Коромпиранава фашистичка елита на севернава, црпките од десно и лево кој кобајаги ти глумат различни партии, а всушност едно исто друштво се! Едните се дирекни извршители, убијци, уништувачи на Македонија и Македонскиот народ, а другите се нивни асистенти, соучесници во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ. Е тие елити минусирајќи го Македонскиот народ од целава приказна си се договорија на 15 јули да има избори.
Им се брза и на двете фашистички послушни партии. На црпкиве на заев им се брза во очи на пандемијата и хаосот кој тие го предизвика да направата избори во дивоградбата северна. Во хаосот очекуваат победа! Малку народ да излезе за да можат со лесно да ги фингираат изборите преку нивниот познат метод на местење и лажирање на избори. за тоа тие сакат брзи избори, без учество на ОБСЕ ( Не дека во целиот процес нешто ќе помогнат) без наблудувачи така полесно ќе ги фингират изборите. Од друга страна пак, опозицијата за која како што кажавме во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ се најде како асистент. Се плаши од неизлезност на народот, и така таа би била губитник на изборите. ДУИ пак има друг стравови се плашат дека ако се отворат гранците многумина од Албанците ќе заминат надвор од државата ( Работа што Албанците вобичајно ја правата за време на избори за да не гласат за нивните шерифи), па така и нејзините гласачки кути би останале празни. Тоа се желбите, стравовите, причините за брзи избори.
Од црпнативе на власт знаеме дека изборите се распишани за дивоградбата Северна. Опозицијата се уште не ни објаснила на кои избори ќе оди во северна или Република Македонија? На која држава Мицковски сака да биде премиер на севернава или на Република Македонија? Ако беше на Република Македонија немаше да игра вака како што до сега играше и тој и неговата партија. Уште од моментот кога ставија печат на пржинскиот договор се виде дека ДПМНЕ е асистент во целава работа со промена на името и уништувањето на Македонскиот народ.
Кога сме кај изборите постои една дилем дали Македонскиот народ треба да учествува на повикот за изборите? Пак ќе кажам на кои избори и за кого за северна или Република Македонија? Си седам и си гледам во личната карта ми пишува дека сум жител на Република Македонија, истото ми го пишува на пасошот, во државјанството, во изводот од матичната книга на родените пишува дека сум роден во Македонија. Дипломите од училиште и од факултетот ми се издадени од Република Македонија. Е сега нека ми одговори некој нормален човек или правник како јас како државјани на Република Македонија треба да излезам и да гласам за дивоградбава северна. Нели кога ќе ме фатат ќе бидам казнет и за тоа ќе одговоарам. Нели со мојата документација ако гласам во Германија за бундестагот кога ќе ме фатат ќе ме казнат.
Ај што треба да учествувам во криминал, туку и нема и за кого да гласам. Веќе со години не и верувам на опозицијата дека има цврсти ставови за враќање на името Македонија и државата на вистински пат, односно раскинување на пржински договор, бугарски договор, тиранска платформа, рамковен договор. за сега не сум чул дека опозицијата јавно и гласно тоа му го соопштила на Македонскиот народ. Ми текнува дека и во 2006 година на тогашните парламентарни избори Никола Груевски беше најавуван како човек кој ќе му ја скрши кичмата на Али Ахмети. И што се случи ? После две години од владењето на Никола Груевски и ДПМНЕ, токму обратното се случи, токму на Груевски му ја скршија кичмата со упикувањето на Али Ахмети во владата преку мајскиот договор.
Јас најискрено сум на мислење дека од нивните ветувања нема ништо да има. Убеден сум дека и овој пат ќе се вадат на истата работа, Не можеме! Потпишано е веќе! Малечки сме! Македончиња сме! ќе се налутат нашите стратешки партнери. Мене не ме радува само заев да падне, ако не се врати името, не се заштити идентитетот, не се поништат срманите договори, тогаш што има фајде од падот на заев, кога останува се исто! Сето тоа ни кажува дека СДС и ДПМНЕ се две крилја на една иста банда од еден ист орел. Прашањето е како да му се скршат крилјата на орелот?
Едноставно преку Револуција! Преку нови луѓе кои не се испрлале од миросот на орелот. Луѓе кои не ги чипирал и извалкал орелот. Мене навистина ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ кои го имаше мнозинството од народот не ја искористи шансата за да направи револуција, да свика конвент ( Народно и Уставотворно собрание) како Французите кои организира народен конвент у очи на Француската револуција и така го натера тристалежното собрание да си поднесе оставка со што започна Француската револуција. Тоа и ние можевме да го направиме! Но орелот на едното крило не му даде. Па така немаше ни која да поведе народ, ниту пак кој да организира народен конвент . Тоа е разликата помеѓу нас и Французите од време на Француската револуција. Па така додека се појави таква сила која ќе поведе народ и ќе организира народен конвент и ќе има сила да се сноси со тоа, за престојниве избори во дивоградбава северна нека ни биде слоганот СЕДИ ДОМА.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment