Остана уште два дена пред референдумот. Јас Мишко Ливрински, Македонец од Скопје од Република Македонија кој на триести септември заедно со своето пошироко семејство ќе го бојкотира престојниот референдум. Го повикувам мојот сакан Македонски народ заедно со мене и со сите останати што ќе бојкотираме да бојкотира.
Еве зошто силно да бојкотираме на престојниот референдум:
1. Како прво лага е дека на референдумот се гласа за Европска Македонија, а во најмала рака пак за влез во ЕУ и НАТО. Името Европска Македонија е фалш, бидејќи Македонија е дел од Европа, ако знаете географија, треба да се знае дека Македонија и припаѓа на Европа, ако пак знаете Историја, сигурно тогаш знаете дека Стара Европа е од Дунав до Крит, балканот, во тој круг ја опафаќа и Македонија. Македонија не се наоѓа во Африка, Азија или Латинска Америка за да стане Европска Македонија. Референдумот е тотална лага на квислиншката власт. Зад кое се крие промена на името Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
2. Другата работа е што со Преспанскиот договор целосно се брише Македонија, Се брише Македонскиот национален идентитет. Целосно се брише придавката „ Македонски“, бидејќи придавката „ Македонски“ како што е Македонска писменост, Македонска православна црква, Македонско радио и телевизија, Македонски народен театар. Сето тоа потврдува дека се работи за бришење на Македонскиот национален идентитет, Бидејќи придавката „ Македонски“ опишува или укажува дека постои народ кои се идентификува со името Македонија, односно постои нација која произлегува од името Македонија, тоа е Македонска нација.
3. Со договорот целосно се бришат Македонците како нација и стопан на државата кои постануват само едно обично племе, племе без свое национален идентитет и без своја држава.. А сите останати народи како што се Албанците, Турците, Србите кои живеат во Македонија имат свои матични држави и имат право своите национални институци да ги крстат по нивната националност како Албански театар, Српски Театар и сл. Единствено на нас Македонците ни е забранета употребата на придавката која ќе ја изразува нашата националност. Македонскиот народ останува без сопсотвена држава, но и без своите малцинства во соседните држави и без дијаспора што е многу битно за една национална држава. Очигледно е дека нас Македонците сакат да не претворат во скитнички народ како Ромите без своја матична држава, да шетат по белиот свет и како такви ќе бидат лесен плен на големите народи со текот на времето да извршат негова асимилација. Знат многу добро Западноевропските држави за да можат да асимилират еден народ, морат да му ја одземата неговата држава, односно да го остават без куќа за да се самозаштити и на таков начин лесно ќе можат да извршат негова асимилација.
4. Со прифаќањето на договорот се редефинира и Македонската историја, односно се прекинува нејзиниот континуитет од Антиката па се до денешен ден. Историјата на Македонија не започнува од 1945 година, ниту од 1991 година, туку од кокино, од создавањето на шар и вардар. Без оглед дали ние сме крвно поврзани со Античките Македонци ( кое е тешко да се докаже), тоа античко наследство денес е наше, односно на Македонија и ние денешните Македонци сме чувари на тоа наследство. Со овој договор сака да се прекине државно- правниот развој на Македонија, да се прикаже како нова држава без свои корени, како вештачка творевина која се создала од вчера, и на таков начин да се украде нејзиното историско и културно наследство.
5. Интересни се и деловите од договорот каде се зборува за економска соработка со Грција, членовите 13, 14 и други членови, каде мошне јасно се зборува дека Грција ( ко бајаги) била за економска соработка и инвестирање на Македонија. Пропаднатава ли Грција ќе инвестира кај нас? Смешка жива! се работи за друго, а тоа е преку Грција белосветскиве мафијаши, бизнисмени и корпорации како што се рокфалерови, ротшилдови, карнегин и останатите, токму преку Грција сакат да ја окупират Македонија, економски да ја оплачкат, Води, реки, езера, шуми и останати природни богаства. Осообено подземните длабоки води, кои белосветските мафијаши одамна ги имат намирисано на Балканов и Македонија, а нивната вредност се проценува до траење од 1500 години. Значи се работи за Фашистичка окупација на Македонија чија крајна цел е плачка на Македонското природно богаство.
6. Да не зборуваме пак за последиците од овој договор, кој се страотно големи. Освен бришење на Македонската нација и Македонската држава, тоа може да отвори спорни прашања речиси со сите наши соседи. Една од последиците ке биде редефинирање на Македонската држава, односно прераснување на Македонија во бинационална држава, отварање на прашањето за Федерација, ако не и внатрешна конфедерација на Македонија. Бидејќи нема повеќе според договорот да постои Македонска нација, тогаш зошто би постоела Унитарната Македонија, па ќе се бара нејзино преуредување во Федерација, односно Македонија во тој случај ќе ја снајде истата судбина како и Босна и Херцеговина.
На Македонскиот народ да му е јасно, дека ние не идеме на референдум за подобро утре, туку идеме на комплетно редефинирање на Македонија и бришење на Македонците како нација до нивна асимилација и претварање во скитнички народ како што се Ромите, тоа е тој „ Бољи живот“ кои западните партнери ни го нудат. Лично јас мислам дека не вреди тој живот и затоа сум одлучен уште од самиот почеток кога прогласивме Бојкот да БОЈКОТИРАМ, поради тоа повикувам целиот Македонски народ во недела да го бојкотира референдумот.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.