Friday, October 12, 2018

ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПОБЕДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД




И  ова година го прославивме 11 октомври, денот на почетокот на Македонското антифашистичко народно ослободително востание. Го прославивме онака без значајно, како што последниве години си знеме да си прославуваме, како ништо да не се случило! како да се работи за некоја работа која е без значење.
Гледаме цел ден ниту говор, ниту пак некоја емисија  за она што навистина се случило на тој ден. Ниту чувме зошто се кренало Македонското антифашистичко народно ослободително востание, ниту против кого, ниту која била неговата суштина и цел, значи ништо од тоа! цел ден ни пројде само тук така нешто си празнуваме а не знаем што празнуваме. Значи Македонското антифашистичко народно ослободително востание е дел од светското антифашистичко востание кое се кренало во Македонија на 11 октомври 1941 година, против Бугарската фашистичка окупациона власт со цел ослободување од истата.
Фотографија на Бојкотирам.

 Сите знаеме зошто актуелнава квислиншка власт, односно црпкава муртинска зошто молци, поради договорот со Бугарија, за да не се навреди фашистичка Бугарија. Но никако не можам да го разберам молкот од страна на опозицијата, интелектуалците, другите институции, изгледа дека сите се согласни да и направат услуга на Бугарија, за да си ја ревендира својата историја, значи својата окупација да си ја продолжи. Ние и подадовме рака, односно нашата квислиншка власт и подаде рака за да Бугарија си ја ревендира сопствената историја. Со ревендирањето на историјата, односно нејзината измена се губи и суштинта на постоењето на Македонското антифашистичко народно ослободително востание, тоа ја губи својата смисла, а Бугарија е животно заинтересирана  да на овие наши простори  се прикаже како ослободител. Ревендирањето на нашата историја во полза на Бугарската историја ни остава стравотно болни последици доколку не се повлече тој надлудувачки договор кој црпката Заев го потпиша со Цијашот Борисов.
Целта на ова игра ние добро позната. Македонија како дел од големата антифашистичка коалиција во вторат светска војна оствари победа, против фашистичкиот окупатор, сега се сака да и се одземе токму таа победа, тоа е веќе направено со Бугарскиот договор за добрососедство и со Тиранската платформа, со кои се сака во целост да се измести историјата, односно Бугарија и Албанија во текот на втората светска војна беа на фашистичка страна, со овие договори сакат да се прикажат како антифашистички земји, а Македонија која беше на страната на антифашизамот и издвојува победа, притоа самата  ја осолободи својата територија се сака да се прикаже како фашистичка и непостоечка земја. Совршен план за ставање на совршен крај на Македонската држава и нација. Јас не знам дали нашите политичари и интелектуалции дали разбират што се крие зад овој Тројански коњ со ревендирањето на историјата? се става дефинитивен крај на Македонската држава и нација.
Фактички со Бугарскиот догоовр и со Тиранската платформа се продолжува онаму каде што се запре во текот на втората светска војна, односно Македонија повторно да се окупира и да се престави како остаток на соедните земји. Со тиранската платформа во која Македонскиот народ се сака да се прикаже како геноциден народ кои извршил злостворства врз алабанците до 1956 година, се сака да се прикаже како лош и геноциден народ и се сака да се покаже дека Албанците се Домородниот  народ во Македонија и како таков на нив им припаѓа правото да владеат со Македонија. Фактички со Тиранската платформа сака да му се одземе приматот на Македонскиот народ како најстар народ во Македонија и со тоа да се прикже како дојденец, односно да му се земе правото на стопан, газда и суверен над Македонија. А со Бугарскиот договор , односно со продавањето на Македонската историја на Бугарите се сака да се прикаже дека Македонскиот народ е остаток од Бугарскиот народ. Тоа е целта да се стави крај на Македонскиот народ еднаш за секогаш, но тоа не може да се случи без да му се одземе победата на Македонскиот народ од текот на втората светска војна. Фактички ЦИА, глобалистиве, бирокративе од ЕУ победата на Македонскиот народ од втората светска војна сакат да му ја земат токму преку соседите Бугарија и Албанија, тоа е и целта на постоењето на Тиранската платформа и Бугарскиот договор за добро соседски односи.
Одземањето на победата на Македонскиот народ и Бришењето на АСНОМ од уставот на Македонија  продолжува и понатаму и тоа со примена на фашистичката политика спрема Македонија од страна на светските сили. Барањето еден народ да се самоукине, односно самоизбрише повеќе да не постои е првокласен фашизам. Тоа домашниве квислинзи ќе продолжат да го прават во текот на наредната недела кога преспанскиот договор ќе треба во собранието да се ратификува, односно да се усвои. Тоа ќе преставува своевидна јавна окупација  на Македонија, бидејќи ќе биде зобиколен волјата на Македонскиот народ изразена на референдумот од 30 септември ова година со кои Македонскиот народ јасно стави до знаење дека е против промена на името Македонија, против укинување на себе си како народ исто така и против НАТО и ЕУ.  Во тој случај Македонскиот народ ќе влезе во илегала за да сам се брани, своето постоење како народ и својата држава, исто како и во  втората светска војна.
Историјата се повторува!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.










No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...