На триести септември годинава, Македонскиот народ веќе по четврти пат ја издвои својата историска победа против поставената окупаторско-квислиншка власт поставена од страна на западните сили.
Македонскиот народ и овој пат како и многу пати до сега во неговата историја, Македонскиот народ кој е паметен и мудар реши да опстои и да се избори за својот опстанок. Македонскиот народ реши да го возврати ударот на североатланските глобалисти кои има намера да го збришат од географската карта и од табелата на постоечките народи. Македонскиот народ борбено и успешно како и до сега, така и на триести септември со успешен бојкот се спротистави на фашистичката одлука за самоукинување од страна на глобалистите.
Првата победа на Македонскиот народ за создавање на своја државност и изборување за свое постоење е 1903 година, Крушевската република и Илигденското востание, токму денешнава Македонија е континуитет на првата република на Балканот и Европа.
Втората победа на Македонскиот народ е во текот на втората светска војна кога Македонскиот народ како дел од големата Антифашистичка коалиција, како дел од таа коалиција како народ кои самиот си ја ослободи својата територија, го стекна правото да добие своја државност и признание како посебен народ. Поради тоа 2- август 1944 година е вториот Илигден на Македонскиот народ, тоа е втората република.
Формирањето на третата република се случува на 8- септември 1991 година во време на дисолуцијата на СФРЈ. Македонскиот народ низ референдум и без војна ја формира третата Македонска република како континуитет на претходните две. Бидејќи третата република поради различни политички притисоци што од надвор преку различни наши политички криминалци, кои низ различни договори, односно нагазни мини како рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, Бугарскиот договор, неуспешниот Преспанскиот договор со кои требаше да се заокружи еутаназијата на Македонија и Македонскиот народ. Токму со сите овие договори државата се крена во воздух, фактички стана фалична, полупротекторат за игрите на големите сили.
Сето ова доведува до потреба до формирање на четврта Македонска република. Победата на Македонскиот народ со бојкотот на референдумот, потврдува дека Македонскиот народ е спремен да си ја врати Македонската држава во свои раце, поради таа причина е потребно формирање на уставотворно собрание, со кои ќе ги раскинеме токму нагазниве мини ( Договорите на сила наметнати од странците), со тоа ќе си ја вратиме државата на здравите нозе со кои Македонскиот народ ќе биде стопан на државата. Сметаме дека уставотворното собрание е неопходно за враќање на Македонската држава на здрави нозе, сега од кога ќе падне квислиншката власт треба да се размислува за одржување на референдум за уставотворно собрание.
На Македонскиот народ му ја честитаме успешната победа на бојкотот на референдумот. Сметам дека нема потреба некој да го користит бојкото за собирање на политички поени на тоа нема никој право, ниту еден политичар, ниту пак некоја политичка партија, а најмалку Христијан Мицковски и раководството на ВМРО, кои има став со една нога со народот, со друга нога со странците. Бојкотот бил успешен благодарение на Македонскиот народ и на него му паѓа заслугата.
ПОБЕДА!
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment