Thursday, January 3, 2019



И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ИМАТ СВОЕ МЕСТО ВО ОПШТЕТСТВОТО 




Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први„, од насоката Новинарство, прва година,  уште во студенските денови сакаат да направат промена и да ја направат својата професија „седма сила“ и во Македонија, во вистинска смисла на зборот. Здружени, сите заедно беа во посета на кафулето Амбрела(Umbrella),каде работат лица со попреченост,  да им дадат подршка истовремено и да им покажат на јавноста дека има луѓе кои чекаат грам љубов и внимание. Кафулето кое се наоѓа во ГТЦ, има голема посетеност и тоа така треба и да остане.

Идните новинари беа топло пречекани од вработените, а со еден од келнерите, Светомир Герасимовски, имаа можност да разговараат и фотографираат за спомен. Разговорот не траеше долго, но еве дел од него:
-Како се чуствувате на работа?
-Моментално на работа се чуствувам одлично. Со колегите имам добра комуникација.
-Колку часа работите дневно?
-Дневно работиме по шест ипол часа, прва смена од 8-15 часот, а втора од 15-21 часот.
-Дали се заморувате на работа?
-Не, бидејќи работиме по 5-10 келнери во една смена. Кога имаме прослави, забави и слично работиме и по повеќе.Сите сме координарани и не се заморувам.
-Дали ви причинува задоволство укажаната прилика за да работите и да сте дел до ова опшество?
-Да, секако дека ми причинува задоволство.
-Дали мислите дека може да работите на други работни места.
-Да, мислам дека можам да работам на друго работно место. На моето прво работно место, во маркет, исто така бев добро прифатен од колегите.
-Каков ви е односот со вашиот претпоставен?
-Уште првиот ден се запознав со газдите и се е коректно.
-Како сте задоволни од односот на гостите спрема вас?
-Презадоволен сум, бидејќи и гостите не прифатија.
-Дали треба да се отворат и други работни места каде што ќе работат луѓе со посебни потреби?
-Секако дека да, треба да се отворат повеќе такви работни места.
Студентите со јак мотив да ја подигнат свеста на опшеството за луѓето со посебни потреби и да ја добијат позицијата во опшетвото која си ја заслужуваат. Секако тие нема да застанат  тука. Очекувањата се големи, се надеваат на подршка и најважно резултат од сработеното.

Група студенти по новинарство од прва година на Правнииот факултет Јустијан прима.


No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...