Thursday, October 18, 2018

ПОМЕЃУ ШТО ИМАМЕ ИЗБОР




Моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија е моментот кога треба да се изврши окупација на Македонија во собранието и Македонскиот народ да влезе во илегала, да остане сам да се брани како во втората светска војна. Во понеделникот не успеа да се усвојата уставните промени и да се продолжи со прифаќањето на Преспанскиот договор. Пратениците од страна на ВМРО не гласа, но зема учество во дебатата за уставните измени, што не е логички, наместо да го напуштат во целост собранието во знак на протест или бојкот против уставните измени.


Во моментов се наоѓаме во ситуација да бираме помеѓу змијата и магарето. Змијата СДС е во целост е да ги протурка уставните измени, по што на нив од прифаќањето на договорот им зависи нивната иднина, нивните кариери, од договорот им зависи иднината на нивната партија. Поради тоа се решени на секој начин да ги протуркат уставните измени, дури и да одат до таму  со што ќе прифатат да се изврши окупација на Македонија, притоа заобиколувајќија волјата на Македонскиот народ изрзена на референдумот. Тие дури не ги ни признават резултатитет, а камоли да ја почитуват  јасно изразената волја на Македонскиот народ изразена на референдумот на 30 септември.
Но што правиме со другава партија? ВМРО според мене се најде во ситуација целата партија да е изгубена. Од прифаќањето на Пржинскиот договор ова партија се најде во улга на магаре. Ту се со народот, ту се со стратешките партнери од запад, ваквата политика со седење на две столици нема никаков резултат да им даде освен само загуба. Неделава постои запалување  од одговорот на преседателот на ВМРО Христијан Мицковски на писмото на Вес Мицел. Мицковски одговори дека договорот од Преспа не е добар за Македонија и Македонскиот народ, значи Мицковски јасно кажа дека договорт не е прифатлив за нив.
Ами Преспанскиот договор! дали тоа значи дека некои други договори ќе бидат прифатливи за нив. И самиот Мицковски во интервју рече дека тие ќе направат подобар договор, а истото пред тоа и Александар Николовски истото го тврдеше, кој патем гласаше во Европскиот парламент за да и се стави на Русија вето за право на глас, кое не става во директен конфликт со Русија, за кога би дошле во советот за безбедност Русија да крене раце од нас.
ВМРО и во одговорот на Вес Мичел не кажа став дека тие не се за промена на името и идентитето на Македонскиот народ, туку за некои друг компромисен договр, би требало во одговорот на писмото на Мичел од страна на Мицковски токму тоа и да стои, јасно и гласно дека ВМРО се против секаков договор за промена на името и идентитето на Македонскиот народ. Не можеме да го очекуваме тоа од нив, бидејќи нивната политика е за ЕУ и НАТО, а знаеме каков е ставот на ЕУ и НАТО за Македонија, поради тоа тие се за некакво компромисно решение. Грешката на ова партија е што не ја променија нивната надворешна политика и што не ја раширија играта за името со сите страни на светот, за да се има некој утре да застане во советот за безбедност зад нас.
Се коцкат избор за 9 декември, на кого му се брза? изгледа дека на двете партии и двете партии сакат да го искористат последниот воз пред да дојдат некои нови партии, нови луѓе кои до сега  немале никаква врска со досегашните партии кои бил на власт. Уште една работа со што ќе излезат партиве на избори? со вобичајните програми ние сме за ЕУ и НАТО? значи се нема нова политика и програма.
На крај се има ли избор? секако дека секогаш се има избор, покрај СДС и ВМРО, имаме и други политички партии кои се раѓат и појавуват на сцена како што се трета политичка партија, Глас за Македонија, Левица, Гром! секогаш се има избор.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...