На осми септември годинава Македонија
полни 28 години од својата независност.
очигледно е дека во деведесетите години во Македонија се
кристијализира две опции за независност
и за сојуз на југословенски држави, но ако се погледнат фактите и добро се
проанализира ситуацијата може да се види дека единствен субјект во целата наша
приказна кој застана зад независна и самостојна Македонија е народот кој 96% од
него на референдум кажа дека е за независна и самостојна Македонија.
Независноста на Македонија беше големо изненадување за надворешниот фактор.
бидејќи тогашниот надворешен фактор сметаше дека од распадот на СФРЈ како
независни ќе бидат само Словенија и Хрватска, останатите Македонија, БиХ и црна
гора ќе влезат во една заедница со Србија како нејзини делови. тоа најубаво
можеше да се види од платформата Глигоров-Изетбеговиќ која најде на голема
подршка од тогашаната ЕЕЗ.ЕЕЗ го подржа овој план од кога виде дека Македонија
и БиХ ќе прогласат независност и самостојност. а и целата платформа
кореспондираше со нивните интереси , хрватска и словенија да станат независни
држави кој би биле слабо поврзани со
остатокот од југославија, а Македонија, БиХ и Црна Гора да останат во некаква
заедница што беше предвидено со платформата.
ЕЕЗ во 1991 година во Брисел се обиде да го спречи одвојувањето на
Македонија од југославија со донесувањето на декларацијата за југославија,
побара тримесечен мониториум за сецесијата со цел да се најде мирно решение и договор помеѓу републиките, надевајќи се
дека Македонија ќе се покае за својата сеционистичка одлука. и по 25 години
Македонија остана непризнаена држава од ЕУ, тој факт потврдува дека Македонија е вишок држава и дека при
распадот на СФРЈ како и БиХ не беше планирана. Ако рековме дека народот бил за
независна самостојана и суверена Македонија со што на референдум граѓаните го
потврдија тоа. нашите политичари не го делеа истиот став како и својот народ.
Тогашната политичка партија која беше на власт СКМ-ПДП беше тотално
деорентирана и безреална понуда. за разлика од политиките на Словенија и
Хрватска. СКМ-ПДП излезе со тезата дека за решение на идниот статус на
Македонија се за југословенска федерација,
ако не е можно федерација тогаш сме за конфедерација, на крај ако не може
федерација ниту конфедерација тогаш сме за независност. три политички програми
нудени како една иста политичка програма, тоатална дезорентација. имено истата
политичка партија се до 1995 година , веруваше дека југославија ќе се обнови во
некаква форма. Дека СКМ-ПДП денес СДСМ
шоковито ја доживеа независноста на македонија говорат и следниве факти. Вечерта
кога ја славевме победата и
независноста на плоштадот, единствен
политичар од бившиот СКМ-ПДП Киро Глигоров
беше единствен кој присуствуваше, таму го немаше Бранко Црвенковски, Стојан
Андов, Перо Гошев. Бранко Црвенковски кој се прогласи за државотворец не сакаше во собрание да стане на
македонската химна. истата партија во 1993 година водеше преговори заедно со
Борис Вукобратов за обновување на
југославија во некаква нова форма повторно под покровителство на надворешниот
фактор. и ова партија замислете се прогласи за држвотоворна партија и
единствен, а сите останати што не се согласуват со неа се терористи.
Втората партија ВМРО-ДПМНЕ и ако млако ја пласираше тезата за независност на Македонија, сепак на крајот
Љупчо Георгиевски се согласи за конфедерација, бидејќи народот ни бил
србомански и ќе се определел за Југославија. имено Љупчо Георгиевски уште во
1991 година, после неговата посета на нашата дијаспора во Америка, ја извади
тезата дека постојат Македонци-Срби, Македонци-Бугари, Македонци-Грци,
Македонци-Албанци, Македонци нема. имено треба да се каже дека истата теза ја
застапуваше и Љубомир Данилов Фрчковски во која неговите предолози за
идентификување на Македонската нација биле означени како Славомакедонци или
Македонци-словени. значи и двете партии исто мислеле.
Во 1998 година после победата на ВМРО, георгиевски, трајковски , тупурковски
кои беа марионети на надворешниот фактор беа промовирани како нов бран на политичари и
токму тогаш Македонија во трговскиот регистар на ЕУ беше спуштена од држава во
збир на територија, тоа пак отвори инцијатива за воен конфликт, односно
фингирана војна искреирана од надворешниот фактор, со помош на тогашната наша
опозицијаСДСМ. со тоа се разгради Македонската држава, а денес истите тие
потпишувачи на рамковниот договор себе
си се прогласуват за државотворци и државотоворни партии. со теритиријалната
подела во 2004 година Македонија
продолжи да се разградува како држва, а на власт беше државотворната партија
заедно со државотворецот.
И по 28 години независност може да се види све! сега може да видиме зашто
наместо образовани луѓе имаме читачи на туѓи мисли и дела, послушници на
центрите на моќта и разни чадори ( Вашингтон, Брисел Белград, Москава, Атина)
уште од времето на социјализамот е така.
здравството е целосна катастрофа веќе 20 години наполнето со нестручни и
некомпентентни здравствени работници и јавната администрација ние преполна со
членски книшки од сите три страни ( ВМРО,СДСМ, ДУИ). а политичарите ни стана
вркушка и слуги на западот и амбасадорите, послушници на туѓи интереси. ќе ги
свикат во амбасадите, ќе им ги истегнат ушите, ќе им врзат неколку шамарчиња,
ќе им ја откријат точката на топење и тие стануват брашно кое може да се меси.
Гледавме како господинот Зоран Заев лидерот
за да дојдеше на власт мора да го моли чичко Бејли на помош.
Во ништо не се разликува Никола Груевски кои се согласи со сите барања на
Џејс Бејли како посредник на опозицијата, Груевски доброволно се отажа од
својата позиција како премиер, значи доброволно се откажа од политиката. Ова е
најголемиот резултат од нашата политика во овие 25 години. да имаме банана
политичари, потрчковци на туѓи интереси, слуги на странски амбасадори. наместо да имаме Давид, Че гевара или черчил.
а голијат го имаме дваесет годиниа, али
го нема давид.
Денес во 2018 година можеме да видиме дека истите оние ликови кои на
почетокот на нашата независност беа уплашени и против независноста, истите тие
денес се грбачат да и го свиткат рбетот со тоа што ќе и го сменат името и
идентитетот, ќе ја распродата државата и нјезината историја, ќе ја направат
прчвара за да му служи на странскиот фактор. Истите тие ликови си ја
продолжуват својата мисија која ја започна уште од независноста.
Значи сега знаеме, зошто сме денес дојдени до ова дереџе , нездравата
политика од независноста и сите последици кои трпиме до ден денес се должи на
тогашната политика. има една интересна работа од почетокот на 90-тите години,
низ текстовите од тогашните весници и списанија нашите познати интелектуалци и
професори зборува и пишува, ако бираме помеѓу Белград и Софија, ние ќе го
избереме Белград. значи не постоеше чисто македонска позиција, и многу од тие
интелектуалци и денес Скопје не го избра за своја позиција. а тоа беа оние што
ја граде политиката на почетокот на нашата независност. А може ли човекот кој е
неосвестен, кој нема престава за себе, кој не знае од каде е што е, што бил,
каде бил во минатото? таков човек не
може ни да го гради својот живот а камоли да ја исплнира својата визија за иднината.
така е и со државата како може да има иднина и визија за себе ако не е
национално освестена, нема престава за своето минато, за своите грешки и
придобивки од минатото, за тоа не можеме да изгрдиме политика а со тоа и
иднина.
No comments:
Post a Comment