Friday, October 5, 2018

ПОБЕДОНОСНА ШЛАКАНИЦА




Има една работа од која секоја власт, држава и империја се плаши, а тоа е народот и бог, и секоја империја ако не ги земе во предвид  овие два  факти, односно не ги калкулира, тогаш се осудени на пропаст. Тоа и Всушност се случи на 30-септември, со бојкотот на референдумот  народот издвојува, односно им удри победоносна шлаканица на домашните квислинзи, а со тоа удар и шлаканица на евроатланско- глобалистичката империја.
Македонскот народ  во неделта на 30-септемврин им рече не на Домашните  квислинзи, им рече не на НАТО и ЕУ за промена на името и идентитетот, со тоа Македонскиот народ си обезбеди свое победоносно место во неговата историја. Сега гледате дека овие одозгора се како попарени од неуспехот да направат Македонскиот народ да се самоукине.Едноставно идејата им пропадна, Народот не им дозволи да го збришат! сега им станува голем проблем како тоа укинување на Македонскиот народ на сила , тоа да го направат, без да сносат  историски последици за насилно бришење на Македонскиот народ.
Сега следува потешка фаза како на сила во собрание да се изврши Еутаназија  на Македонскиот народ пркеу собраниска процедура, да се легализира Преспанскиот договор. Со тоа да се заобиколи волјата на Македонскиот народ кои не сака промена на своето име и откажување од својот идентитет, односно не сака да ја изврши својата еутаназија. Обидот да се претурка Преспанскиот договор низ собранието ќе биде јавна признание за окупацијата  на Македонија од страна на Фашистичкиот североатлански свет преку нашите домашни квислинзи, бидејќи волјата на народот ќе ја немат како подршка за вршење на нивните злодела. Тогаш и официјално ќе се види фашистичката политика  на ЕУ и НАТО.
Што после референдумот од 30-ти септември? Гледаме дека квислиншкава власт сака со сила да го протурка Преспанскиот договор   низ собраниска процедура. Опозициската партија ВМРО бара предвремени парламентарни избори со пржинска влада и по пржински модел, се разбира онака како што сакат странците се да биде наместено по нивен тек!
Сега кога сме кај изборите да прашам како овие партии мислат да излезат на избори? со  една ли иста стара програма „ Глеј на Запад“,  „ Ние сме за ЕУ и НАТО.“ Па  дваесет години се изнаслушавме на едното истото, нема ништо ново, нема нова политика, се е старо! со старо ли ќе одат на избори? Со што ли сега ќе настапат мртовците од СДС?  Со ветување за подобар живот во НАТО и ЕУ? Ами народото веќе ви кажа дека не е за ЕУ и НАТО. Против него ли ќе одите? со сила ли ќе не внесувате во НАТО, против наша волја ли? Значи ќе не окупирате ли? Столтенберг повторно кажа нова  лага во јануари во НАТО! абе сте решиле окупација да ни извршите.
ВМРО, односно преседателот Христијан Мицковски, повторно си терат со својата стара погубничка политика, како до сега. Во интервјуто за алфа ТВ ни кажа дека не се откажуват од нивниот зацртан курс  за ЕУ и НАТО. Леле бре луѓе и покрај нивната цела разоткриена маска на Бриселското друштво да не натерат да се самоукинеме, и покрај изразената волја на Македонскиот народ на референдум против влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, ВМРО се уште смета дека Влезот во овие меѓународни организации треба да биде нашата единствена политика, односно опција, колку е само погубна политикава нивна не се ни свесни! Според кажувањето на Мицковски во интервјуто ВМРО на избори излага  со програма за влез во ЕУ и НАТО, отварање на школи, градиники, фискултурни сали и сл. Мицковски времето не е за такви работи, туку се работи за опстанокот на куќата Македонија, што ќе биде со неа? дали ќе се раскинат претходните договори?, рамковен договор, територијалниот, пржинскиот, бугарскиот договор, дали ќе се конституира уставотворно собрание? дали ќе се чисти куќата од предавниците, квислинзите, сороспите, учките, удбашите? тоа се прашањата кои за служуват да се постават како политика на една партија на следниве избори, таа партија што ќе ги постави овие прашања во својата политика како нејзини приоритет  заслужува да се нарече сериозна партија. Ова би требало да го стави ВМРО на маса на следните избори во својата политичка програма ако е навистина сериозна и Македонсика партија. За жал од устата на Мицковски не можеш да чујеш дека Црпко Заев е квислинг и дека имаме квислиншка влада која ја окупира Македонија, а камоли нешто повеќе да сватат и да разберат што се случува. И се убедени дека со ваквата политика ќе ги добијат следниве избори.
На Македонија и треба нова политика, во однос на надворешната политика, поради нејзиниото геополитичко и геостратешко значење. Земја која се наоѓа помеѓу исток и запад, не може да има ваква нездрава политика со една опција „ Глеј на Запад“, Пивот земја  која според својата улога која ја има во геополитиката треба да има неутрален статус, воена неутралност, политичка неутралност во однос на исток и запад. На Македонија и треба партија со таква политика.
Народот на Референдумот си го кажа своето, дека не е за ЕУ и НАТО, На ред се политичарите и политичките партии да ја испочитуват таа негова волја со тоа што ќе ја променат нивната политика  или во крајна цел нека се појават нови политичари и политички партии кои ќе имат нова политика.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...