Пројдоа неколку дена од фамозното интервју на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дадено за тв сител. Се исчитавме и на негативни и позитивни критики. Моите импреси од Лидеров на нашата најголема национална партија која денес самата по сопствена вина се наоѓа во опозиција, за мене во општо не е позитивен.
Затоа да си прашам има ли капетан на кoрмилото на ВМРО-ДПМНЕ? ако има, има ли тој муда за да биде маж, бидејќи актуелниов лидер на ВМРО, не докажа до сега муда за да биде маж. Што е ова бре човеци? веќе триесетина години како што чекам да се појави некој маж со муда кој ќе поведе народ, ами тој маж никако да се појави.
Имено, Мицковски во интервјуто за Тв сител ни кажа дека мала група на луѓе кои ќе гласат за се во рамките на статистичка грешка, потоа има едно гласно малцинство, што се луѓе кои имат поизразен патриотски набој, но кои во моментот контаминират, потоа трета група на луѓе кои се тивко мнозинство кои поради разновидниот бизнис или работат во јавна адмнинистрација, според негово мислење се до 30-ти септември ќе биде тивко.
Имено, првата група кој тој ја нарекува контаминирана со различни групи и групации кои демек сакале да соберат политички поени, пуни со фекали кои ја заматиле чистата и бистрата вода. Можам да се согласам со Мицковски за Бачев или Петровски, за останатите прозвани ( Грчева, Палевски, Олумчев, Бибикова и др) воопште не се согласувам дека сакат нешто да искористат. Втора работа ако е точно тврдењето на Мицковски, тогаш се поставува зошто бистрата вода се загадила со најразлични фекали? зошто чистата и бистрата вода станала матна? зошто ВМРО го дозволи тоа, зошто ВМРО не излезе заедно со народот, па можеби чистата и бистра вода немаше да биде загадена со најразлични фекали.
Друга работа што Мицковски не ни ја кажува, а што е со загадената Вмровска вода, со што е загадена бистрата и чиста Вмровска вода? нели они се без влакна во носот. Зошто ВМРО се уште молчи? Уште нечувме дали ќе го бојкотират референдумот, се чека 10-ти септември да дојде, времето на зимниците.
Ех, Мицковски па не ти треба 10-ти септември,ВМРО веќе година ипол дена како требаше да бојкотира и да го напушти собранието, а за тоа имаше доста причини: кражбата на изборите, нелегитимна изборна власт,Тиранската платформа, законот за јазиците, Бугарскиот договор, Договорот со Грција и други работи. Со останувањето на пратениците на ВМРО во собранието и нивното однесување ја признават владата на Заев како легитимна.
Прашањето зошто ВМРО не бојкотира и не го напушти Собранието до сега, за кои имаше како што напоменавме погоре големи причини. Дали е тоа поради загаденоста на бистрата Вмровска вода која е пуна со најразлични фекали? јас лично како член на ВМРО не знам! но работава ми личи како ВМРО да е ученета од некого да не бојкотира или да го подржи референдумот.
Вели дека тоа им било тактика за да не се налутиле нашите европски партнери, па Мицковски ако не знаеш или ако не си чул или видел, благодарение на нашите европски партнери стигнавме до ова ситуација во која денес ние се наоѓаме. Прво, тие не се наши партнери, партнерите не можат да се барат да се преименуваме, да исчезнеме како нација , што значи дека тие не се воопште добро намерни спрема нас.
За крај гледаме дека како во ВМРО да почнува да настанува некој расцеп и несогласување, гледаме дека општинските комитети на ВМРО во Охрид и Струга ќе бојкотираат. Антонио Милошевски исто така со документ во Собрание поднесе дека ќе бојкотира, значи не само расцеп дека има, туку и дека Вмровската бистра и чиста вода сепак е загадена со најразлични фекалии.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment