските браќа како и личностите Садам Хусеин, Осама
бин Ладен беа создадени од Американските тајни служби се со цел за да
се спречи влијанието на Советскиот сојуз на блискиот исток во тоа време.
Кога тие успешно ја завршија таа задача некој од нив како Садам Хусеин и
Осама бин Ладен стана жртвено јагне на господарот на кого повеќе не му
служеа за ништо.
Ал Каеда е предвесник односно создавач
на војската на ИСИЛ. Агенцијата за разузнавање на Американската одбрана
(ДИА) уште во 2012 година во еден приказ даде признание дека Ал Каеда е
создадена за да се почне војната во Авганистан, а “Селафиското“
(исламското) “кнежевство“ било создадено со намера во источна Сирија да
се започне војна против Дамаск. Селафиското кнежевство во источниот дел
на Сирија (Хасак и Дер зор) е токму тоа што со подршка на опозицијата
сака да се изолира Сирискиот режим кој го сметат за стратешка длабочина
на ширењето на Шеитското вилијание од Ирак.
За сега е видливо дека западот, земјите
од заливот и Турција ја подржуват опозцијата како што пред извесно време
Путин тоа мошне добро го покажа на самиот на Г-20. Додека Русија, Кина и
Иран ја подржуват легалната Сириска власт. Токму поддршката на
опозицијата од страна на САД и нивните сојузници покажуват дека тие
стојат зад ИСИЛ. Како што сите знаеме ИСИЛ е опозиција на Сириската
официјална власт. Значи ИСИЛ служи на западните сили за нивните цели на
блискиот исток и северна африка и за водење на војните против оние
држави за кои САД сметат дека нивниот “политички режим“ треба да се
менува.
Јасно е дека нападите во Белгија
(Брисел) и пред тоа во Франција (Париз) служат за предизвикување на
закана од “глобален тероризам“ како и проширување на војните. Целта е да
се пробуди Европа, да се кренат емоците на Европското население, да се
стимулира војна помеѓу Исламските Џихдисти и Христијанските крстоносци.
Затоа е пуштена и бегалската рута кон Европа и таа има иста цел. Да го
стимулира Европското население за кревање на војна против Исламскиот
џихад.
Во последните децении бевме сведоци на
засилена медиумска кампања од страна на светските глобални медиуми кои
се под контролата и власта на моќниците од САД и Европа. Целта на ова
медиумска кампања е исто така да се предизвика војна помеѓу исламските
џихадисти и христијанските крстоносци. Некои од познатите политички
имиња како Џон Балтон, Пем Гелер и Роберт Спенсер како и институциите
пегида и “англиската лига на одбраната“ се носители токму на ваквите
медиумски пропаганди и исламофобијата.
Исламофобијата во медиумите се
промовираше со страв, хистерија и омраза, искористување на насилството
на терористичките групи. Во јавноста се шири пропаганда за опасноста од
исламот, за исламофобичност, за исламот како најголемото нужно зло,
некој дури и исламот го преставуват како антихристот од библијата (и не
ни може да биде); па дури и Холивуд почна да снима филмови со
пропагандна содржина како што беше тоа филмот „Невиноста на Муслиманите“
од Накула Баселеј.
Ова пропаганда која денес се води мене
многу ме потсетува на Германската пропаганда против Евреите од пред
Втора Светска војна, каде со слична пропаганда врвот на нацистичка
Германија го креваше сопствениот народ да застане против Евреите.
Уништиувањето на Евреите од страна на Германија во Втора Светска војна
беше со една цел, да се опљачка богаството на Евреите кое беше мошне
големо во тоа време. Истата цел е и денес со муслиманите, светската и
економската моќ денес се поместуват од Европа кон Азија. Блискоисточните
земји се богати со природни ресурси, нафта и евтина работна сила,
поради тоа тие треба да се дисциплинират и да се воведат во ред.
И придадовме значење на медиумската
кампања бидејќи во голем дел од неа зависи дали ќе има војна или не. Таа
ќе го дигне стравот, паниката и емоциите кај Европските народи.
Народите ќе тргнат во војна, а војната ќе донесе геноцид. Геноцид во кои
како жртвено јагне ќе се најдат огромен број на Муслимани од целиот
свет.
Мене ми мириса на војна, ми мириса на
геноцид! Затоа со овој текст сакам да го кренам мојот глас дека сум
против војна и против геноцид. Јас не сакам да учествувам во ваква
фингерајка. Некогаш беа Евреите, денес Муслиманите, утре можеби жените,
задутре децата, други ден христијаните, па будистите, еден ден можеби и
јас ќе дојдам на ред, поради тоа силно го кревам мојот глас портив
војната и геноцид.
No comments:
Post a Comment