нема сегашност без минато, нема иднина без минато. Не постои личност без сопствено минато. Не можат ниту држава и народ да опстојат без свое минато затоа што не би имале на што да ја темелат својата иднина.
Во 2004 година кога имавме референдум за територијалната поделба на Македонија, тогаш Крег Ратклиф еден од бирократите на ЕУ ни зборуваше да не гледаме назад, туку само напред. токму тоа е проблемот на нашите политичари ни велат да бидме свретени кон иднината, а не кон минатото. По што нели кај нас историјата е анатемисана работа.Оној што не го познава минатото, не си ја познава ниту иднината. Како што на времето еден американски книжевник има кажано „ Минатото никогаш не мртво, тоа е секогаш тука за да не предупредува.“ Ако историјата не е тука за да не предупредува од минатото, тогаш таа не би била учителка на животот.
Ај што може да им се прости на политичарите за тоа што не знаат историја, ами на историчарите, на интелектуалците како да им се прости кога не регираат во даден историски момент. Ние како општество не сакаме да учиме од минатото на народите, на претходните држави, империте. Да речеме зошто, кога, како пропаѓале државите, умирале, исчезнувале народите, минатото да го компарираме со нашата сегашност, па така да успееме да ја пребегнеме опасноста од нашето исчезнување од картата на живите народи. Кај нас како и впрочем кај останатие балкански народи кога е во прашање историјата кај луѓето е битно само едно прашање „ Дали сме ние најстариот народ? На Балканот, во Европа, па и во Светото. Нешто што историската наука не може да го докаже ни за илјада години. Ние денешниот Македонски народ сме правен наследнк на Македонија, нејзината историја, култура, традиција, богаство од антиката па до денес ден! Без обзир на све! без разлика дали во нас тече античка крв или не! сите земји во историјата биле соочени со преселби и раселување на народи, но тоа не значи дека нивните корења се прекинати со корењата на античките народи на територијата на која живеле тие! Така и денешните Еѓипќани можеби немат во целост идентична сличност со старите еѓипќани, но тоа не значи дека тие не се правен наследник на стариот Египет, исто е, и со Французите кои се правни наследници на Галите и Галија, и ако Галите имале Келтско потекло, а не Латинско како денешните Французи. Има илјадници вакви примери! А на овие народи никој не им го оспорува идентитетот, само на Македонците мора да им се оспори идентитетот, тие не смеат да имат континуитет со антиката. На крај е прашањето Грците колку имат врска со Хелените за кои знаме дека многу малце, дури речиси различни имиња имат народите кои денес живеат на територијата на Грција ( Грци) и оние од Антиката ( Хелени). Живееме на територијата на Македонија, на ова почва сме го примиле македонското наследство и денес сме ние тие кои се чувари и носители на тоа наследство и како такви сме должни да го предадеме на наредната генерација.
зборот не ми е за тоа! зборот ми е за сосема друга работа. Прашањето ми е како не може никој да види дека на народ кој му е оспорена самоидентификацијата, сопственото име, историја, јазик, култура, црква, па и територија тој народ е во процес на исчезнување. Ако погледнеме на историјата народите кои се наоѓале пред исчезнување или биле во процес на исчезнување, исчезнале токму на тоа што ги изгубиле горе наведените атрибути кои ги поседува секој народ. Историјата опоменува на тоа нашите интелектуалци ни мртви ни ладни не реагираат.
Нас не не интересира ни поблиското, ниту пак подалечното минато! Нашите политичари не гледаат ни прст подалеку. Не гледаат како нивните претходни марионети на западната империја беа фрлени во огин. Како Бин Ладен, Садам Хусеин, Августо Пиноче, Папа Док и останатите не го гледаат нивниот пример за да видат дека такви послушници како нашиве квислинзи и фашисти не можат поинаку да завршат освен така како што и нивните претходници завршија како смет на буниште. Се разбира од кога ќе им ја завршат задачата која претходно им ја дале, а од кога ќе им ја завршат задачата стануваат смет на буниште. Така Папа Док владеше како диктатор на Хаитите во осумдесетите години со подршка на ЦИА, плачкаше и убиваше невино население, по ударот во 1987 година, него ЦИА не го заштити! Неговиот син Бејби Док со украдените пари избега во Марсеј. Денес тој Бејби Док трпи за леб! А неговата жена го има напуштено за неговиот прв комшија кој имал поубава куќа од него! значи ЦИА никого не штити, штити само кога има интерес, кога ќе и заврши интересот те пушта низ сито и решето. Не знам дали нашите политичари го гледат тоа или слепи се?
Е нашиве квислинзи, послушници на фашизамот тоа не го гледаат. Ниту Македонските, ниту пак Албанските политичари. Албанскиот политички фактор кој не е политички фактор, туку у фрлена марионета на западот за нивно влијание не само во Македонија, туку и на Балканот. Не знам само како не сфаќаат дека кога ќе им завршат интересите на Балканот, а што очигледно дека Американските интереси веќе завршуваат, ќе завршат исто како и другите. Како Сиријците, Авганистанците, Ирачаните,Иранците, Либијците. Погледнете ги Либија и Либијците на што личат денес? И ако во минатото цела западна Европа одеше на печалба во Либија и нив ги жртвува. А кој вели дека и Албанците нема утре да се најдат во иста ситуација. Е за тоа да го знаеш треба да го познаваш минатото! Што се случувало во минатото! Минатото низ кое проаѓале народите, нивната историја, успони и падови, нивните грешки и успеси. Треба да го знаеш минатото за да ја увидиш сегашноста и добро да ја испланираш иднината. Нас ни треба таква стратегија за иднината.
Историскиот пристап денес се користи во многу науки како што е психологијата или медицината. Што друго ако не е психоанализата на Фројд. Преку анализа на одредена личност враќајќи ја низ периодите на развојот на личноста се бара причината за проблемите со кои денес се соочува една личност. Таков пристап е потребен и спрема државата и народите. Проблемите со кои ние денес се сочуваме како народ и држава лесно можеме да ги најдеме во минатото. Со сево ова сакам да кажам дека нема сегашност без минато, нема иднина без минато. Не постои личност без сопствено минато. Не можат ниту држава и народ да опстојат без свое минато затоа што не би имале на што да ја темелат својата иднина.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment