Tuesday, January 22, 2019

МАКЕДОНСКОТ ДЕЛ ОД ДЕВЕТИОТ КРУГ НА ПЕКОЛОТ



Веќе три години како што сме под фашистичка окупација од североатланскитот западен свет, да од оној  западен свет, ем цивилизиран, ем развиен, а фашистички, предаторски и окупаторски свет. Во Македнија со месеци како што се врши јавна тортура врз македонскиот народ и поедини јавни личности македонци кои на некаков начин се борат за Македонија. Така минатата недела во затвор беше претепан македонскиот херој Јане Чентов, него за жал го снајде истата судбина што го снајде и неговиот дедо Методија Андонов -Ченто. На професорката Тања Каракамишева и улета полиција, ја свика на разговор, се разбира поводот е тужбата која се спрема против ова фашистичка власт. Штабот на третата политичка партија во моминпоток и секретарот на партијата Љупчо Палевски  дваесет и четри часа го држат под полициска опсада. Во два наврати движењето бојкотирам беше спречено од страна на полицијата да протестира пред владата  и да го постави кампот Република Македонија. На движењето преродба во два наврати им беа тргната шаторите од пред собранието од страна на полицијата, од земени и фрлени во отпад.  Неколку месеци претходно и Мленко Неделковски  беше тужен и обвинуван за клевети и навреди, неговиот сајт Дудинка во два наврати беше рушен, се со се владата да го спречи јавното мислење кое е поразлично од нејзиното. значи тоа да ти било животот што ни го нудат! тоа е животот што ни го нудеа пред изборите! живот за сите. Ова повеќе личи на деветиот круг од пеколот на Данте Алигери него подобар живот, секако за нашата власт ова е подобор утро.
 

Втората работа што ме нервира е скепсата за новиот референдум што го предлага Тодор Петров, со прашањето дали сте за прифаќање на името Република Севернамакедонија? прво да се каже дека за идентитет и име на еден народ и држава не се разговара, а камоли да се преговара и на крајот да се постави името и идентитето на референдум. Не може една генерација да одлучва за идентитето  на она гренерација која претходно умрела и за она која се уште не се родила, која треба допрва да се роди. Кој ни го дава на нас тоа право како жива генерација да одлучуваме за тоа прашање?
Третата работа се престојните преседателски и парламентарни избори. Е тука имаме судир на моќта на двата центри за новиот избор на власта. Се работи за судир на Вашингтон и Брисел за избор на народната власт во севернав им!
Вашингтонскиот модел предвидува за избор на преседател да биде црпнатиов ни зоран заев, Кочо Анаѓушев да глуми нов премиер. Но на овој концепт се спротиставуват Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски за кои не се предвдени високи места во новата идна влада. 
заминувањето на заев за Германија  ни го открива концептот на СДС за престојните избори. А тоа е црпково заев да си остане премиер, бидејќи и друго не би можел да биде, а Никола Димитров да биде кандидат за преседател на СДС, она што не се знае дали Димтров би бил консензуален преседател на СДС и ДУИ.
Вториот, Бриселскиот  концепт за избор на новата влада, а кои по се изгледа е поверојатен. Се состои во тоа заев да биде преседател на државата, Христијан Мицковски да стане премиер, Шеќеринска и Димитров да бидат компензирана на друг начин. Рада да биде сместена во генесегот на НАТО преку Хенри Кисинџер, Бидејќи Рада од одамна е член на неговата тинк -тенк групата, Форин офисот, што се однесува до Никола Димитров, за него се предвидува да одлета како Амбасадор во Брисел.
Овој Бриселски концепт ни открива многу нешта, на пример: Борбата што внатре се случува во СДС помеѓу двата кланови, кланот на заев и кланот на Оливер Спасовски и Рада шеќеринска. Во Бриселскиот концепт можме да го најдеме и разбирањето за однесувањето на ВМРО, за нивната пасивност, за нивното неактивирање во поглед на зачувување на македонските национални интереси. Станува јасно зошто ВМРО, на овие преседателски избори вади кандидат како Влатко Ѓорчев, се разира за да победи против кандидатот на другата партија СДС! не е случајност, истото се случи  и во 2004 година, кога ВМРО одлучи во преседателските избори да го кандидира во преседателската трка Сашко Кедев наспроти Бранко Црвенковски, секако за да го пасивизира своето членство, дури тогаш Никола Груевски повика да се гласа за Бранко Црвенковски.
И на Крај овој концепт ни го открива заев како кандидат на СДС за престоен преседател, бидејќи овие од надвор на лејка како него кои ние во Македонија се изнаслушавме на неговите глупости како од типот „ треба да се провери да не го киднапирале“ ( мислејќи на бегството на груевски) е на таква лејка немат веќе што да и прават, каде да ја бутнат, во Брисел, НАТО или пак Вашингтон? па тој не е за овдека, а камоли за таму. Единствено решение за нив е заев да биде идниот преседател. Дури да не успее да добие победа преку избори, се планира тој да биде консезуален преседател избран со мнозинство гласови од парламентот.
значи годинава почнува Македонскиот дел од деветиот круг на пеколот на Данте Алигери, после тоа нема, бидејќи пеколот има само девет круга.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, January 5, 2019

ПРИКАЗНАТА ЗА ЛАВОТ, ТИГАРОТ, МЕЧКАТА И ВОЛКОТ



Еден ден еден циркуски аниматор трганал во потрага по животни за својот циркус. Па така, во дивината го нашол лавот. Аниматорот му плеснал две три шамарчина, го однесол во својот циркус, му удри со сајлата по газето и тогаш лавот почнал да го игра орото онака како што човекот му наредува. Ту го гледаш лавот царот на животните  како трча низ огнените кругови, водушевувајќи ја публиката која силно му ракоплеска. Ами царов на животните заборава дека тогаш круната му паѓа од главата, заборава дека на царот не му ракоплескат, туку му се поклонуват, му се ракоплеска само на дворски шут. Царов на животните големата мачка како и неговиот роднина тигарот, од цар постанува во дворски шут.

По тоа, аниматорот од кога ги суредил лавот и тигарот отишол повторно во дивнината во потрага по нови животни. И кога покрај една река ја сретнал мечката. Големата и силната мечка ја земал и ја однел во циркускиот шатор ја поставил за да луѓето и се водушевуват. И кога тапаните почнале да чукат и мечката почнала да игра, почнала да го прави она што луѓето и го наредувале, исто како лавот и тигарот. Мечката е најголем пример за дворски шут. Ту бре големата и страшна мечка, ќе ја врзат на сред село, ќе почнат да и тропат со тапаните и мечката оро ќе игра. Нели и до денес ден кај народот е позната изреката на сред село мечка оро игра. Типичен пример за дворски шут. Џабе и, е големината и силата.
На крај аниматорот во дивината го сретнал волкот длабоко во шумата на една планина. Ја зел пушката посакајќи да го улови и мислејќи дека ќе направи од него чиркуски шут. Но на тоа волкот силно се спротиставил, дури и паднала и неговата крв. Волкот одбил да послужи како дворски шут дури и по цена на својот живот. Лавот, тигарот и мечката се можеби помоќни од волкот, но за разлика од нив волкот  не игра во циркусот или на сред село, не им служи на луѓето како дворски шут за забава за да си го терат ќеифот. Туку напротив него е тешко да го уловиш, да го скротиш, а најмалку да го натераш да прави нешто што не сака. Значи здрав разум сочувал. Своите одлуки ги донесува онака како што тој сака, а не по препорака и барање на луѓето. Човечката сатанизација на волкот, пред се, се должи на приказните, бајките, басните кои авторите на волкот му дават негативна конотација како опасна и лошка ѕверка  која најчесто ги лови послабите  животни за храна. А што очкуват луѓето? зарем луѓето не ги ловат животните за да се прехранат или само тоа право и привилегија им припаѓа на нив.
Веќе кога зборуваме за волкот да направиме кратка споредба помеѓу него и човекот. За разлика од човекот, волкот остантите животни ги лови за исхрана. За разлика од него човекот ги лови покраја храна, за забава, разонода, спорт и рекреација, за правење на ташни, алати, чизми и сл. Притоа не водејќи сметка дека на тој начин го уништува синџирот на исхрана во природата, ја уништува природната рамнотежа со што го доведува во опасност опстанокот на планетата земја. Волкот за разлика од луѓето не си го јаде својот вид, не е познато волците да се јадат из меѓу себе, како што е тоа со луѓето. Длабоката историја и војните помеѓу луѓето токму спротивното го тврди. Не е познато дека волците донеле одлуки како луѓето да речеме дека од утре  ќе ги ништиме сите мачки и кучиња, па така воцчите почнале да организират логори во кои  ќе ги упикат сите кучиња и мачиња и во кои ќе им го пуштат гасот одозгора и печките одоздола или пак живи да ги стават на клада за горење. За разлика од волците човечката историја е полна со вакви примери во која луѓето си се ништеле измеѓу себе. Или не заборавајте и ова што денес нас ни се случува како Македонци кои сакат како такви да не избришат.
Кај луѓето можат да се забележат токму овие начини на однесување. Една група на луѓе се како лавот, тигарот и мечката. Стално чекат друг да им каже што треба да мислат и како треба да прават. Слушат туѓи центри, спроведуват туѓи агенди и интереси. Мислат како и лавот дека кога ќе им ракоплескат или им се насмеат од обични луѓе постанале божество, а всушност им се смеат затоа што се обични дворски шутови кои им служат токму на интересите на тие што буквално им ракоплескат и им се смеат.
Втората група на луѓе се токму волците. Ова група исто како и волците не сакат и не подлегнуват под камшикот. Спротивно од првата група на луѓе не чекат директив или наредби од страна на некој центар на моќ. Имат сопствен став и сопствено размислување. Сочувале здрав разум. Можеби ова група не е толку експлатирана во јавноста како лавот и тигарот. Можеби не се толку убави, со убаво крзно како тигарот или како лавот немат круна и крзно околу вратот и главата. Тие не се пожелни, исто како што и волкот е непожелно животно, поради што и нивниот пат е тежок за разлика од патот на останатите, бидејќи во историјата на човештвото најтежок е токму оној пат кој води до слободата и борбата до сопствено мислење и став.
Се надевам дека во новата година дека токму ќе го избереме вториот пат. Се надевам дека токму ова година ќе научиме од волците како да бидеме свои луѓе со свои ставови, мислења, со изграден светоглед и се надевам дека сатанизацијата спрема волкот ќе заврши. Волкот можеби не е моќен како лавот и тигарот, ама волкот никогаш не настапува во циркусот. Тоа е најголемата негова карактеристика што не дозволува да има улога на дворски шут. Затоа и ние луѓето да бидеме како него за да не биднеме циркуски играчи или дворски шутови.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.






