Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.
Веќе две недели како во Америка не стивнува масовно лажираните протести и немири. Поводот за овие немири и протести беше убиството на Афроамериканецот Флоид тоа беше поводот , но целта и намерата е сосема друга, а која на сите нас ни е добро позната тоа е Доналд Трамп да се бутне од власта, да му се оневозможи следен избор во ноември, со тоа што ќе се оцрни неговото лице во очите на Американецот. На тој начин ќе заврши веќе поднесената тужба против длабоката држава, а највжно е старата екипа Клинтон-Обама да се врати на власт. Не за џабе е активиран Обама на протестиве, тоа покажува колку во длабок очај е длабоката држава. Веќе станува јасно дека корона операцијата имала за цел рушење на Трамп. Преку негов не реизбор пролета сметале дека земјата поради корона вирусот и затварање на американската економија власта во САД ќе ја превземе генералштабот во САД, па на тој начин ќе се решат од Трамп. Пошто планот А не им успеа пројдоа на планот Б што сега во моментов низ устанци, протести, востанија и немир се реализира.
Колку за потсетување американската држава вакви фингирани сценариа со убиства на човек со кои го креваше адреналинот на народите за да се кренат на куртон револуции го имаше претходно креирано и во Македонија, претходно во Украина. Фингирана беше таксим револуцијата во Турција. Сценариот секаде е исто, бидејќи и нарачителот е ист. Додека две недели ги гледам и слушам овие случувања и настани во Америка, а неможам да не се сетам на таквите искреирани револуции, востанија и војни кои длабоката држава ги приреди на балканот во кои настрада огромен број на Срби, Босанци, Хрвати, Македонци кои во последниве триесет години им беа ченгелче за поткусурување. Не можам, а да не се сетам на Вејарче, Масакарот на мавровските работници, на убиството во смилковското езеро.
На истиот начин и истите луѓе ја носат куртон револуцијата во Америка кој што ја водеа куртон револуцијата во Македонија. Сорос, Антифа, Отпор, разни левичарски организаци ( ко бајаги левичарски ) како Солидарност, Ленка кој во суштина подржуваат неофашиза. Антифа една од организаците предводник на куртон револуцијата во Америка ги користи истите методи и средства како нашите куртон револуционери со фарбање, рушење на институции, дискриминација на противникот. Денес со истите средства Антифа ја крева куртон револуцијата во Америка. Антфа, вусшност е исто што и Канвас или Отпор на Срѓа Поповиќ, као демке преку пат на ненасилен метод за промена на власта, а всушност нивното делување е токму преку насилни методи да се урива легитимно избраната власт како што беше случајот во Македонија. Целиот проект беше смислен од Србинот Срѓа Поповиќ во деведесетите години. Од нив ЦИА го превзема проектот и го шири низ целиот свет онаму каде што таа има таргетирано влади и политичари што не и се по ќеиф како што беше случајот со Македонија, Венецуела, Турција и други земји. Создавајќи различни организаци под различни имиња како Отпор, Канвас, Антифа како демек се работи за различни организаци, а всушност се работи за една иста организација со различни имиња со една единствена цел како по насилен пат да се срушат непосакуваните влади и политичари таргетирани од страна на империјата. Ама тоа уривање да биде све изведено од внатре во самата држава, без надворешна интервенција.
Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.
Американеците денес се поделија! Америка е веќе држава на поделено општество. Дали тоа ќе има поголеми импликации врз натамошното функционирање на државата и спас на Америка како држава ( А не како империја) тоа веќе ќе го гледаме во наредниот период во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата. Америка во својата историја имала една голема граѓанска војна со тешки последици и со се уште не извлечливи рани. Поделбата север и југ кој во граѓанската војна беше проследен од различни политички гледишта, но и од верски импликаци север протестанство, југ католицизам! Може и денес да се разгорат старите страсти и несогласувања помеѓу северот и југот што би можел да доведе до поделба на САД на два дела.
Американците можеби за првпат во историјата доживуваат вакви револуции, шарени, кадифени, куртон револуции, и ако нивната држава беше нарачател и спонзор на вакви револуци во светото, вклучително и кај нас во Македонија. Можеби ние сме во предност пред нив што ние имавме искуство со куртон револуција, али Американците за сега го имаат цврстиот Доналд Трамп политичар со цврста рака, нешто што ние го немавме за време на куртон и пред куртон револуцијата, а кој на нас ни беше потребен за да апси и притвара, да води истраги, да спречи уривања на државата, за разлика од нас Американците за сега имат кој да апси, притвара и да води истрага и да спречи уривање на државата.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment