Tuesday, February 26, 2019

ВРЕМЕ НА НОВИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИКОНИ 





Како и многу пати досега сме констатирале дека доаѓа време на нови свети икони во политиката. Во Европа од дамна веќе се појавуваат како што е Мари Лапен во Франција, Земун во Чешка, Орбан во Унгарија, Путин во Русија, еве го и Матео Салвини во Италија.


Ништо не е случајно! ни времето ни местото! Токму времето  во кое денес живееме, настаните и случувањата , економското кризирање, моралното и социјалното кризирање ги раѓа новите лидери, односно новиот бран на политичари кои треба да ги заменат  старите салонски послушни политичари. Токму таков политичар во последниве години во Италија е Матео Салвини кои на последниве избори одлично се пласираше како победник. Победнички издвојува на регионалните избори во Сардинија каде што краен резултат е 6:0 во однос на социјалистичката партија на Ренци и Моргени.
Италјанскиот народ во понеделникот му ја додели победата  и довербата на Матео Салвини. А има и зошто:
1. На прво место кај Салвини е Италија и Италјанскиот народ;
2.  Добробит или општо јавно добро на својот народ и на својата држава е важна компонента во политиката на Салвини;
3. Салвини се изјасни против официјалната политика на ЕУ во поглед на мигрантите и мигрантската криза;
4. Во однос на ЕУ се истакнува како евроскептик и се залага за радикални промени во унијата.
Погледите на Салвини во однос на ЕУ е  изградба на унијата како дом на национални и суверени држави, односно Републики. Токму и тоа беше предмет на разговор во средбата со Полјакот Кацизински со кои се договорија Италија и Полска да го завземат местото на  Франција и Германија  и во тој проект да ги вклучат и националните партии на другите Европски држави.
Матео Салвини на одличен научин во интервјуто за Раша Тудеј, ја открива маската на Брисел ( односно новиот Вавилон) и ЕУ, обвинувајќи ги Брисел  и Европа дека го разбират само јазикот на парите. Затоа и не зборуват за принципите, за вредноста, солидарноста- туку за економските прашања. Одлично поентира Салвина, одлично разбрал дека Брисел е всушност дувло, спроведувач на политиката на белосветската олигархија.  Втора работа која што Салвина ја потенцираше токму она што е значајно за денешниот свет, односно болеста од која современиот свет боледува, а тоа е присутноста  само на матрејалната вредност во животот на човекот,  а не постои друга вредност, како што е духовната и социјалната вредност како што и тој самиот нагласува немање на принципи, вредноста и солидарноста она што на денешниот свет во голема мера му недостасува.
Во истото интервју  Салвина го изнесува својот поглед за иднината на Европа: „ Јас не сум против Европа. Јас сум за Европа, која прави малку работи, но ги прави добро,оставајќи слобода на избори на други фронтови за поединечни држави.“
Во однос на случувањата на Франција , Салвина иако е противник на Макрони, тоа можевме да го видиме уште во септември кога Макрони излезе со барање за создавање на Европска нација, тогаш Салвина  му рециплираше  да не прави будала од себе и од својата држава. Во поглед на актуелните случувања во Франција тој им даде апсолутна подршка на жолтите елеци. „ Ги подржувам  пристојните граѓани кои протестират поради преседателот  кој владе портив својот народ. “ ќе истакне тој.
Сите добро знаат од памтивек дека на ниеден политичар  никој и ништо не може да му помогне да се искачи на врвот кај народот ако нардот не ги сака. Се и сешто може политичарот да направи, но ако народот не те сака, тогаш џабе е све што ќе направи политичарот. Кај Салвина токму и тоа се гледа дека симпатите и почита на народот се благонаклонети спрема него. Таа почит и благонаклонетост  која Салвина ја ужива од Италјанскиот народ се должи токму на тоа што на прво место му се општото јавно добро на Италјанскиот народ и Италија. На сите анкети кои се направени до сега кај Италјанскиот народ покажуват дека токму поради тој факт укажува на голема доверба помеѓу народот. 
Значи доаѓа новото време со новите политичари во Европа и Светот. Идните политичари во идниот нов свет ќе бидат оние политичари кои на народот ќе му докажат дека на прво место и приоритет на политичарот му е сопствениот народ и сопствената држава. А не ЕУ и НАТО, не застапување на туѓи интереси, странски интереси, корпоративни интереси, свои лични интереси.
Кај нас за жал се уште нема политичари од таков калибар. Нашите политичари се уште се држат за правилот „ Глеј на Запад“ уште како навиени  навиват за ЕУ и НАТО, уште се надеват дека странските фактори, односно дека чадорот ќе ги донесе и одржува на власта. Никако да сватат дека во новото време нема да има место за такви салонски политичари,  кои се спремни само да држат говор за пред погреб и да бидат дворски шут ( Корисен идиот). Колку што гледам последниве две години токму и тоа го покажуват, дека е, и готово со старите класични политичари, па нека тие му ја мислат.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Monday, February 25, 2019

ИДЕОЛОГИЈАТА НА ЛУЦИФЕР И НЕГОВИОТ СЛУГА ВАМПИРОТ





Во последно време можеме да забележиме дека денешниот свет во кој што живееме се претвара во една невидена прчварија во која луѓето стануват се полоши и полоши! Се поладни и поладни! просто е, и запрастувачки зошто човекот не се запрашува, зошто светот е ваков каков што е денес? и зошто никој не дава одговор  на тоа прашање.  Многумина наши кои доаѓат од западот ми зборуват дека западот е ладен свет, дека таму луѓето по природа се ладни.  Се прашува ли некој зошто тоа е така? се труди ли некој да даде одговор на тоа прашање барем кај нас? одговорот е не!
Повоениот свет, односно светот после втората светска војна се темелеше на основите дека човекот за прв пат се раѓа како единка кое има право на свое самоспозание и самоопределување. Тоа начело беше спроведено со распадот на големите империи како што беше Британската империја, со што нејзините колони во Африка и Азија добија своја независност, односно беше испочитувано правото на самоопределување на народите. Со распадот на Британската империја, фактички дојде и крајот на владењето на Европа со светот ( како што претходно владела) на сцената во светот доминантни стана САД и СССР ( Русија), како што можеме да видиме од овие големи сили и денес зависи судбината на човештвото. Токму на изградбата на повоениот свет денес треба да му се стави крај, на таков начин што од светото и од човекот треба да се направи прчварија, човекот да прерасне во бројлер, послушно куче кој ќе биде управуван од рацете на моќниците.
Она што денес се случува се започна со филозофијата на Карл Попер  насловена како „ Отворено општество и неговите непријатели“ во која Попер на филозофски начин како облик на идното човеково живеење наспроти заедницата, комуната ја популаризира инвидувалноста, односно инвидудата. Па, така, денес во Западната филозофија преовладува филозофијата која се темели на следново начело: Инвидудата е све, Инвидудата е пред све; Инвидудата е над све! сега јасно ли е ! зошто луѓето кои доаѓат од Западот викат дека западот е ладен. А што може да се очекува ако некого педесет или шесет години го учите да биде инвидуален, да мисли само на себе, а не на заедницата. Како сакате тој човек да се однесува ако не како што тој денес и се однесува. Инвидуалноста е другот име за себичноста, не може да бидеш инвудалец , а да не си себичен, и обратно ако си себичен мораш да бидеш инвидуалец. Инвидуалноста и себичноста се два сијански близнаци,
Евреинот Карл Попер во својата филозофија „ Отворено општество и неговите непријатели“, отворено се залага и ги прогласува за непријатели на отвореното општество сето она што преставува заедница како што е : Бракот, семејството,  државата, нацијата, комуната,  црквата, религијата , дури и пријателството, односно другарството како заедница како што веќе гледаме почнува да изумира. Ништо не е случајно во логиката на нештата се си има своја логика, се си има свој одговор зошто нештата се случуват? зошто сега и зошто тука?
Ако погледнеме во историјата на човештвото можеме да видиме дека човекот уште од своето настанување живеел во заедница. Дури и во старата книга Библијата, стариот завет, еврејската тора или петокнижие во христијанството, на почетокот кога бог го создал Адам вели: не е добро човекот да живее сам! да му пратиме длабок сон и од неговото ребро да му создадеме сопатник, така настанал Ева, жената со која Адам требало да живее во заедница. Кодот на заедничарење, на живеење во заедница било да е тоа брак, семејство, држава или нација е уште од искона кај човекот, тоа човекот го носи во својот ген, тој код на заедничарење е длабоко втисанато во генот на човекот. Токму Карл Попер со неговата филозофија , што би рекле христијаните сака да го поништи  токму ова дело на Бог, затоа Попер можеме да го означиме како човечки Луцифер, исто како и Луцифер кои сакал да го поништи делото на Бога на небеста, така  Попер сака да го поништи неговото дело овдека на земјава.
Како главен следбеник и водач на филозофијата на Карл Попер не е никој друг туку Џорџ Сорос, затоа и неговите фондации се нарекуват „ Отворено општество“, бидејќи нивната функција е токму и тоа  да му ја пропагират  идеологијата на филозофијата на Карл Попер.
Имено, Џорџ Сорос се појавува како најголемиот подржувач и финансиер на ЛГБТ движењето, најмногу во земјите од источна и југоисточна Европа каде се појавува како борец за нивните права. Во 2006 година, Сорос се појавува како носител на законот  за брак во ЕУ парламентот со што требаше да се прогласи крај на бракот како човекова заедница, односно неговото постоење да се сведи на минимум единаесет години. Во 2008 година, Сорос  се појавува како еден од носителите  на законот со кои се  стави забрана на движењето наречено креационизам, односно учење дека Бог е создател на светото и живата материја како спротивност на еволуцијата. Во текот на 2009 година, на виделина излезе спинот со глобалното затоплување на самитот во Копенханген, Британските научници го открија спинот дека Сорос, фактички со својата машинерија го лажел светот дека на човештвото му се заканува опасност  од глобално затоплување, а целта била воведување на чудовишен закон за глобално затоплување, данок кои требало да заврши во касите на луѓето како него,  како Рокфелер и Ротшилд. Сорос отворено се залага и ги потикнува  ЛГБТ движењето во своите права за брак и посвојување на децата. Тој се појавува како организатор и подржувач речиси на сите геј паради во светот. Сорос денес стои зад движењето на педофилите  за легализација на педофилијата  со деца од дванаесет години па нагоре, со што педофилијата треба да се прогласи за нормална работа. Сорос отворено се залага за изумирање на наците и државите и претварање на човештвото во една нација, ова идеја тој ја смета за своја месијанска улога. Тоа преобликување на наците би се одвивало преку принципот на една нација, една власт, една политичка партија и една религија за сите.  Малку е познато дека еврото како валута е негово дело. Имено Вампиров Сорос слугата на Луцифер ЕУ ја гледа  како идна држава на една супер нација која според него треба да се изгради токму со мигрантскава криза, каде што мигрантите ќе се помешат со домицилното население  и токму на таков начин ќе се создаде неговата супер нација, поради тоа е и неговото големо ангажирање во поглед на бегалската криза.
Како што можеме да видиме во последниве години токму на ваквиот проект се спротиставија европските народи. Најпрво неговата родна Унгарија, Австрија, не стои добро ни во Полска, Италија зема се поголем замав под водството на Матео Салвини, Франција веќе со месеци гори, прашање е на време кога глоблистото и подржувачот на Сорос, Макрони како слива ќе падне. Нови бранови доаѓат и во самата Германија. Во Чешка Земун е во водство. Сите овие се антиглобалисти, антисоросоиди и евроскептици, што значи дека годинава на европската унија и престојат интересни избори. За ова и самиот Сорос покажа загриженост.
Во неговата колумна од 11 февруари објавена во Project Syndicate, Сорос го признава поразот на глобализамот и ЕУ, што според него значи крај  на неговата месијанска улога! Поради ваквото признание на Сорос, аналитичарот Том Лунго  многу добро заклучува дека ако треба да се одбере миг што би го означувал крајот на ЕУ, тогаш тоа е мигот кога Џорџ Сорос јавно признава дека е готово. Што не е далеку од вистината!Бидејќи со оглед на ситуацијава која преовладува во Европа и пораста на евроскптиците, антиглобласитите, навистина крајот барем на ваквата европска унија која досега ја гледавме и се ближи крај.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Friday, February 22, 2019

ПАРАДИГМАТА НА НАРОДНОТО И УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ 




Гледам и слушам од опозицискиве политичари никој од нив не нуди конкретно решение за излез на државава, дури ни преседателскиот кандидат на ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова не нуди решение за излез на Македонија од ситуацијава во која се наоѓа! како да го вратиме името, да го зачуваме идентитетот и сл.  Како да ги поништиме претходните војнохушачки меѓународни договори со кои државата капитулираше ( преспанскиот, бугарскиот, пржинскиот, рамковниот, територијалната поделба). Ме чуди како професорката по уставно право не го гледа она што македонскиот народ го гледа како единствен излез и спас а тоа е воспоставување на народно и уставотворно собрание.
 
Бидејќи на никого до сега не му текна да си постави прашање зошто како држава сме толку страшно не успешна? доволно е човек само да си ги постави следниве прашања и да побара одговор:
1. Зошто Македонија која произлезе од бившата СФРЈ е не успешна, а Словенија и Хрватска низ годините идеа напред?
2. Зошто во Македонија веќе 30 години како трае транзицијата е стравотно болна?
3. Зошто само во Македонија и Босна и Херцеговина не успева ни една реформа?
Тоа е така бидејќи триесет години едни исти луѓе не владеат во политика, во новинарство, во економија, во образование и секаде и сегде се едните исти луѓе се појавуват. Како е можно менстрим новинарите да имат еден критериум за оценување на едните кога се на власт, а друг критериум за другите кога се на власт и ако го прават истото за што претходните биле критикувани. На пример во 2001 та година кога Љубчо Георгиевски понуди да се викаме Северна Република Македонија, се разбира после средбата на тогашниот Грчки премиер Симитис, истите новинари го нападна за продажба и плачкање на држава, уште главата што не му ја скина. А денес ги гледаме тие истите новинари како молчат кога денешнив муртински изрод ја продава државата, а тие не само што молчат, туку и навиват за него. Значи една иста партија, едно исто друштво во текот на целата транзиција поставувала и судии, професори, академици, политичари, политички партии, добро знаеме дека тоа е старата црвена змија која кај народот е позната под името УДБА.
Кога никој во државава во овие 30 години не ги поставуваше горните прашања, тоа е доказ дека ние имаме трула и сервилна интелектурална, медиумска и политичка елита. Ние треба да се ослободиме од неа. Затоа бараме под хитно да се оди на народно собрание, враќање на државата на здрави основи и почнување од почеток. Враќање на државата на АСНОМСКИТЕ темели. 
Народното собрание треба да биде исто како и Мојсеј во стариот завет. Мојсеј кој 50 годин ги шуткаше евреите низ пустината за да се очисти семето и да влезе во новата држава со нови правила и нови вредности, бидејќи стално му прорекува во пустината зошто си не довел овдека да испо умреме, немаме вода, храна и сл. Така и со нас народното собрание треба да  ја има пред него истата цел да ја очисти државата, во новата македонска држава да влезат оние што се чисти без дамка на својот јазик. На удбашите и продадените души да им се одземат нивните права да бидат присутни во јавниот живот и да владеат со државата. Генералката или чистењето на Македонија треба да биде првата цел во парадигмата на нородното собрание.
Народното и уставотворното собрание ќе ги имат следниве задачи пред себе:
1. Создавање на четврта македонска република која ќе биде држава на македонскиот народ и националностите кои живеат во неа, односно враќање на АСНОМСКИТЕ принципи и АСНОМСКАТА преамбула;
2. Народното собрание ќе биде инцијатор за создавање на уставотворно собрание  кое пак ќе има задача да создаде нов устав;
3. Раскинување, односно прогласување за неважечки досегашните меѓународни договори: временската спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, бугарскиот договор, преспанскиот договор;
4. Уставно да и се даде на државата право за одземање на државјанство на категоријата граѓани кои со своите активности до сега допринеле во рушење на уставот и државата, учествувале во велепредавство и распрпдажба на националните интереси на македонскиот народ и држава. Сметаме дека тоа е најголемата казна за велепредавниците и сите учесници во овој досегашен процес на обезглавување на македонската држава и народ. Одземањето на државјанството со себе повлекува и губење на други права како што се губење на право на државна работа, право на пензија и сл.
5. Умртвување на досегашните политички партии кои во последниве 25 години, не донесоа нас како народ и држава до ова ситуација во која денес се наоѓаме. Одземање на правото на досегашните политичари кои учествува во велепредавството да продолжат и понатаму да се занимвават со политика;
6. Создавање на нови политички партии, на нови основи, со нови политики кои на меѓународната сцена ќе се залагат  за неутрален статус на Република Македонија во меѓународните односи, воена и политичка неутралност;
7. Референдумот како нов облик на демократија да стане добро утро, како главна алатка за комуникација помеѓу власта и народот;
8. Да се усвои императивен мандат за пратениците во собранието, наместо досегашниот преставнички мандат. Со императивниот амандман пратеникот ќе биде должен на секои две години да поднесува извештај за својата работа пред избирачите во својата изборна единица, исто така избирачите ќе имат право, право да го отповикат пратеникот доколку не ја извршува својата работа во согласност со уставот и законите. Досегашната пракса со преставнички мандат на пратениците едноставно покажа дека на нив никој ништо не им може, затоа и ова измена е битна. 
9. Отварање на прашањето за приватизацијата, односно плачката на државата и на сето она што беше државно кое преку ноќ стана приватно, всушност се изврши плачка преку ноќ. Тој процес треба да се отвори и да се види кој и како стигнал преку ноќ до општествениот капитал, тоа му се должи на народот и народното собрание тоа му го должи на народот. Секако одземање на секој стекнат имот на нечесен и непоштен начин.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Tuesday, February 19, 2019

СЕКОЈ САМ СИ ПРЕСУДУВА 



Тешката окупација  во која Македонија западна во последниве две години, како на површина да ги изнесе сите фекали и нечистотит кои се собрале во текот на изминативе дваесет и осум години. Ситуацијата станува јасна се гледа кој за што е?  се гледа кој мислел на Македонија како држава која ја примил во наследство од своите родители и која како таква треба да ја остават во наследство на своите деца и внуции. Се виде кој државата ја користел како власт, за лукративни цели кои гледал на државата како средство за остварување на своитге лични интереси , а не како општо јавно добро. Сето тоа стана јасно во текот на изминатава 2018 година, кога на тапет беше поставен преспанскиот договор кои има за цел промена на името и идентитетот на македонскиот народ.
Во предвецеријето на референдумот од 30.09.2018 година, можевме да видиме едно купче на ѓубретариј која се излеа пред јавноста, исто како затнатата канализација која се излева низ улиците на еден град. Излагањето на целиот тој комплот од уметници, политичари, бизнисмени во предреферендумската атмосфера во месец септември минатата година не беше случајно! се разбира за оние што знат, знат дека сите тие особи кои ни парадира „ како је лјепо сменити имена“ го правеа поради нивната вмреженост во самиот систем. Се разбира човеците се платеници на надворешниот и внатрешниот фактор кои мора да одработуват за туѓи интереси и туѓи центри на моќта.

Во саботата на 16.02.2018 година се одржа конвенцијата на ВМРО- ДПМНЕ на која се избра кандидат за избор на преседател на престојните преседателски избори. Нормален човек сметаше дека партијата која го носи националниот предзнак како „ Македонска револуционерна организација“ дека ќе ги бојкотира преседателските избори. Наместо повик за бојкот преседателот на ВМРО, Мицковски го кажа следново „ Слугите на Зоран Заев се оние кои промовират бојкот на изборите.“  и ако треба да се каже дека според сите анкетни истражувања, покажуват дека членството на ВМРО ќе бојкотира, 75% од нивниото членство е за бојкот. 
Моменталнава ситуација во ВМРО е следнава  а тоа е дека постои расчекор помеѓу раководството на партијата и неговото обично членство. Расчекор настана и на конвенцијата поради големиот број на несогласувања на делегатите поради изборот на Гордана Силјановска- Давкова за избор на кандидат за преседател на ВМРО.
Политиката на расчекор помеѓу раководството на ВМРО и неговото членство е опасна работа, поради опстанокот на една партија. Мнозинството од Македонскиот народ како и обичното членство на ВМРО повикува на бојкот на преседателските избори. Чим одреден политичар и политичка партија не ја калкулира волјата на народот, таа партија е осуден на смртт. ВМРО- ДПМНЕ во моментов покажа дека не ја почитува волјата на својот народ која го преставува.
ВМРО се лаже дека, ако го освои преседателското место дека ќе има некакво влијане или некаква власт во своите раце и денс преседателското место во државата е во рацете на нивниот преседателски кандидат Ѓорѓи Иванов, па можеме да го видиме влијанието во политиката на Иванов. Значи со освојувањето на преседателското место  во рацете на ВМРО не се добива некаква промена во државата, напротив туку се легализира Република СевернаМакедонија,  на владава на црпнатиов Заев како и на надворешниот фактор му треба признание од народот за нивнито новороденче „ Северна“ тие како и надворешниот окупатор добро знат дека без ВМРО и без волјата на народот северната им останува мртвороденче.
Одлуката на ВМРО да оди на преседателските избори а, не да го бојкотира процесот, особено со надпартиски кандидат тие сметат дека ќе го привлечат и неопределеното гласачко тело, свесно или не свесно, јас незнам! Но знам дека со ваквата одлука тие самите си пресудија, како што и секој сам си пресудува на која страна ќе биде денес или на вистинската страна која се залага за Македонија и Македонците, која признава македонски народ, која се бори против фашизамот на западна европа или на другана страна која подржува фашизам, бидејќи барањето да се избрише македонскиот народ, негирањето на неговото постоење е фашистички процес кој го спроведува така наречениот модерен западен свет.
Не се работи за омраза спрема ВМРО-ДПМНЕ, тоа што ние ќе си бојкотираме преседателски избори, сме го мразеле ВМРО, па затоа ќе бојкотираме. Ние си го носиме историското ВМРО во нашето срце, ние си ги следиме патеките на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Методија Андонов- Ченто. Честопати во текот на целава измината година се прашував како овие славни ликови и херои денес би се справувале со денешнава ситуација во која се наоѓаме, убеден сум дека и тие би бојкотирале исто како и нас, затоа и мислам дека треба да го следиме нивниот пат на вистинска борба со сите методи кои ни стојат на располагање, тоа им го должиме како наши прадедовци.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, February 10, 2019

БЕГАЛЕЦОТ ВО БУДИМПЕШТА





После експресното интервју на Тв Сител, деновиве имавме можност  да ја чуеме и прочитаме новата парадигма на поранешниот премиер на Македонија и преседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како парадигма во неколку точки која ќе значела она што тој и неговиот тим  би го направиле кога утре би се вратил тој на власт.











 Во новава парадигма на бегалецов во Будимпешта  интересни се следниве точки:
- го честита потпишувањето на протоколот за влез во НАТО;
- тој е за правичност, фер и разумен компромис со Грција;
- нова парадигма за името и идентитетот;
- консолдација и подготовка за продолжување на борбата за членство во ЕУ и НАТО;
- се залага од кога ќе станеме членка на ЕУ и НАТО да си го вратиме името со 2/3 мнозинство во парламент;
- клучно е да влеземе во ЕУ и НАТО;
- треба да се стави силен фокус на развојот на реформите на државата и општеството и развој на бизнисот и економијата.
Честитањето за влезот во НАТО како и залагањето за влез во ЕУ не е ништо ново. Тоа ни покажува дека се уште не се откажале од старата школа гледај на запад, до пена во устата им се ЕУ и НАТО, нема неутралност, нема залагање за соработка и влез во евроазиската унија, што би рекле ебате парадигмата кога нема ништо ново. Парадигмата по правило значи нешто ново ново учење, вообичајно е старата парадигма односно учење, да се замени со ново учење со нова парадигма. Ако старата парадигма била влез во НАТО и ЕУ по цена која што сите ја знаеме а, тоа е самоуништување на Македонскиот народ и држава, тогаш новата парадигма би значлеа сосема обратно Македонија и Македонскиот народ да преживеат, а тоа значи да се смени курсот на надворешната политика во поглед на ЕУ и НАТО, дали тоа ќе биде неутралност или сојузување во евроазиската унија. Ова личи на новата ера на од времето на последниве локални избори на која ни вети дека неговата партија од десно ќе прејде во центар, односно ќе постане граѓанска партија и секако ни вети брз влез во ЕУ и НАТО. Втори дел на сценариот сега почнува.
Во својата парадигма се залага за решавање на Македонското прашање и враќање на името Македонија од кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, секако со 2/3 мнозинство од пратениците во парламентот. Не знам како планира да го изведе тоа од кога ќе влеземе во евроатланските институции, бидејќи од нас се бара да се откажеме од името и идентитетот за да влеземе во овие институции, незнам како ќе ни дозволат да си вратиме се по старо, односно да си вратиме име и идентитет особено од кога си потпишал ти сам дека се откажуваш од него, ова како навремето Стојан Андов кои ни влеше да влеземе во ЕУ и НАТО па ќе си вратиме потоа  и името и идентитетот. Ова со имево и идентитетот како да е играчка, како да е пиши бриши, па така тоа лесно се враќа, особено што овие институции во кои нашиве политичари лудачки сакаме да влеземе.
Како и во интервјуто на ТВ сител, така и во новава парадигма на Груевски не можеме да видиме ни трошка од чуство за одговорност за неговата вина за ситуацијава во која денес се наоѓаме. За неговиве осум пратеници и министри кои гласа во парламентот за  промена на името и уставните измени, за диловите на Сашо Мијалков, за конструктивноста на неговата партија опопзиција која со ништо не се обиде да го спречи преспанскиот договор и уставните измени, не се извини за прифаќање на пржинскиот договор која ја доведе ситуацијава на државава  до оваква каква што денеска се наоѓа. Тој договор фактички е круна на све! све што дотогаш се правело се правело за да се дојде до ситуацијата во која денес се наоѓаме, јасно станува зашто беше дозволена шарената револуција, зошто никој за ништо не одговараше од тие кои што тогаш ја рушеа државата, со еден збор станува јасно све!
Ништо ново под сонцето! ВМРО како и бегалецот во Будимпешта сакат да ја играт играта што СДС на почетокот од своето уништување започна да ја играт. А тоа е да го пуштат другиот да ја заврши валканата работа, друг да го смени името и идентитето. Тоа СДС го направи во 1998 година кога го пушти Љубчо Георгиевски да ја изврши фингираната војна, а Бранко да си додје чист на власт! и што се случи? СДС си ја зацрта својата судбина од година во година стануваше се помртва и мртва партија. Истата игра денес ја игра и ВМРО, препуштајќи му ја валканата игра на СДС, за да Никола Груевски си дојде на чисто. Затоа и нивната надеж е странците! и двете партии се надеват дека странците ќе ги донесат и ќе ги одржат на власт. Сигурно дека дилот е створен, Црпко и компанијата да си ја завршат работата, овие да дојдат после нив на власт, али ништо да не чепкат, ништо да не променат, све да остане онака како што ќе сработата црпко и неговата компанија. Нема само да им каже дека овие од раководството на ВМРО со се бегалецов се мртв како и СДС за Македонскиот народ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...