Friday, March 27, 2020

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТ




Светот од почетокот на пандемијата со корона вирусот и овој од после пандемијата што допрва се очекува да настапи веќе не е ист! Кој виде виде! Кој разбра разбра дека корона пандемијата направи пресвртница во геополитиката и геостратешката игра во светски рамки.
 Image result for мишко ливрински
Не знам дали некоја од вас ја виде таа слика, но јас многу добро видов што се случи? Што всушност се случи? Тоа што светот го очекуваше! Промени во моќта и силата на светската политичка сцена. Западниот систем на чело со Америка тотално крахира и, е во фаза на распад, а на негово место дојде нова империјална сила Кина. Од сега новиот хегмон, односно новиот господар на светската политичка сцена е Кина.
Токму операцијата Ковид  ја направи Кина да стане светски господар.  Во текот на кризата, акциите на кинеските фирми падна, милајрдерите од запада и САД ги продадоа, кинезите си ги откупија акците, така што денес единствен сопственки  на кинеската економија е Кина. Сите Кинези сега се на работа на рестартирање  на фирмите и отварат  нови во целиот свет. Во Кина, кинеската економија почнува да доживува голем екомомски бум. 
Не знам кој ја смисли операцијава ковид 19 , дали самите кинези или некој друг.  Но знам едно дека операцијава ковид 19, одлично им дојде во прилог да го завземат хегмонистичкото и господарското место  на светската политичка сцена.
А западот ! Западот и Америка се најдоа, тотално не спремни, нив целосно кризата ги разниша. Токму тој факт е што ме тера да мислам дека операцијава ковид 19 беше смислена од Кинезите, ако беше од западот  сигурно дека тие како нејзини производители ќе ги има механизмите за да се одбранат од неа. А го гледаме токму спротивното западот стана колатрална штета од ковидот 19, со тоа што либералниот капитализам е веќе мртов.
Денес можеме да видиме како во Америка довчерашните либерални капиталисти кои се залага за пазарни слободи и немешање на државата во пазарните механизми и приватната економија. Денес истите тие либерални капиталисти навиват што повеќе државата да ги помага приватните фирми и економијата. Она што некогаш било рецидив, тоталитаризам, мешање на државата во приватноста, денес токму истот се бара за спас на економијата.Токму тој факт укажува дека либералниот капитализам е веќе мртов. Американскиот конгрес изгласа пакет мерки за спас на американската екомомија кои Трамп треба да ги потпише и одобри. Тоа вие класичен пример на деградација  на основите на кои почива либералниот капитализам, но истовремено значи враќање на класичниот државен капитализам каде што државата имаше поголема интервенција и улога во креирање на економијата.
На почетокот во 19 век, кога се воспостави капиталистичкиот систем, постоеше државно- капиталистички систем каде што државата имаше поголема улога и интервенција во економијата и државата. Таквиот систем беше повторно вратен после втората светска војна. Имено, тогаш државата  и на запад и на исток  имаше поголема улога во економските текови на државата, можеби и тоа е фактот зошто педесетите и шесетите години беа нарекувани златни години. И тоа траеше до седумдесетите години кога на сцена започна либералниот капитализам и неолиберализамот кој траеше до пред некое време. Кризата која настапи го разголи либералниот капитализам, но и покажа дека без интервенција и улога на државата не е можно. Што во едно значи крај на глобализацијата и повторно враќање  на државата на пиедесталот како единствен чувар на општото добро на народите.
Над сето ова Кина испадна и најголем хуманитарец и филантроп, им понуди им даде помош на западните земји кои ја побара. Со тоа западот стана целосно зависен од Кина. И на тој начин Кина стана во моментов единствен светски господар! Сега светот стои во рацете на Кина. Ние што пратиме интернет знаеме колку во последните години кинеската технологија има напреднато што и западот не може веќе да ја достигне тоа ја прави Кина голема од што светот во иднина ќе зависи од неа. И не само тоа уште пред осум години Кина го доби столчето во ММФ и Светска банка со што во иднина Кина ќе биде финансиерот на светот.
Америка! А Америка веќе влезе во позиција која ја имаше Русија  во деведесетите години после пропаста на ССР и социјализамот. Истото ја чека Америка на неа ќе и треба време да се совземе, да ги увиде грешките од минатото и кога ќе се врати на сцена да може да се врати трансформирана во некој нов облик како регионална сила.
А ние што правиме? уште ли ќе навиваме  за запад. Ами тој запад и таа Европска унија која се веќе во длабок распад и која кризава тешко дека ќе ја преживеаат, исто се однесува и на НАТО и тој тешко дека ќе ја преживе кризава. После кризава светот ќе излезе во нов облик, преобликуван во нов систем и поредок.  Се надевам Кина која брзо чекори кон зголемување на својата имеријална моќ се надевам дека нема да се претвори во она што до вчера беше Америка, но на мене од историјата ми е познато дека сите империи кои стигнале до врвот на својата империјална моќ се претвориле во предатори, сепак да ја оставиме историјата да си го покаже патот во кинескиов случај.
За крај да ги прашам нашиве ќе почнете ли да ги преоблакате плавите во црвени кошули?

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Friday, March 20, 2020

НЕШТО СМРДИ 




Веќе месец дена како е крената паника и хистерија за еден обичен вирус, пандемија корона, ковид 19. Јас во моите 32 години не паметам дека за некоја болест, пандемија се кренала ваква хистерија и паника. Па секаде во свет се прогласи вонредна состојба, па така и кај нас. 

Image result for мишко ливрински

Мое видување за пандемијата наречена корона дека на сите им одговара не само на глобалфашистите. На едни за моќ и остварување на профит, на други за контрола и заробување на умот. Ние овдека се утепавме од пишување и зборување  дека Кина е нападната од МИ6, али јас лично не чув некои кинески политичар, некои од владата, преседателот да се крене и да каже дека навистина се нападнати, во биолошика војна се! Си молчат! Им  одговара! Информаците кажуваат дека Кина до сега заработила 20 милјарди долари од самата криза и покрај тоа таа повратила околу 30% од сопствениот монопол. Кина успешно ги повратила акците на своите компани во самата Кина кои биле во властништво на западно европските и американски акционери. Кога започна кризата со короната западноевропските и американските акционери ги продадоа акците и сега сопственоста на тие компани е во целос на Кина и на тој начин кинеската валута и златните резерви се сочувани. Одлична операција за глупавите западно европски глобалисти.
Паниката која што се шири во светот наречена корона! Не е случајна ! Зад неа нешто се крие! Нешто смрди. Она што го сакат “глобалистите “ Зад ова наметната пандемија е креирање хаос, паника, безндадежност која ќе доведе до човечка ранливост и тогаш народот станува лесен плен  за манипулација. Групацијата билдерберг уште во педесетите години кога таа беше создадена во нивната програма стои дека креирањето на паника и страв кај луѓето иде во нивна корист, на тој начин лесно можат да владеат со луѓето со нивната психа.
Така, билдерберг групацијава, глобалистиве или светската влада во сенка, донесе програма наречена АГЕНДА ИД 2020. Одлуката за ова агенда беше донесена во јануари 2020 на светскиот економски форум во Давос. Учесници во ова агенда се Бил Гејтс, ГАБИ  ( Здружение на фарамцевски производи што промовират вакцинирање) Рокфелер, Ротшилд и Морган кои се зад одлуката за имплеметација на АГЕНДАТА ИД 2020.
АГЕНЕДАТА ИД  2020 се состои од вакцинација на популацијата  под полициска контрола или видео надзор. Оние што ќе одбиват ќе бидат казнети или присилно  вакцинирани. Она што е најстрашно, а кое се крие од луѓето е тоа што вакцината во себе содржи нано чип кои им е потребен за контрола на умовите на луѓето. Целта е да се креира дигитален идентитет на луѓето. Ципот би ги содржел сите податоци за вас!Дури и преку него ќе може да се наплаќа! Со притискање на еднокопче ќе можат да ве усмртата. Чипот покрај личните податоци за вас, ги вклучува и банкарските сметки, па така, вашите пари можат да бидат блокирани или одземени - Како „ Санација“ за лошто однесување против господарите.
Бил Гејтс е еден од глобалните застапници за вакцинација на сите луѓе на светот. Исто така е поборник за намалување на популацијата. Намалување на попоулацијата е една од глобалните цели на елитите Рокфелер, Ротшилд, Морган. Целта е помалку луѓе да може да живееат подолго со намалените и ограничени ресурси на планетата земја. Депопулацијата беше пропагирана уште во шесетите и седумдесетите години од страна на Хенри Кисинџер  како секретар за надворешни работи на администрацијата на Никсон и еден од креаторите на американската надворешна политика. Тој денес е потпарол на Рокфелер и нивното „ Здружение Билдерберг“. Една од целите на билдерберг од секогаш била депопулација и дехуманизација на човештвото.
Ид  2020 преставува сојуз на јавни и приватни партнери, вклучително и агенции на ООН и граѓанското општество. Преставува електронска програма за лична карта која користи генерализирана вакцинација како платформа за дигитален идентитет. Програмата опфаќа постојан систем за регистрација на раѓање на новороденчиња  и за вакцинирање за да им се овозможи на новороденчињата да се покрене  постојан биометриски поврзан дигитален идентитет. Носители на овој проект се ГАВИ, глобалната алијанса за вакцинација и имунизација кои се идентификуват како глобално здраствено партнерство на јавни и приватни здраствени организации посветени на „ Имунизација на сите.“ ГАВИ е подржано од светската здраствена организација, нејзини глобални партнери и спонзори се фармацевските индустрии.
Сојузот ИД 2020  на самитот во септември 2019 година  во Њујорк насловен како „ Подигнување на добар предизвик за лична карта“ одлучи да ја започне својата програма во 2020 година. Се планира најнапред нивната програма за дигитален идентитет да биде тестирана од страна на владата од Бангладеш.
Еве за тоа што кажува Анри Чауд советник во владата на Бангладеш „  Ние спроведуваме напреден пристап кон дигиталниот идентитет што им овозможува на лицата да ги контролират своите лични информации, а сепак да ги градат постојаните систем и програми. Владата на Бангладеш признава дека дизајнот на системот за дигитален идентитет носи далекуслужни импликации за пристапот на поединците до услугите и средствата за живот и ние едвај чекаме да го поставиме овој систем.“
Тоа е нашата претпоставка зошто е крената хистеријата и паниката кај населението во светот, за да се вакцинират без да прашуваат. Кога ќе се всади страв кај луѓето, тогаш тој не ни мисли, не ни прашува само слуша загрижено што друг ќе му каже.Очајнички глобалистиве со последни сили се обидуваат да воспостават контрола врз умот на секои човек за да се вратат на власт. Во последните години ништо не им успева. Не им успеа ТИП, ТИСА, транспацифичките и трансатланските договори со кои светот требаше да се ограби, односно да се приватизира на десет  големи корпорации да стане сопственост. И сега ја осмислија операцијата корона вирус како последна шанса за да се вратат.
Секако, пандемијата ќе има и економски последици врз светот, тоа и го посакуваат да ја втурнат Европа во економска криза и рецесија. Кина како што пишавме погоре се извлече, лесно ќе си пројде. Но, Европа најверојатно ќе биде фрлена на колена! Тоа што ја чека Европа е осиромашување, кризи и рецесии за да банкарско-корпоративниот систем да може да профитира од настанатата ситуација. На грбот на народите на Европа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, March 14, 2020

ШТО ЌЕ НИЕ ДРЖАВАТА , АКО ЈА НЕМАМЕ ПАРТИЈАТА






Што ќе ние државата, ако ја немаме партијата! е реченица која своевремено Никола Поповски од СДС ја имаше напишано во една од неговите колумни во дневник. Тоа не ни кажува  само на тоа како резонирал, какво сваќање и разбирање  имал Никола поповски, туку и самиот врв и раководството на СДС.
Image result for мишко ливрински


 Наместо да биде обратна тезата „ Што ќе ние партијата, ако ја немаме државата.“ Туку напротив кај нив се започнува и завршува со партијата. Незнам дали денес се свесни, дека дојдовме до фаза на губење на државата, а нив се уште партијата им е водилка. Па затоа за нив имам низа прашања кого сега ќе преставуваат? Која држава и народ ќе ги преставуваат? Како ќе им функционира  партијата без држава? Како лоби група на соседните држави ли во некоја си територија окупирана од НАТО.
Основниот проблем кај СДС е тоа што тие не се откажа од нивната фамозна замисла или болест дека тие ја имаат создадено Македонија како држава ( демек се наследници  на партизаните, КПМ, СКМ) и на нив им припаѓа природно право да владеат со Македонија. Чим не се откажа од таквата замисла се знаеше дека на Македонија и следува турболентен период каков и што го доживеавме во овие триесетина години. Па се прогласија за државотворна партија ( Единствена), а нивниот водач и папа се прогласи за државотворец. Имено, државотворна партија никаде во светот не постои! Постојат државотворни народи, бидејќи народот создава држава, а не партијата. Теоријата и практиката не познава да создала некаде држава, туку народот. Кај нас е обратно, овдека дечкиве од СДС се трудат да докажат дека партијава си создала држава, а не народот што е апсолутно не точно. Македонскиот народ низ антифашистичката борба во втората светска војна со победата како дел од глемата коалиција го доби правоот да формира сопствена држава како и сите останати народи.
За да ја оствари СДС таа своја замисла и цел да ја владее Македонија како што ја владееа нивните претходници ( КПМ, СКМ), не само што приватизацијата експресно ја спроведоа продавајќи го општествениот капитал на нивни луѓе за да можат да го контролират општеството и државата, туку тоа го направија и во политичкиот живот. Така што експресно учествуваа во создавање на останатите партии.
Либерално-демократската партија чиј основач е Стојан Андов кој е поранешен комунист на СКМ. Инаку неговата партија на почетокот се нарекуваше реформиски сили на Југославија, која патем во цела Југославија не фати корења, освен во Македонија и во Босна и Херцеговина. Знаеме за Андов дека е стар УДБАШ кој сакаше процесот на лустрација да го исконтролира за да не можеше да да стигне до него. Заедно со Ван ден Брух го заговараше името Славомакедонија.
За Либералите на Ристо Пенов и Андреја Жрновски нема што да се зборува, од небо се гледа дека се сателит на СДС. Толку се скриени зад СДС, што дури и народот не знае дека постојат. Се сеќавам на еден случаен разговор што го имав со Андреја Жрновски во 2008 година, Му реков дека е најдборо да излезат самостојно на избори како трета опција за да народот ги препознае и види. И ако ми рече дека сум во право! Тие никогаш тоа не го сторија. Нивната мајка СДС никогаш не им го дозволи тоа. Љубомир Фрчковски уште во 1994 година, најавуваше дека ќе формира втора албанска партија, се смета дека наводно ДПА така започнала.
