Friday, February 22, 2019

ПАРАДИГМАТА НА НАРОДНОТО И УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ 




Гледам и слушам од опозицискиве политичари никој од нив не нуди конкретно решение за излез на државава, дури ни преседателскиот кандидат на ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова не нуди решение за излез на Македонија од ситуацијава во која се наоѓа! како да го вратиме името, да го зачуваме идентитетот и сл.  Како да ги поништиме претходните војнохушачки меѓународни договори со кои државата капитулираше ( преспанскиот, бугарскиот, пржинскиот, рамковниот, територијалната поделба). Ме чуди како професорката по уставно право не го гледа она што македонскиот народ го гледа како единствен излез и спас а тоа е воспоставување на народно и уставотворно собрание.
 
Бидејќи на никого до сега не му текна да си постави прашање зошто како држава сме толку страшно не успешна? доволно е човек само да си ги постави следниве прашања и да побара одговор:
1. Зошто Македонија која произлезе од бившата СФРЈ е не успешна, а Словенија и Хрватска низ годините идеа напред?
2. Зошто во Македонија веќе 30 години како трае транзицијата е стравотно болна?
3. Зошто само во Македонија и Босна и Херцеговина не успева ни една реформа?
Тоа е така бидејќи триесет години едни исти луѓе не владеат во политика, во новинарство, во економија, во образование и секаде и сегде се едните исти луѓе се појавуват. Како е можно менстрим новинарите да имат еден критериум за оценување на едните кога се на власт, а друг критериум за другите кога се на власт и ако го прават истото за што претходните биле критикувани. На пример во 2001 та година кога Љубчо Георгиевски понуди да се викаме Северна Република Македонија, се разбира после средбата на тогашниот Грчки премиер Симитис, истите новинари го нападна за продажба и плачкање на држава, уште главата што не му ја скина. А денес ги гледаме тие истите новинари како молчат кога денешнив муртински изрод ја продава државата, а тие не само што молчат, туку и навиват за него. Значи една иста партија, едно исто друштво во текот на целата транзиција поставувала и судии, професори, академици, политичари, политички партии, добро знаеме дека тоа е старата црвена змија која кај народот е позната под името УДБА.
Кога никој во државава во овие 30 години не ги поставуваше горните прашања, тоа е доказ дека ние имаме трула и сервилна интелектурална, медиумска и политичка елита. Ние треба да се ослободиме од неа. Затоа бараме под хитно да се оди на народно собрание, враќање на државата на здрави основи и почнување од почеток. Враќање на државата на АСНОМСКИТЕ темели. 
Народното собрание треба да биде исто како и Мојсеј во стариот завет. Мојсеј кој 50 годин ги шуткаше евреите низ пустината за да се очисти семето и да влезе во новата држава со нови правила и нови вредности, бидејќи стално му прорекува во пустината зошто си не довел овдека да испо умреме, немаме вода, храна и сл. Така и со нас народното собрание треба да  ја има пред него истата цел да ја очисти државата, во новата македонска држава да влезат оние што се чисти без дамка на својот јазик. На удбашите и продадените души да им се одземат нивните права да бидат присутни во јавниот живот и да владеат со државата. Генералката или чистењето на Македонија треба да биде првата цел во парадигмата на нородното собрание.
Народното и уставотворното собрание ќе ги имат следниве задачи пред себе:
1. Создавање на четврта македонска република која ќе биде држава на македонскиот народ и националностите кои живеат во неа, односно враќање на АСНОМСКИТЕ принципи и АСНОМСКАТА преамбула;
2. Народното собрание ќе биде инцијатор за создавање на уставотворно собрание  кое пак ќе има задача да создаде нов устав;
3. Раскинување, односно прогласување за неважечки досегашните меѓународни договори: временската спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, бугарскиот договор, преспанскиот договор;
4. Уставно да и се даде на државата право за одземање на државјанство на категоријата граѓани кои со своите активности до сега допринеле во рушење на уставот и државата, учествувале во велепредавство и распрпдажба на националните интереси на македонскиот народ и држава. Сметаме дека тоа е најголемата казна за велепредавниците и сите учесници во овој досегашен процес на обезглавување на македонската држава и народ. Одземањето на државјанството со себе повлекува и губење на други права како што се губење на право на државна работа, право на пензија и сл.
5. Умртвување на досегашните политички партии кои во последниве 25 години, не донесоа нас како народ и држава до ова ситуација во која денес се наоѓаме. Одземање на правото на досегашните политичари кои учествува во велепредавството да продолжат и понатаму да се занимвават со политика;
6. Создавање на нови политички партии, на нови основи, со нови политики кои на меѓународната сцена ќе се залагат  за неутрален статус на Република Македонија во меѓународните односи, воена и политичка неутралност;
7. Референдумот како нов облик на демократија да стане добро утро, како главна алатка за комуникација помеѓу власта и народот;
8. Да се усвои императивен мандат за пратениците во собранието, наместо досегашниот преставнички мандат. Со императивниот амандман пратеникот ќе биде должен на секои две години да поднесува извештај за својата работа пред избирачите во својата изборна единица, исто така избирачите ќе имат право, право да го отповикат пратеникот доколку не ја извршува својата работа во согласност со уставот и законите. Досегашната пракса со преставнички мандат на пратениците едноставно покажа дека на нив никој ништо не им може, затоа и ова измена е битна. 
9. Отварање на прашањето за приватизацијата, односно плачката на државата и на сето она што беше државно кое преку ноќ стана приватно, всушност се изврши плачка преку ноќ. Тој процес треба да се отвори и да се види кој и како стигнал преку ноќ до општествениот капитал, тоа му се должи на народот и народното собрание тоа му го должи на народот. Секако одземање на секој стекнат имот на нечесен и непоштен начин.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...