Tuesday, October 30, 2018

Финален удар, Македонија да се прогласи за невозможна држава





Со извршеното предавство во собранието на Република Македонија и почетокот на усвојувањето на адмандманите за промена на уставот на Република Македонија, фактички треба да се започне со промена на уставното име, со тоа треба да се започне кон финалниот удар на Македонија, чија најголема жртва фактички треба да биде Македонскиот народ.
До крајот на декмеври, поточно до 28 декември се планират да се усвојат  сите уставни адмандмани за да се прејде кон целосна  промена на името и идентитето на Македонскиот народ.

Финалниот или крајниот удар на Македонија се планира за наредната 2019 година, за кога се планира повторно враќање на монетарниот фонд и светската банка, од кога веќе еднаш беа набркани во 2007 година. Првиот удар кои ММФ и Светска банка ќе го нанесат ќе биде спрема Македонскиот народ. Поради долговите на нашата држава спрема ММФ и Светска банка на удар ќе се најде јавната администрација, одпуштањето и нејзиниот намалување ќе биде голем удар за народот, неговото осиромашување и апатизирање ќе биде почеток кон давање на финален удар за почетокот на крајот на Македонија. Тоа ќе предизвика социјални немири и кризи кои може да значи знак прашалник за опстанок на Македонија.
Но тоа не е се! тоа е само почеток! поради преголемата задолжителност играта ќе продолжи и понатаму. Македонија и Балканот ќе се отворат како поле за нови експременти, како што се примената на ТИИП, ТИСА, ТЕЦ , транспацифичките договори за слободна трговија и економија за кои може да се каже дека преставуват слободна плачка на природните ресурси и добра, и приватизација  на јавниот сектор. Она што е нивен интерес на Балканот и Македонија се подземните води, длабоките води за кои е проценето дека нивната вредност за нивна примена е  во наредните 1500 години. Водата им е потреба  како суровнина заедно со јагленот за вештачко добивање на нафта. Две компани се борат за светските води Несле за Европа и Кока кола за Азија. Од тука станува јасно зошто целиот балкан е оваков каков што е! зошто со години целиот балкан  кризира, јасно е зошто вакво преуредување  се направи уште со самиот распад на СФРЈ. Јасно е зошто Хрватска е територијално преуредена и на сила внесена во НАТО и ЕУ, јасно е зошто Босна и Херцеговина е кантонизирана, јасно е зошто Македонија е доведена во ваква состојба во која денес се наоѓа. Србија пак воено е поразена и уништена.
Врзувањето на Македонија како неодржлива и невозможна држава  не е нов план, туку се провлекува уште од нејзината независност, започнат е на лондонската конференција есента во 1992 година, а е разработен во 1996 година во Софија од стрна на институтот Карнеги и фондацијата Аспен, во оној нивен фамозен извештај како „ незавршен Мир“ во кои Македонија ккао и Босна и Херцеговина според нивните анализи е сврзана во групата на неодржливи или невозможни држави кои треба да се стават под туѓа управа и потоа да им се најде решение, а решението според нив би било поделбата помеѓу големите играчи на балканов. Сега гледаме зошто се вклучени Бугарија и Албанија  во целиот овој процес, се разбира  за да ќарат нешто, да земат  дел од колачот кога ќе се дели.
Во извештајот на Карнеги добро стојат сите работи и случувања, настани кои ги преживеа не само Македонија во текот на овие дваесет години ами и целиот Балкан. Во извештајот стојат меѓуетничките тензи помеѓу Албаницте и Македонците. Таму ќе ги најдете лините на конфликт и судри по верска основа како што се добро зацртани во извештајот, а тоа се судир на христијани и муслимани, судир на ислам со ислам( зелена трансферзала, односно зетра), словенска трансферзала, односно судир на православије со Русија.
Ако се погледне доста добро изминатиов период кои го преживеа Македонија мошне добро ќе се види дека некои од исцртаниве лини , мошне добро ги преживеавме, некои од нив тек се планират да се случат или веќе се случуваат како што е тоа словенската трансферзала. Односно судир на Македонија со Русија.
За крај финалниот удар на Македонија  за да се смести во групата на неодржливи земји како услов за нејзина поделба помеѓу Бугарија и Албанија е планиран за наредната година, со економско осиромашување кое ќе предизвика социјални немири и  со меѓуетнички и верски конфликти се планира истото да се постигне да се стави крајот на Македонија и на Македонскиот народ.

Мишко Македонски Ливирнски, Скопје, Македонија.

Sunday, October 21, 2018

МАКЕДОНИЈА Е ПОД ОКУПАЦИЈА, НАРОДОТ ВЛЕГУВА ВО ИЛЕГАЛА ЗА САМ ДА СЕ БРАНИ




# СМРТ НА ФАШИЗАМ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ #


Тоа што се случи во петокот вечерта беше чин на класична окупација на евроатланската бирократија и чијашкиот Вашингтон преку домашните квислинзи, фактички со ова веќе Македонија е окупирана. Македонскиот народ влегува во илегала за сам да се брани. Во моментов нема ниту институција, ниту пак институт што не е окупиран а камоли слободен, све е окупирано и под окупација. Во моментов немаме ниту лидер, ниту маж, ниту куче, ниту маче кое ќе пролае за да ја одбрани Македонија. Како што вели народот село без кучиња. Жалосно и ДПМНЕ си легна на брашното, сега станува јасна улогата на ДПМНЕ, и пред и после пржинскиот договор, се е јасно! се да ти било договорено да се дојде до ова фаза до која дојдовме во петокот вечерта.
Ситуацијата е следнава на една страна ја имаме волјата на Македонскиот народ против промена на името и идентитето на Македонскиот народ која кристално јасно е изразена на референдумот, а на друга страна ја имаме квислиншката влас која по секоја цена сака да го протурка преспанскиот договор, заобиколувајќи ја волјата на Македонскиот народ. Не сомневно тоа укажува дека Македонија од петокот е веќе под окупација. Токму заобиколувањето на волјата на Македонскиот народ укажува на тоа.


Нашите политички партии во изминативе две години целосно капитулира пред Македонскиот народ, особено е изненадувањето на ВМРО, за нас кои ја следевме ситуацијата од пржинскиот договор, па се до денешен ден, особено нивното однесување ни стануваше јасно дека ќе дојде до ова ситуација во која денес се наоѓаме. ДПМНЕ така коперативно се однесуваше во изминатиов период, што за нас обичните луѓе беше сватливо дека ја играт улогата на помагач во целиот процес на обезглавување на Македонија. За СДС е познат фактот дека не ја саката Македонија ( се мисли на нивното раководство) уште од нејзиното осамостојување. Бранко Црвенковски не сакаша да стане на химната во Собранието на Македонија, Стојан Андов избега од Македонија додека се прогласуваше независност, и го оставија сам Киро Глогоров да прогласи независна Македонија, а Васил Тупурковски се уште се надеваше дека Југославија ќе преживее и ќе се обнови. Кај ДПМНЕ Друга е целта, тие сака да ја злоупотребат Македонија за нивни  свои лукаративни цели. Значи и на двете партии не им беше важна Македонија како држава во права и вистинска смисла. Овдека и можеме да го најдеме одговорот зошто цели дваесет години талкавме во место.
Втора работа што е важна за двете партии е што тие има за цел вината поради сопствените политики и политичките цели да му ја префрлат на народот, они да си останат чисти, а народот да биде виновен, поради нивните зацртани политики. Поради тоа беше смислен референдумот за да му се префрли вината за одлуката на народот.
Македонскиот народ токму на референдумот од 30 септември со бојкотот издвојува успешна победа. Македонскиот народ издвојува победа со тоа што гласно и јасно кажа пред целиот свет  дека е против фашизамот на евроатланскиот свет, односно она што тој му го нудеше како фашистички предлог, а тоа е промена на сопственото име и идентитет, против влегувањето во ЕУ и НАТО, што преставува првокласен шамар за евроатланските фашисти. Токму таа добиена шлаканица во петокот требаше да се сруши со окупација на Македонија во собранието и на тој начин да се порази Македонскиот народ.
Окупацијата има свој рок на траење, таа не е никогаш вечна. Македонскиот народ ќе ги победи окупаторите и домашните квислинзи, исто како тоа што го направи на 30 септември.
Најпрво треба да се направи генералка на куќата Македонија. Тоа ќе се направи со свикување на уставотворно собрание со кои ќе ги поништиме сите на сила донесени договори : Рамковниот, Пржинскиот, Бугарскиот, Преспанскиот договор. Ќе донесеме одлука за ставање на крај на досегашните политички партии и политичари со нивните неславни кариери. Рестарвација на стариот устав од 1991 година и враќање на АСНОМСКАТА преамбула со која се дефинира дека Македонија е земја на Македонскиот народ и народностите кои живеат во неа, Македонскиот народ да се врати како Суверен стопан и владител на Македонија. Ќе се формират нови политички партии со нови политики, со политика на неутралност во политичка и воена смисла спрема истокот и западот, а не како до сега гледај на запад. Ќе донесеме одлука  на предавниците доживотно да им се суди со одземање на граѓанските права и државјанството.
Јас не знам почитувани читатели дали ја гледате големата слика? но мислам дека сите ја видовме во текот на последниве шест месеци. СДС е веќе готова, мртва партија по сето ова предавство што го направи. Но сега доаѓа и крајот на ВМРО-ДПМНЕ, после овие 28 години, овие две партии раководени од УДБА, без лустрација самите се лустрира. Како и Мојсеј во стариот завет на библијата кога го шуткаше Еврејскиот народ 40 години низ пустината за да се прочисти Еврејскиот народ што преставува првата пишана лустрација во историјата на човештвото. И кај нас после 28 години шиканирање и шутирање, само од себе природно дојде  времето  да се лустрираме. Чистката сама од себе си дојде, како и во стариот завет бог сега сака Македонија да се очисти од прлавото мочуриште и пајажина која 28 години се плетела.
Големата слика ја видовме! Видовме дека СДС и ВМРО се едно исто. Како што кажавме СДС е мртва партија со нивната политика самите си се збришаа. ВМРО се најде во тешка ситуација, тотално е изгубена поради политиката која ја водеа, а која е во различен исчекор со она на Македонскиот народ, особено што тие разбра дека играчот од спротивната страна е веќе мртов и дека на нивно место ќе се појави нова левица. Во тој контекст е разбирливо барањето на Мицковски за нови избори за да се спаси газ во последен миг додека и на нивниот десен терен не се појави нова десничарска партија која ќе им го превзеде местото.
Моето прашање до ВМРО со што ќе излезат на избори? со колку патишта и фискултурни сали ќе ни изградат, па времето не е за таква политика. Се работи за тоа дали ќе опстои куќата Македонија. Досега ништо не понудија за тоа што ќе превземат за спас на куќата Македонија. Дали ќе ги раскинат претходните договори, Бугарскиот и Преспанскиот договор? со ова покажуват дека и тие се веќе истрошена партија.

# СМРТ НА ФАШИЗАМ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ #

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Thursday, October 18, 2018

ПОМЕЃУ ШТО ИМАМЕ ИЗБОР




Моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија е моментот кога треба да се изврши окупација на Македонија во собранието и Македонскиот народ да влезе во илегала, да остане сам да се брани како во втората светска војна. Во понеделникот не успеа да се усвојата уставните промени и да се продолжи со прифаќањето на Преспанскиот договор. Пратениците од страна на ВМРО не гласа, но зема учество во дебатата за уставните измени, што не е логички, наместо да го напуштат во целост собранието во знак на протест или бојкот против уставните измени.


Во моментов се наоѓаме во ситуација да бираме помеѓу змијата и магарето. Змијата СДС е во целост е да ги протурка уставните измени, по што на нив од прифаќањето на договорот им зависи нивната иднина, нивните кариери, од договорот им зависи иднината на нивната партија. Поради тоа се решени на секој начин да ги протуркат уставните измени, дури и да одат до таму  со што ќе прифатат да се изврши окупација на Македонија, притоа заобиколувајќија волјата на Македонскиот народ изрзена на референдумот. Тие дури не ги ни признават резултатитет, а камоли да ја почитуват  јасно изразената волја на Македонскиот народ изразена на референдумот на 30 септември.
Но што правиме со другава партија? ВМРО според мене се најде во ситуација целата партија да е изгубена. Од прифаќањето на Пржинскиот договор ова партија се најде во улга на магаре. Ту се со народот, ту се со стратешките партнери од запад, ваквата политика со седење на две столици нема никаков резултат да им даде освен само загуба. Неделава постои запалување  од одговорот на преседателот на ВМРО Христијан Мицковски на писмото на Вес Мицел. Мицковски одговори дека договорот од Преспа не е добар за Македонија и Македонскиот народ, значи Мицковски јасно кажа дека договорт не е прифатлив за нив.
Ами Преспанскиот договор! дали тоа значи дека некои други договори ќе бидат прифатливи за нив. И самиот Мицковски во интервју рече дека тие ќе направат подобар договор, а истото пред тоа и Александар Николовски истото го тврдеше, кој патем гласаше во Европскиот парламент за да и се стави на Русија вето за право на глас, кое не става во директен конфликт со Русија, за кога би дошле во советот за безбедност Русија да крене раце од нас.
ВМРО и во одговорот на Вес Мичел не кажа став дека тие не се за промена на името и идентитето на Македонскиот народ, туку за некои друг компромисен договр, би требало во одговорот на писмото на Мичел од страна на Мицковски токму тоа и да стои, јасно и гласно дека ВМРО се против секаков договор за промена на името и идентитето на Македонскиот народ. Не можеме да го очекуваме тоа од нив, бидејќи нивната политика е за ЕУ и НАТО, а знаеме каков е ставот на ЕУ и НАТО за Македонија, поради тоа тие се за некакво компромисно решение. Грешката на ова партија е што не ја променија нивната надворешна политика и што не ја раширија играта за името со сите страни на светот, за да се има некој утре да застане во советот за безбедност зад нас.
Се коцкат избор за 9 декември, на кого му се брза? изгледа дека на двете партии и двете партии сакат да го искористат последниот воз пред да дојдат некои нови партии, нови луѓе кои до сега  немале никаква врска со досегашните партии кои бил на власт. Уште една работа со што ќе излезат партиве на избори? со вобичајните програми ние сме за ЕУ и НАТО? значи се нема нова политика и програма.
На крај се има ли избор? секако дека секогаш се има избор, покрај СДС и ВМРО, имаме и други политички партии кои се раѓат и појавуват на сцена како што се трета политичка партија, Глас за Македонија, Левица, Гром! секогаш се има избор.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Friday, October 12, 2018

ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПОБЕДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД




И  ова година го прославивме 11 октомври, денот на почетокот на Македонското антифашистичко народно ослободително востание. Го прославивме онака без значајно, како што последниве години си знеме да си прославуваме, како ништо да не се случило! како да се работи за некоја работа која е без значење.
Гледаме цел ден ниту говор, ниту пак некоја емисија  за она што навистина се случило на тој ден. Ниту чувме зошто се кренало Македонското антифашистичко народно ослободително востание, ниту против кого, ниту која била неговата суштина и цел, значи ништо од тоа! цел ден ни пројде само тук така нешто си празнуваме а не знаем што празнуваме. Значи Македонското антифашистичко народно ослободително востание е дел од светското антифашистичко востание кое се кренало во Македонија на 11 октомври 1941 година, против Бугарската фашистичка окупациона власт со цел ослободување од истата.
Фотографија на Бојкотирам.

