ШУ ПРАИШ БРИСЕЛУ
По се изгледа дека 2018 година ќе остане запаметена во историјата на Македонскиот народ како најтешка година од својата независност. Пред 100 години во 1918 година се правеше Версајскиот мировен договор со кои се воспоставија денешните гранции на Европа и се воспостави денешниот политички поредок. На тој Версајски собир, Македонија и Македонците не беа признаени за посебна нација и држава, туку беа сместени како јужна Србија и Србии. Така и денес може да се види дека политиката на Европа не се сменила, и до денешен ден Брисел си ја води својата иста агенда како и во минатото, целта им е да го уништат Македонскиот народ еднаш засекогаш.
Ги гледам настаните и случувањата во Македонија и околината, на Балканов и не можам да се изначудам, затоа и прашувам јавно шу праиш Бриселу? зошто сега наеднаш ги отвараш сите Балкански прашања? зошто во исто време се отвори прашањето за Косово со Македонија? најверојатно во истово време ке ја отворат и Босна и Херцеговина за решавање. Зошто сега сите во пакет не ставивте за решавање? зарем на некого во Дипстејтот му требат политички поени? па се решил на Балканов пак да смрлја, секако дека овдека им е најлесно.
Ги гледам Албанците во Македонија како сите навиени како попови си ја пеат песната или да го смениме името Македонија, односно да прифатиме да се викаме Севернамакедонија или тие Албанците ќе се отцепеле од Македонија. Е сега те прашувам Бриселу тоа ли ќе биде уцената за референдумот на 30 септември да биде успешен и да прифатиме промена на името, со тоа ли ќе не уценувате?
Решавањето на Балканскиот јазол Брисел решил да го отвори, па така го отворија и Косовското прашање. Александар вучиќ се согласи на разграничување на Косово и Србија, со истиот став на Вучиќ се согласи и Ивица Дачиќ. Прашањето ми е Бриселу на чија сметка ќе се одвива разграничувањето на Косово и Србија, на сметка на сосединве држави.
Зарем не сваќате дека отварањето на прашањето за прекројување на границите на Балканов може да предизвика отварање на Пандорината кутија за целиот Балкан, од која Европа ни најмногу ќе пострада.
Накратко речено овој процес на разграничување на Косово и Србија го погаѓа целиот регион. Македонија, БиХ, па и самата Србија која покрај Косовскиот проблем ги има Војводина и Санџак, особено е опасна Војводина во која делови од своите народи имат соседините држави: Унгарија, Романија, Хрватска. Отварањето и потпалувањето на Војводина ќе значи воведување во конфликт на овие соседни држави на Србија.
Да одиме и понатаму да не се прават мутави господата во Брисел, тие добро знат дека со истиот проблем не се соочува само Балаканот, туку и остатокот од Европа.
Не заборавај Бриселу кога станува збор за отцепување и менување на границите и целата Европа си го има тој проблем, па така: Каталонија сака да се отцепи од Шпанија, Шкотска сака да излезе од Британија, за Британија најубаво ќе биде да ја поделиме на неколку државички: Англија, Велс, Јорк, Шкотска и Северна Ирска, Значи од една држава ќе направиме нови пет држави. Баварија сака да се отцепи од Германија, што си мисли Ангела Меркел дека во нејзиниот двор не може да се случи такво нешто а? еднаш ги смирија Баварците, но тоа може повторно да се повтори. Италија во моментов е ранлива, што е можна нејзина поделба на три дела. На крај Бриселу и пред твојата порта се случува истото, не заборавај дека Белгија ти е во иста ситуација како нашава Босна и Херцеговина, па ако таа може да се подели на три дела, би можело истото сценарио и во твојот двор да го видиме.
Така да си знаш Бриселу! чим го слушаш твојот Лондон сити, чим почнуваш да ги отвараш прашањата за границите на Балканските земји и тоа го користиш како уцена за Македонскиот народ за да го прифати името Севернамакедонија за да се избришеме како народ за векови. Но една работа треба да знаеш дека истото и на тебе ќе ти се врати еден ден. Затоа пуштија бомбава, па таа ќе земе замав и ќе ја опфати целата територија на Европа, и од која најмногу ти ќе пострадаш. Така тие тоа кога го слушаш Лондон сити, кој има најмногу интерес за една ваква операција на Балканов, и се е тоа во функција за да се врати поразената сила во Стејдепартменот.
За на крај Бриселу, Светот денеска во 2018 година, не е ист со оној од 1918 година, или со оној од 1991, 1995, 1998-1999, 2000-2001 година, сега има многу повеќе проблеми и земји кои ќе кажат стоп! шу праиш Брислу? А богами веќе и Европските народи не се оние истите како и од минатото.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment