Веќе три години како што сме под фашистичка окупација од североатланскитот западен свет, да од оној западен свет, ем цивилизиран, ем развиен, а фашистички, предаторски и окупаторски свет. Во Македнија со месеци како што се врши јавна тортура врз македонскиот народ и поедини јавни личности македонци кои на некаков начин се борат за Македонија. Така минатата недела во затвор беше претепан македонскиот херој Јане Чентов, него за жал го снајде истата судбина што го снајде и неговиот дедо Методија Андонов -Ченто. На професорката Тања Каракамишева и улета полиција, ја свика на разговор, се разбира поводот е тужбата која се спрема против ова фашистичка власт. Штабот на третата политичка партија во моминпоток и секретарот на партијата Љупчо Палевски дваесет и четри часа го држат под полициска опсада. Во два наврати движењето бојкотирам беше спречено од страна на полицијата да протестира пред владата и да го постави кампот Република Македонија. На движењето преродба во два наврати им беа тргната шаторите од пред собранието од страна на полицијата, од земени и фрлени во отпад. Неколку месеци претходно и Мленко Неделковски беше тужен и обвинуван за клевети и навреди, неговиот сајт Дудинка во два наврати беше рушен, се со се владата да го спречи јавното мислење кое е поразлично од нејзиното. значи тоа да ти било животот што ни го нудат! тоа е животот што ни го нудеа пред изборите! живот за сите. Ова повеќе личи на деветиот круг од пеколот на Данте Алигери него подобар живот, секако за нашата власт ова е подобор утро.
Втората работа што ме нервира е скепсата за новиот референдум што го предлага Тодор Петров, со прашањето дали сте за прифаќање на името Република Севернамакедонија? прво да се каже дека за идентитет и име на еден народ и држава не се разговара, а камоли да се преговара и на крајот да се постави името и идентитето на референдум. Не може една генерација да одлучва за идентитето на она гренерација која претходно умрела и за она која се уште не се родила, која треба допрва да се роди. Кој ни го дава на нас тоа право како жива генерација да одлучуваме за тоа прашање?
Третата работа се престојните преседателски и парламентарни избори. Е тука имаме судир на моќта на двата центри за новиот избор на власта. Се работи за судир на Вашингтон и Брисел за избор на народната власт во севернав им!
Вашингтонскиот модел предвидува за избор на преседател да биде црпнатиов ни зоран заев, Кочо Анаѓушев да глуми нов премиер. Но на овој концепт се спротиставуват Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски за кои не се предвдени високи места во новата идна влада.
заминувањето на заев за Германија ни го открива концептот на СДС за престојните избори. А тоа е црпково заев да си остане премиер, бидејќи и друго не би можел да биде, а Никола Димитров да биде кандидат за преседател на СДС, она што не се знае дали Димтров би бил консензуален преседател на СДС и ДУИ.
Вториот, Бриселскиот концепт за избор на новата влада, а кои по се изгледа е поверојатен. Се состои во тоа заев да биде преседател на државата, Христијан Мицковски да стане премиер, Шеќеринска и Димитров да бидат компензирана на друг начин. Рада да биде сместена во генесегот на НАТО преку Хенри Кисинџер, Бидејќи Рада од одамна е член на неговата тинк -тенк групата, Форин офисот, што се однесува до Никола Димитров, за него се предвидува да одлета како Амбасадор во Брисел.
Овој Бриселски концепт ни открива многу нешта, на пример: Борбата што внатре се случува во СДС помеѓу двата кланови, кланот на заев и кланот на Оливер Спасовски и Рада шеќеринска. Во Бриселскиот концепт можме да го најдеме и разбирањето за однесувањето на ВМРО, за нивната пасивност, за нивното неактивирање во поглед на зачувување на македонските национални интереси. Станува јасно зошто ВМРО, на овие преседателски избори вади кандидат како Влатко Ѓорчев, се разира за да победи против кандидатот на другата партија СДС! не е случајност, истото се случи и во 2004 година, кога ВМРО одлучи во преседателските избори да го кандидира во преседателската трка Сашко Кедев наспроти Бранко Црвенковски, секако за да го пасивизира своето членство, дури тогаш Никола Груевски повика да се гласа за Бранко Црвенковски.
И на Крај овој концепт ни го открива заев како кандидат на СДС за престоен преседател, бидејќи овие од надвор на лејка како него кои ние во Македонија се изнаслушавме на неговите глупости како од типот „ треба да се провери да не го киднапирале“ ( мислејќи на бегството на груевски) е на таква лејка немат веќе што да и прават, каде да ја бутнат, во Брисел, НАТО или пак Вашингтон? па тој не е за овдека, а камоли за таму. Единствено решение за нив е заев да биде идниот преседател. Дури да не успее да добие победа преку избори, се планира тој да биде консезуален преседател избран со мнозинство гласови од парламентот.
значи годинава почнува Македонскиот дел од деветиот круг на пеколот на Данте Алигери, после тоа нема, бидејќи пеколот има само девет круга.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment