Во последно време од Брисел се добиваат информации за престојните парламентарни избори, односно за смена на власта во севернава. Курто ( ДПСНЕ) да го замени мурто (СДС). Веќе Брисел има дадено сигнал за раководството на ДПСНЕ да ја превземе власта и по се до сега што чувме и видовме раководствот на ДПСНЕ прифатил проектот за самоуништување на Македонија и македонскиот народ да продолжи, проектот да си тече! Да не ги раскинуваат преспанскиот и бугарскиот договор, да нема враќање на уставното име и.т..н.
Во моментов СДС се обидува преку бившиот американски амбасадор Филип Рикер да лобира за СДС да остане на власт, додека ДПСНЕ преку Брисел лобира за да се врати на власт.
Во целава работа има една секвенца што е многу значајна и што во два наврати во овие дваесет години се има одиграно на македонската сцена, а нејзиното согледување може да ни помогне да видиме што всушност би можело и овој пат да се случи. Имено, СДС во два наврати кога е на власт донесува закони, акти и правила кои се на штета на македонската држава, а кога тие работи треба да се имплементираат во праксата му го препушта столчето на некој друг. На ВСРО-ДПСНЕ и тоа во два наврати.
Во проектото самоуништување на Македонија Американците се вклучија во 1997/98 година. Кој како проект треба да биде наш, за да ние самите од внатре да се уништиме, на мирен и безболен начин. За таа болна работа се одредија играчи и фази.
Првата фаза беше Македонија да биде спуштена од држава во територија, а македонскиот народ од државотворен народ да биде спуштен во една етничка заедница. Па така Македонија би станала држава без стопан. За реализација на ова фаза Бранко Црвенковски и СДС во 1998 година, Му го препуштија столчето на ВСРО-ДПСНЕ, односно на Љупчо Георгиевски за тој да ја изигра валканата игра, фингираната војна чиа цел беше Македонија да се сведе од држава во територија, а македонскиот народ од државотворен народ да се сведе во една етничка заедница. преку зголемување на бегалците од Косово да се зголеми албанскиот наталитет и албанскиот политички фактор преку фингирана војна и ганстерскиот рамковен договор да бидат фактор во одлучувањето на политичкиот живот во Македонија, велам албанските политичари ( А не домицилниот обичен албански народ) им треба на Американците да им послужат и се уште им служат како закани кон македонските политичари и македонскиот народ.
втората фаза е веќе кога СДС е на власт во периодот 2002-2006 година. Во главном тоа е фаза кога е веќе потпишан рамковниот договор со кои е започнато разградувањето на македонската држава. За време на владењето на СДС во овој период донесен е закон за амнестија на УЧК, закон за двојазичност, закон за територијална поделба на Македонија. Тоа СДС како власт го донесе али во праксата требаше некој друг да го спроведе. Станува јасно дека СДС со намера го пушти ВСРО-ДПСНЕ на парламентарните избори да победи. Намерата е јасна! Тоа што СДС го донела како закон ДПСНЕ да го спроведе во праксата.
Бранко Црвенковски во своето новогодишно интервју на 31.12.2005 година ја кажа следнава реченица „ Сакам да го видам оној маж кој ќе му соопшти на народот дека името му е сменето.“ Тоа ни кажува дека во 2006 година, владеачкото столче му го препуштија на ДПСНЕ да го спроведаат она што тие го донесоа рамковниот договор, законот за амнестија на УЧК, законот за територијална поделба на Македонија, како и да дојде мажот кој ќе му соопшти на народот дека името му е сменето да биде од редовите на ДПСНЕ.
Таков маж од ДПСНЕ не се појави кои ќе му соопшти на народот дека името му е сменето, туку напротив незнам дали Бранко Црвенковски дали е свесен дека мажот кои му соопшти на народот дека името му е сменето е чистокрвен негов производ и на владиката Наум, црпнатиот Заев. Сепак, мажот бил од неговите редови, негов чистокрвен производ. Бранко Црвенковски како и оние од Брисел добро знаат и свесни се дека не може да се спроведе операцијата промена на името и идентитетот без согласност на ДПСНЕ. Без нивно учество оставаат чист терен за да има кој да организира и да поведе народ во одбрана. Затоа им треба согласност од страна на ДПСНЕ.
Таа согласност можат да ја добијат од ДПСНЕ, единствено ако ги пуштаат на престојните парламентарни избори да победаат. Со што ДПСНЕ би било во позиција повторно да ги спроведе во пракса, она што претходно СДС го донесе: Преспанскиот договор, промена на името, Бугарски договор, законот за двојазичност, сето тоа да се спроведе во праксата. Разбирливо ми е што Брисел ги подржува. Апсолутниот молк на ДПСНЕ спрема договорите, промена на името и се што донела претходната власт. Не се изјаснија дали кога ќе дојдат на власт ќе го вратат името и ќе го раскинат преспанскиот договор, не се изјаснија за бугарскит договор, се занимаваат со реформа на јавната админстрација, судството и економијата во услови кога темелните начела на кои почива македонската држава се разнишани, укажува дека тие веќе ја имаат прифатено играта.
Кога мислам на ВСРО-ДПСНЕ мислам на нивното раководство дека ја прифатило играта, а не на обичните македонски членови во таа партија.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment