Tuesday, September 18, 2018



Евидентно е дека последнава политичка криза која се случи во последниве години во Македонија предизвикана од надворешениот фактор со посредство на внатрешните чинители остава страотни траги во македонската политичка сцена. Ништо не е случајно во историјата и во постоењето на светот, се си  има своја причина и последица. Така за секоја рекација постои акција, после секоја акција следи реакција. Тоа Сер Исак Њунтон уште одамна го докажал.

Што сака надворешниот фактор
Она што го сакат од надвор е истото што го сакаат уште од далечната 1991 година, уште од времето на прогласувањето на нашата независност. А тоа е исчезнување на младата Македонска држава. Кој е и официјален став на грчката политика уште од раните 90-ти години. Имено за потсетување уште при самиот распад на СФРЈ, Европската унија сметаше дека при можен распад на Југославија, како независни држави би излегле само Словенија и Хрватска, додека остатокот од Југословенските држави, БиХ, Црна Гора и Македонија би останале со Србија. Тоа биле предвидувањата на Европската унија за нашиов регион. Што се однесува до Американската политика, тоа може да се види и преку еден од нејзините креатори Збигњев Бежански. Имено Збигњев преку неговата книга “шаховска табла“ ни ја престави целта и содржината на надворешната Американска политика, во анализата на таа книга ни е преставена Американската политика спрема Европа, Русија, спрема блискиот исток, особено она што денес се случува во Сирија и околу неа.
Во анализата е преставена и политиката спрема Балканот како немирно Европско дете. Имено во картите на Балканот, Македонија како воопште да не ни постои, таа е преставена како дел на Србија, заедно со Црна гора и БиХ. Тоа го покажува Американско-европскиот план за уредување на нашиов простор.
Уште една анализа го потврдува истиот став, тоа е анализата на институтот Карнегин и фондацијата Аспен. Имено во една нивна анализа стоеше ставот дека Македонија и Босна се вишок држави на Балканов и за траен мир на Балканов би било најдобро да ги нема, односно да се поделат помеѓу големите играчи на Балканот.
План за исчезнување

За Грчкиот план за исчезнување на Македонија кој официјално е прифатен од страна на ЕУ и Нато ни зборува Грчкиот новинар Такис Микас во неговата книга – “Најсветиот сојуз – Грција и Србија на Милошевиќ“. Оваа книга открива дел од планот за решавање на Македонскиот проблем кој самата Европа го искреира во втората половина на 19 век, поточно на Берлинскиот конгрес.
Грчкото сценарио за дестабилизација и исчезнување на Македонија се состои од нејзино претварање од унитарна држава во претварање на неколку кантони и ентитети слично како и денешната Дејтонска Босна. Во планот се предвидени неколку кантони: Скопски или Јужна Србија; потоа кантон Илирида или Запдана Македонија;  Битолско-прилепски кантон и Струмички кантон. Значи Албански, Српски, Бугарски и Грчки кантон. Во овој план кој всушност преставува Српско- Грчки план на политиката на Андониос Самарас и Мицотакис се видливи сите работи и настани кои ние ги преживеавме во текот на изминативе дваесетина години.
И тоа извештајот на Грција за Грчкото население во Јужниот дел на Македонија, кое сакаше да се постигне преку манипулација на Власите со откривање на нивните Грчки корени, а кое беше во функција кон креирање на Грчки кантон. Пота Српските обиди 1992-1993 година за создавање на Република Српска бановина по примерот на Република Српска од БиХ. Потоа „паравојската“ и референдумот за „Илирида“ од 1993 година.
Таму е присутен и случајот на Вранишковски со неговата ПОА; потоа ослобдувањето на Тетово и Скопје од страна на Ахмети, планот за размена на територија помеѓу Македонија и Албанија, односно од Групчин до Групчин. А во последно време се појави во голема мера и Бугарската загриженост за нејзиното малцинство во Македонија кое има бугарски пасоши. И овој план со Бугарските пасоши е однапред добро смислено сценарио за креирање на Бугарски кантон како и за докажување на Бугарското потекло на Македонците.
Првата фаза од спроведувањето на тој мастер план започна во 1998 година, кога ЕУ во трговскиот регистар ја спушти Македонија од држава во збир на територија, тоа пак отвори инцијатива за воен конфликт, односно фингирана војна, која пак заврши со потпишувањето на рамковниот договор и промена на уставот со што Македонија стана држава од повеќе национални заедници (Македонци, Албанци, Роми, Власи и др.) нешто слично како и Босна (бошњаци, срби, хрвати). Значи држва без стопан. Со рамковниот договор е целосно повлечена линијата за создавање на посебен ентитет и разграничување помеѓу Македонците и Албанците. Тоа е постигнато преку новиот закон за територијална поделба на Македонија од 2004 година, фактички со спроведувањето на таа територијална поделба (од Групчин до Групчин) се искреирани условите за внатрешна поделба на Македонија и за креирање на Албански ентитет за кои одамна некои албански партити веќе сонуваа.
Ништо не е случајно!
Случувањата во последниве десетина години како што беа убиството во Смилковци, карневалот Вевчани,  тепачките помеѓу младите, како и дестабилизцијата на власта од страна на опозцијата, студентските демонстрации, бомбите на Заев, имаат една едиствена цел – внатрешна поделба на Македонија, исто како и во Украина, доведување на ситуацијата во лудило, а тоа лудило би довело до решавање на Македонскиот проблем – промена на името и идентитетот со што би се завршил Балканскиот компот на проблем со што Македонија би била жртвеното јагне.
Многумина од опозицискиот блок како и од невладиниот сектор искажуваат жалење поради тоа што Македонија не била како Украина или Унгарија како Бранко Геровски и Лидија Димова. Евидентно се покажува дека дел од македонската јавност е на потфат за да се случи вакво сценарио. Бранко Геровски во своите колумни ни пишуваше за можноста за разговор за федерализација на Македонија. Фрчковски исто така ни нуди модел за уредување на власта по урнекот сите големи партии во една коалициона (концентрационо-експертска) влада, четрите големи партии влагаат во една влада, без оглед кој е победникот како да се работи за партии на четири држави.
Во контекст на последниве случувања е битно да се напомене дека и изборите кои требаше да се одржат на 24 април, па на 5 јуни имат исто така иста функција. Имено не излегувањето на избори од страна на опозицијата и нејзина блокада, може да се искористи како сценарио и обид за внатрешна поделба на Македонија. За кои надворешниот фактор одамна е веќе заинтересиран. Али тој надворешен фактор заборавил на некои работи пред калкулацијата на својата политика. А тоа се народот, времето и околностите. Среќа наша што времето не исто како и минатото, што светот не ист како и во 90-тите години, затоа и му е тешко на надворешниот фактор. Втора работа што народот и ако поделен во нашето општество сепак не доаѓа во судир еден против друг, така залуден е секаков процес на судир тоа го потврдија сите досегашни настани и случувања во последниве години. За крај не чекаат возбудливи моменти до изборите и после изборите да видиме до каде ќе стигнеме.
Мишко Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...