Демократска Алтернатива на Комунистичката штафета Васил Тупурковски Циле кој е исто така бивши член на СКМ, соработник на УДБА, ЦИА, КГБ и кој знае уште на колку служби. Се гледа дека алтернатива е основана од поранешен член на СКМ и од тајните служби. Васил Тупурковски кои пишуваше книги за Античка Македонија и Александар Македонски, а потајно преговараше за смена на името во централна балканска република, се гледа црно на бело неговата двојна улога во проблемот со името. Во 1998 година, одлично ја одигра неговата улога во американското сценарио на Медлин Олбрајт за признавање на Тајван со цел да се вознемири Кина и да ја повлече во ООН мисијата на УНПРЕДЕП која ни ги чуваше северните граници, па така, УЧКИТЕ од Косово да можат слободно да влагаат и да започне процесот на фингираната војна во Македонија.
Најинтересно од се е ВМРО-ДПМНЕ. СДС уште од самиот почеток знаеше дека создавањето на ВМРО ќе го врзе македонскиот народ кон себе! ВМРО е колективното и историското сеќавање на македонскиот народ  за неговата вековна борба за ослободување и национално обединување на македонскиот народ и токму тој факт ќе го врзе народот кон нив. За тоа тие мора да го уништат угледот на ВМРО! Им требаше човек кој ќе предизвика одбивност  кај народот спрема таа партија. Затоа им требаше некој како Љупчо Георгиевски кои ќе глуми Бугарин со што ќе го наруши угледот на партијата и ќе го одалечи народот од неа. Љупчо Георгиевски уште во 1991 година, после посетата на македонската дијаспора во Канда и Америка излезе со тезата дека имало Македонци-Срби, Македонци-Бугари, Македонци- Грци, Македонци-Албанци, Македонци нема! Тоа беше првата работа која Георгиевски ја употреби за да предизвика одбивност кај народот спрема ВМРО. Негов прв соработник беше Удбашката Доста Димовска која впрочем беше неговиот главен идеолог. Не треба човек да е многу паметен за да ја свати улогата на Димовска како агент на УДБА. Димовска на катедрата на Филзофски факултет предаваше Марксизам и самоуправување, значи на теоретско ниво предаваше лева идеологија, а во праксата беше десничар. Одма ви кажува дека нешто овдека смрди. Токму нејзината улога беше да го врбува Љупчо Георгиевски кои ќе глуми Бугарин на тој начин преставувајќи ја партијата како бугарска. Дури и самиот Георгиевски  по бугарските телевизии признаваше дека Димовска како министер за внатрешни работи ги заштитила соработниците на УДБА и КОС во Македонија и дека ги врбувала тајните служби на Бугарија за негов пад во 2002 година.
2008 година е година за памтење. Година која во идната Македонска историја треба да влезе како значајна година.  Имено, токму во 2008 година, пред и по Букурешт ( Самитот на НАТО) јасно се искристализира две сили, се виде кој е за, а кој против Македонија. Токму стариве комунистички и удбашки волци Црвенковски, Георгиевски, Андов, Петковски, Тупурковски, Фрчковски, а подоцна и Љубе Бошковски се обединија против Македонија за прмена на името и македонскиот идентитет. Токму тоа е нивната заеднчка цел која ги врзува. Денес можеме да видиме дека сите овие ликови навиват за севернава, никој од нив не се крена и не се спротистави против промена на името Македонија во Северна! Тоа им била мисијата и задачата на господава. Затоа во овој контекст прашувам дали воопште вреди да се гласа за овие дечки на престојните избори? Не дека подобра опција имаме, напротив македонскиот народ во овој момент е оставен без никаков избор, без никаква македонска опција. Освен ако не се земе родина како партија која нема да учествува на фингираните избор за дивоградбата северна.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Monday, March 9, 2020

КУРТО ЌЕ ГО МЕНУВА МУРТО





Во последно време  од Брисел се добиваат информации за престојните парламентарни избори, односно за смена на власта во севернава. Курто ( ДПСНЕ) да го замени мурто (СДС). Веќе Брисел има дадено сигнал  за раководството на ДПСНЕ да ја превземе власта и по се до сега што чувме и видовме раководствот на ДПСНЕ прифатил проектот за самоуништување на Македонија и македонскиот народ да продолжи, проектот да си тече! Да не ги раскинуваат преспанскиот и бугарскиот договор, да нема враќање на уставното име и.т..н.
Image result for мишко ливрински

Во моментов СДС се обидува преку бившиот американски амбасадор Филип Рикер да лобира за СДС да остане на власт, додека ДПСНЕ преку Брисел лобира за да се врати на власт.
Во целава работа има една секвенца што е многу значајна и што во два наврати во овие дваесет години се има одиграно на македонската сцена, а нејзиното согледување може да ни помогне да видиме што всушност би можело и овој пат да се случи. Имено, СДС во два наврати кога е на власт донесува закони, акти и правила кои се на штета на македонската држава, а кога тие работи треба да се имплементираат во праксата му го препушта столчето на некој друг. На ВСРО-ДПСНЕ и тоа во два наврати.
Во проектото самоуништување на Македонија  Американците се вклучија во 1997/98 година. Кој како проект треба да биде наш, за да ние самите од внатре да се уништиме, на мирен и безболен начин. За таа болна работа се одредија играчи и фази.
Првата фаза беше Македонија да биде спуштена од држава во територија, а македонскиот народ од државотворен народ да биде спуштен во една етничка заедница. Па така Македонија би станала држава без стопан. За реализација на ова фаза Бранко Црвенковски и СДС во 1998 година, Му го препуштија столчето на ВСРО-ДПСНЕ, односно на Љупчо Георгиевски за тој да ја изигра валканата игра, фингираната војна чиа цел беше Македонија да се сведе од држава во територија, а македонскиот народ од државотворен  народ да се сведе во една етничка заедница. преку зголемување на бегалците од Косово да се зголеми албанскиот наталитет и албанскиот политички фактор преку фингирана војна и ганстерскиот рамковен договор да бидат фактор во одлучувањето на политичкиот живот во Македонија, велам албанските политичари ( А не домицилниот обичен албански народ) им треба на Американците да им послужат и се уште им служат како закани кон македонските политичари и македонскиот народ.
втората фаза е веќе кога СДС е на власт во периодот 2002-2006 година. Во главном тоа е фаза кога е веќе потпишан рамковниот договор со кои е започнато разградувањето на македонската држава. За време на владењето на СДС во овој период донесен е закон за амнестија на УЧК, закон за двојазичност, закон за територијална поделба на Македонија. Тоа СДС како власт го донесе али во праксата требаше некој друг да го спроведе. Станува јасно дека СДС со намера го пушти ВСРО-ДПСНЕ на парламентарните избори да победи. Намерата е јасна! Тоа што СДС го донела како закон ДПСНЕ да го спроведе во праксата.
Бранко Црвенковски во своето новогодишно интервју на 31.12.2005 година ја кажа следнава реченица „ Сакам да го видам оној маж кој ќе му соопшти на народот дека името му е сменето.“ Тоа ни кажува дека во 2006 година, владеачкото столче му го препуштија на ДПСНЕ да го спроведаат она што тие го донесоа рамковниот договор, законот за амнестија на УЧК, законот за територијална поделба на Македонија, како и да дојде мажот кој ќе му соопшти на народот дека името му е сменето да биде од редовите на ДПСНЕ.
Таков маж од ДПСНЕ не се појави кои ќе му соопшти на народот дека името му е сменето, туку напротив незнам дали Бранко Црвенковски дали е свесен дека мажот кои му соопшти на народот дека името му е сменето е чистокрвен негов производ и на владиката Наум, црпнатиот Заев. Сепак, мажот бил од неговите редови, негов чистокрвен производ. Бранко Црвенковски како и оние од Брисел добро знаат и свесни се дека не може да се спроведе операцијата промена на името и идентитетот без согласност на ДПСНЕ. Без нивно учество оставаат чист терен за да има кој да организира  и да поведе народ во одбрана. Затоа им треба согласност од страна на ДПСНЕ.
Таа согласност можат да ја добијат од ДПСНЕ, единствено ако ги пуштаат на престојните парламентарни избори да победаат.  Со што ДПСНЕ би било во позиција повторно  да ги спроведе во пракса, она што претходно СДС го донесе: Преспанскиот договор, промена на името, Бугарски договор, законот за двојазичност, сето тоа да се спроведе во праксата. Разбирливо ми е што Брисел ги подржува. Апсолутниот молк на ДПСНЕ спрема договорите, промена на името и се што донела претходната власт. Не се изјаснија дали кога ќе дојдат на власт ќе го вратат името и ќе го раскинат преспанскиот договор, не се изјаснија за бугарскит договор, се занимаваат со реформа на јавната админстрација, судството и економијата во услови кога темелните начела на кои почива македонската држава се разнишани, укажува дека тие веќе ја имаат прифатено играта.

Кога мислам на ВСРО-ДПСНЕ мислам на нивното раководство дека ја прифатило играта, а не на обичните македонски членови во таа партија.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Monday, March 2, 2020

МОЧУРИШТЕ






Веќе четри години како официјално сме под окупација од страна на западнава групировка на Брисел, од моментот кога ни ја инсталира квислиншката власт  на чело со црпнатиот Заев, а со асистенција и благослов на ДПСЕ, бидејќи дечкиве си го призна и го благословија црпко и неговата дружина  како легално избрани на власт. Па така, му го призна мандатот, влегоа во собрание и учествува во неговата работа! Се на се кои сака нека се лути му асистентира! Но прашање што ме мачи и за кои до сега сум пишувал е невидениот мол од останатите фактори на општеството за сите настани кои се случува во текот на изминативе четри години. Малкумина се одвоија и се оважија да застанат на стран на државата и во одбрана на националните интерес на македонскиот народ.
Image

Прашањето што го поставуваме  зошто ни се случува ваков молк и зошто е тоа така? За да дадеме одговор треба  да се вратиме наназда уште од самиот почеток на нашата независност како држава. Идентификувањето на причината што всушност се случило во минатото ќе ни даде светлост да ја разбереме сегашноста.
Уште од самиот почеток на нашето битисување како независна држава, кога одлучивме од еден политички систем ( Социјализам, еднопартиски систем) да влеземе во демократски ( Повеќепартиски систем) не се направи лустрација на политиката, на политичарите, не се прочисти државата од старите удбашки структури. Па така, ние како држава да добиеме нова политичка елита, интелектуална елита, напротив звладеа старите удбашки структури на ЦК СКМ како Перо Гошев ( Вечити гувернер и збунет на конгресот на СКЈ 1991 година збунетот гласаше за останување во СФРЈ од кога го напуштија Словенците и Хрватитет); Стојан Андов ( Удбашки промотер на Македонија да си го смени името); Тито Петковски ( Вечити политичар од СКМ-СДС, негов пандант во ДПСЕ може да биде само Влатко Ѓорчев) ; Васил Тупурковски Циле ( Штафета на УДБА, на КАГБ, на ЦИА) човекот кој за два милона долари ја продаде Македонија за признавање на Тајван. Хоштаплерот Бранко Црвенковски кои не лажеше дека е државотворец и дека води државотворна политика, а неговата политка беше растурање и плачкање на државата Македонија, креаторот на октоподот и на ТАТ, креаторот на денешниот свињарник наречен СДС, нели негови деца се! Тој име таткото! Папата! Креаторот! Господ Бог!. Љубчо Георгиевски кои за потребите на УДБА беше обликуван во Бугарин за стајлингот негов беше задолжена Удбашката Доста Димовска, се со цел партијата да му личи на бугарска,а со тоа самата со таков стајлинг да преставува одбивност кај народот. Тоа е првото почетно плетње на пајажината и создавање на мочуриштето кое денес го имаме.
Интелектуалта уште од самиот почеток беше позбунета од што сега! И кога се распаѓаше СФРЈ и кога прогласувавме независна Македонија интелектуалата ни беше најзбунета, а богами  остана и уште збунета, никако да излез од состојба на збунетост, не знаејќи што да избере кој воз да го избере дали независна Македонија или Југославија? Дали Белград или Скопје? Сега пак не знае дали да избере ЕУ и НАТО или Македонија? Печуркиве со лажни дипломи никако да сватат дека нејзиниот народ оддамна се откажа од ЕУ и НАТО и на референдумот јасно и гласно кажа НЕ! Печурките од интелектуалата уште ми навиват дека еден ни е изборот гледај на запад. 
Трета работа, а економска елита? Неа ниту ја имаме, ниту пак сме ја имале.Ја нема десетката со кромид од приватизација која се налапа со пари и имот, Го нема ниту Штеријо Наков, ниту Хари Костов, ниту пак социјалистот Џинго, Орце Камчев! Слушнавте ли некој од овие типови да се јави да го крене својот глас против промена на името, тиранската платоформа, бугарски договор? НЕ! Освен последниов кој јавно изјави дека ако Црпкана не го потпишел преспанскиот договор тој би го потпишал. Секако, кога ти размислуваш со газот наместо со главата.
Одговорот е многу едноставен!Една група најмногу сконцентрирана околу СДС и поранешни структури на СДС ја приватизираше прво Македонија за свои интереси, а потоа ја користи за свои сопствени интереси и цел правејќи од неа мочуриште кое нашите политичари експресно го креира во овие триесетина години. Целата транзиција и приватизација ни ја правеше една партија СДС и УДБА ни станува јасно зошто ни е такво општеството, зошто сите молчат, зошто никој не со оважи да биде на чело на одбрана на државата и на страна на народот.  Центарот кој што го создал мочуриштето не му го дозволува тоа. Сега станува јасно зошто едни исти луѓе и нивните фамилии просперира сите овие триесет години во политиката, во образованието, во здраството, во медиумите! на секаде се тие исти луѓе присутни. Биле учипени во мочуриштето.
Јасно ни е зошто сме немале ни демократија, ниту капитализам, ниту развој на нормален и здрав приватен сектор како алтернатива на државниот сектор, ниту пак повеќепартиски систем, ниту политички живот и политички идеи, ниту образование! Јасно е како бел ден, дека една партија и нејзини послушници распределени секаде дури и во другите партии кои се создавале не владела цели триесет години! јасно е мочуриштето само на таков начин можело да преживее.
Единствен начин за спас од мочуриштето е тоа да пресуши, лека полека тоа мора да го направиме.  И Трамп со неговото доаѓање во белата куќа ни вети дека американското мочуриште ќе пресуши. Проблемот кај нас е што ние го немаме Трамп, Ниту Салвини или Орбан! Нашата надеж да биде дека наскоро ќе се појави и кај нас некој како нив! Како и што ќе го натера да се појави не знам! Знам дека секогаш дека големите водачи во одредени историски мигови се појавувале кога тоа билоп потребно. И сега во Македонија е голем истоирски миг за појава на таква личност, да се надеваме дека наскоро ќе се појави и ќе му го даде ударот на мочуриштето.

ПС. Немојте да мислите дека мислам на некој од актуелните политичари, бидејќи никој од нив е недостоен да биде водач и лидер кој ќе влезе во историјата, вклучувајќи го и Христијан  Мицковски.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...