Friday, September 21, 2018

НА МАКЕДОНИЈА И ПРЕСУДИЈА 




Пред да започнам со негативните настани од текот на ова недела, би ги истакнал најпрво позитивните настани, како нешто позитивно што би можел да го издвојам е давањето на изјавите на пратенците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласат на идниот престојен референдум, Браво за нив се надевам дека ќе имат чист образ да останат до крајот на играва на својот збор, бидејќи на тој начин само ќе си останат со чист образ, а не само они, туку преку нив и нивната партија. Кога сме кај ВМРО очекувам дека и Никола Груевски како и министрите и соработниците од неговото време ќе се појават и ќе се изјаснат во поглед на референдумот, сите ние, Македонскиот народо гласавме и дававме подршка  на нив и должни се на народот да се изјаснат за престојниот референдум.
Е сега да се вратиме на лошата работа. Во средата заседаваше уставниот суд на Македонија по повод уставноста и валидонста на референдумот на триесети септември. Уставен суд, самото име кажува што преставува највисок суд во една држава кои расправа за работите поврзани во поглед на уставот од кои произлегува уредувањето на една држава.  За жал уставниот суд и покрај сите факти за нелегалноста и неуставноста на референдумот, особено збунувачката поставеност на прашањето на референдумот, уставниот суд донесе одлука  дека одлуката за референдум е легална и исправна.
Значи Македонскиот народ ќе продолжи со бојкотирањето на триести септември, ќе се пребројуваме, ќе видиме кои се антифашисти, а кои фашисти, бидејќи да му смениш име и идентитет на еден народ е параекселанс фашистичка операција. Една работа од сево ова што ни се случува е добра е тоа што се виде кој се е фактички за Македонија а кој е против. Се видоа сите кои како мравки падна , тоа се истите оние кои уште во раните деведесети години, сврѓале за продажба на името и разбучавање на државава, се виде дека единствено Македонскиот народ како и секогаш во историјата тргна на вистинската страна во одбрана на својата татковина.
Е сега да им се вратам на уставните судии, бидејќи имаме неколку прашања за уставен, Зошто Уставниот суд не за седава и не се произнесе во однос на договорот помеѓу Грција и Македонија? зошто не се произнесе за уставноста на тој договор со кои се разградува Македонската држава и институците во неа, се менува уставот, Македонскиот народ засекогаш се брише како државотворен народ, стопан на ова држава кое е спротивност на уставот.Зошто уставниот суд не го оцени референдумот како неуставен од аспект на тоа што на референдумот не може да се одлучува за идентитетот на еден народ. Не е можно денешната генерација да одлучлува за идентитетот на претходните генерации кои починале и за генераците кои допрва треба да се родат, денешнава генерација не може да одлучува за нивниот идентитет, ние нашата генерација го немаме тоа право. Ние не можеме да одлучуваме за идентитетот на Петре М. Андреевски, ниту пак за идентитето на Гоце Делчев ако тие се декларирале како Македонции, кои ни дава нас право сега ние да им го бришеме нивниот идентитет или пак да одлучуваме за идентитето на нашите неродени деца или внуци, тие си имат право да одлучуват за својот идентитет, а не ние нашава генерација. Зато треба Уставниот суд да се произнесе против Преспанскиот договор, против промена на името. Но со оглед на ова што го видивме во средата тешко дека некоја ваква одлука би донел овој наш уставен платен од наш џеб, тој е веќе мртов суд, бидејќи дозволи сопствената држава да се погреба.
За жал уставниот суд како и претходните години се покажа дека не донесува самостојни одлуки без подлегнување на дневната политика. Сушност уставниот суд како и до сега никогаш не се произнесе за уставноста на рамковниот, за територијалната поделба од 2004 година, Пржинскиот договор, Преспанскиот договор со кои се разградуваше Македонската држава  и се доведе до ваква ситуација во која денес се наоѓа. Здравиот разум би рекол на Македонија и пресудија со овие договори. Значи во средата највисокот правно и судско тело во Македонската држава и пресудија на државата Македонија, од занас мошне добро познати политички причини за да на крај ја снема.
За крај единствено решение останува продолжување на бојкотот на Македонскиот народ како единствено легално средство во моментот за борбата на Македонскиот народ против фашизамот и зулумот кои му се спрема на Македонскиот народ. Затоа што ако не дај боже бојкотот не успее тогаш ние Македонците отидовме курбан, ке треба после тоа со генерации да чекаме историска шанса да си ја вратиме татковина на нас Македонците кои ни припаѓа, тоа би било Макотрпен процес, но и крајно ако нешто се случи да се донесе договорот преку собраниска процедура има за тоа правни механизми, ако не функционират дома има во светото во светските судови ќе се обратиме, а богами, али не дал бог да дојдеме до тоа има и мониција и оружје, кога му пука филм на човекот тогаш се е можно! се може да се види, дури и она што никогаш не си замислувал дека ќе го видиш.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...