Да бидеш слепачки врзан за нешто, или да си се фатил како слеп за стап за нешто, значи да не ги гледаш работите и случувањата пред тебе онака како што треба. Не знаеш да ја дешифрираш пораката што ти ја упатува некој, во овој случај македонскиот народ на кој не му го слушаш гласот на оној народ од кој тој негов глас го бараш на избори. Изгледа тоа ќе да е проблемот со нашите политичари и нивната политика.
Во јануари 1992 година, тогашната ЕЗЗ ( европската економска заедница) ја изнесе лисабонската декларација во која стоеше како услов за признавање на Македонија, треба да си го смениме своето име, и новото име да не го содржи зборот Македонија, ако сакаме да добиеме признание. Значи на секој нормален и пристојно образовен човек во светов, јасно би му било дека уште тогаш ние е пратена пораката дека ЕУ не ја сака Македонија. И тоа таа го докажуваше со секој понатамошен чекор. Овој став на ЕУ си има свој развиток од Берлинскиот конгрес па се до денешен ден.
Веќе не знам по кој пат прашувам јасно ли им е на нашиве политичари, интелектуалци и медиумската афела сето ова? Ако им е јасно, треба да знат дека својата надворешна политика треба да ја менуват.
Надворешната политика на Македонија до сега беше во позиција, ние сме за ЕУ и НАТО, гледај на Запад. Мислиме дека веќе е редно нашите политичари да излезат од тој статус на надворешна политика каде ни беше сервирана догмата еден ни е изборот и да зачекорат кон нова радикална политика каде што прецизно место ќе има политиката на градње на мостови со останатиот дел од светот.
Политиката еден ни е изборот, немаме алтернатива е веќе неиздржана политика, Бидејќи, човекот како социјално суштество секогаш пред себе имал избор. Во животот секогаш постои алтернатива или повеќе избори за една иста работа, па така и во поглед на градњето на Македонската надворешна политика мора да постои избор, покрај ЕУ и НАТО, имаме право на неутрален статус, имаме право да влеземе во евроазиската унија, соработка со земјите од БРИКС, за тоа ако ние самите си донесеме одлука.
Македонскиот народ на последниов референдум покрај тоа што се изјасни против промена на името и идентитетот силно се изјасни и против влезот во ЕУ и НАТО. Македонскиот народ и даде шлаканица на досегашната политика на безалтернатива, односно на политика за ЕУ и НАТО. Македонскиот народ во овој случај стана поитар и помудар од Македонските политичари и интелектуалците, и ако за тој народ со години назад се зборува како за глупав, неписмен, онаков, оваков, е тој ист народ им ја удри шлаканицата на нивната безалтернативна политика. И сега што правиме? јас можам да ги замислам во која ситуација се најдоа сите започнувајќи од нашиве домашни политичари и интелектуалци, па се до оние евробирократи во Брисел.Секако, кога не знаеш да ја согледаш и калкулираш волјата и желбата на народот, тогаш шамарот ти доаѓа.
Како што кажавме ЕУ уште во 1992 година, преку Лисабонската декларација во која бараше Македонија да си го смени името е јавно признание дека ЕУ не ја сака Македонија. Македонскиот народ на последниов референдум потврди дека е против влезот на Македонија во ЕУ и НАТО овие две работи треба да бидат добар показател за Македонските политичари и политички партии дека крајно време е да го сменат курсот на својата надворешна политика и да излезат од веќе уходената позиција на надворешната политика како безалтернативна. Мислиме дека е веќе време за радикални промени.
Не ме чуди што ваквите промени не настануват во владејачката партија СДС, бидејќи тие и да сакат не можат да го сторат тоа, прво, затоа што се носители на проектот смрт на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и второ, за нив е веќе касно, со нивната политика веќе се вброија во групата на веќе мртвите политички партии. Големо изненадување е опозицијата ДПМНЕ која исто така е застапник на безалтернативната политика и нивните последни изјави се дека се уште се за ЕУ и НАТО, се оди до таму во нивното тврдење дека тие кога би дошле на власт би направиле подобар договор со кои би влегле во ЕУ и НАТО, нашите вековни аспирации.
Како што можеме да видиме дека политиката на нашите политичари и политички партии е во расчекор со волјата на Македонскиот народ кои не сака влез во ЕУ и НАТО. Јас не знам како и со што планират да излагат на следниве избори. Со политиката ние сме за ЕУ и НАТО! Па таа политика преставува смрт за Македонија. Сите знаеме од Лисабон 1992 година, па се до денешен ден Европа сака смрт на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Тоа не е политика, тоа е убиство!
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment