Tuesday, November 20, 2018

ЗАСПАНАТА ЕВРОПА СЕ БУДИ



Гледам нашите медиуми кои се под целосно влијание на СОРОС и УСАИД, платени од Амбасадата на кале се во тотален мрак. Не може да чуеш ниту вест, а камоли информација за она што навистина се случува надвор од Македонија., тие неточно известуват за случувањата  во Македонија, а камоли за она што се случува надвор од неа. Па така и овој пат Македонските медиуми не пренесоа што се случува во Европа.



Не можеме ни вест да прочитаме за големите протести во Бугарија, исто и за големите протести во Полска, Шпанија. 
Во Полска силните демонстрации се одржа во чест на 100 годишнината од нејзината независност. Маршот и демонстраците беа проследени со националистички групи со силна националнистичка реторика. И ако сите од типот на Макрони дека национализамот е изумрен во Европа, а националниот идентитет изживеана работа, односно секаде во Европа изумрел, всушност Полска на одбележувањето на 100 годишнината, токму спротивното го потврди, дека национализамот не изживеана работа, дека современите држави не можат да преживеат без нации, односно свој суверен народ на својата територија. Полските демонстрации во голема мера беа насочени токму преку ЕУ и нејзината политика, тоа го потврдувт токму пораките  кои беа иззвикувани на протестите од типот на „ САД е империја на злото“, дури и одредени демонстранти го запалија  знамето на Европската унија. Значи едноставна порака чао Европа! чисто сега мене ме интересира како сега Соросоидниот Макрони од франција ќе гради Европска федерација со Европски идентитет како замена на националниот идентитет или заедница на стоки, или не знам што без постоење на нации и национални држави, кога Полска веќе по стоти пат им ја удри шлаканицата дека не се откажува од својот националне идентитет и суверенитет на сметка за создавање на некоја Европска федерација која како знаеме има за цел да изврши приватизација на светото и да го приграби националното богаство на државите и народите ( вода, руда, нафта и сл), и тие да припаднат во рацете на пет моќници, на пет моќни фамилии.
Во Бугарија, пак неделава не можевме ништо да чуеме за протестите на нашите платени медиуми. Бугарите му го плесна на цијашот Бојко Борисов, не задоволни од неговата Европска политика, го окривија НАТО како чувар на лоповите во Бугарија, за што и во право и се! тоа е функцијата на НАТО преку војни и пресврти да ги донесе послушните кадри на западот.
Силни демонстраци беа проследени во Мадрид, Унгарците се будат, Чесите се будат, Италјаните се будат,  Германците пред месец дена во голем број низ демонстрации и протести се разбудија. значи старите народи се будат! Европа се буди!
Обично во историјата на човештвото  кога се случувале вакви силни немири, социјални протести значело две работи влагање во крајен десен или лев блок, но и крај на функционирањето на општествено-политичкиот систем кој досега успешно функционирал. Силните Европски демонстрации покажуват дека либералниот капитализам веќе дошол до својата пресмртна агонија.
Имено, либералниот капитализам како своја основа за дејствување го имаше капиталот ( парите) и тоа беше основа за негово делување, исфрлајќи ја реченицата „ парите се све“ до каде го донесе светото? до морална, социјална, економска агонија во која светото денеска се наоѓа. Не гледате ли дека и војните денес се правата во име на капиталот, во негово име се убиват народи, луѓе, се рушат држави што би рекол Карл Маркс „ Човекот сам почнува да си ја јаде својата супстанца за да преживе“, токму и тоа се случуваше во изминативе години, а најмногу после падот на источниот блок кога светот остана да стои на еден столб, кога светот остана само со еден избор, а тоа беше Америка и нејзините институции заедно со нејзините европски партнери.
И што се случи од кога светото остана да стои на еден столб?Најстрашното почна,немирите, војните за профит, тој единствен столб стана предатор кој декларативно се залагаше за демократија и слобода, а јавно уриваше легално избрани влади, рушеше држави, приредуваше војни и револуции во кои бајаги се работи за слобода и демократија, а единствена цел беше профитот и плачката на природните ресурси и националните богаства. Но како што вели народот „ништо не е вечно“ па како што гледате ни западниот систем либерално-капиталистички е во пресмртна агонија, бидејќи неговата идеологија која учеше дека суштината на живење е во профитот и парите е веќе мртов. Проблемот е во тоа што тој како систем ја нема својата духовно општествено- социјална компонента, токму изоставувањето на ова компонента од својата идеологија  му зададе финален удар кон неговиот крах и крај.
Човекот како суштество треба да има матрејални добра, но исто така треба да има и духовно-социјални добра. Хармонијата помеѓу овие два вида на добра  функционира нармален живот и нормално функционирање на човештвото, во тој случај човекот престанува да биде алчен, тогаш човекот е задоволен, тогаш човекот не е алчен за крадење и превари. Рамнотежата помеѓу матрејалните и духовните добра е неопходно да се врати за целосно и комплетно функционирање на човештвото, а тоа може да се направи со враќањето на државата во рацете на народото, на нацијата и на човекот. Во тој контекст е и причината за она што денес му се случува на човештвото, па така и овие демонстрации и протести ширум Европа се со истата цел.

Мишко Македонски  Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...