 Сите знаеме зошто актуелнава квислиншка власт, односно црпкава муртинска зошто молци, поради договорот со Бугарија, за да не се навреди фашистичка Бугарија. Но никако не можам да го разберам молкот од страна на опозицијата, интелектуалците, другите институции, изгледа дека сите се согласни да и направат услуга на Бугарија, за да си ја ревендира својата историја, значи својата окупација да си ја продолжи. Ние и подадовме рака, односно нашата квислиншка власт и подаде рака за да Бугарија си ја ревендира сопствената историја. Со ревендирањето на историјата, односно нејзината измена се губи и суштинта на постоењето на Македонското антифашистичко народно ослободително востание, тоа ја губи својата смисла, а Бугарија е животно заинтересирана  да на овие наши простори  се прикаже како ослободител. Ревендирањето на нашата историја во полза на Бугарската историја ни остава стравотно болни последици доколку не се повлече тој надлудувачки договор кој црпката Заев го потпиша со Цијашот Борисов.
Целта на ова игра ние добро позната. Македонија како дел од големата антифашистичка коалиција во вторат светска војна оствари победа, против фашистичкиот окупатор, сега се сака да и се одземе токму таа победа, тоа е веќе направено со Бугарскиот договор за добрососедство и со Тиранската платформа, со кои се сака во целост да се измести историјата, односно Бугарија и Албанија во текот на втората светска војна беа на фашистичка страна, со овие договори сакат да се прикажат како антифашистички земји, а Македонија која беше на страната на антифашизамот и издвојува победа, притоа самата  ја осолободи својата територија се сака да се прикаже како фашистичка и непостоечка земја. Совршен план за ставање на совршен крај на Македонската држава и нација. Јас не знам дали нашите политичари и интелектуалции дали разбират што се крие зад овој Тројански коњ со ревендирањето на историјата? се става дефинитивен крај на Македонската држава и нација.
Фактички со Бугарскиот догоовр и со Тиранската платформа се продолжува онаму каде што се запре во текот на втората светска војна, односно Македонија повторно да се окупира и да се престави како остаток на соедните земји. Со тиранската платформа во која Македонскиот народ се сака да се прикаже како геноциден народ кои извршил злостворства врз алабанците до 1956 година, се сака да се прикаже како лош и геноциден народ и се сака да се покаже дека Албанците се Домородниот  народ во Македонија и како таков на нив им припаѓа правото да владеат со Македонија. Фактички со Тиранската платформа сака да му се одземе приматот на Македонскиот народ како најстар народ во Македонија и со тоа да се прикже како дојденец, односно да му се земе правото на стопан, газда и суверен над Македонија. А со Бугарскиот договор , односно со продавањето на Македонската историја на Бугарите се сака да се прикаже дека Македонскиот народ е остаток од Бугарскиот народ. Тоа е целта да се стави крај на Македонскиот народ еднаш за секогаш, но тоа не може да се случи без да му се одземе победата на Македонскиот народ од текот на втората светска војна. Фактички ЦИА, глобалистиве, бирокративе од ЕУ победата на Македонскиот народ од втората светска војна сакат да му ја земат токму преку соседите Бугарија и Албанија, тоа е и целта на постоењето на Тиранската платформа и Бугарскиот договор за добро соседски односи.
Одземањето на победата на Македонскиот народ и Бришењето на АСНОМ од уставот на Македонија  продолжува и понатаму и тоа со примена на фашистичката политика спрема Македонија од страна на светските сили. Барањето еден народ да се самоукине, односно самоизбрише повеќе да не постои е првокласен фашизам. Тоа домашниве квислинзи ќе продолжат да го прават во текот на наредната недела кога преспанскиот договор ќе треба во собранието да се ратификува, односно да се усвои. Тоа ќе преставува своевидна јавна окупација  на Македонија, бидејќи ќе биде зобиколен волјата на Македонскиот народ изразена на референдумот од 30 септември ова година со кои Македонскиот народ јасно стави до знаење дека е против промена на името Македонија, против укинување на себе си како народ исто така и против НАТО и ЕУ.  Во тој случај Македонскиот народ ќе влезе во илегала за да сам се брани, своето постоење како народ и својата држава, исто како и во  втората светска војна.
Историјата се повторува!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.










