Sunday, February 10, 2019

БЕГАЛЕЦОТ ВО БУДИМПЕШТА





После експресното интервју на Тв Сител, деновиве имавме можност  да ја чуеме и прочитаме новата парадигма на поранешниот премиер на Македонија и преседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како парадигма во неколку точки која ќе значела она што тој и неговиот тим  би го направиле кога утре би се вратил тој на власт.











 Во новава парадигма на бегалецов во Будимпешта  интересни се следниве точки:
- го честита потпишувањето на протоколот за влез во НАТО;
- тој е за правичност, фер и разумен компромис со Грција;
- нова парадигма за името и идентитетот;
- консолдација и подготовка за продолжување на борбата за членство во ЕУ и НАТО;
- се залага од кога ќе станеме членка на ЕУ и НАТО да си го вратиме името со 2/3 мнозинство во парламент;
- клучно е да влеземе во ЕУ и НАТО;
- треба да се стави силен фокус на развојот на реформите на државата и општеството и развој на бизнисот и економијата.
Честитањето за влезот во НАТО како и залагањето за влез во ЕУ не е ништо ново. Тоа ни покажува дека се уште не се откажале од старата школа гледај на запад, до пена во устата им се ЕУ и НАТО, нема неутралност, нема залагање за соработка и влез во евроазиската унија, што би рекле ебате парадигмата кога нема ништо ново. Парадигмата по правило значи нешто ново ново учење, вообичајно е старата парадигма односно учење, да се замени со ново учење со нова парадигма. Ако старата парадигма била влез во НАТО и ЕУ по цена која што сите ја знаеме а, тоа е самоуништување на Македонскиот народ и држава, тогаш новата парадигма би значлеа сосема обратно Македонија и Македонскиот народ да преживеат, а тоа значи да се смени курсот на надворешната политика во поглед на ЕУ и НАТО, дали тоа ќе биде неутралност или сојузување во евроазиската унија. Ова личи на новата ера на од времето на последниве локални избори на која ни вети дека неговата партија од десно ќе прејде во центар, односно ќе постане граѓанска партија и секако ни вети брз влез во ЕУ и НАТО. Втори дел на сценариот сега почнува.
Во својата парадигма се залага за решавање на Македонското прашање и враќање на името Македонија од кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, секако со 2/3 мнозинство од пратениците во парламентот. Не знам како планира да го изведе тоа од кога ќе влеземе во евроатланските институции, бидејќи од нас се бара да се откажеме од името и идентитетот за да влеземе во овие институции, незнам како ќе ни дозволат да си вратиме се по старо, односно да си вратиме име и идентитет особено од кога си потпишал ти сам дека се откажуваш од него, ова како навремето Стојан Андов кои ни влеше да влеземе во ЕУ и НАТО па ќе си вратиме потоа  и името и идентитетот. Ова со имево и идентитетот како да е играчка, како да е пиши бриши, па така тоа лесно се враќа, особено што овие институции во кои нашиве политичари лудачки сакаме да влеземе.
Како и во интервјуто на ТВ сител, така и во новава парадигма на Груевски не можеме да видиме ни трошка од чуство за одговорност за неговата вина за ситуацијава во која денес се наоѓаме. За неговиве осум пратеници и министри кои гласа во парламентот за  промена на името и уставните измени, за диловите на Сашо Мијалков, за конструктивноста на неговата партија опопзиција која со ништо не се обиде да го спречи преспанскиот договор и уставните измени, не се извини за прифаќање на пржинскиот договор која ја доведе ситуацијава на државава  до оваква каква што денеска се наоѓа. Тој договор фактички е круна на све! све што дотогаш се правело се правело за да се дојде до ситуацијата во која денес се наоѓаме, јасно станува зашто беше дозволена шарената револуција, зошто никој за ништо не одговараше од тие кои што тогаш ја рушеа државата, со еден збор станува јасно све!
Ништо ново под сонцето! ВМРО како и бегалецот во Будимпешта сакат да ја играт играта што СДС на почетокот од своето уништување започна да ја играт. А тоа е да го пуштат другиот да ја заврши валканата работа, друг да го смени името и идентитето. Тоа СДС го направи во 1998 година кога го пушти Љубчо Георгиевски да ја изврши фингираната војна, а Бранко да си додје чист на власт! и што се случи? СДС си ја зацрта својата судбина од година во година стануваше се помртва и мртва партија. Истата игра денес ја игра и ВМРО, препуштајќи му ја валканата игра на СДС, за да Никола Груевски си дојде на чисто. Затоа и нивната надеж е странците! и двете партии се надеват дека странците ќе ги донесат и ќе ги одржат на власт. Сигурно дека дилот е створен, Црпко и компанијата да си ја завршат работата, овие да дојдат после нив на власт, али ништо да не чепкат, ништо да не променат, све да остане онака како што ќе сработата црпко и неговата компанија. Нема само да им каже дека овие од раководството на ВМРО со се бегалецов се мртв како и СДС за Македонскиот народ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...