Thursday, January 3, 2019



И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ИМАТ СВОЕ МЕСТО ВО ОПШТЕТСТВОТО 




Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први„, од насоката Новинарство, прва година,  уште во студенските денови сакаат да направат промена и да ја направат својата професија „седма сила“ и во Македонија, во вистинска смисла на зборот. Здружени, сите заедно беа во посета на кафулето Амбрела(Umbrella),каде работат лица со попреченост,  да им дадат подршка истовремено и да им покажат на јавноста дека има луѓе кои чекаат грам љубов и внимание. Кафулето кое се наоѓа во ГТЦ, има голема посетеност и тоа така треба и да остане.

Идните новинари беа топло пречекани од вработените, а со еден од келнерите, Светомир Герасимовски, имаа можност да разговараат и фотографираат за спомен. Разговорот не траеше долго, но еве дел од него:
-Како се чуствувате на работа?
-Моментално на работа се чуствувам одлично. Со колегите имам добра комуникација.
-Колку часа работите дневно?
-Дневно работиме по шест ипол часа, прва смена од 8-15 часот, а втора од 15-21 часот.
-Дали се заморувате на работа?
-Не, бидејќи работиме по 5-10 келнери во една смена. Кога имаме прослави, забави и слично работиме и по повеќе.Сите сме координарани и не се заморувам.
-Дали ви причинува задоволство укажаната прилика за да работите и да сте дел до ова опшество?
-Да, секако дека ми причинува задоволство.
-Дали мислите дека може да работите на други работни места.
-Да, мислам дека можам да работам на друго работно место. На моето прво работно место, во маркет, исто така бев добро прифатен од колегите.
-Каков ви е односот со вашиот претпоставен?
-Уште првиот ден се запознав со газдите и се е коректно.
-Како сте задоволни од односот на гостите спрема вас?
-Презадоволен сум, бидејќи и гостите не прифатија.
-Дали треба да се отворат и други работни места каде што ќе работат луѓе со посебни потреби?
-Секако дека да, треба да се отворат повеќе такви работни места.
Студентите со јак мотив да ја подигнат свеста на опшеството за луѓето со посебни потреби и да ја добијат позицијата во опшетвото која си ја заслужуваат. Секако тие нема да застанат  тука. Очекувањата се големи, се надеваат на подршка и најважно резултат од сработеното.

Група студенти по новинарство од прва година на Правнииот факултет Јустијан прима.


АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...