Friday, March 27, 2020

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТ




Светот од почетокот на пандемијата со корона вирусот и овој од после пандемијата што допрва се очекува да настапи веќе не е ист! Кој виде виде! Кој разбра разбра дека корона пандемијата направи пресвртница во геополитиката и геостратешката игра во светски рамки.
 Image result for мишко ливрински
Не знам дали некоја од вас ја виде таа слика, но јас многу добро видов што се случи? Што всушност се случи? Тоа што светот го очекуваше! Промени во моќта и силата на светската политичка сцена. Западниот систем на чело со Америка тотално крахира и, е во фаза на распад, а на негово место дојде нова империјална сила Кина. Од сега новиот хегмон, односно новиот господар на светската политичка сцена е Кина.
Токму операцијата Ковид  ја направи Кина да стане светски господар.  Во текот на кризата, акциите на кинеските фирми падна, милајрдерите од запада и САД ги продадоа, кинезите си ги откупија акците, така што денес единствен сопственки  на кинеската економија е Кина. Сите Кинези сега се на работа на рестартирање  на фирмите и отварат  нови во целиот свет. Во Кина, кинеската економија почнува да доживува голем екомомски бум. 
Не знам кој ја смисли операцијава ковид 19 , дали самите кинези или некој друг.  Но знам едно дека операцијава ковид 19, одлично им дојде во прилог да го завземат хегмонистичкото и господарското место  на светската политичка сцена.
А западот ! Западот и Америка се најдоа, тотално не спремни, нив целосно кризата ги разниша. Токму тој факт е што ме тера да мислам дека операцијава ковид 19 беше смислена од Кинезите, ако беше од западот  сигурно дека тие како нејзини производители ќе ги има механизмите за да се одбранат од неа. А го гледаме токму спротивното западот стана колатрална штета од ковидот 19, со тоа што либералниот капитализам е веќе мртов.
Денес можеме да видиме како во Америка довчерашните либерални капиталисти кои се залага за пазарни слободи и немешање на државата во пазарните механизми и приватната економија. Денес истите тие либерални капиталисти навиват што повеќе државата да ги помага приватните фирми и економијата. Она што некогаш било рецидив, тоталитаризам, мешање на државата во приватноста, денес токму истот се бара за спас на економијата.Токму тој факт укажува дека либералниот капитализам е веќе мртов. Американскиот конгрес изгласа пакет мерки за спас на американската екомомија кои Трамп треба да ги потпише и одобри. Тоа вие класичен пример на деградација  на основите на кои почива либералниот капитализам, но истовремено значи враќање на класичниот државен капитализам каде што државата имаше поголема интервенција и улога во креирање на економијата.
На почетокот во 19 век, кога се воспостави капиталистичкиот систем, постоеше државно- капиталистички систем каде што државата имаше поголема улога и интервенција во економијата и државата. Таквиот систем беше повторно вратен после втората светска војна. Имено, тогаш државата  и на запад и на исток  имаше поголема улога во економските текови на државата, можеби и тоа е фактот зошто педесетите и шесетите години беа нарекувани златни години. И тоа траеше до седумдесетите години кога на сцена започна либералниот капитализам и неолиберализамот кој траеше до пред некое време. Кризата која настапи го разголи либералниот капитализам, но и покажа дека без интервенција и улога на државата не е можно. Што во едно значи крај на глобализацијата и повторно враќање  на државата на пиедесталот како единствен чувар на општото добро на народите.
Над сето ова Кина испадна и најголем хуманитарец и филантроп, им понуди им даде помош на западните земји кои ја побара. Со тоа западот стана целосно зависен од Кина. И на тој начин Кина стана во моментов единствен светски господар! Сега светот стои во рацете на Кина. Ние што пратиме интернет знаеме колку во последните години кинеската технологија има напреднато што и западот не може веќе да ја достигне тоа ја прави Кина голема од што светот во иднина ќе зависи од неа. И не само тоа уште пред осум години Кина го доби столчето во ММФ и Светска банка со што во иднина Кина ќе биде финансиерот на светот.
Америка! А Америка веќе влезе во позиција која ја имаше Русија  во деведесетите години после пропаста на ССР и социјализамот. Истото ја чека Америка на неа ќе и треба време да се совземе, да ги увиде грешките од минатото и кога ќе се врати на сцена да може да се врати трансформирана во некој нов облик како регионална сила.
А ние што правиме? уште ли ќе навиваме  за запад. Ами тој запад и таа Европска унија која се веќе во длабок распад и која кризава тешко дека ќе ја преживеаат, исто се однесува и на НАТО и тој тешко дека ќе ја преживе кризава. После кризава светот ќе излезе во нов облик, преобликуван во нов систем и поредок.  Се надевам Кина која брзо чекори кон зголемување на својата имеријална моќ се надевам дека нема да се претвори во она што до вчера беше Америка, но на мене од историјата ми е познато дека сите империи кои стигнале до врвот на својата империјална моќ се претвориле во предатори, сепак да ја оставиме историјата да си го покаже патот во кинескиов случај.
За крај да ги прашам нашиве ќе почнете ли да ги преоблакате плавите во црвени кошули?

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...