Tuesday, February 19, 2019

СЕКОЈ САМ СИ ПРЕСУДУВА 



Тешката окупација  во која Македонија западна во последниве две години, како на површина да ги изнесе сите фекали и нечистотит кои се собрале во текот на изминативе дваесет и осум години. Ситуацијата станува јасна се гледа кој за што е?  се гледа кој мислел на Македонија како држава која ја примил во наследство од своите родители и која како таква треба да ја остават во наследство на своите деца и внуции. Се виде кој државата ја користел како власт, за лукративни цели кои гледал на државата како средство за остварување на своитге лични интереси , а не како општо јавно добро. Сето тоа стана јасно во текот на изминатава 2018 година, кога на тапет беше поставен преспанскиот договор кои има за цел промена на името и идентитетот на македонскиот народ.
Во предвецеријето на референдумот од 30.09.2018 година, можевме да видиме едно купче на ѓубретариј која се излеа пред јавноста, исто како затнатата канализација која се излева низ улиците на еден град. Излагањето на целиот тој комплот од уметници, политичари, бизнисмени во предреферендумската атмосфера во месец септември минатата година не беше случајно! се разбира за оние што знат, знат дека сите тие особи кои ни парадира „ како је лјепо сменити имена“ го правеа поради нивната вмреженост во самиот систем. Се разбира човеците се платеници на надворешниот и внатрешниот фактор кои мора да одработуват за туѓи интереси и туѓи центри на моќта.

Во саботата на 16.02.2018 година се одржа конвенцијата на ВМРО- ДПМНЕ на која се избра кандидат за избор на преседател на престојните преседателски избори. Нормален човек сметаше дека партијата која го носи националниот предзнак како „ Македонска револуционерна организација“ дека ќе ги бојкотира преседателските избори. Наместо повик за бојкот преседателот на ВМРО, Мицковски го кажа следново „ Слугите на Зоран Заев се оние кои промовират бојкот на изборите.“  и ако треба да се каже дека според сите анкетни истражувања, покажуват дека членството на ВМРО ќе бојкотира, 75% од нивниото членство е за бојкот. 
Моменталнава ситуација во ВМРО е следнава  а тоа е дека постои расчекор помеѓу раководството на партијата и неговото обично членство. Расчекор настана и на конвенцијата поради големиот број на несогласувања на делегатите поради изборот на Гордана Силјановска- Давкова за избор на кандидат за преседател на ВМРО.
Политиката на расчекор помеѓу раководството на ВМРО и неговото членство е опасна работа, поради опстанокот на една партија. Мнозинството од Македонскиот народ како и обичното членство на ВМРО повикува на бојкот на преседателските избори. Чим одреден политичар и политичка партија не ја калкулира волјата на народот, таа партија е осуден на смртт. ВМРО- ДПМНЕ во моментов покажа дека не ја почитува волјата на својот народ која го преставува.
ВМРО се лаже дека, ако го освои преседателското место дека ќе има некакво влијане или некаква власт во своите раце и денс преседателското место во државата е во рацете на нивниот преседателски кандидат Ѓорѓи Иванов, па можеме да го видиме влијанието во политиката на Иванов. Значи со освојувањето на преседателското место  во рацете на ВМРО не се добива некаква промена во државата, напротив туку се легализира Република СевернаМакедонија,  на владава на црпнатиов Заев како и на надворешниот фактор му треба признание од народот за нивнито новороденче „ Северна“ тие како и надворешниот окупатор добро знат дека без ВМРО и без волјата на народот северната им останува мртвороденче.
Одлуката на ВМРО да оди на преседателските избори а, не да го бојкотира процесот, особено со надпартиски кандидат тие сметат дека ќе го привлечат и неопределеното гласачко тело, свесно или не свесно, јас незнам! Но знам дека со ваквата одлука тие самите си пресудија, како што и секој сам си пресудува на која страна ќе биде денес или на вистинската страна која се залага за Македонија и Македонците, која признава македонски народ, која се бори против фашизамот на западна европа или на другана страна која подржува фашизам, бидејќи барањето да се избрише македонскиот народ, негирањето на неговото постоење е фашистички процес кој го спроведува така наречениот модерен западен свет.
Не се работи за омраза спрема ВМРО-ДПМНЕ, тоа што ние ќе си бојкотираме преседателски избори, сме го мразеле ВМРО, па затоа ќе бојкотираме. Ние си го носиме историското ВМРО во нашето срце, ние си ги следиме патеките на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Методија Андонов- Ченто. Честопати во текот на целава измината година се прашував како овие славни ликови и херои денес би се справувале со денешнава ситуација во која се наоѓаме, убеден сум дека и тие би бојкотирале исто како и нас, затоа и мислам дека треба да го следиме нивниот пат на вистинска борба со сите методи кои ни стојат на располагање, тоа им го должиме како наши прадедовци.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...