Wednesday, October 10, 2018

ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ



Настаните кои денес се случуват не се случајни, се движи со голема светлосна брзина. Зошто и како? никој не знае! зошто баш сега човештвото добива историска шанса да се ослободи од новиот светски поредок кои на врат му го закачија  неолибералистите, глобалистите и банкарско корпоративниот систем, а промотер на овој поредок беа креаторите на Американската политика Самуел Кантигон, Хенри Кисинџер, Френси Фукујама.
Овој веќе мртов светски поредок се состоеше во тоа што основа на либералниот капитализам е профитот врз чија основа се потпираше тој и како негова најголема вредност. И што се случи кога се постигна тоа ниво, светот се претвори во пачварија како Садам и Гомора, Вавилон, неморалот почна да цвета на сите страни, човештвото почна сам да си ја јаде својата супстанца, односно самиот да се јаде. Гледате дека сите војни кои во светот до сега се водеа беа поради една цел, а тоа е профитот како основа на капиталот кои во либералниот капитализам извира од природните ресурси и богаства. од тука станува јасно зошто лудачки е потребата од потрага по природните ресурси нафта, јаглен, ефтина работна сила и сл. Се е во функција на парите и капиталот, дури ни човечките животи не се толку важни кои често пати одат како курбан во потрага по профит и парите.

Човештвото секогаш во историјата имало матрејални и духовни добра. Хармонијата низ овие две добра ја правело стабилна положбата на човекот во општеството. Денес кога човештвото остана да стои  само на еден столб, а тоа е профтот како чедо на либералниот капитализам, а другата страна остана празна, односно капитализамот не произведе духовни добра, гледаме дека точно поради тој факт човештвото само од себе почна да се руши, а со тоа и либералниот капитализам како систем. Сега за да човештвото се врати на прав пат, мора либералниот капитал да произведува и духовни добра. Човековото живење мора да добие своја смисла, постоењето на човекот мора да има своја цел и смисла на живеење. Токму неприсутноста на духовната и општествената компонента го донесе човештвото во ова положба во која денес и се наоѓа.
Носител на овој неолибералистички проект  беше САД, но сега токму истава земја, токму и прва почнува  да се ослободува. Не е за џабе плачењето на Хенри Кисинџер и жалењето дека им пропаднал нивниот замислен светски поредок кои требаше се да сруши пред себе и тоа се со една цел што поголем профит на грбот на човештвото.
Да САД први почнуват да се ослободуват од ова заблуда , по што и беа и најголема жртва на нивната политика. Сето тоа се случи со победата на Доналд Трамп кои реши токму да ја очисти Америка  од тоа пресушено мочуриште. Мрежата почна да се кине, како што гледаме продолжува таа игра, а со престојните локални избори тоа чистење на Американската мрежа се повеќе и повеќе ќе се чисти.
Никој не се прашува зошто на еднаш Трамп влезе во војна со Саудиска Арабија? работата е во радикалниот ислам. Саудиска Арабија која со години е под контрола на Пентагон, како таква беше извор за создавање на радиклниот ислам како што се муслимански браќа, талибанците ал каеда,  исил и сл. Значи Трамп зачапал не само во чистење на ЦИА, туку и на Пентагон, а борбата со радикалниот ислам токму се сече со пресечување  на врската помеѓу пентагон и Саудиска Арабија. Поради тоа е вознемиреноста на блискиот исток.
Не знам колку се на се Европјаните од Брисел го разбират сето ова што се случува  во светот. Британиците изгледа дека најдобро го разбра сето ова што се случува, затоа и молат Трамп ништо да не објавува  јавно за да не се дознае старата тајна дека креатор на целиот така наречен веќе мртов светски поредок е Британија, Лондон Сити, Ми 6, а Америка ти доаѓала само како извршител на Британската политика, односно полицаец на светско ниво кое требаше да го присили светот да го прифати новиот светски поредок.
Јасно е дека светото го очекуват големи промени, промени кое нема да го остават ни едно катче непроменето, па така ни нашата државата Македонија не може да остане не допрена од тие промени. затоа прашањето ми е дали нашите политичари го разбират сето ова што се случува? дали политичарите  во Македонија прават промени? колку што гледам нашите политичари се уште си ја терат старата песна ние сме за запад, со кој запад? со оној кој веќе почна да умира ли?

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Friday, October 5, 2018

ПОБЕДОНОСНА ШЛАКАНИЦА




Има една работа од која секоја власт, држава и империја се плаши, а тоа е народот и бог, и секоја империја ако не ги земе во предвид  овие два  факти, односно не ги калкулира, тогаш се осудени на пропаст. Тоа и Всушност се случи на 30-септември, со бојкотот на референдумот  народот издвојува, односно им удри победоносна шлаканица на домашните квислинзи, а со тоа удар и шлаканица на евроатланско- глобалистичката империја.
Македонскот народ  во неделта на 30-септемврин им рече не на Домашните  квислинзи, им рече не на НАТО и ЕУ за промена на името и идентитетот, со тоа Македонскиот народ си обезбеди свое победоносно место во неговата историја. Сега гледате дека овие одозгора се како попарени од неуспехот да направат Македонскиот народ да се самоукине.Едноставно идејата им пропадна, Народот не им дозволи да го збришат! сега им станува голем проблем како тоа укинување на Македонскиот народ на сила , тоа да го направат, без да сносат  историски последици за насилно бришење на Македонскиот народ.
Сега следува потешка фаза како на сила во собрание да се изврши Еутаназија  на Македонскиот народ пркеу собраниска процедура, да се легализира Преспанскиот договор. Со тоа да се заобиколи волјата на Македонскиот народ кои не сака промена на своето име и откажување од својот идентитет, односно не сака да ја изврши својата еутаназија. Обидот да се претурка Преспанскиот договор низ собранието ќе биде јавна признание за окупацијата  на Македонија од страна на Фашистичкиот североатлански свет преку нашите домашни квислинзи, бидејќи волјата на народот ќе ја немат како подршка за вршење на нивните злодела. Тогаш и официјално ќе се види фашистичката политика  на ЕУ и НАТО.
Што после референдумот од 30-ти септември? Гледаме дека квислиншкава власт сака со сила да го протурка Преспанскиот договор   низ собраниска процедура. Опозициската партија ВМРО бара предвремени парламентарни избори со пржинска влада и по пржински модел, се разбира онака како што сакат странците се да биде наместено по нивен тек!
Сега кога сме кај изборите да прашам како овие партии мислат да излезат на избори? со  една ли иста стара програма „ Глеј на Запад“,  „ Ние сме за ЕУ и НАТО.“ Па  дваесет години се изнаслушавме на едното истото, нема ништо ново, нема нова политика, се е старо! со старо ли ќе одат на избори? Со што ли сега ќе настапат мртовците од СДС?  Со ветување за подобар живот во НАТО и ЕУ? Ами народото веќе ви кажа дека не е за ЕУ и НАТО. Против него ли ќе одите? со сила ли ќе не внесувате во НАТО, против наша волја ли? Значи ќе не окупирате ли? Столтенберг повторно кажа нова  лага во јануари во НАТО! абе сте решиле окупација да ни извршите.
ВМРО, односно преседателот Христијан Мицковски, повторно си терат со својата стара погубничка политика, како до сега. Во интервјуто за алфа ТВ ни кажа дека не се откажуват од нивниот зацртан курс  за ЕУ и НАТО. Леле бре луѓе и покрај нивната цела разоткриена маска на Бриселското друштво да не натерат да се самоукинеме, и покрај изразената волја на Македонскиот народ на референдум против влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, ВМРО се уште смета дека Влезот во овие меѓународни организации треба да биде нашата единствена политика, односно опција, колку е само погубна политикава нивна не се ни свесни! Според кажувањето на Мицковски во интервјуто ВМРО на избори излага  со програма за влез во ЕУ и НАТО, отварање на школи, градиники, фискултурни сали и сл. Мицковски времето не е за такви работи, туку се работи за опстанокот на куќата Македонија, што ќе биде со неа? дали ќе се раскинат претходните договори?, рамковен договор, територијалниот, пржинскиот, бугарскиот договор, дали ќе се конституира уставотворно собрание? дали ќе се чисти куќата од предавниците, квислинзите, сороспите, учките, удбашите? тоа се прашањата кои за служуват да се постават како политика на една партија на следниве избори, таа партија што ќе ги постави овие прашања во својата политика како нејзини приоритет  заслужува да се нарече сериозна партија. Ова би требало да го стави ВМРО на маса на следните избори во својата политичка програма ако е навистина сериозна и Македонсика партија. За жал од устата на Мицковски не можеш да чујеш дека Црпко Заев е квислинг и дека имаме квислиншка влада која ја окупира Македонија, а камоли нешто повеќе да сватат и да разберат што се случува. И се убедени дека со ваквата политика ќе ги добијат следниве избори.
На Македонија и треба нова политика, во однос на надворешната политика, поради нејзиниото геополитичко и геостратешко значење. Земја која се наоѓа помеѓу исток и запад, не може да има ваква нездрава политика со една опција „ Глеј на Запад“, Пивот земја  која според својата улога која ја има во геополитиката треба да има неутрален статус, воена неутралност, политичка неутралност во однос на исток и запад. На Македонија и треба партија со таква политика.
Народот на Референдумот си го кажа своето, дека не е за ЕУ и НАТО, На ред се политичарите и политичките партии да ја испочитуват таа негова волја со тоа што ќе ја променат нивната политика  или во крајна цел нека се појават нови политичари и политички партии кои ќе имат нова политика.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Monday, October 1, 2018

