Настаните кои денес се случуват не се случајни, се движи со голема светлосна брзина. Зошто и како? никој не знае! зошто баш сега човештвото добива историска шанса да се ослободи од новиот светски поредок кои на врат му го закачија неолибералистите, глобалистите и банкарско корпоративниот систем, а промотер на овој поредок беа креаторите на Американската политика Самуел Кантигон, Хенри Кисинџер, Френси Фукујама.
Овој веќе мртов светски поредок се состоеше во тоа што основа на либералниот капитализам е профитот врз чија основа се потпираше тој и како негова најголема вредност. И што се случи кога се постигна тоа ниво, светот се претвори во пачварија како Садам и Гомора, Вавилон, неморалот почна да цвета на сите страни, човештвото почна сам да си ја јаде својата супстанца, односно самиот да се јаде. Гледате дека сите војни кои во светот до сега се водеа беа поради една цел, а тоа е профитот како основа на капиталот кои во либералниот капитализам извира од природните ресурси и богаства. од тука станува јасно зошто лудачки е потребата од потрага по природните ресурси нафта, јаглен, ефтина работна сила и сл. Се е во функција на парите и капиталот, дури ни човечките животи не се толку важни кои често пати одат како курбан во потрага по профит и парите.
Човештвото секогаш во историјата имало матрејални и духовни добра. Хармонијата низ овие две добра ја правело стабилна положбата на човекот во општеството. Денес кога човештвото остана да стои само на еден столб, а тоа е профтот како чедо на либералниот капитализам, а другата страна остана празна, односно капитализамот не произведе духовни добра, гледаме дека точно поради тој факт човештвото само од себе почна да се руши, а со тоа и либералниот капитализам како систем. Сега за да човештвото се врати на прав пат, мора либералниот капитал да произведува и духовни добра. Човековото живење мора да добие своја смисла, постоењето на човекот мора да има своја цел и смисла на живеење. Токму неприсутноста на духовната и општествената компонента го донесе човештвото во ова положба во која денес и се наоѓа.
Носител на овој неолибералистички проект беше САД, но сега токму истава земја, токму и прва почнува да се ослободува. Не е за џабе плачењето на Хенри Кисинџер и жалењето дека им пропаднал нивниот замислен светски поредок кои требаше се да сруши пред себе и тоа се со една цел што поголем профит на грбот на човештвото.
Да САД први почнуват да се ослободуват од ова заблуда , по што и беа и најголема жртва на нивната политика. Сето тоа се случи со победата на Доналд Трамп кои реши токму да ја очисти Америка од тоа пресушено мочуриште. Мрежата почна да се кине, како што гледаме продолжува таа игра, а со престојните локални избори тоа чистење на Американската мрежа се повеќе и повеќе ќе се чисти.
Никој не се прашува зошто на еднаш Трамп влезе во војна со Саудиска Арабија? работата е во радикалниот ислам. Саудиска Арабија која со години е под контрола на Пентагон, како таква беше извор за создавање на радиклниот ислам како што се муслимански браќа, талибанците ал каеда, исил и сл. Значи Трамп зачапал не само во чистење на ЦИА, туку и на Пентагон, а борбата со радикалниот ислам токму се сече со пресечување на врската помеѓу пентагон и Саудиска Арабија. Поради тоа е вознемиреноста на блискиот исток.
Не знам колку се на се Европјаните од Брисел го разбират сето ова што се случува во светот. Британиците изгледа дека најдобро го разбра сето ова што се случува, затоа и молат Трамп ништо да не објавува јавно за да не се дознае старата тајна дека креатор на целиот така наречен веќе мртов светски поредок е Британија, Лондон Сити, Ми 6, а Америка ти доаѓала само како извршител на Британската политика, односно полицаец на светско ниво кое требаше да го присили светот да го прифати новиот светски поредок.
Јасно е дека светото го очекуват големи промени, промени кое нема да го остават ни едно катче непроменето, па така ни нашата државата Македонија не може да остане не допрена од тие промени. затоа прашањето ми е дали нашите политичари го разбират сето ова што се случува? дали политичарите во Македонија прават промени? колку што гледам нашите политичари се уште си ја терат старата песна ние сме за запад, со кој запад? со оној кој веќе почна да умира ли?
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment