Еден ден еден циркуски аниматор трганал во потрага по животни за својот циркус. Па така, во дивината го нашол лавот. Аниматорот му плеснал две три шамарчина, го однесол во својот циркус, му удри со сајлата по газето и тогаш лавот почнал да го игра орото онака како што човекот му наредува. Ту го гледаш лавот царот на животните како трча низ огнените кругови, водушевувајќи ја публиката која силно му ракоплеска. Ами царов на животните заборава дека тогаш круната му паѓа од главата, заборава дека на царот не му ракоплескат, туку му се поклонуват, му се ракоплеска само на дворски шут. Царов на животните големата мачка како и неговиот роднина тигарот, од цар постанува во дворски шут.
По тоа, аниматорот од кога ги суредил лавот и тигарот отишол повторно во дивнината во потрага по нови животни. И кога покрај една река ја сретнал мечката. Големата и силната мечка ја земал и ја однел во циркускиот шатор ја поставил за да луѓето и се водушевуват. И кога тапаните почнале да чукат и мечката почнала да игра, почнала да го прави она што луѓето и го наредувале, исто како лавот и тигарот. Мечката е најголем пример за дворски шут. Ту бре големата и страшна мечка, ќе ја врзат на сред село, ќе почнат да и тропат со тапаните и мечката оро ќе игра. Нели и до денес ден кај народот е позната изреката на сред село мечка оро игра. Типичен пример за дворски шут. Џабе и, е големината и силата.
На крај аниматорот во дивината го сретнал волкот длабоко во шумата на една планина. Ја зел пушката посакајќи да го улови и мислејќи дека ќе направи од него чиркуски шут. Но на тоа волкот силно се спротиставил, дури и паднала и неговата крв. Волкот одбил да послужи како дворски шут дури и по цена на својот живот. Лавот, тигарот и мечката се можеби помоќни од волкот, но за разлика од нив волкот не игра во циркусот или на сред село, не им служи на луѓето како дворски шут за забава за да си го терат ќеифот. Туку напротив него е тешко да го уловиш, да го скротиш, а најмалку да го натераш да прави нешто што не сака. Значи здрав разум сочувал. Своите одлуки ги донесува онака како што тој сака, а не по препорака и барање на луѓето. Човечката сатанизација на волкот, пред се, се должи на приказните, бајките, басните кои авторите на волкот му дават негативна конотација како опасна и лошка ѕверка која најчесто ги лови послабите животни за храна. А што очкуват луѓето? зарем луѓето не ги ловат животните за да се прехранат или само тоа право и привилегија им припаѓа на нив.
Веќе кога зборуваме за волкот да направиме кратка споредба помеѓу него и човекот. За разлика од човекот, волкот остантите животни ги лови за исхрана. За разлика од него човекот ги лови покраја храна, за забава, разонода, спорт и рекреација, за правење на ташни, алати, чизми и сл. Притоа не водејќи сметка дека на тој начин го уништува синџирот на исхрана во природата, ја уништува природната рамнотежа со што го доведува во опасност опстанокот на планетата земја. Волкот за разлика од луѓето не си го јаде својот вид, не е познато волците да се јадат из меѓу себе, како што е тоа со луѓето. Длабоката историја и војните помеѓу луѓето токму спротивното го тврди. Не е познато дека волците донеле одлуки како луѓето да речеме дека од утре ќе ги ништиме сите мачки и кучиња, па така воцчите почнале да организират логори во кои ќе ги упикат сите кучиња и мачиња и во кои ќе им го пуштат гасот одозгора и печките одоздола или пак живи да ги стават на клада за горење. За разлика од волците човечката историја е полна со вакви примери во која луѓето си се ништеле измеѓу себе. Или не заборавајте и ова што денес нас ни се случува како Македонци кои сакат како такви да не избришат.
Кај луѓето можат да се забележат токму овие начини на однесување. Една група на луѓе се како лавот, тигарот и мечката. Стално чекат друг да им каже што треба да мислат и како треба да прават. Слушат туѓи центри, спроведуват туѓи агенди и интереси. Мислат како и лавот дека кога ќе им ракоплескат или им се насмеат од обични луѓе постанале божество, а всушност им се смеат затоа што се обични дворски шутови кои им служат токму на интересите на тие што буквално им ракоплескат и им се смеат.
Втората група на луѓе се токму волците. Ова група исто како и волците не сакат и не подлегнуват под камшикот. Спротивно од првата група на луѓе не чекат директив или наредби од страна на некој центар на моќ. Имат сопствен став и сопствено размислување. Сочувале здрав разум. Можеби ова група не е толку експлатирана во јавноста како лавот и тигарот. Можеби не се толку убави, со убаво крзно како тигарот или како лавот немат круна и крзно околу вратот и главата. Тие не се пожелни, исто како што и волкот е непожелно животно, поради што и нивниот пат е тежок за разлика од патот на останатите, бидејќи во историјата на човештвото најтежок е токму оној пат кој води до слободата и борбата до сопствено мислење и став.
Се надевам дека во новата година дека токму ќе го избереме вториот пат. Се надевам дека токму ова година ќе научиме од волците како да бидеме свои луѓе со свои ставови, мислења, со изграден светоглед и се надевам дека сатанизацијата спрема волкот ќе заврши. Волкот можеби не е моќен како лавот и тигарот, ама волкот никогаш не настапува во циркусот. Тоа е најголемата негова карактеристика што не дозволува да има улога на дворски шут. Затоа и ние луѓето да бидеме како него за да не биднеме циркуски играчи или дворски шутови.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment