Wednesday, August 8, 2018

Редефинирањето на Македонија е нејзина Еутаназија


Со заложбите на Заев за кантонизација на Македонија се отвара прашањето за редефинирање  на Македонија, односно нејзино федерализирање, при што крајна  цел е претварање на Македонија во регион. Приказната е стара не е нова и се провлекува низ разни игри во тектот на изминативе дваесет и пет години. во текот на 1991 година кога се создаде независна Република Македонија се воспостави таен план помеѓу нашите соседи за создавање на кантонална Македонија , во прв ред на Грција, Србија и Бугарија, за тоа мошне добро говори книгата на Грчкиот новинар Такис Микас „ Несветиот сојуз- Грција и Србија на Слободан Милошевиќ.“ кон тоа дека уште тогаш се сакало Македонија да се претвори  во кантонална и федерална  држава говорат неколку работи кои се имат случено во текот на изминативе дваесетина годинии.                                                                                                                 
 Прво, во текот  на 1991 година се проследи извештајот на Грчкото министерство за надворешни работи  за „ Грчкото население“ во јужниот дел на Македонија, а кое сакаше да се постигне преку манипулација на Власите со откривање на нивните Грчки корени се сакаше да се искреира Грчки кантон во јужниот дел на Македонија.   
                                                
Потоа Српските обиди во периодот 1992-1993 година за создвање на република Српска Бановина, по примерот на република Српска од БиХ. па следеа паравојската и референдумот за создавање на „ илирида“ односно креирање на Албански кантон во 1993 година.                                                                                                                                                   
Во овој план на Мицотакис освен креирање на Албански, Грчки и Српски кантон е предвидено создавање и на Бугрски кантон и не е за џабе вклучена и Бугарија во целава игра со Бугaрските пасоши, преку Бугарските пасоши да се создаде Бугарска нација Во Македонија, за да на крај се создаде Бугарски кантон.                                                                                       
Отварањето на прашањето за Федерализација  и  Кантонизација на Македонија започна во 1998 година во декември, таа година со победта на тогашното ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љупчо Георгиевски, Македонија во трговискиот регистар на ЕУ беше спуштена од држава во збир на територија  како Босна и Херцеговина или Палестина, бидејќи од тогаш Македонија повеќе не беше држава, тоа водеше кон фингирана војна во 2001 година, која заврши со промена на уставот и сведување на Македонскиот народ  во една етничка заедница, не сомневно тоа е првиот чекор кон отварање за можност за кантонално и федрално уредување, остана уште дефинирање на границите и кантоните , тоа делумно се реши со територијалната организација од 2005 година, сега некој сака да не воведе во третата фаза кога Македонија треба на дело да ги реализира кантоните и сама себе си да се федерализира.                                            Ние да го земем примерот од соседствто, примерот на Босна и Херцеговина. Босна и Херцеговина е создадена од два дела, Федерацијата Босна и Херцеговина која е организирана на кантони и вториот дел Република Српска која е организирана на општини.                                                                                                                                                  Замислете си ја кај нас во Македонија истата ситуација, да се искреира ентитет Илирида ( западниот дел на Македонија) Република илирида ( со доминантно Албанско население) по што ни највија кантонизација на нашата држава, остана да се види во овој случај како би бил уреден останатитот дел, бидејќи во уставот на Македонија од 2001 година, во новата преамбула стои дека Македонија е држава на повеќе етнички заедници ( Македонции, Албанции, Турции, Србии, Бошњаци, Ромии), тогаш како другиов дел ќе се организира, се разбира на кантони, на тој начин се губи етничката слика на Македонија, мнозинискиот Македонски народ од мнозински, и ако според уставот од 2001 година е прогласен за една од етничките заедници станува малцински народ, сето тоа ќе отвори едно друго прашање, прашањето за дефинирање на Македонија и Македонскиот идентитет. со тоа Македонија ќе стане регион. регион Македонија кој би сочинувал два дела ( република илирида и славјанска федерација).                                                                                 
Значи Македонија би се уредила да биде регион како и Босна и Херцеговина од два дела. БиХ ја сочинуват Федерацијата Босна и Херцеговина која на почетокот се нарекуваше Муслиманско-Хрватска федерација  и република Српска, и не за џабе преседателот на Република Српска Милорад Додик бараше враќање на Муслиманско-Хрватската Федерација, секако за да не постои ни „ Б“ од Босна, за да нема народ кој би се идентификувал со Босна, кога нема стопан во државата тогаш е полесно све! нема кој да ја сака и брани државата.                                                                                                                          
Истото би било и со Македонија, рековме Албанскиот ентитет Илирида и другиот дел Славјанска федерација поделена на Српски, Бугарски, Влашки, Ромски кантони.             
Ваквото уредување ќе доведе до низа промени, во редефинирање на идентитетот, јазикот, културата и сл. не би постоеле постулатите на една држава, а тоа се Македонскит јазик, Македонската писменост, Македонската исторографија, исто како што денес во БиХ не постои Босанска писменост, Босанска книжевност, Босанска култура, Босанскиот јазик и сл.  затоа и на БиХ и е тешко да функционира како држава, бидејќи го нема стопанот на државата, ги нема „ Босанците и Херцеговците“ како нација од која би требало да произлегуват ( јазикот, литературата, писменоста, културата, историјата и сл). втора работа за нејзиното не функционирање е токму кантонизацијата и ентизацијата која беше увезена со дејтонсиот мировен договор после една крвава војна стимулирана што одвнатре што од надвор, а што преку соседките Хрватска и Србија. значи кантонизацијата и ентизацијата не договор на народите на БиХ туку е увезена од надвор затоа и не е чудно што таа и не функционира.                                                                                                             
Ваквата Еутаназија сака да и се направи и на Македонија, се со цел еднаш за секогаш да го снема Македонскиот народ кој на многумина од надвор им смета веќе два века, и трагедијата да биде уште поголема, ова еутаназија сака да се изведе со Македонски политичари од внатре. федерализацијата и кантонизацијата на Македонија значи самоубиство за неа, нејзина конечна смртт.

Мишко Ливрински-Кубрајт, Скопје 


( објавена во дневник 2016 година)
                                                                                                                                               

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...