ПОЧНУВА ЧЕТВРТАТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА



На триести септември годинава, Македонскиот народ  веќе по четврти пат ја издвои својата историска победа против поставената окупаторско-квислиншка власт поставена од страна на западните сили.
 
Македонскиот народ и овој пат како и многу пати до сега во неговата историја, Македонскиот народ кој е паметен и мудар реши да опстои  и да се избори за својот опстанок. Македонскиот народ реши да го возврати ударот на североатланските глобалисти кои има намера да го збришат од географската карта и од табелата на постоечките народи. Македонскиот народ борбено и успешно како и до сега, така и на триести септември со успешен бојкот се спротистави на фашистичката одлука за самоукинување од страна на глобалистите.
Првата победа на Македонскиот народ за создавање на своја државност и изборување за свое постоење е 1903 година, Крушевската република и Илигденското востание, токму денешнава Македонија е континуитет на првата република на Балканот и Европа.
Втората победа на Македонскиот народ е во текот на втората светска војна кога Македонскиот народ како дел од големата Антифашистичка коалиција, како дел од таа коалиција  како народ кои самиот си ја ослободи својата територија, го стекна правото  да добие своја државност и признание како посебен народ. Поради тоа 2- август 1944 година е вториот Илигден на Македонскиот народ, тоа е втората република.
Формирањето на третата република се случува на 8- септември 1991 година во време на дисолуцијата на СФРЈ. Македонскиот народ низ референдум и без војна ја формира третата Македонска република како континуитет на претходните две. Бидејќи третата република  поради различни политички притисоци што од надвор преку различни наши политички криминалци, кои низ различни договори, односно нагазни мини  како рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, Бугарскиот договор, неуспешниот Преспанскиот договор со кои требаше да се заокружи еутаназијата  на Македонија и Македонскиот народ. Токму со сите овие договори државата се крена во воздух, фактички стана фалична, полупротекторат за игрите на големите сили.
Сето ова доведува до потреба до формирање  на четврта Македонска република. Победата на Македонскиот народ со бојкотот  на референдумот, потврдува дека Македонскиот народ е спремен да си ја врати Македонската држава во свои раце, поради таа причина е потребно формирање на уставотворно собрание, со кои ќе ги раскинеме токму нагазниве мини ( Договорите на сила наметнати од странците),  со тоа ќе си ја вратиме државата на здравите нозе со кои Македонскиот народ ќе биде стопан на државата. Сметаме дека уставотворното собрание  е неопходно за враќање на Македонската држава на здрави нозе, сега од кога ќе падне квислиншката власт треба да се размислува  за одржување на референдум за уставотворно собрание.
На Македонскиот народ му ја честитаме успешната победа на бојкотот на референдумот. Сметам дека нема потреба некој да го користит бојкото за собирање на политички поени на тоа нема никој право, ниту еден политичар, ниту пак некоја политичка партија, а најмалку Христијан Мицковски и раководството на ВМРО, кои има став со една нога со народот, со друга нога со странците. Бојкотот бил успешен благодарение на Македонскиот народ и на него му паѓа заслугата.

ПОБЕДА!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...