Бојкотирам ние единствено решение во моментов за Македонскиот народ да се избори за свој опстанкот и да има своја држава. Исто како и за време на втората светска војна, така и денес Македонскиот народ е оставен сам да се бори за својата држава. Бојкотирам токму ќе биде таа победа која ќе се оствари на триести септември.
Бојкотирам бре за да имам сопствена држава, да бидам она што сум Македонец, она што внатре се осеќам дека сум! бојкотирам за да имам право да ја искажам својата националност.
Драги мои нека не ве лажат и нека не ви паѓа на памет да гласате „ ЗА“ на референдумот, бидејќи во тој случај остануваме без држава, од стопан на државата стануваме племе, како ромите осудени без своја матична држава и ќе бидеме доведени во ситуација како и ромите да шетаме низ повеќе држави. И тогаш ќе бидеме лесен плен за асимилација на поголемите грабливи народи.
Е сега некои нека ми каже што е држава без стопан? што е фирма без газда? што е црква без господ бог? одговорот е јавна куќа. Е тоа е тоа што се сака да се направи со Македонија, ако ние Македонеците се откажеме да бидеме нејзин стопан. За да видите како функционира држава без стопан, односно без свој газда не треба далеку да одите еве ни ја нашата Босна и Херцеговина, нели неа ја уредија по урнекот на тројство, односно три народа во една држава Срби, Хрвати и Бошњаци, а каде се Босанците и Херцеговците? никаде ги нема ! не постојат! затоа и е тешко на БиХ да функционира како држава, дури на последниот попис од 2013 во БиХ не беше предвидена графата за попишување на Босанците, потоа се појави случај каде на таткото и синот не им бешен дозволено да се изјаснат како Босанци по националност. Значи во Босна не постои стопан или газда. Како што гледате сведоци сме ние што пратиме што се случува во БиХ, секој може да прави се што ќе посака, странците па и домашните политичари. Тек катадневно ќе чуеме како кантоните или ентитетите ќе се цепат, како Српска ќе ја напушти БиХ и сл. Кои ќе им се спротистави кога нема стопан, ги нема Боснаците и Херцеговците, е така изгледа јавна куќа.
Токму тоа е планот да се направи со Македонија, да се избрише Македонецот како стопан на државата, на тој начин како и во БиХ и во Македонија ќе може секој да прави се што сака, тогаш ќе нема газда за да се спротистави на домашните и странските поробувачи.
Затоа на триести септември јас лично ќе бојкотирам за следново:
1. Против промена на името Македонија;
2. Против бришење на Македонскиот националне идентитет;
3. Против потпишаниот преспански договор;
4. Против уставните промени;
5. Против договорот со Бугарија за добрососедски односи:
6. Против Тиранската платформа;
7. Против влезот на Македонија во терористичката организација НАТО;
8. Против квислиншката власт која ние поставена од надвор.
Со бојкотирањето на референдумот на триесети септември очекувам дека конечно во Македонија ќе почне да се слуша гласот на Македонскиот народ кој е стопан и суверен газда на ова држава. Суверен значи владител, е па тој што е владител конечно треба да си ја земе судбината своја и на својата држава во своите раце, токму тоа со бојкотот треба да се случи на триести септември.
Со бојкотирањето на референдумот ќе падне и квислиншката власт, мој предлог е после тоа да се спроведе референдум за уставотворно собрание, Ќе конституираме нов АСНОМ, нова република со која ќе означиме крај на рамковниот договор, на пржинскиот договор и на останатите фабрички мани во државата кои ни ги вградија странците. Со тоа ќе завршат и политичките кариери на политичарите кои дваесет години ни се шетат по државава, а ништо не направија за неа, како и одредени политички партии, со тоа ќе започне и чистка во државата и општеството, поради сите овие работи бојкотот на референдумот мора да успее, поради сево ова наопишано јавно го повикувам Македонскиот народ силно да бојкотира на триесети септември ова година.
Мишко Македонски Ливриски, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment