Thursday, September 13, 2018

ДА СЕ СКРИЕМЕ ЗАД НАРОДОТ




По  вторничката пресконференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски настана различни поделби и дебати , затоа што всушност сакал да каже авторот. За некои Мицковски помеѓу редови  ( како  да  е роман) повикал на бојкот на референдум, додека  пак за другие не повикал на бојкот.

Прво  да расчистиме  за  референдумот, Референдумот е дефинитивно не легитимен,бидејќи не е донесен со двотретинско мнозинство на гласови и е во спротивност на волјата на граѓаните, второ работа  е тоа  што на  референдум не се  вади народ  за прашање како што е промена на името и идентитетот. За такво прашање воопште не се разговара и преговара, а камоли да се постави на референдум, и самите можете да видите какво е прашањето за референдумот на триести септември со каква маска се крие тројанскиот коњ „ Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.“, Не гласи прашањето „ Дали сте за промена на името Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.“ тие знат дека од старт ќе си бидат на губитничка страна и дека нема да можат никого да заведат, барем странците се доста паметни за да знат да им го формулират референдумското прашање, Бидејќи овие од СДС не се доста паметни за да самите тие си го дефинират. Референдумското прашање е токму маската зад која се крие бришењето на Македонскиот национален идентитет.
Е сега да се вратиме на Мицковски и кажаното на пресконференцијата, Мицковски кажа дека народот сам треба да одлучи дали ќе гласа, како ќе гласа или дали ќе бојкотира. Тоа не е став туку умилкување на две страни, Од една страна Мицковски сака да биде исправен пред Македонскиот народ, а од  друга страна да се биде  исправен пред странскиот фактор, односно нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО. Мислам  дека ова одлука на ВМРО беше за очекување, ако се гледа играта на ВМРО  од прифаќањето на пржинскиот договор па наваму, Јасно е!  дека тие прифатија да играт конструктивно со многу мало противење, со несогласување на некои крупни  работи (Како што е законот за јазиците, Ратификување на договорот со Грција и сл), но не видовме бојкот,  напуштање на собранието кои се легитимни средства  за  борба против власта кој тие уште на почетокот ја прифатија и легитимира,  а Мицковски на пресот кажа „ премиеро на Македонија“ значи и тој како и Груевски го легитимираше.
Во моментов Македонскиот народ е оставен  сам на себе да се брани, нема  нормален лидер кои ќе поведе народ во одбрана. Како што гледаме во моментов Македонскиот народ сам се брани. Тоа ни го соопшти Мицковски на пресот на која ни кажа дека сака да седи на две столици. Абе Мицко не се седи на две столици во исто време, едната со текот на времето ќе пукне.
Зошто се нема лидер? тоа е од едноставна причина, бидејќи се нема чист образ за да бидеш лидер како Че гевара, Како Симон Де Боливар, како Мартин Лутер и редица други треба покрај муда да имаш и чист образ за да се појавиш пред народот и да го поведеш народот. Јас очекував јасна и чиста порака од лидерот Мицковски како „ Јас излегувам на бојкот ако си со мене народе бујрум по мене.“  Не е тоа поради тоа што јас не знам што и како треба да правам, јас знам дека треба да бојкотирам. Тоа е поради чистиот образ на себе си, на Мицковски како лидер, на партијата и на крај за историјата на Македонија. Поради таа причина требаше јасен и кристален став за бојкотирање на престојниот референдум. Чим немаме ваков став, тоа значи дека образот на некого не е чист и не е со исправен рбет, во таа ситуација најлесно име е на лидериве да се скријат зад народот, народот место нив да одлучи.
Добро де народот ќе одлучи! народот веќе одлучи да бојкотира. ВМРО не сака да се придружи на бојкотот. Мицковски преку редови и симболично рече „ Да се скриеме зад народот.“ Што не е ни последен ни прв лидер кој тоа го има направено.  На  времето истот го правеше Бранко Црвенковски кои во една прилика му рече на народот „ Народе Македонски ако ти треба водач викниме да те водам.“ Не треба народот да вика водач лидер, Лидерот го вика народот бре! Истото го направи и Груевски на последните локални избори кога симболично и прочитано помеѓу редови го замоли Македонскиот народ да ја запали светлината за да го снема мракот во која се нашла Македонија, а би требало обратно да биде тој како водач да ја запали светлината, а народот да го следи.
Нашиве лидери го викат народот само кога им треба, а кога се во каша се кријат зад народот, и Заев со референдумот истот го прави, со референдумот народот да одлучи за да тој и неговата компанија не бидат криви од исходот. Ова игра ме потсеќа во историјата на Понтие пилат и Јуда во новиот завет, во сцената кога го судат Исус и на судењето нели праша народот кого сакаш да му се суди на Христос или Варнава. Така и сега си ја гледам истата слика, Јуда и Пилат му викат на Македонскиот народ Бирај на еден крст ти се наоѓа  Македонија и Македонскиот народ, на Другата страна ти се наоѓа ЕУ и НАТО.
Мицковски на пресот како мандра повторно ги спомна нашите стратешки партнери ЕУ, НАТО, Американците и го спомна нивниот став за влез во ЕУ и НАТО. Мицковски па тие наши  стратешки партнери не донесоа до ова ситуација. Сите срања до денешен ден ги доживуваме благодарение на тие наши стратешки партнери. Нема Лидериште, односно мажиште во Македонската политика до сега за да им се спротистави на овие наши стратешки партнери кои од нас барат да се самоубиеме.
Единствен позитивен став од пресот на Мицковски е неговата изјава дека  е против договорот на Македонија со Грција и дека тој е штетен од веќе познатите причини. Токму и тоа не сум за бојкот оставам народот да одлучи сам, од друга страна договорот со грција е штетен, покажува умилкување и на Македонскиот народ и на нашите стратешки партнери, тоа е тоа што го викаме седење на две столици, односно да бидеш со исправен рбет и пред народот, а од другата страна и пред стратешките партнери. Доста е познато дека по се изгледа дека ВМРО како партија од десница ќе проаѓа во ЦЕНТАРОТ, тоа ни го најваи и Груевски со програмата НОВА ЕРА НА НЕГОВАТА ПАРТИЈА  која ја промовираше на  митинзите на последните локални избори, очигледно дека и ваквиот неутрален став на Мицковски покажува дека партијата им се движи натаму кон центар.
За крај Мицковски рече сами да си донесеме одлука што и како ќе правиме со референдумот, моето прашање е Дали тој став или што и да е ќе важи и за следните парламентарни избори? или тогаш ќе не утепат од политичка пропаганда  зошто и како да гласаме за нив. Зошто тогаш не ни речеат апстинирајте или изберете си по сопствен избор за кого ќе гласате нема да важи и тогаш?  зошто наместо лудачка политичка пропаганда како што знат нашиве политички партии не ја водат со една прес како и сега и со еден збор „ Народе бирај си по сопствен избор за кого сакаш гласај, бидејќи ти најдобро знаеш за кого да гласаш.“

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...